Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Тело на 83-годишен скопјанец било пронајдено во водите на реката Вардар на подрачјето на Гази Баба, информира Министерството за внатрешни работи. Случајот бил пријавен на 25 август во 06:10 часот во СВР Скопје, по што екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го извлекла телото од реката. По извршеното препознавање од страна на семејството било утврдено дека се работи за Т.Г. (83) од Скопје. Неговиот син Г.Г. (46) претходниот ден ...
Во лекувањето на одредени пациенти учествувале од три до шест или осум стручни медицински лица, не може да се бара индивидуална одговорност – тврди одбраната за случајот „Онкологија“, кој се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти. Техничкиот советник на првообвинетиот, доктор Владимир Даниловски, на денешното сослушување во Основниот кривичен ...
Нова веб-страница http://www.healthalert.mk/, на која има податоци за состојбата со западнонилската треска, ризичните подрачја и преземените активности, промовира денеска на прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски. Опфатени се податоци од Клиниката за инфективни болести, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје, а во иднина ќе има податоци и од Агенцијата за храна и ветеринарство. – Со цел да обезбедиме ...
Пред две години Влен и нивните политички партнери го напаѓаа проектот за изградба на автопатот Скопје – Блаце како премногу скап и несоодветен, а денеска го претставуваат како успех и истиот ќе го градат за околу 30 милиони евра повеќе од првично предвидениот износ. Ова е денешната реакција на Демократската унија за интеграција (ДУИ) откако денеска е поставен камен-темелник за изградбата на автопатот Скопје – Блаце во должина од околу 10,5 ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција објави документ од информации на компанија која тврди дека за дата-центар во земјава веќе има обезбедено капацитет од 100 мегавати електрична енергија, како и директен пристап до реката Вардар и ја обвини владата дека работи „под маса”. Филипче посочи дека документот е објавен пред три месеци и повика новинарите да го истражат и да утврдат како и под кои услови се обезбедени ...
Двајца грабнувачи од село Корешница, демиркаписко, добија по 6 и 4 години затвор за грабнување на жител на Неготино, пресуди вчера Основниот суд Кавадарци. По психијатриско вештачење, обвинението против првообвинетиот Б.М. претрпело мали измени бидејќи обвинетиот бил во состојба на битна намалена пресметливост поради трајна душевна болест – хронична психоза, параноја и патолошка љубомора. По пресудата на Б.М и на Ќ.С. им е продолжен ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција предупреди на сериозните ризици што изградбата на дата-центри кои владата на Мицкоски ги тука нетранспарентно и „под радарот“ може да ги предизвика врз водата, земјоделството и ценатата на струјата. Филипче посочи дека станува збор за центри кои за својата работа користат огромни количества вода, која дополнително се загрева, и праша кој ќе гарантира дека поради нивното ...
Иако процедурата е речиси формалност – само треба да се поднесе барање со придружна документација и да се добие решение, податоците што ги добиле од БИРН покажуваат дека многу ретко некој го правел тоа. Тоа значи дека секој што има простор во дворот и десетина илјади евра на располагање, може да најми изведувачи што ќе ископаат дупка, ќе постават опрема и ќе создадат објект што ќе собира вода колку месечните потреби на две до три ...
Противпожарните екипи и денеска ќе продолжат со интензивна интервениција на пожарот што вчера попладне избувна на кавадаречката депонија „Мелци“, соопшти градоначалникот на Општината, Митко Јанчев, доцна синоќа. Тој во објава на социјалните мрежи вели дека екипите ќе работат додека не биде изгаснато и последното жарче и не се создадат услови за целосно ставање на пожарот под контрола. Според Јанчев, досегашните сознанија и начинот на ...
Советникот во Општина Гази Баба, Александар Вељановски, алармира за потенцијална финансиска штета врз буџетот на Општината и Градот Скопје во износ од 23,5 милиони евра преку нов Детален урбанистички план кај „Ист Гејт“. Според Нацрт-ДУП-от ЦС09 Блок, на површина од околу 141.000 метри квадратни се предвидува изградба на објекти со намена Б5 (хотелски комплекси) со околу 3.500 соби. Вељановски изрази сомнеж дека на овој начин се овозможува ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С.(37) од Скопје и против правно лице од Скопје, чиј сопственик е, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалоци на дете“ по член 204 од Кривичниот законик. При контрола во угостителски објект на една плажа во Охрид, извршен на 29.07.2026, со која стопанисувале пријавените, полициските службеници затекнале малолетни лица на кои им било овозможено да ...
Вкупно 53 пациенти досега се евидентирани како лица кои прележале западнонилска треска, информира министерот за здравство Сашо Клековски. Од нив, 50 случаи се потврдени, додека три се сомнителни и за нив се очекуваат резултатите од дополнителните тестирања. Од вкупниот број пациенти, 52 развиле нервно-инвазивна форма на болеста, додека еден пациент бил без нервно-инвазивна форма и е меѓу лицата кои се излекувани и отпуштени од здравствена ...
Едно до 10 деца на возраст од 12 до 17 години во период од една година во државава биле изложени на сексуална експлоатација и злоупотреба олеснета преку технологијата, што претставува 12.000 деца на национални ниво. Од нив 48 отсто биле изложени на повеќе од една форма на злоупотреба или експлоатација. Поеднакво се засегнати и момчињата и девојчињата. Во 78 отсто од случаите сторителот бил лице познато на детето, а само во пет отсто од ...
Проектите, како автопатот Скопје – Блаце, чија изградба ја почнуваме денеска, се резултат на јасната политика и визија на Владата за развој на државата – порача денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на поставувањето камен-темелник за изградбата на втората фаза од автопатот Скопје – Блаце во должина од 10,5 километри. Николоски посочи дека почнува нов проект кој за неколку години ќе донесе ...
Еко свест алармира дека според информации од локалното население, во Маврово се поставени машини за сеча на шумата и отворање пат за изградба на МХЕ Рибничка, објект околу кој има спор и е причина за кочењето на процесот на репрогласување на Маврово за национален парк. „Институцијата која треба да ја штити нашата природа е заглавена во правен вакуум, бидејќи функционира врз основа на прописи од далечната 1949 година. Ваквото функционирање, ...
Пожарот во Шашица, на околу осум километри од албанскиот приморски град, Валона, продолжува да се шири на големи површини. – Поради пожарот што се наоѓа на одредена оддалеченост од каменолом, четворица работници останале на работните место за да ги заштитат алатките и опремата. Но, заради зголемената опасност, од работниците е побарано да ја напуштат областа, објави Албанската новинска агенција (АТА). Противпожарно возило се упати кон нив за ...
Поранешниот премиер и актуелен пратеник во Собранието, Димитар Ковачевски, се јави со реакција откако Советот на Општина Пехчево едногласно ја отфрли иницијативата за пренамена на земјиште за иградба на дата центри. „Имала среќа Америка што Пехчево не е во Силиконска долина, а богами и Кина што Пехчево не е во Шангај…… што би правеле денес со вишокот вода“, напиша поранешниот премиер на социјалните мрежи. Инаку, вчера, на 11-та седница ...
Во насока на преземање активности за справување со вирусот на западнонилска треска, Општина Карпош ги исклучи четирите фонтани кои се наоѓаат на нејзина територија. „Општинските служби го преземаат овој чекор, како превентивна мерка за спречување на појава на ларви и комарци, кои шират вирусни заболувања. За таа цел се исклучени: Фонтаната во населбата Бардовци; Фонтаната спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“; Фонтаната на плоштадот Делфина ...
Апелација ја потврди ослободителната пресуда за екс премиерот Никола Груевски кој беше обвинет во случајот ,,Талир 2″. Ова значи дека ВМРО-ДПМНЕ си ја враќа тапијата за партиското седиште, вредно 14 милиони евра, и имот од 2 милиони евра, кој беше замрзнатат со години. -Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-711/26, во јавноста познат како „Талир“, по одржана нејавна ...
Американски воени авиони кои се ангажирани во операциите поврзани со војната со Иран секојдневно слетуваат и полетуваат од македонските аеродроми, а дел од нив тука се задржуваат пред повторно да заминат кон Персискиот Залив. Ова го открива премиерот Христијан Мицкоски во интервјуто за американскиот „Брајтбарт њуз“, чиј прв дел беше објавен завчера. Станува збор за дел од интервјуто во кој премиерот зборува за конкретната поддршка што ...
Жители на улицата „Македонска војска“ во скопската општина Ѓорче Петров алармираат за проблем со четири кучиња кои, според нивните сведоштва, подолг период напаѓаат минувачи во близина на маркетот „Астор“. Жителка на населбата раскажува дека кучињата се наоѓаат во овој дел од Ѓорче Петров и дека особено во утринските часови трчаат по луѓе, без разлика дали се движат пеш, со велосипед или со мотор, пренесе Фокус. Нејзиното семејство веќе ...
Во главниот град денеска во сила ќе биде посебен сообраќаен режим поради доаѓањето на премиерот на Косово, Албин Курти, кој ќе биде во официјална посета на земјава, соопштија од Министерството за внатрешни работи. „Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на Град Скопје“ велат од МВР и апелираат граѓаните да ги почитуваат ...
Голема поплава во Непал однесе села во регионот кој се граничи со Тибет, соопштија денеска локалните власти, предупредувајќи на големи жртви и ги повикаа оние кои живеат на бреговите на реките да побараат повисоки терени. – Имаме извештаи за села и локации на инфраструктурни проекти кои ги однесе водата – изјави окружниот администратор Нарендра Паријар, додавајќи дека нема непосредни проценки за жртвите или за загубата на имот. Како што ...
Бројот на жртвите од катастрофалните земјотреси во Венецуела пред два месеца достигна 6.509 луѓе – за 71 лице повеќе во споредба со податоците од минатата недела, пренесе шпанската новинска агенција ЕФЕ. Хорхе Родригез, претседателот на Националното собрание на земјата, изјави дека 226.696 лица биле лекувани во болниците, што е зголемување за 140.338 од 17 август. Истовремено биле инспектирани 60.785 станбени згради, од кои 11.001 се ...
Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ, пишува во денешното соопштение на СДСМ. Мицкоски се обидува да објасни дека токму нему лично не му оди во процесот на преговори со ЕУ – бидејќи, како што самиот рече, тој „разговара“, а не „преговара“, што не е ни чудо што не му оди. Второ, по сите лажни ветувања, овој тендер-патриот, лидер на промакедонска партија (бидејќи не може да биде лидер на македонска партија каде со ...
Случајот „Талир 2“ поврзан со Никола Груевски и криминално стекнатото седиште на ВМРО-ОКГ може да врати повторно со одлука на надлежниот Апелациски суд. Скопска апелација треба да донесе одлука да се преиначи првостепената ослободителна пресуда за Груевски. Апелација има само неколку дена да одлучи, до 31 август и затоа треба веднаш да постапи по жалбите на Обвинителството, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на ...
Уште еден скандал излегува на површина под власта на „Вреди“: тендерот во Психијатриската болница „Бардовци“, во вредност до 42 илјади евра годишно, завршил кај компанија во сопственост на братучедот на директорот на болницата. Според објавените информации, сопственикот на „Индиго Инц“ ДООЕЛ Скопје, Бесим Авдулаи, е братучед на директорот Иса Авдулаи. Самиот директор ја потврдил семејната поврзаност, признавајќи дека станува збор за втор или ...
Владата знае дека овчите и козјите сипаници се шират, дека цели стада се уништуваат и знае дека сточарите остануваат без егзистенција, но наместо веднаш да набави вакцини со буџетски средства, чека само најавена донација Турција и дополнителна помош од ЕУ. Нема прецизен датум ни кога вакцините воопшто ќе пристигнат. И откако ќе пристигнат, нема веднаш да почне вакцинација – дозите прво ќе треба да бидат проверени за безбедност, квалитет и ...
Соња Крамарска Полека во јавниот дискурс исползи темата за предвремени избори. Жешка тема, која во нашата држава најчесто се дискутира со усвитени глави, многу емоции и малку рационалност. Тема, која најчесто испливува кога политиката нема ништо попаметно да прави. Тоа е и тема која никогаш досега на довела до суштински чекор напред туку секогаш резултираше или со статус кво или со враќање назад. Предвремените избори не се, од друга страна, ...
Две лица, жители на Пенсилванија, починаа откако заболеа од морбили (мали сипаници), со што се регистрирани првите такви смртни случаи оваа година во Соединетите Држави, кои се соочуваат со најголем број заболени од оваа исклучително заразна болест во повеќе од три децении, додека стапката на вакцинација опаѓа. Двете починати лица биле невакцинирани и живееле во округот Ланкастер, соопшти Министерството за здравство на Пенсилванија во ...