Скопје
36ᴼ /
36ᴼ
„Несфатливо е како министер на партија кој можеби бил дел од власта кога се носел Законот за јазиците и чија партија го гласала, денес е толку тврдокорен да дозволува таков еден банален проблем“, вели политичкиот аналитичар Даут Даути за барањето за полагање на правосуден испит на албански јазик од страна на студентите Албанци. Даути вели дека го радува фактот што и во македонски интелектуални и политички кругови имаше ставови во прилог на ...
„Не верувам дека некој од граѓаните верува дека сме трета економија по раст на БДП во Европа. Доколку тоа беше така, граѓаните тоа ќе го почувствуваа преку животниот стандард – ќе се зголемеа платите, а младите немаше да заминуваат на работа во странство за повисоки примања“, вели универзитетскиот професор Ванчо Узунов откако граѓаните се во дилема дали да веруваат на светските рангирања според кои Македонија е меѓу најсиромашните во Европа ...
Многумина и понатаму веруваат дека 10.000 чекори дневно се совршена цел за здравје и одржување на формата, но новото истражување покажува дека помалку чекори може да бидат доволни, особено за одржување на телесната тежина. Научниците сега истакнуваат дека околу 8.500 чекори дневно можат да помогнат во спречувањето на зголемување на телесната тежина, односно на повторно дебелеење, пишува „ЛАДбајбл“. Истражувањето, презентирано на Европскиот ...
Потребни е закајнување на довербата во институциите и заштита на новинарите и независноста на медиумите, изјавија од Делегацијата на ЕУ во Македонија за „Локално“ во коментар за извештајот на „Репортери без граници“, според кој Индексот за слобода на медиумите во Македонија за оваа година падна за три места и сега сме на 45-то место. -Ги земаме предвид наодите на меѓународните организации и организациите за заштита на слободата на медиумите, ...
Само мал број милијардери помлади од 30 години самостојно стекнале богатство, главно преку стартапи од областа на вештачката интелигенција и технологијата. Поголемиот дел од нив наследиле удели во семејни компании од секторите за луксузна стока, фармација, малопродажба и производство. Германија и Италија доминираат на ранг-листата, што ја одразува големата концентрација на повеќегенерациско корпоративно богатство во Европа. Младите ...
Станува збор за идејата „ЧетГПТ“, покрај досегашните улоги во комуникацијата, пишувањето и пребарувањето информации, да добие можност за анализа на личните финансии на корисникот. Новата функционалност подразбира поврзување со банкарските сметки, за да може вештачката интелигенција (ВИ) да ги следи трошоците, претплатите и обрасците на потрошувачка. Системот, според наводите, би ја користел платформата „Плеид“, која веќе служи како мост меѓу ...
Најновото надворешно задолжување ќе се реализира под значително поповолни услови, со пониски каматни стапки и подолга рочност, што претставува индикатор за зголемена доверба на меѓународните финансиски институции кон македонската економија, кажа во интервју за Алфа телевизија министерката за финансии Гордана Димитриеска- Кочоска. Како што потенцираше министерката за Законот за задолжување кај странски банки кој што влезе во собраниска ...
„Македонија предолго живееше со страв да не навреди некого ако се сака себеси“, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков на одбележувањето на 150-годишнината од Разловечкото востание во с. Разловци. На свеченоста по повод јубилејот, министерот истакна дека Разловци претставува „највисок пантеон на македонскиот опстој“ и симбол на непокорот што, како што рече, „никој не успеал да го замолчи“. Во своето обраќање, министерот нагласи ...
Додека многумина денешниот ден ќе се обидат само да го одработат, еден хороскопски знак денеска ќе добие бран енергија што ќе ги натера да го направат првиот чекор што го одложувале долго време. Астрологијата покажува дека токму сега кај нив се буди чувството дека повеќе нема смисла да го чекаат вистинскиот момент. Без разлика дали станува збор за работа, врска, важна одлука или промена што ја планирале долго време, денеска би можеле да ...
Ќерката на холивудските ѕвезди Анџелина Џоли и Бред Пит, Захара Џоли, ги заврши студиите по психологија на престижниот колеџ Спелман во Атланта, а вниманието на јавноста го привлекол моментот кога во текот на церемонијата на дипломирањето била претставена без презимето на нејзиниот татко. Захара која има 21 година, дипломирала на 17 мај со титулата „Диплома за уметности“ по психологија. Иако во официјалната програма на церемонијата била ...
Братот на принцезата Дијана не ја губи вербата во љубовта. Тој зад себе има три неуспешни брака, а сега се ожени со жена со која ја дели „страста кон животот“. View this post on Instagram A post shared by Stefania Conrieri 👑 (@arie_da_regina) Чарлс Спенсер (61), брат на принцезата Дијана, повторно се ожени. На приватна церемонија во Аризона, тој повторно се заколна на вечна љубов, што е негов четврти брак. Прочитајте повеќе: View this ...
„Самоубиствена параноја“, кратко изјави Захарова за „Спутник“. Шефот на литванската дипломатија, Кестутис Будрис, претходно го повика НАТО да биде подготвен за напад врз руската ексклава Калининград. „Мораме да им покажеме на Русите дека можеме да продреме во малата тврдина што ја изградија во Калининград. НАТО ги има потребните средства за уништување на руските бази во ексклавата“, рече Будрис во интервју за швајцарските медиуми, пренесе ...
Иако Кина и Русија одржаа низа заеднички воени вежби од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година, Пекинг повеќепати ја истакнуваше својата неутралност во конфликтот, претставувајќи се како мировен посредник. Со обучувањето на рускиот воен персонал на оперативно и тактичко ниво, кој потоа учествува во борбите во Украина, Кина е значително подиректно вклучена во војната на европско тло отколку што се знаеше досега, изјави еден ...
Соседна Латвија исто така издаде предупредување поради дронови и ги повика жителите во близина на руската граница да останат во затворени простории. Латвиската војска соопшти кое дека во областа се испратени авиони од мисијата на НАТО за надзор на воздушниот простор на Балтикот. Украина во последните месеци ги засили далечинските напади со дронови врз Русија, вклучувајќи ја и областа долж Балтикот. Од март, неколку украински воени дронови ...
Операцијата, во периодот од 13 февруари до 28 април, ја спроведе Единицата за интернет-упатувања на Европол во соработка со полициските тела од 19 земји. Истражителите утврдија дека ИРГЦ изградила многу структурирана дигитална мрежа која се протегала низ водечките социјални медиуми, стриминг-сервиси, платформи за блогови и независни интернет-страници. Содржината се ширела на арапски, англиски, француски, персиски, шпански и индонезиски јазик. ...
На 21 мај (четврток) од 17:00 часот, „Makka Bar“ ќе стане местото каде што младите ќе искусат спој на дизајн, музика и урбана креативност, на настан каде што официјално ќе биде откриена новата лименка Златен Даб Limited Edition. Новото Limited Edition издание е резултат на креативната соработка помеѓу Златен Даб и студентите од „Brainster Next“, кои преку креативен хакатон добија можност да работат на предизвик за еден од најпрепознатливите ...
Договорот со најважниот клиент, чие име „Варта“ не го откри, истекува на крајот на октомври. Според пишувањето на германскиот деловен весник „Ханделсблат“, станува збор за американскиот технолошки гигант „Епл“. Губењето на важниот клиент ќе ја чини компанијата околу 350 работни места во фабриката во Нордлинген и во седиштето на компанијата во блискиот Елванген. Фабриката на „Варта“ во Нордлинген речиси исклучиво произведува батерии ...
Во Македонија веќе ништо не треба да нè чуди. Имавме фантомски гласачи. Имавме функционери што не знаат што потпишале. Имавме институции што не работат. Ама сега добивме нова иновација: градоначалник што не е тука, ама и понатаму е градоначалник. Во Карпош очигледно се тестира нов модел на локална самоуправа — „Work From Home Municipality“. Граѓаните ќе пријавуваат дупки по улици, а системот автоматски ќе одговара: „Вашето барање е препратено ...
„Студентите побараа правосуден испит, но ВЛЕН самоиницијативно ја мапираше целата соодветна проблематика. Нема да застанеме само тука, веќе работиме на законски решенија со кои сите професионални испити и постдипломски лиценци за работа во земјата ќе им бидат достапни на младите на нивниот мајчин јазик. Наша цел е логичен и праведен систем: тој што студирал на албански, да може на албански да ја добие и својата лиценца за работа“, велат од ...
Судењето за предметот „Талир 1“ против поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, а кој заедно со други членови на сега владејачката ВМРО-ДПМНЕ се гонат за перење пари во партијата, денес беше одложено за во јули. Одложувањето на главната расправа, судот ја одобри по барање на обвинителката Енѓелуше Кадриу Леши, која го презеде овој предмет откако државниот јавен обвинител Ненад Савески ѝ ги одзеде сите предмети на обвинителката ...
„Неделната и дневната кампања на закани, терор и притисок врз обвинителството од страна на силниот човек со приватен авион, Антонио Милошоски е скандалозна и слична на Северна Кореја. Милошоски, познат по слоганите „мртов Албанец, добар Албанец“, „гасна комора за Албанци“, за нарачување судски одлуки, истраги, рации и претреси, а кој беше спасен благодарение на промените во Кривичниот законик, нема никаков морален, политички или правен ...
Министерот за правда, Игор Филков најостро реагира на обидот, како што вели, полагањето на правосудниот испит да се претвори во поле за политички притисок и етничка конфронтација. Тој тврди делка Правосудниот испит не е прашање на политика, туку прашање на стручност, професионалност и почитување на правниот поредок на државата. -Обидите да се прикаже законската обврска за познавање на македонскиот јазик како дискриминација се опасна ...
На 150-годишнината од Разловечкото востание премиерот, Христијан Мицкоски повторно повика на национално обединување. Во говорот тој повика на обединување за државните и националните интереси затоа што, како што рече, ниту една политичка разлика не смее да биде поголема од татковината и ниту една лична амбиција не смее да биде поважна од иднината на нашите деца. Потсети дека тие луѓе немале држава зад себе, немале моќни армии и големи сили што ...
Најмногу шанси за именување на нов висок претставник медиумите ѝ даваат на Италија, а нејзиниот дипломат Антонио Занарди Ланди важи за најсериозен кандидат. Ланди претходно беше амбасадор во Белград, Москва и во Ватикан. Италијанец никогаш досега не бил на позицијата висок претставник за БиХ, но Италијанец е моменталниот шеф на делегацијата на ЕУ во БиХ, кој истовремено е и специјален претставник на Унијата, додека италијански генерал ...
Купувањето на моделот на фрегата „Француска одбрана и интервенција“ (FDI) ќе претставува најголема шведска воена инвестиција од 1980-тите години, изјави премиерот Улф Кристерсон на прес-конференција. Шведска забрзано ја засилува војската откако Русија ја покрена инвазијата врз Украина. Оваа нордиска земја по брза постапка пристапи кон НАТО, а новите фрегати претставуваат значајно проширување на одбранбените капацитети на море. Владата побара ...
Според информациите што ги пренесува „Ајриш тајмс“ (Irish Times), планот на Европската комисија особено ќе ги погоди секторите како што се хемиската индустрија и производството на индустриски машини, кои веќе со месеци предупредуваат на огромен притисок од евтиниот кинески увоз. Според нацрт-предлогот, компаниите повеќе нема да смеат да купуваат поголем дел од клучните компоненти од само еден добавувач. ЕУ планира да воведе ограничување ...
Здружението „Мир, слога, стабилност“, кое за себеси вели дека е здружение на граѓани за унапредување на правата и интересите на етничките заедници, објави јавен апел за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ. Повикот е упатен „до сите граѓани на Македонија“ за да бидат дел од народниот собир на 23 мај, оваа година, во Куманово за поддршка на претседателот на нашиот северен сосед. Токму на ова реагираше меѓународниот секретар на ...
Цената на нафтата од типот „Брент“ (Brent) се движеше на ниво од 111 долари по барел, а американската сурова нафта „ВТИ“ (West Texas Intermediate) беше на ниво од околу 107 долари по барел, пренесе „Трејдинг економикс“ . До раст на цените дојде по новите сомнежи дека набрзо би можел да биде постигнат договор со кој би се обновил протокот на нафта низ Ормускиот теснец, кој е клучна транспортна рута. Порталот „Аксиос“ објави дека Иран доставил ...
Сузана Трајковска од невладината организација „Black swawn“ на денешната презентација на проектите финансирани од двете министерства рече дека со помош на проектот во кој биле вклучени девојки на возраст од 15 до 24 години од 18 градови во земјава, добиле обуки за повеќе професии и дека по добивање на дипломите можеле да се вклучат на пазарот на труд. Таа објасни дека обуките ги изведувале и со други 14 невладини организации, како и со помош ...
Во текот на офанзивата во Украина, која трае веќе повеќе од четири години, Русија редовно се расфрла со нуклеарното оружје, а во неколку наврати се закани дека и ќе го употреби. Вежбите се спроведуваат откако во февруари истече „Нов СТАРТ“, последниот договор со кој се ограничуваа нуклеарните арсенали на Русија и на Соединетите Држави. „Од 19 до 21 мај, вооружените сили на Руската Федерација спроведуваат вежба за подготовка и употреба на ...