Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
На граничните премини Табановце за влез и излез од државата и на Богородица за излез од државата времето на чекање е околу 40 минути до 1 час, додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од Автомото сојузот на Македонија. Оттаму додаваат дека e зголемен и интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...
Додека Христијан Мицкоски секојдневно презентира весела математика дека платите се покачени за 72% а пензиите за 325% просечната нето плата се намали за 1.163 денари. Државниот завод за статистика објави дека за само еден месец просечната плата се намалила за 1.163 денари, односно за 2,3 проценти, се вели во соопштението од СДСМ, кое МИА го објавува интегрално. За падот на животниот стандард на граѓаните и не им треба статистиката, тие ја ...
Конфузијата околу столбовите на актите и настаните на засновување и развиток на некоја држава е соодветна на нејзината лефтерност—како историски факт. Без архива и со неавтентичност на учесниците и коментаторите, со креирање лажни слики за фактите на себе-засновањето се прави симулакрум на меморијата на нацијата без вистинска меморија. Таков е односот кон нашиот Устав од 1991, нашето членство во ООН, како и односот кон Охридскиот рамковен ...
Пет тинејџери загинаа во Ирска во тешка сообраќајна несреќа откако, според истрагата, возеле во спротивен правец на автопат и снимале опасно возење за објава на социјалните мрежи. Трагедијата предизвика силна јавна реакција и повторно ја отвори дебатата за влијанието на TikTok и другите платформи врз ризичното однесување кај младите. Несреќата се случила во раните утрински часови на 16 август на автопатот М9. BMW, во кој биле петмината ...
Шеснаесет маратонци, од кои 11 во машка и пет во женска конкуренција, ќе учествуваат на 39. Охридски пливачки маратон, што денеска ќе се плива во водите на Охридското Езеро. Маратонците од Македонија, Србија, Турција, Канада, Италија, Шпанија, Португалија и Аргентина ќе ги одмерат силите на 25 километри долгата патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Градското пристаниште во Охрид. Боите на Македонија ќе ги бранат Александар Илиевски, Петар ...
Соединетите Американски Држави и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, со кој би се укинале царините од 50 проценти што Вашингтон ги воведува за некои канадски производи. – Одлучив да ги прекинам преговорите. Она што го постигнавме не е доволно за да ги исполниме нашите цели во интерес на канадскиот народ. Промените во последен момент на условите предложени од САД беа неправедни, неповолни за нас и го доведоа во прашање ...
Единицата за брзо распоредување (ЕБР) попладнево во Битола ќе ја одбележи 25-годишнината од нејзиното формирање. На настанот пред Офицерскиот дом во Битола ќе се обратат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и командантот на ЕБР Стојанче Николов. Во рамки на одбележувањето ќе биде изведена тактичко-показна вежба, во која припадниците на Единицата ќе ги презентираат своите вештини, како и изложба на опрема која ја користи Единицата ...
Регионалниот центар за управување со кризи – Град Скопје информира дека денеска, 22 август, во повеќе населени места во Скопскиот регион ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија, додека поради високите температури е воведено и ограничување на брзината во железничкиот сообраќај. Според известувањето од ЕВН Македонија, од 7:55 до 14:55 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Огњанци, Чојлија, Бадар, Кожле, водовод Кожле, ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Попладне, особено во планинските региони, ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималните температури ќе се движат од 13 до 21 степен, додека максималните ќе достигнат од 35 до 41 степен. Во Скопје се очекува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до ...
Некои девојки се качувале на потопената црква во Мавровското Езеро и замислете, од црквата скокале во водата. И тоа, замислете, само по гаќички се капеле… Скандал од невидени размери. Не се проблем станбените згради што никнаа низ Националниот парк, не се проблем дивоградбите и патот од времето на Тито што пропаѓа, не е проблем дека останавме и без скијачки центар, не се проблем дивите депонии од ѓубре и градежен шут. Ама, девојките што ...
Хрватскиот политичар и личко-сењски жупан **Ернест Петри** се најде во центарот на вниманието откако во јавноста се појави снимка од паб во Госпиќ, на која се гледа во интимен момент со помлада жена. Случајот предизвика реакции и во редовите на владејачката **ХДЗ**, чиј член е Петри. Според информациите објавени во хрватските медиуми, од него се очекувало да се повлече од функцијата претседател на Жупаниската организација на ХДЗ во ...
Необични сцени ова лето се забележуваат на грчките плажи, каде сè почесто огромни мршојадци слетуваат меѓу туристите, па дури и во непосредна близина на лежалките и чадорите. На социјалните мрежи се појавија повеќе видеа на кои се гледаат големите птици како ненадејно се спуштаат на плажите. Со оглед на тоа што белоглавиот мршојадец може да има распон на крилјата поголем од два метра, ваквата средба од непосредна близина кај дел од туристите ...
Најмалку 15 лица загинаа, а 130 се ранети во напад со руски дрон врз трговски центар во Украина, во источно-централниот град Кривиј Рог, покажуваат најновите бројки од локалните власти. Меѓу повредените има 32 деца, изјави началникот на регионалната воена администрација на Дњепропетровск, Олександр Ханжа. Кривиј Рог, родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски, редовно е цел на руските сили. Трговскиот центар беше погоден од ...
– Јавното комунално претпријатие „Бошава“ – Демир Капија попладнево соопшти дека по добиената последна лабораториска анализа, е потврдено дека водата од градскиот водовод во Демир Капија е здравствено исправна и безбедна за пиење. – По добиените резултати, забраната за пиење на водата, изречена од надлежниот инспектор при Агенцијата за храна и ветеринарство, е укината. Со тоа, граѓаните повторно можат слободно да ја користат водата за пиењe ...
Странски државјанин бил лишен од слобода на граничниот премин „Табановце“, откако било утврдено дека со своето „порше“ возел со брзина од 168 километри на час, иако на делницата максимално дозволената брзина била 80 километри на час. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, случајот бил регистриран денеска (21 август) во 13:15 часот при излез од Македонија. Полициски службеници извршиле проверка на патничкото возило „порше“ со ...
„Хезболах“ денеска соопшти дека ќе продолжи со својот отпор против Израел и покрај новите санкции што САД ги воведоа врз либанското исламистичко движење. Министерството за финансии на САД вчера го смени статусот на „Хезболах“ во американското законодавство и ја означи организацијата како „дејствува во служба на иранскиот режим“. Во 1997 година Вашингтон го прогласи Хезболах за „странска терористичка организација“, а во 2001 година – ...
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али моментално е на терен заедно со командантот на ТППЕ Тетово, Авни Ахмети и ја следат состојбата со пожарот што го зафати селото Церово, Општина Желино. На терен се ангажирани екипите на ТППЕ Тетово, кои со максимален ангажман работат на локализирање на пожарот и спречување на неговото понатамошно ширење, информира ЦУК. Оттаму посочуваат дека екипите работат на терен за ...
Да се провери дали персоналот вработен во критичните места на водоснабдителниот дистрибутивен систем има соодветна стручна подготовка и основни знаења за безбедност на водата за пиење спроведена од страна на овластени правни лица. Ова е една од препораките што Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) ги издаде до Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ Гостивар, еден месец откако во градот беше прогласена епидемија поради труењето на илјадници ...
Жителите на велешките села Иванковци и Кумарино не смеат да ја користат водата од селските водоводи за пиење, информира Општина Велес. Забраната е воведена врз основа на решенија на Агенцијата за храна и ветеринарство, издадени на 20 август 2026 година, откако при контролата била утврдена неправилност во водата од локалните водоводни системи. Согласно издадените решенија, водата во двете населени места не треба да се користи за пиење сè ...
Метеоролошката служба на Велика Британија предупреди дека феноменот Ел Нињо, кој се развива над Тихиот Океан, веројатно ќе биде најсилниот во поновата историја. Моќниот природен климатски феномен предизвикува раст на глобалните температури и може да го зголеми ризикот од екстремни метеорлошки настани, објавува BBC Weather. Со ефектите од климатските промени предизвикани од човекот, Метеоролошката служба на Велика Британија оценува дека 2027 ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го започна процесот на префрлање на 725 милиони долари во ОН, јавија американски медиуми кои имале увид во известувањето од Конгресот. Експертите за финансии и помош проценија дека исплатата би била чекор кон решавање на долгот на САД кон ОН, кој изнесува неколку милијарди долари. Парите, споменати во писмото на Стејт департментот до Конгресот од 4 август, треба да бидат исплатени ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека ќе продолжи да ги урива сопствените рекорди по бројот на телевизиски појавувања и тврди дека негова работа е да го прави тоа бидејќи е претседател на Републиката. „Тоа го правев за време на сите мои мандати – како премиер, како прв потпретседател и како претседател на Републиката. И ќе продолжам да го правам тоа. Оној момент кога ќе поднесам оставка, нема да бидам на телевизија…и ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во вечерашното гостување во емисијата „Тема на денот“ на телевизија Сител, истакна дека одлуката на Јавното обвинителство за затворање на предметот за модуларните болници потврдила оти немало никакво прекршување на службената должност ниту штета врз државниот буџет, со што, според него, паднала во вода повеќегодишната политичка кампања водена против него. Филипче нагласи дека постапката за набавка на ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е целосно подготвен за парламентарни избори во секој момент, а во текот на септември ќе го презентира својот стратешки документ за развој на државата, најави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија. Филипче оцени дека актуелната власт нема испорачано резултати во клучните општествени сектори и дека бега од соочување со граѓаните на избори. ...
– Власта треба да преземе одговорност за водата во Гостивар, а не 20 дена откако гостиварци пиеле вода со фекалии, во најголемиот пик на случаи со над 5.000 заразени луѓе, премиерот да замине на прошетка низ Европа, вели претседателот на СДСМ Венко Филипче. Во гостување на Тема на денот на Сител телевизија, Филипче упати критики до Владата за несоодветно справување со здравствената криза со водата за пиење во Гостивар и побара од надлежните ...
Иран денеска предупреди дека ќе одговори „силно и разорно“ на секоја нова закана од САД, откако Вашингтон објави дека ќе воведе досега најстроги санкции насочени кон понатамошно ослабување на иранскиот режим. Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, изјави дека деталите за новите мерки ќе бидат објавени во понеделник. Тој ги оцени како „најтешките санкции во историјата“ и рече дека САД ќе се обидат економски да го изолираат Иран, ...
– На Украинците повеќе не им е дозволено да ја гледаат меѓународно познатата руска анимирана серија „Маша и мечката“ во нивната земја. Владата во Киев денеска воведе санкции за продуцентите на серијата и ги опиша руските цртани филмови како закана за националната безбедност. – Само во 2025 година, YouTube каналот на украински јазик за „Маша и мечката“ имаше над 800 милиони прегледи, објави министерката за култура Татјана Бережна на Фејсбук. ...
Македонската Армија минува низ интензивен период на модернизација, кој опфаќа набавка на современа воена опрема, системски реформи и нов Колективен договор, подобрување на условите за работа и повисок стандард за сите нејзини припадници. Ова во гостување на ТВ Канал 5 го истакна министерот за одбрана Владо Мисајловски, нагласувајќи дека сите овие системи што се купуваат, сите набавки, модернизацијата, но и обуките, тренинзите, вежбите, „се ...
Во интервју за „Тема на денот” на Сител телевизија, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, врече дека трагедијата и болката на семејствата на загинатите во модуларната болница во Тетово со години биле злоупотребувани од Христијан Мицкоски за политичка кампања против него и побара да им се извини на семејствата. „Многу ми е жал за луѓето што загинаа таму, за семејствата. Навистина сочувствувам, тоа го чувствувам и денес и веројатно тоа ...
– Француските здравствени власти објавија дека повеќе од 40.000 неисправни кондоми се продадени преку интернет во последните месеци и ги повикаа сите што ги користеле производите да се тестираат за сексуално преносливи инфекции, пишува Политико. Француската агенција за заштита на потрошувачите (DGCCRF) и Генералниот директорат за здравство (DGS) предупредија дека ваквите производи би можеле да претставуваат сериозен ризик за здравјето и ...