Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Двајца мотоциклисти се здобиле со тешки телесни повреди во две одделни сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје. Првата несреќа била пријавена околу 14:30 часот на крстосницата од улиците „Благоја Стефковски“ и „102“, каде се судриле патничко возило „цитроен“, управувано од Ј.С. (63) од Скопје, и мопед управуван од А.Т. (40) од Скопје. Во несреќата со тешки повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во ...
Мајка на ученик физички нападнала учителка на родителска средба во основно училиште на подрачјето на Општина Аеродром. Според информациите на МВР, вчера во 22:10 часот во СВР Скопје, К.К.Л. од Скопје пријави дека околу 17:00 часот во училница во основно училиште на подрачјето на општина Аеродром, додека заедно со нејзина колешка одржувале родителска средба, М.М.Г. од Скопје, инаку мајка на ученик, физички ја нападнала К.К.Л.. Се преземаат ...
Една жена е тешко повредена, а тројца сопатници се здобиле со телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера вечер во Скопје. Несреќата била пријавена околу 18:00 часот на улицата „Шабан Рамети“, каде Д.Д. (22) од Германија, управувајќи патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонска бандера. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.Ф. (63), додека со телесни ...
Вчеравечер, во Музејот на Народноослободителната Борба се одржа модна ревија и ретроспективна изложба на италијански очила во организација на ITA -Italian Trade Agency, Амбасадата на Р.Италија и Диоптра. Повеќе од 120 гости меѓу кои амбасадори и дипломати, стилисти, уметници и љубители на модата имаа несекојдневна можност да уживаат во ревијата на очила од најпознатите италијански марки како Lozza, Persol, Dоlce &Gabanna, Trevi Coliseum, ...
Меѓуградски воз Прилеп-Битола ќе почне да функционира од јуни, а повратен билет ќе чини 150 денари. Новата врска меѓу овие два соседни града ја најави министерот за транспорт и врски Александар Николоски. Тој денес добил ветување од градежниците дека првите километри од автопатот меѓу Прилеп и Битола ќе се возат веќе следната пролет, а делницата, според договорот, ќе биде целосно завршена до крајот на 2029 година. „Ние сме свесни дека во ...
Министерството за внатрешни работи известува дека утре, 17 април, со почеток од 15.00 часот и задутре, 18 април, со почеток од 13.30 часот на меѓународниот аеродром „Свети Апостол Павле“ во Охрид ќе се одржи симулациска вежба. Целта на вежбата е проверка на подготвеноста, координацијата и ефикасноста на надлежните институции во услови на кризни и вонредни ситуации. Во рамките на вежбата ќе има зголемен број полициски службеници и возила и ...
СДСМ поднесе кривична пријава против сопствениците на Алфа ТВ од Унгарија, информира генералниот секретар на партијата, Александар Саша Димитријевиќ. „СДСМ поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство поради постоење на сериозни сомнежи за организирана шема на перење пари, даночно затајување и фалсификување деловни книги. Пријавата е поднесена против повеќе физички и правни лица, меѓу кои и Питер Шац, мнозински сопственик на Алфа ТВ, ...
Амбасадата на Иран во Таџикистан објави видео направено со вештачка интелигенција на кое Исус го удира американскиот претседател Доналд Трамп. Ова е реакција на фотографијата што Трамп ја објави на својата социјална мрежа Truth пред неколку дена. На сликата, Трамп во улога на Исус лекува човек на болен кревет. По жестоките критики, Трамп на крајот ја избриша сликата, а пред медиумите се оправда дека „мислел дека изгледа како доктор“. По ...
Mинистерството за образование на Обединетото Кралство објави дека Британскиот совет ќе ја преземе улогата на Национална агенција за Еразмус+. На 17 декември 2025 година, Обединетото Кралство и ЕУ постигнаа политички договор според кој Обединетото Кралство ќе се приклучи на програмата Еразмус+ во 2027 година. Тој договор сега е правно формализиран во рамките на Договорот за трговија и соработка меѓу ЕУ и Обединетото Кралство. Овој потег ќе ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер, ја посетија работилницата за мозаик и рубин која се реализира во ДСУЛД „Лазар Личеноски“. Станува збор за иновативен пристап кој ги поврзува геологијата, уметноста и едукацијата, преку практична работа со минерали – со посебен фокус на рубинот како симбол и материјал. Работилницата веќе е во тек и ...
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска – Трајкоска, заедно со заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, извршија увид во завршните градежни работи на доградбата на објектот при градинката „8 Март“ во Расадник. Новиот простор од 800 квадратни метри е изграден по највисоки стандарди и опфаќа шест нови и пространи занимални, во кои се вклучени и две јаслени групи, со што се обезбедува ...
Високото образование и науката ќе добијат нова законска рамка која нуди многу повеќе можности за професорите, научниците, истражувачите и студентите за личен развој и за придонес кон градењето на општество базирано на знаења, вештини, научни достигнувања и иновации. Година и половина водиме целосно транспарентен процес и изразувам благодарност до академската заедница и научната фела, до сите политички и општествени чинители кои на било каков ...
Заменик министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска во Министерството за внатрешни работи присуствуваа на примопредавање на донација од Кралството Холандија, претставувано од амбасадорот Озлем Џанел и генералниот директор на Службата за транспорт и поддршка при Министерството за правда и безбедност на Холандија, Ерик Де Брост. Донацијата се состои од две специјализирани ...
Интер од Мајами, актуелниот шампион на американската професионална фудбалска лига МЛС, го назначи 62-годишниот Гилермо Хојос, долгогодишен пријател на најголемата ѕвезда на клубот и за многумина најдобриот играч на сите времиња, Лионел Меси, за нов тренер. Хојос досега беше спортски директор на клубот, а на тренерската позиција го замени Хавиер Маскерано, кој го напушти клубот во вторник од лични причини. Хојос бил ментор во Барселона на ...
Британскиот принц Хари за време на посетата на Австралија изјави дека сака да биде подобар родител од својот татко, британскиот крал Чарлс III, нагласувајќи дека секоја генерација треба да го подобри начинот на кој се воспитуваат децата. Хари нагласи дека немал намера да ги критикува своите родители, вклучително и Чарлс, но дека верува дека секоја генерација треба да го подобри искуството на родителството, објави британскиот „Телеграф“. ...
Еден од основачите на рок-групата „Дивље јагоде“, Нихад Јусуфходжиќ, почина во средата во Бихаќ. Музичарот имаше 73-години, а во последните неколку месеци се лекувал во Кантоналната болница во Бихаќ. За него претходно биле организирани и акции за дарување крв. Веста за неговата смрт потресе бројни колеги, а од него се прости и пејачот Анте Јанковиќ. „Денес ме затекна вест која тешко се прифаќа. Замина мојот пријател Нихад Јусуфходжиќ, ...
Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со силна динамика, сите предизвици што се појавуваат на трасата се надминуваат со добра координација на институциите и Изведувачот и очекуваме оваа автопатска делница да биде завршена почетокот од 2028 година, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски извршија увид во градежните ...
На покана од претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, денеска престојува во официјална посета на ФФМ. Посетата претставува уште една потврда за одличните односи меѓу ФФМ и УЕФА, како на институционално, така и на лично ниво. Македонската „Куќа на фудбалот“ е високо ценета во рамки на европското фудбалско семејство, а присуството на Александар Чеферин дополнително ја ...
Експертите предупредуваат дека завесите собираат прашина, алергени и мириси. Завесите често се занемарен детаљ во домот, иако играат важна улога во одржувањето на свежината и квалитетот на воздухот. Иако на прв поглед изгледаат чисти, всушност брзо акумулираат прашина, полен, чад и непријатни мириси. Не постои единствено правило за тоа колку често треба да се перат, но повеќето експерти препорачуваат интервал од три до шест месеци. Сепак, ...
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, оствари работна посета на Општина Охрид, при што одржа средба со градоначалникот Кирил Пецаков, членовите на Советот и општинската администрација. На средбата се разговараше за развојните приоритети на општината, тековните предизвици и можностите за нивно надминување преку заедничка координација меѓу централната и локалната власт. Во фокусот ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, се обрати на денешната Национална конференција за природа, каде истакна дека заедничкиот системски одговор е единствениот пат кон долгорочно зачувување на природните ресурси. „Да работиме заедно за вистински зелен пресврт“, порача тој, нагласувајќи ја важноста на партнерството меѓу институциите и граѓанскиот сектор. Во своето обраќање, Хоџа стави фокус на новиот Закон за ...
Иако се неопходни за здравјето и мускулите, прекумерниот внес на протеини може да предизвика проблеми со варењето, бубрезите и телесната тежина. Протеините се едни од основните хранливи материи важни за градење мускули, имунитет и општото здравје. Сепак, иако нивниот внес е неопходен, претерувањето не носи дополнителни придобивки, напротив, може да предизвика голем број здравствени проблеми. Препорачаниот дневен внес за просечен возрасен е ...
Каква е улогата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во новите сценарија за бегство на Никола Груевски од Унгарија? Ова прашање се поставува имајќи ја предвид посетата на Сиљановска на Турција, а во контекст на информациите дека Никола Груевски не може да обезбеди азил во оваа земја, велат од СДСМ. „Има ли разговори зад очите на јавноста поврзани со Никола Груевски? Дали власта преку Сиљановска бара нови канали и решенија за заштита ...
Датумот за втората рунда разговори меѓу САД и Иран сè уште не е одреден, соопшти Министерството за надворешни работи на Пакистан. Шефот на пакистанската армија, Асим Мунир, е во Иран како дел од медијациските напори за оживување на разговорите, бидејќи кревкото примирје меѓу двете страни се приближува кон својот крај, објави „Ројтерс“. Висок ирански функционер изјави за новинската агенција дека посетата на Мунир „била ефикасна во ...
Компанијата „Спектакулар“ на Светислав Филиповиќ (47), кој беше уапсен вчера под сомнение дека е еден од водачите на балкански нарко – картел, има повеќемилионски промет. Според податоците од глобалната платформа за анализа на трговијата „Волца“, компанијата примила дури 139 пратки од Еквадор, Колумбија и Украина од вкупно 16 добавувачи, а официјално се занимавала со трговија со банани и ореви, објавува РТЦГ. Директорот на полицијата Лазар ...
Два од најголемите трговски центри во Сараево мораа привремено да бидат затворени денес откако полицијата добила пријави за поставени експлозивни направи, потврди Министерството за внатрешни работи во Сараевската жупанија. Saraevo City Center (SCC) и Алта, обете во самиот центар на градот и во близина на седиштето на државниот парламент и Советот на министри на Босна и Херцеговина, беа евакуирани во утринските часови, а полициски екипи беа ...
По синоќешните реванши од четвртфиналето, познати се сите полуфиналисти од Лигата на шампионите. ПСЖ, Баерн, Атлетико Мадрид и Арсенал ќе се борат за титулата европски шампион. Првите натпревари од полуфиналето се закажани за 28 и 29 април, додека реваншите се играат една недела подоцна. Во првата средба, ПСЖ ќе го пречека Баерн, а Атлетико ќе биде домаќин на Арсенал. Со влегувањето во оваа фаза од натпреварувањето, четирите клуба ...
Вчера во 20:40 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода 21-годишната Н.А. од Кавадарци и Б.В.(47) од Кочани. При претрс во домот во кој привремено престојува Н.А., извршен со наредба на Основен суд Кочани, а во кој бил затекнат и Б.В., пронајдени се и одземени марихуана, бела прашкаста материја, кафеава материја и предмети со остатоци од мариахуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, ...
Унгарскиот премиер Петер Маѓар ја шокира јавноста, но и вработените во државната телевизија, откако најави крај на нивните информативни програми, обвинувајќи ги дека повеќе од една деценија изнесувале невистини. Гостувајќи во емисија, Маѓар изјавил дека новинарите и уредниците повеќепати го навредувале него и неговото семејство, при што, како што рекол, биле споменувани и неговите малолетни деца, со тврдења дека не разговараат со него. Тој ...
Израелската војска соопшти дека уништила „70 позиции на Хезболах“ во областа Бинт Џбеил во јужен Либан, по вчерашниот упад на командоси. Припадници на командоската единица Егоз влегле во Ајната, населба покрај Бинт Џбеил, која ИДФ ја опишува како „борбен комплекс“ на Хезболах. העמקת הפעילות במרחב בינת ג’בייל נמשכת: לוחמי יחידת אגוז ויהל”ם השמידו כ-70 תשתיות של ארגון הטרור חיזבאללה בתוך דקה אחת בלבד לכל הפרטים👇https://t.co/OKwyL4D3jl ...