Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Двајца пожарникари го загубија животот на грчкиот остров Крит за време на гаснење на пожар во близина на градот Ретимнос, а неофицијално со нивното возило се заглавиле меѓу огнените јазици, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот во близина на Ретимнос избувна околу 14.30 часот во ниска вегетација, а во гаснењето интервенираат 110 пожарникари со шест пешадиски тима, 27 возила и четири хеликоптери, а помагаат и цистерни од општината. Од ...
– Милицијата Хезболах за првпат по повеќе од еден месец лансираше вооружен дрон насочен кон возило на израелската армија во јужен Либан, соопшти денеска израелската војска. Групата поддржана од Иран последен пат користеше ваков тип дронови пред стапувањето во сила на најновиот прекин на огнот меѓу Израел и Либан во јуни. Претходните напади во неколку наврати резултираа со загинати израелски војници. Израелската војска го опиша најновиот ...
Владата зад затворени врати донела одлука да се продолжи рокот за изградба на контроверзните мали хидроцентрали на една од најчистите и најнедопрени реки во Македонија, Дошница на планината Кожуф, алармираат активистите од „Зелена народна стража“. „Додека низ светот ги растураат малите хидроцентрали, кои освен тоа што ја уништуваат цела природа околу себе, ги пресушуваат најчистите реки и го истребуваат сиот жив свет, немаат апсолутно никаков ...
Собранието денеска ја избра Мери Дика Георгиевска за уставен судија со 64 гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“.По изборот, Мери Дика Георгиевска даде свечена заклетва пред пратениците во Собранието, со што и официјално ја презеде функцијата судија на Уставниот суд. Мери Дика Георгиевска е дипломиран правник на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде дипломирала во 1985 година, а магистерските ...
Фекални бактерии во чешмите на Рич и Белотино. По седум градови. По белата пена во Лепенец и Вардар. Сега и овие села. Изгледа дека во Македонија веќе нема место со чиста вода. Затоа Мицкоски и Клековски немаат потпишан документ ни за Гостивар. Затоа кријат кој ставил печат и кој гарантира. Кога водата е загадена насекаде од Гостивар до Струмица – повеќе никој нема право да бара доверба без документи, без потпис и без одговорност. ...
Криминалниот ум криминално размислува! Кога ќе останете без аргументи, најлесно е да измислувате приказни и да ги обвинувате другите. Тоа не ја менува вистината, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од објавата на Фејсбук на поранешниот министер за култура и туризам Зоран Љутков, што МИА го пренесува интегрално. Госпоѓо Костадиновска-Стојчевска, додека бевте министер, ветувавте проект вреден 150 милиони евра за Скопје 2028. Денес јавноста ...
Една од најзначајните македонски рок-групи, АРЕА, на 31 јули (петок) ќе одржи голем солистички концерт на сцената на Античкиот театар во Охрид, во рамките на годинешното издание на S.O.S. Festival 2026. Под отворено небо и во магичниот амбиент на еден од најубавите концертни простори во земјата, Ружица, Ивица и останатите членови на бендот ќе приредат вечер исполнета со емоции, рок-енергија и безвременски хитови. Публиката ќе има можност во ...
– Ентони Фаучи, клучниот американски стручњак за заразни болести за време на ковидот, одби денеска да одговара на прашањата на сослушувањето во Сенатот, повикувајќи се на правото на молчење од Петтиот амандман и обвинувајќи го републиканскиот сенатор Ранд Пол за „опсесивна желба да го стави зад решетки“. – По совет на моите адвокати, ќе се повикам на моето право од Петтиот амандман на Уставот да се воздржам од одговарање на вашите прашања – ...
Битолскиот бизнисмен и почесен конзул на Белорусија во земјава, Борче Марковски, денеска бил задржан на граничниот премин „Табановце“, но по извршените проверки му било дозволено да ја напушти државата, бидејќи против него немало активна мерка што би го спречило да ја премине државната граница, дознава „360 степени“. Марковски поседува компании и друг имот во Србија. Враќањето на пасошот не е првата контроверзија поврзана со судскиот процес ...
– Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се закани дека ќе возврати на новите ирански ракетни напади врз американските сили на Блискиот Исток. – Ќе ги претепаме … Ќе ги удриме силно. Ги чека сериозен ќотек – изјави Трамп за „Фокс Њуз“. Во текот на повеќемесечниот конфликт, Трамп повеќе пати му се закануваше на Иран со жестока воена акција, иако неговата реторика не беше секогаш проследена со воени напади, пренесува ДПА. Централната ...
Прес конференција на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска – пратеничка Пред нас имаме Предлог на законот за спроведување на проектот „Скопје – европска престолнина на културата 2028 година“, по скратена постапка. Денес на 29 јули 2026 година на крајот на работниот месец и пред почетокот на годишниот одмор на Собранието или фаќање на последниот воз пред да се загуби титулата ЕПК 2028 година. Законот којшто денес беше поставен на предлог ...
По вонредната координација со претставниците на пратеничките групи, собранискиот спикер Африм Гаши денеска од дневен ред на 119. седница го тргна предлог-законот за спроведување на проектот „Скопје – европска престолнина на културата 2028 година“, кој требаше да се гласа по скратена постапка. Предлагајќи го дневниот ред, Гаши пред пратениците го изостави овој закон и ниту спомена дека е тргната точката ниту, пак, даде образложение, на што ...
Водата во Гостивар во моментов останува да се користи исклучиво како техничка и сè уште нема насоки дека е безбедна за пиење и готвење бидејќи по извршеното хиперхлорирање е утврдено дека фекалните бактерии се целосно отстранети од мрежата, но поради долгото некористење и силното прочистување на инсталациите, сега во цевките се појавила нова резидуална бактерија, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски по разговорот што го остварил со ...
Непријатно искуство доживеале македонски туристи кои летувале во Грција, откако за време на краток престој на плажа и ручек им бил провален автомобилот и им биле украдени важни лични документи. Според нивното сведоштво, туристите по враќањето од Сивири застанале на паркингот кај „Sahara Beach Club“, каде планирале да поминат дел од денот и да ручаат. Кога се вратиле кај возилото, забележале дека автомобилот бил насилно отворен и дека ...
– Клековски денеска најави дека епидемијата во Гостивар се смирува и дека до крајот на неделата се очекува водата да биде безбедна за пиење, стои во соопштението од СДСМ кое МИА го пренесува интегрално. Прашањето останува исто: Кој ќе потпише дека водата е за пиење? Кој ставил потпис и печат на извештајот за техничка исправност? Кој ќе одговара кривично ако повторно го отруете целиот град? Ја отрувте цела Македонија. Седум градови. Бела ...
Општина Гевгелија започна акција за отстранување на неправилните приклучоци на атмосферски води во фекалната канализација, со цел да се намали ризикот од излевање на вода во домовите при обилни врнежи. Од Општината информираат дека, согласно Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води, фекалната канализација е наменета исклучиво за одведување на урбани отпадни води, а не и на атмосферски води од олуци, кровови ...
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, од Делчево, го повика Обвинителството да почне постапка за проверка на 400 пријави за неквалитетна вода во 2021 година во Гостивар и за непреземањето ништо од тогашната власт за заштита на здравјето на гостиварци. Одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од страна на опозицијата дека Владата ништо не направила во врска со Гостивар, тој истакна дека кога станува збор за Гостивар и за ...
Водата од локалните чешми во струмичките села Белотино и Рич не е здравствено исправна за пиење поради присуство на бактерии што укажуваат на фекално загадување, покажале анализите на Центарот за јавно здравје – Струмица. Во Белотино бил испитан примерок земен од чешмата кај црквата, додека во Рич водата била земена од чешмата во центарот на селото. Микробиолошките и физичко-хемиските лабораториски анализи покажале дека двата примерока не ги ...
На крајот на минатата и почетокот на оваа година, 2 возила во сопственост на Амбасадата на Бугарија, марка BMW 5, биле оштетени, поради што била пријавена штета во осигурителна компанија, која направила пресметка и изршила исплата, која за вториот случај изнесувала 15 илјади евра, од причина што била потребна замена или поправка на дури 41 дел од автомобилот со дипломатски таблички, дознава „Фокус“. Според нашите информации, таквиот епилог ...
Две млади охриѓанки беа спасени од полициски службеници откако силен ветер и големи бранови ги оддалечиле од брегот на Охридското Езеро додека пловеле со СУП даски. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен вчера во 19:55 часот во Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро. Според пријавата, две лица кои се наоѓале на околу 1.000 метри од брегот, спроти авто камп во Охрид, со извикување барале ...
Министерот за здравство Сашо Клековски соопшти дека вчера биле потврдени уште три нови случаи на западнонилска треска во Македонија. Тој информираше дека двајца од пациентите се лекуваат на Клиниката за инфективни болести, а еден е хоспитализиран на Клиниката за неврологија. Кај пациентот на Неврологија, засега инфекцијата е потврдена само со еден тест, додека се спроведуваат дополнителни лабораториски испитувања. „Кај овие пациенти се прават ...
Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и Телеком договорија соработка по што големата спортска сала е ребрендирана во „Т Арена“. Целиот Спортскиот центар „Борис Трајковски“ доби нов изглед со препознатливата магента боја на „Т“ брендот. – Ова е убав момент за нас СЦ „Борис Трајковски“ и за Македонски Телеком кој повторно е застапен овде во Арената. Покрај визуелното разубавување и на надворешниот и во внатрешниот простор ова партнерство ќе ги ...
Триесет и шестгодишен жител на Струга е лишен од слобода откако под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна незгода, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, инцидентот се случил ноќеска околу 00:30 часот на улицата „Партизанска“ во Струга. Осомничениот управувал патничко возило „опел вектра“ со струшки регистарски ознаки, кога ја предизвикал сообраќајната несреќа. По извршената контрола, полициските службеници ...
По труењето на граѓаните на Гостивар, со над 4.000 заболени граѓани, по труењето на уште седум други населени места и загадување на две реки мора да има кривична одговорност, вели портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на прес-конференција, која МИА ја објавува интегрално. Од сите. Наместо да прикриваат и бараат виновници насекаде, освен во сопствените редови, криминалната ВМРО треба да ја признаат вистината за тоталниот институционален ...
Министерот за здравство Сашо Клековски денеска на прес-конференција соопшти дека Владата донела одлука да го откочи процесот за вработување на уште 300 од вкупно 600 специјализанти, чие вработување е предвидено со одлука од 2024 година. Тој посочи дека процесот за нивно вработување треба да заврши до крајот на годинава. – По одреден застој се откочи процесот за вработување на 600 специјализанти. Тоа е одлука на Владата од 2024 година. Се ...
Триесет и двегодишна жителка на Тетово пријавила во полиција дека била физички нападната од своето момче, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според пријавата, нападот се случил вчера околу 18:30 часот пред зградата во која живее во населбата Блок 70, а како осомничен е посочен Б.И. од Тетово. Од МВР информираат дека утрово осомничениот сам се пријавил во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде ...
Единицата за финансиски криминал поднесе кривични пријави против три лица поради вклученост во коруптивна шема за купување на Уверение за положен стручен испит по стоматологија, а во акцијата која претходела била запленета и огромна сума на парични средства. Според соопштението на МВР, 27-годишната студентка А.Т. од Битола, со цел да се стекне со уверение за здравствен работник без да го поседува неопходното знаење, во декември 2025 година ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) реагира по најавата дека Собранието по скратена постапка ќе гласа за предлог-законот за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“. Предлог-законот е на денешниот дневен ред во Собранието. Според предлогот поднесен од група пратеници, се предвидува Градот Скопје да основа посебна фондација која при своите набавки нема да биде обврзана да го применува Законот за ...
Илјадници лица се вратија во своите домови по повеќедневната евакуација поради големите шумски пожари во централна Шпанија, додека пожарникарите продолжуваат со борбата против огнот пред новиот топлотен бран што би можел дополнително да го отежне гасењето. Претставникот на шпанската влада за покраината Мадрид, Франциско Мартин Агире, соопшти дека 24 илјади евакуирани жители се вратиле во своите домови, додека за дополнителни дваесет илјади е ...
Платите во македонското рударство продолжуваат да растат и секторот останува меѓу најатрактивните според висината на примањата. Последните статистички податоци покажуваат дека просечната нето-плата во мај достигнала 61.228 денари, со месечен раст од 5,8 проценти. Но, зад позитивните бројки стои друг предизвик – недостигот од нови инвестиции. Поради тоа не се отвораат нови работни места, иако повеќе најавени проекти, меѓу кои и ...