Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Тројца грчки пожарникари загинаа додека се справуваа со пожарите на островот Крит и на југот од копното, соопшти грчката противпожарна служба, бидејќи екстремната топлина ги попречува напорите за контрола на пожарите што ја пустошат јужна Европа. Двајца пожарникари беа заробени во пожарот на Крит во близина на селото Крија Вриси додека се движеа меѓу фронтовите на пожар. Друг загина во посебен пожар во регионот Пелопонез, изјави портпарол на ...
Додека Европа се соочува со рекордни горештини и разорни шумски пожари, побарувачката за клима-уреди нагло расте, а најголемите добитници се кинеските производители. Поради температурите што во некои делови од континентот надминуваат 38 Целзиусови степени, сè повеќе Европејци купуваат клима-уреди. Во многу земји граѓаните чекаат во редици пред продавниците или патуваат до други градови во потрага по достапни модели. Најголемите кинески ...
Награда за неодговорност, плата од народот, функција во Брисел — ова е вистинското лице на власта без осет! Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро ја осудува срамната и скандалозна одлука на Владата за именување на поранешниот вицепремиер за добро владеење, Арбен Фетаи, за нов специјален пратеник во Европската Унија. Ова назначување претставува директен шамар, отворено потценување и вистинско плукање во лице на сите чесни граѓани кои ...
Ревизијата во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) утврди дека се уште има недоследности во ефикасноста на следење на лекувањето во странство, во начинот на финансирање / купување на услугите од јавните здравствени установи и ажурирање на референтните цени за здравствените услуги, како и во ажурирање на Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот. Ккао што информира Државниот завод за ревизија (ДЗР) кој го објави Извештајот за ...
Неидентификуван објект падна рано утрово во близина на селото Тарнава-Колонија во источна Полска и предизвика силна експлозија, објавија полските власти. Селото се наоѓа во Лублинското Војводство, на околу 95 километри од украинската граница. Жителите пријавиле во полицијата дека слушнале гласна детонација, по што армијата и другите служби започнале пребарување и го обезбедиле подрачјето, пренесе СЕЕбиз. Полските вооружени сили сè уште не ...
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) отвори денеска дисциплинска постапка против двајца аргентински репрезентативци поради физички напад на шпански играчи непосредно по завршувањето на финалниот натпревар на неодамнешното Светското првенство. Аргентинскиот репрезентативец од средниот ред Леандро Паредес се соочува со три обвиненија за физички напад по финалниот натпревар и поразот од Шпанија во продолженијата со 1-0 во Њу Џерси. Покрај ...
По речиси една недела пауза, американската војска повторно изведе воздушни напади врз цели во Иран, соопшти Регионалната команда на САД – ЦЕНТКОМ. Според американската страна, акцијата била одговор на иранските обиди претходниот ден да изврши ракетни напади врз американски воени бази во регионот. Во соопштението се наведува дека биле погодени воени командни центри, постројки за ракети и беспилотни летала, како и објекти за крајбрежен надзор ...
Македонија ги загуби парите од ИПА фондовите кои требаше да ги искористи за доизградба на железничката пруга кон соседна Бугарија. Поради поминат временски период, и доцнење на изведбата, парите од ИПА повеќе не се достапни, па Владата премина кон промена на договорот, со цел да може и понатаму да користи од договорените кредити за овој грандиозен проект. – Со оглед на фактот дека во предвидениот рок не беше склучен договор за градба, ИПА ...
Петмина државјани на Етиопија оваа недела биле егзекутирани во Саудиска Арабија по обвиненија поврзани со дрога, по судски процес во кој, според организацијата за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“, не биле почитувани основните стандарди за правично судење. Организацијата соопшти дека најмалку уште 79 Етиопјани се соочуваат со смртни казни по слични обвиненија. „Хјуман рајтс воч“ се повикува на Европската саудиска организација за ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 36 степени Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе ...
На ГП „Богородица“, поради зголемена фреквенција на возила, за излез од државата се чека околу 20 минути. Како што информира АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...
„Северна Македонија има Постојана мисија при Европската Унија, предводена од амбасадор и составена од десетици дипломати кои секојдневно работат со европските институции. Тогаш, кој е мандатот на новиот претставник? Која задача ќе ја извршува тој, а не можат да ја извршат амбасадорот, нашата Мисија, Министерството за надворешни работи и Министерството за европски прашања“, вели поранешниот министер за надворешни работи и актуелен ...
Владејачката партија Вреди на официјалната страница на „Фејсбук“ соопшти за првата промена што ја донел новиот министер за правда Јетон Шасивари по стапувањето на функцијата. Во името на фејсбук-страницата на Министерството за правда, додаден е називот на албански јазик и страницата сега се вика „Министерство за правда Ministria e Drejtësisë“. Еве ја првата промена на министерот за правда Јетон Шасивари. Како беше и како е сега. Едно големо ...
Соединетите Американски Држави и Франција ѝ обезбедиле на Украина разузнавачки податоци кои ѝ овозможија да ја мапира руската противвоздушна одбрана и да ги идентификува рутите што им овозможуваат на дроновите со долг дострел да ги заобиколат и да стигнат до своите цели, пренесе денеска британскиот весник „Фајненшел тајмс“ повикувајќи се на украински извори. Американските и француските разузнавачки служби исто така помогнале во усовршувањето ...
Собранието вечерва ги донесе Законот за изменување на Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за градење на ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии, по скратена постапка и Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и ...
– Италијанскиот парламент денеска усвои закон кој потенцијално им овозможува на илјадници затвореници кои се зависници од дрога или алкохол, во обид да се намали пренаселеноста во затворите, да ја издржуваат казната дома, додека поминуваат низ програми за рехабилитација. Италијанските затвори се пополнети со околу 140 отсто од капацитетот, според податоците на групата за правата на затворениците „Антигона“, што е еден од најлошите рекорди на ...
Во 21 век да се случи вакво загадување на водоводот со колиформни бактерии е рамно на катастрофа. Обично вакви случаи има при поплави или други елементарни непогоди. Сите што имаат одговорност треба да одговараат – изјави потпретседателот на СДСМ, Александар Трајановски, во вестите на Телевизија 24, посочувајќи дека случајот со Гостивар покажува сериозни пропусти на оваа валст како и во лошата институционалната комуникација, стои во ...
Граѓани реагираат дека еден од мостовите во Градски парк е целосно урнат и уништен, откако работници кои работеле во паркот се обиделе да пренесат багер преку мовчето, чии дрвени даски не го издржале товарот. -Оти паркот не е доволно уништен, ете сега и мостот го искршија со багер кој се обидуваа да го преместат на другата страна и нормално им пропадна. Сета да е! – реагира граѓанин. Фотографијата од овој немил настан беше објавена на ...
Новата израелска амбасадорка во Македонија која е назначена од израелската влада преходно била блокирана од хрватскиот претседател Милановиќ кој одбил да ја прими за прв дипломат во Загреб. Откако пропаднал планот Нисан Амдур ќе биде амбасадор за Македонија која ќе ја покрива од Ерусалим. Амдур има сериозна дипломатска кариера. Таа е израелски дипломат од кариера кој бил на повеќе важни дипломатски дестинации вклучувајќи ги Анкара и Каиро, ...
Вон контрола е големиот пожар што избувна околу 14.30 часот јужно од градот Ретимно на грчкиот остров Крит и поради силниот ветер брзо се прошири, а во кој додека интервенираа во гаснењето загинаа двајца пожарникари, додека пак од бројот 112 за итни случаи беа испратени пораки до жителите на осум села за евакуација, а евакуации беа спроведени и по морски пат, јави дописничката на МИА од Атина. Противпожарните сили беа дополнително засилени и ...
Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар потврди дека поразот во осминафиналето на Светското првенство од Норвешка бил неговиот последен натпревар во репрезентативниот дрес. „Завршив со репрезентацијата. Испишав историја, бев многу среќен, ја дадов мојата крв и мојот живот за жолтиот дрес, но сега не сакам повеќе да го правам тоа“, им изјави Нејмар на бразилските новинари откако неговиот клуб Сантос во вторникот вечер го победи венецуелски УЦВ со ...
„Клиниката за ревматологија обезбедува современа терапија за пациенти со ревматски зболувања, како што е артритис, лупус и автоимуни состојби, користејќи најнови биолошки и фармаколошки третмани“. Оваа информација се појавува веднаш штом ќе се отвори официјалната веб-страница на клиниката во која се лекуваат бројни пациенти со тешки ревматски заболувања од Скопје и од цела Македонија. Сето тоа убаво звучи вака на хартија, но ќе беше уште ...
По реакциите на пациентите дека на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија недостигаат терапиите Золадекс, Фулвестрант и Ексџева, директорот на Клиниката, д-р Игор Стојковски, за „Скопје1“ потврди дека во моментов постои привремен недостиг. Според него, причината е доцнење во испораките од страна на дистрибутерите, а Клиниката е во постојана комуникација со нив за што поскоро да се надмине состојбата. „Во моментов има привремен ...
Поранешниот вицепремиер за добро владеење Арбен Фетаи, кој на почетокот на јуни годинава поднесе неотповиклива оставка од функцијата, денеска во објава на Фејсбук соопшти дека Владата на вчерашната седница го назначила за специјален пратеник за Европската Унија, со седиште во Брисел. Дека Фетаи ќе биде назначен на оваа функција, претходно најави и копретседателот на Влен, Изет Меџити. Фетаи им заблагодари на Владата и на премиерот Христијан ...
Руската преработка на ураниум во Бразил ќе биде зголемена за 25 отсто, според дополнителниот договор што двете страни го потпишаа во јуни, изјави портпаролот на државната нуклеарна корпорација „Росатом“ за рускиот весник „Известија“. „Росатом“ во 2025 година победи на јавниот тендер во Бразил и ја обезбеди работата за производство и збогатување на ураниум од наоѓалиштето Каетите во сојузната држава Баија, потсетува рускиот весник. Во јуни ...
– Ормуската Теснина е меѓународен воден пат и Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) нема овластување да диктира рути за слободен и отворен проток на сообраќај, повтори денеска американската централна команда Центком. Соопштението на Центком е објавено откако, како што самата информира, „ИРГЦ неодамна им се закануваше и се обиде да нападне комерцијални бродови и невини морнари што транзитираат низ Ормуската Теснина“. „Корпусот на ...
Поранешниот директор на Националниот институт за алергија и инфективни болести на САД, Ентони Фаучи, денеска на сослушување пред Комитетот за татковинска безбедност и владини работи на американскиот Сенат повеќепати се повика на правото од Петтиот амандман од Уставот на САД, одбивајќи да одговара на прашањата на републиканските сенатори поврзани со потеклото на ковид-19 и неговото постапување за време на пандемијата. Фаучи, кој се појави по ...
Шумски пожари денеска избувнаа ширум западна Турција, уништувајќи неколку домови, принудувајќи евакуација на други домаќинства и на една јавна болница, како и затворање патишта, додека пожарникарите се борат со огнените стихии, јавија локалните медиуми. Како што пренесе ДПА, засега нема информации за жртви. Властите предупредија на опасноста од ширење на шумските пожари поттикнати од екстремните температури и силните ветрови. Најмалку седум ...
Украина е подготвена да ѝ помогне на Франција во борбата против разорните шумски пожари кои беснеат на нејзината територија, посебно преку испраќање специјалисти за тој вид катастрофи, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски во телефонски разговор со францускиот колега Емануел Макрон. Зеленски на социјалните мрежи соопшти дека го информирал Макрон за содржината на своите разговори во Белата куќа и во американскиот Сенат, во ...
– Трагичен настан се случи попладнево во селото Домен, кај Скадар, во северниот дел на Албанија, во кој при пожар во куќа животот го загубила мајка со две малолетни деца. Според првичните информации од увидот пожар избувнал во кујната каде жената готвеле и со голема брзина се проширил, што условиле неможност да излезат од куќата. “Како последица на пожарот животот го загубија 24-годишна жена и нејзините две малолетни деца, на возраст од една ...