Скопје
36ᴼ /
36ᴼ
Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, денес бил повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Албанија во Македонија, Денион Мејдани. Како што дознава „Локално“ од неофицијални извори, албанскиот амбасадор бил повикан во врска со неговата јавна поддршка на протестот на студентите кои бараат правосудниот испит да се полага на албански јазик. -На средбата на која присуствуваше неговиот заменик беше упатен ...
Ребалансот на буџетот што го најавија Министерството за финансии и Владата, според професорот Абдулменаф Беџети, не е прерано почнат, но додава дека во услови кога половина од буџетот е веќе потрошен просторот за корекции се стеснува. Тој за „Локално“ изјави дека постапката за ребаланс е почната во Министерството за финансии и дека процесот се уште е кај нив, а не во Влада. Според него, не е избрзано отпочнување на постапката за ребаланс во ...
Големата антикорупциска истрага во Украина би можела да прерасне во една од најголемите политички афери во мандатот на претседателот Володимир Зеленски, откако истражителите открија луксузен станбен комплекс за кој тврдат дека бил граден за луѓе од неговиот најблизок круг, пишува Киев Индепендент. Украинското Национално антикорупциско биро (НАБУ) и Специјализираното антикорупциско обвинителство (САПО) тврдат дека преку изградбата на четири ...
Коментирајќи ги наводите за можнoто влегување на меѓународната заедница во нова фаза во односите со БиХ, вклучувајќи ги и шпекулациите дека идниот висок претставник би можел да има поограничено користење на Бонските овластувања, Алкалај истакна дека станува збор за процес кој сè уште не е дефиниран. „Изборот на новиот висок претставник сè уште е флуиден процес. Опстанокот на ОХР не е доведен во прашање, а разговорите за ограничени или ...
Вкупната вредност на синдикалната минимална потрошувачка кошничка за мај оваа година достигна 68.743 денари. Во споредба со април, кога таа изнесуваше 68.797 денари, забележано е намалување од 54 денари, информира денес Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Кога станува збор за трошоците за изнајмен стан од 60 квадратни метри, синдикалната минимална потрошувачка кошничка за мај се искачува на 84.117 денари. Во текот на мај, средствата ...
Европската комисија објави дека доделува речиси 160 милиони евра за Македонија, Албанија и Црна Гора во рамките на Планот за раст на Западен Балкан. Се забележува дека обезбедувањето на овие средства е условено од спроведувањето на реформите. Комисијата позитивно ги оцени реформите преземени во областите на конкурентност и иновации во Албанија и Црна Гора, како и во образованието и дигитализацијата во Македонија. Со денешната одлука, вкупниот ...
Петте држави членки на ЕУ во доверлив документ повикаа на пристап „чекор по чекор“, со кој земјите кандидати постепено би добивале пристап до делови од европскиот пазарот, во зависност од спроведувањето на реформите и усогласувањето со правилата на ЕУ. „За да се одржи моментумот на проширувањето и да се унапредат европските интеграции, потребни се силни и атрактивни стимулации“, се наведува во документот. Според предлогот, државите од ...
Министерството за Европа и надворешни работи во Албанија реагираше на медиумските извештаи и коментари во врска со дипломатските потези во надворешната служба, особено за евентуалното отповикување на Денион Мејдани, амбасадорот на Албанија во Македонија. Дел од албанските медиуми објавија за евентуалното заминување на Мејдани, додека други најавија ротација во дипломатијата, поточно назначување на Мејдани за амбасадор во Приштина, а Петрит ...
За наводите за шпионажа во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски повторно обвинува за „глодари“ и „талог на општеството“. -Тоа е шпионски талог на општеството и структури од минатото кои што се наоѓале во кабинетите како глодари на некои поранешни политичари, претседатели, премиери…Тие се претставуваат како група на вработени и испраќаат анонимни дописи до обвинителства. Се разбира дека таму е ...
Секторот за контрола и истраги преку Одделението за оперативни работи спречи обид за нелегален пренос на готовина во износ од половина милион евра пронајдени во специјално контруиран бункер на минибус, што резултираше со историски најголема заплена на девизи, потенцира директорот на Царинска управа, Бобан Николовски на прес-конференција на која информираше за случајот. Девизите и возилото се трајно одземени, а сторителот, државјанин на ...
Одлуката воедно претставува и одговор на загриженоста околу снабдувањето со одредени горива поради ефективната блокада на клучниот пловен пат – Ормутскиот Теснец, од почетокот на војната меѓу САД и Израел против Иран, пишува Би-би-си . Исто така, укинати се и некои санкции кои се однесуваат на транспортот на руски течен природен гас (ЛНГ). Ублажувањето на санкциите, додава Би-би-си, сега ефективно ќе овозможи увоз на авионско гориво од ...
Со овој договор се прекинува речиси десетгодишната неофицијална забрана за продажба на авионите на „Боинг“ во Кина, пишува Си-ен-ен. Кинеското Министерство за трговија соопшти дека САД и Кина преговараат за продолжување на трговското примирје кое истекува во ноември, како и дека ќе разговараат за рамката за взаемно намалување на царините за стоки во вредност од околу 30 милијарди долари. Овие објави се во согласност со очекувањата кои ...
ВМРО организира граѓани на Македонија за митинг во поддршка на Вучиќ што претставува срамно мешање во внатрешните работи на друга држава, велат од СДСМ. „Како што месеци наназад предупредувавме дека Вучиќ управува со Македонија, сега ВМРО директно организира граѓани на Македонија за контра-митинг во Белград во поддршка на Александар Вучиќ. На плакатот што го шират низ Македонија јасно се гледа: собирање и поаѓање на митингот пред српскиот ...
Литванија издаде предупредување за „воздушна опасност“ и привремено го запре сообраќајот на аеродромот во главниот град поради страв од нарушување на воздушниот простор со дронови. Предупредувањето набрзо потоа беше укинато на територијата на целата држава. „Веднаш тргнете се на безбедно место, погрижете се за вашите блиски и чекајте нови препораки“, порача литванската војска во известувањето испратено до жителите на Вилнус. Предупредување ...
Поради сомневања за шпионска афера во претседателската вила на Водно, Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција објавува дека веќе пет месеци спроведува предистражна постапка за сомневања за нелегални активности во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во вилата на Водно. „Специјалната истражна единица ОЈОГОКК, по добиено известување на 18.12.2025 година од Министерството за внатрешни работи – Сектор за ...
На Генералното собрание на Асоцијацијата на издавачки тела (AIB), Националниот оператор на пазар на електрична енергија МЕМО ДООЕЛ Скопје стана полноправна членка на Асоцијацијата. Со тоа, заедно со активностите кои ги преземаат Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Секретаријатот на Енергетската заедница за взаемно признавање на Гаранциите на потекло на електрична енергија (Guarantees of Origin – GOs), помеѓу земјите ...
Поранешниот антикорупционер, Шемси Салаи, коментирајќи за најавениот нов Закон за нулта толеранција на корупција и дигитална транспарентност на СДСМ, кој би требало евентуално да стапи на сила доколку социјалдемократите дојдат на власт, вели дека одредени делови не се издржливи, особено изјавата на Венко Филипче дека европските институции ќе бидат вклучени во истраги за висока корупција. Салаи во разговор за „Локално“, вели дека ние имаме ...
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска во своето вчерашно гостување на дебатна емисија ја праша власта зошто земаме постојано ново задолжување, ако сме трета економија во Европа. Лукаревска потсетува веќе земавме една милијарда евра кредит од Унгарија и, како што вели ,тоа се кинески пари. -Сакаме дебата и да соочиме аргументи, тогаш зошто одиме по скратена постапка, а не во редовна? За вакво задолжување кое ќе го плаќаат граѓаните, убедувајќи ...
На 19.05.2026 во 18:00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишен малолетник од Тетово поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дело по член 236 од Кривичниот законик – „тешка кражба“. Имено, тој се сомничи дека во изминатите две недели извршил кражби во неколку џамии, а последен пат во џамија на улица „176“ во Тетово, каде што со употреба на сила ја разбил металната каса за донации и од ...
Вучиќ ќе престојува во посета на Кина по покана на претседателот на таа земја, Си Џинпинг, се наведува во соопштението. Потсетуваме, во Пекинг во моментов се одржува дводневен самит меѓу Кина и Русија, во чии рамки кинескиот претседател и рускиот лидер Владимир Путин, според извори од Пекинг, ќе потпишат 40 важни договори. Пред Путин, во официјална посета кај Си, исто така дводневна, беше и американскиот претседател Доналд Трамп, кој, според ...
Трговците исто така го следеа пазарот на нафта откако претседателот Доналд Трамп ги откажа планираните напади врз Иран, како и недамнешниот притисок врз акциите на производителите на чипови. Индексот S&P 500 падна за 0,2%, додека Nasdaq Composite ослабе за 0,4%. Двата референтни индекси беа на пат кон својот трет последователен пад. Dow Jones Industrial Average загуби 107 поени, односно 0,2%. Пазарот на обврзници дополнително го засили ...
Според податоците на украинските власти, повредени се најмалку 11 лица, а драматичните снимки од теренот прикажуваат спасување на луѓе од урнатините и хаотични сцени во градовите под удар. Најтешко е погоден Конотоп во Сумската област, каде што руски проектил или дрон погодил повеќекатница. Регионалниот гувернер Олех Хрихоров објави дека се повредени најмалку шест лица, додека градоначалникот Артем Семенихин наведе соопшти дека во „масовниот ...
По прозивките од директорот на ФК Вардар, Миленко Неделковски кон министерот за спорт, Борко Ристовски, за тоа зошто не реагирал на ист или сличен начин за навредлива песна, кога лани РК Пелистер ја титулата во директниот дуел против Вардар и кога капитенот на тимот се обратил со навредлива песна, министерот вели дека Неделковски не е доволно информиран или не видел, меѓутоа, по тој инцидент, Филип Кузмановски се извинил за тој настан. ...
За навредливата песна на фудбалерите на ФК Вардар и раководството на клубот кон Битола и пејачката Каролина Гочева, претседателот на ФФМ, Масер Омерагиќ рече дека ФФМ не поддржува таков начин на прослава. Тој најави дека македонската куќа на фудбалот покренува дисциплинска постапка против клубот. За евентуални санкции, Правилникот на ФФМ предвидува парична казна. -Ова постои во спортот со децении, но полесно се појавува во јавноста преку ...
Пентагон „го намали вкупниот број борбени бригади распоредени во Европа од четири на три“, се наведува во соопштението. Една борбена бригада брои меѓу 4.000 и 4.700 војници, се вели во извештајот на Конгресот. Во соопштението се додава дека намалувањето резултира со „привремено одложување“ на распоредувањето на американските сили во Полска. На оваа објава ѝ претходеше изјавата на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс (JD Vance) претходно ...
Според претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, решението за поттикнување на европската интеграција на земјата е уставните измени да стапат во сила по завршувањето на преговорите со ЕУ. Шефицата на државата го презентираше она што го нарече „Соломонско решение“ за време на нејзиното предавање на Правниот факултет во Љубљана на тема „Уставни трансформации на патот кон ЕУ: Реформи или уставно инженерство?“. Според Сиљановска, Македонија ...
Договорот се заснова на спогодбата што Брисел и Вашингтон ја постигнаа минатото лето во вила во Тарнбери, Шкотска, во сопственост на Доналд Трамп. Според тој договор, Европската Унија се согласи да ги укине царините за американските индустриски производи и за дел од земјоделските стоки, додека САД би ги ограничиле царините за поголемиот дел од европскиот извоз на 15 проценти, пишува Политико. Преговорите со месеци беа блокирани поради ...
Левица најостро реагира на скандалозното и неодговорно однесување на вицепремиерот Арбен Фетаи, кој со месеци не се појавува на работното место, не присуствува на владините седници, не одговара пред Собранието, а притоа продолжува да ја користи функцијата и бенефитите што ги плаќаат граѓаните на Македонија. -Додека Владата на Мицкоски секојдневно им порачува на граѓаните дека „нема пари“ за повисоки плати, помош за ученици, здравство и ...
Додека некои ќе го паметат летото по патувања и љубовни приказни, за одредени хороскопски знаци тоа би можело да донесе и многу важен финансиски пресврт. Астрологијата покажува дека во текот на летните месеци некои хороскопски знаци ќе имаат повеќе среќа со парите, деловните можности и ненадејните добивки од вообичаеното. За некои, тоа ќе биде поголема заработка, а за други, чувството дека конечно излегуваат од период на постојан финансиски ...
Со рекламите и билбордите за игри на среќа, коцкарниците како да се главна индустрија по градовите, рече премиерот Христијан Мицкоски кој додаде дека Македонија наликува на Лас Вегас. Вели дека новиот Предлог-закон за игри на среќа и забавни игри ќе се стави крај на таква перцепција кај граѓаните. Фокусот на законот е ставен на заштита на децата, младите и семејствата, преку значително построги правила за рекламирање и локацијата на објектите ...