Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека поднела обвинение против основачот на „Телеграм“, Павел Дуров, за поддршка на терористички активности и оти по него е распишана меѓународна потерница. ФСБ наведе дека обвиненијата се однесуваат на тоа што „Телеграм“ не отстранил материјали „што украинските специјални служби, како и терористички и екстремистички организации, ги користеле за подготовка и координација на саботажи ...
Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение обвини дека уште една странска компанија ја затвора својата инвестиција и ја напушта Македонија, оценувајќи дека тоа претставува сериозен удар за економијата и за вработените. Од партијата наведуваат дека во изминатите две години три американски и германски инвеститори одлучиле да го прекинат или да го преселат своето производство, што, според нив, не може да се смета за изолиран ...
Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара од Собранието веднаш да го стопира донесувањето на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“ по скратена постапка, поднесен од група пратеници. Со предложениот Закон се предвидува за спроведување на овој Проект, Градот Скопје да основа Фондација „Европска престолнина на културата – Скопје 2028 година“ и за ...
Седум лица кај кои е потврдена западнонилска треска се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Здравствената состојба кај еден од нив, 76-годишен скопјанец, кој е сместен на одделот за интензивна нега на Клиниката за инфективни болести, сè уште е сериозна и е на респираторна поддршка – изјави денеска за МИА директорот на Клиниката, Фадил Цана. Тој посочи дека лицето кое е во сериозна здравствена состојба веќе една недела е на ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги повика граѓаните да аплицираат на јавниот повик за субвенции за приклучување на природен гас и за набавка на котел на гас, преку кој може да се добие финансиска поддршка до 30.000 денари, односно до 70 проценти од направените трошоци. Од Министерството информираат дека рокот за поднесување на барањата е до 31 октомври 2026 година, а право на финансиска поддршка имаат домаќинства ...
Левица преку соопштение обвини дека градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, го назначил поранешниот директор на Македонската радио-телевизија, Марјан Цветковски, за директор на Фондацијата што треба да го реализира проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, иако, како што наведуваат, Фондацијата сè уште не е законски формирана. Од партијата посочуваат дека во Собранието дури сега започнува постапката за Предлог-законот ...
СДС ја покажа својата хипокризија на дело во Гостивар, Филипче молчи, ги штити и не бара одговорност за своите функционери за кои мобилизираше луѓе да гласаат во предизборието на повторените локални избори во Гостивар, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Венко Филипче, јавно повикуваше на поддршка за Валбон Лимани, иако токму локалната власт во Гостивар, во која СДС е дел заедно со ДУИ и Арбен Таравари, потфрли во справувањето со ...
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Најголема фреквенција на возила утрово е забележана на граничниот премин Богородица, каде што времето на чекање за премин на границата изнесува околу 45 минути. Од АМСМ посочуваат дека на останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања ниту при влез, ниту при излез од државата. ...
Земјотрес со епицентар во соседна Албанија утрово е почувствуван во Струга и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот е на речиси 144 километри југозападно од Скопје со Рихтерова локална магнитуда 4. Земјотрес со епицентар во соседна Албанија утрово е почувствуван во Струга и околината со ...
Тензиите меѓу САД и Иран повторно ескалираа откако Иран лансираше повеќе балистички ракети кон американски сили на Блискиот Исток, соопшти американската Централна команда (CENTCOM). Според американската војска, нападот бил извршен во вторник во 17:45 часот по источноамериканско време, а сите проектили биле успешно пресретнати. Засега не е соопштено кои американски бази или локации биле цел на нападот. Речиси истовремено, американските и ...
Фото: „Независен“ Германската компанија БМЗ (BMZ Group), која произведува литиум-јонски батерии, донесе одлука целосно да го затвори својот производствен погон во Македонија до крајот на 2026 година и да го пресели своето производство во Полска, пишува „Независен“. Со оваа деловна одлука се засегнати околу 90 лица кои што беа вработени во погонот во Скопје, но и други потенцијални вработувања кои беа најавени при промовирањето на ...
Во Музејот на современа уметност во Скопје вечерва, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложбата „Прекин во тек“, која ги обединува делата на уметникот Игор Тошевски и уметничката група ОПА (Опсесивно посесивна агресија). Како што информираат организаторите, изложбата отвора прашања за можноста малите поместувања, прекините и отстапувањата да ги направат видливи структурите што најчесто остануваат незабележани во секојдневниот ...
Соопштение на СДСМ: Повеќе не сме трета економија во Европа, сега сме први во сè – Мицкоски се занимава со магија! Мицкоски ја објави новата – магична економска реалност. Повеќе не сме „трета економија во Европа“. Сега имаме поголем раст од цела Европска Унија. И први сме во Европа по зголемен процент на туристи. Браво. Додека граѓаните бројат дали ќе го преживеат месецот, додека потрошувачката кошница урива рекорди, додека горивото втора ...
Европските асоцијации може да го бојкотираат Светското фудбалско првенство, доколку претседателот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), Џани Инфантино, продолжи со својот план за продажба на дел од комерцијалните права на турнирот на надворешни инвеститори, објави „Sky News“. Се очекува федерациите да одржат состанок оваа недела за да разговараат за спротивставување на иницијативата. Претходно, ФИФА ги потврди плановите за создавање ...
Бугарската гранична полиција вчера евакуираше 186 патници од крузерот „Викинг Улур“, кој се насука кај романското место Салциа поради нискиот водостој на Дунав. Бродот, што пловеше под знаме на Швајцарија требало да пристигне во бугарскиот град Видин за да ги надополни резервите за храна и вода. По евакуацијата на патниците на брод останале 52 членови на екипажот. Бродот во понеделникот исплови од романскиот град Дробета-Турну Северин кон ...
Соопштение на Левица: 👉 Сè поочигледно е очајното кадрирање при избирањето македонски дипломатски претставници низ светот. Иако Министерот за надворешни работи Муцунски на сите гласила и медиуми се фали со наводна дипломатска офанзива и професионализација на кадрите во МНР и дипломатско-конзуларните претставништва, понудените кадровски решенија сепак не ветуваат многу. 🚨 Нов амбасадор во Австралија е Стојанче Китаноски – син на ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 11 до 21 степен, додека дневните ќе достигнат од 31 до 38 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе изнесува околу 18 степени, а максималната ќе достигне до 35 степени. ...
„Во Македонија досега се регистрирани осум случаи на Западно нилска треска. Сите регистрирани пациенти имале тешка, невроинвазивна форма на болеста, со зафаќање на централниот нервен систем. Оваа информација заслужува малку подлабоко епидемиолошко разгледување. Осум тешки случаи? Но, осум од колку вкупно инфекции? Тоа е прашањето што бројката сама по себе не може да го одговори“ пишува на Фејсбук д-р Драган Даниловски, професор по ...
Македонска навигација поднела кривична пријава до јавното обвинителство против тројца директори и членови на управниот одбор на М-НАВ за злоупотреба на службената должност, обајви „Фокус“. Според информациите на медиумот, иако М-НАВ согласно принципите на провајдерот на навигациски услуги Еуроконтрол, не смее да позајмува на јавни претпријатија или да ги троши за други цели, кои не спаѓаат во прифатливи трошоци сепак, на барање на ...
Пациент во поодминати години, кој е заразен со вирусот на западнонилската треска, се бори за живот на Инфективната клиника, откако кај него се развила тешка форма на воспаление на мозокот (енцефалитис). Пациентот е приклучен на респиратор, соопштија здравствените власти. Епидемиолошките анкети покажуваат дека пациентот во изминатиот период не патувал надвор од државата, што значи дека е заразен локално, односно од домашен ...
Во израелски воздушен напад денеска беа уништени џамија и шатори во кои биле сместени раселени Палестинци во центарот на градот Газа, при што стотици луѓе останале без покрив над главата, извести дописникот на агенцијата „Анадолија“. Израелски воени авиони ја погодија џамијата „Ал-Мутакин“, која се наоѓа во близина на Христијанската асоцијација на млади (YMCA) во центарот на градот Газа, целосно уништувајќи ја зградата, наведе дописникот. Во ...
– Дваесет и тригодишен маж денеска е обвинет за серија намерно предизвикани пожари во департманот Вар, на југот на Франција, соопшти обвинителството во Драгињан. Пожарот кај Гро Бесијон, во департманот Вар, сè уште не е ставен под контрола, пренесува телевизијата БФМ. Дваесет и тригодишниот маж е обвинет за повеќе намерно предизвикани пожари во местата Брињол, Кабас и Ван-сир-Карами, соопшти заменичката обвинителка во Драгињан, Лоранс ...
Лирим Бегзати Правен експерт во Швајцарија Постојат драми на кои не треба да им треба политичко објаснување. Онаа на Гостивар е една од нив. Ова не е климатска несреќа. Не е техничка фаталност. Тоа е, доколку фактите се потврдат, чин настанат во самото срце на системот што требаше да ја штити јавната здравствена состојба. А кога системот што требаше да те штити станува системот што те труе, тоа веќе не е несреќа, туку срам. Одговорностите, ...
Македонскиот фудбалски прволигаш ГФК Тиквеш ги засили денеска своите редови со Бразилецот Жоао Габриел Фереира Сантос – Ренатињо. Млад, технички квалитетен и гладен за успех, тој доаѓа во Кавадарци за да биде дел од новото поглавје на ГФК Тиквеш. Веруваме дека со својата енергија, талент и посветеност ќе придонесе за успесите што ги градиме заедно“, соопшти прволигашот од Кавадарци. Ренатињо е најновото летно засилување во кавадаречкиот ...
Шпанскиот фудбалер од средниот ред Родри беше подложен на мала операција на грбот, објави денеска неговиот клуб Манчестер Сити. Родри, кој во 2024 година ја освои „Златната топка“, а беше прогласен за најдобар фудбалер на Светското првенство на кое ја предводеше Шпанија до титулата претходно овој месец, имаше проблеми со грбот пред конечно да одлучи да се оперира. „Играчот од средниот ред имаше проблеми веќе некое време, но сега е опериран за ...
Хрватскиот фудбалски репрезентативец Јошко Гвардиол денеска официјално ја продолжи соработката со Манчестер Сити, потпишувајќи нов договор со премеирлигашот до лето 2031 година. Финансиските детали од договорот не се познати, но според англиските медиуми, поранешниот дефанзивец на загрепски Динамо и Лајпциг ќе заработува значително повеќе од досегашните 12,3 милиони евра бруто годишно. „Овој 24-годишник, кој е првенствено централен бек, ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц ги повика институциите на ЕУ нејзиниот буџет за претстојните години да биде помал за неколку стотици милијарди евра во споредба со предлогот на Европската комисија. Тој на средбата со ирскиот премиер Михол Мартин во Даблин истакна дека мора да се направат кратења во сите области. – Овие кратења се од суштинско значење, без оглед на тоа колку ќе напредуваме со новите сопствени ресурси – рече Мерц. Буџетот на ...
МВР информира дека синоќа околу 21:15 часот, на улицата „Туристичка“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода 65-годишниот Д.Т. од Охрид. Според информациите од полицијата, тој управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со охридски регистарски ознаки и предизвикал сообраќајна незгода, при што удрил во патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 59-годишниот К.Б. од Струга. По преземените ...
Ирак од април досега извезе 2,1 милион тони нафта по копнен пат преку Сирија, а оттаму преку Медитеранот кон Европа, поради блокадата на Ормуската Теснина. Ахмед Кубаџи, заменик-претседател на сириската државна нафтена компанија, ги откри овие детали во интервју за весникот „Д Нешнал“ (The National), објавено денеска. Како што пренесува ДПА, тој рече дека бројот на цистерни се зголемил од првичните 10 на 1.000 дневно, а извозот се состои од ...
Според најновите информации, расте бројот на повредени во силниот земјотрес што ја погоди Јапонија. Како што претходно беше објавено, повеќе од 50 повредени лица се примени во една болница. Друга болница сега пријави околу 40 повредени, вклучувајќи десет лица во сериозна состојба, јавува НХК. Локалните медиуми, исто така, јавија дека се повредени неколку патници кои биле во брз воз во времето на земјотресот. Силен земјотрес денеска ја погоди ...