Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Демократската унија за интеграција обвини за, како што наведува, злоупотреба на буџетот во Општина Чаир и побара оставка од Изет Меџити. Според партијата, во системот Open Finance е евидентирана месечна исплата од околу 1.000 евра за Хаќим Рамадани, поранешен директор и кандидат за градоначалник на Брвеница на претходните локални избори. ДУИ тврди дека лицето не живее во Чаир, не е даночен обврзник во општината и, како што наведуваат, нема ...
Астероидот Апофис, со големина од три фудбалски игралишта и именуван по древниот египетски бог на хаосот, ќе прелета покрај Земјата за три години. НАСА во среда објави дека настанот, закажан за 13 април 2029 година, ќе им даде на научниците единствена можност да ја проучат џиновската вселенска карпа одблизу, пренесува Анадолија. Апофис ќе помине на растојание од околу 32.000 километри од површината на Земјата, што го доближува до нашата ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Република Турција, по повод учеството на петтото издание на Дипломатскиот форум во Анталија, коешто се одржува од 17 до 19 април на тема „Мапирање на иднината, управување со неизвесностите“. Денеска, во Истанбул, пред официјалниот почеток на форумот, Сиљановска-Давкова ќе оствари билатерална средба со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган. В петок, 17 април, ...
Реал Мадрид ја заврши сезоната во Лигата на шампионите. „Кралскиот клуб“, доживеа елиминација од Баерн Минхен. По поразот во првиот меч, во Мадрид 1:2, во драматичниот реванш, Реал падна во финишот, Баерн победи со 4:3 со головите постигнати во 89-та и 94-та минута. Реал во Минхен, три пати водеше, минути го делеа од продолженија, но аматерскиот потег на Едуардо Камавинга,го смени текот на натпреарот. По неговото исклучување во 86-та минута, ...
На 18 април 2026 година (сабота) во паркот „Авионче“ ќе се одржи Sakura Festival – културно-едукативен настан чија цел е да ја доближи јапонската традиција, уметност и филозофија до локалната публика преку внимателно осмислена и содржајна програма. Настанот ќе се реализира во периодот од 12:00 до 15:00 часот и претставува синергија на едукативни, културни и забавни содржини, наменети за широка публика, вклучувајќи семејства, млади и љубители ...
Парични казни од над 19 илјади евра во денарска противвредност изрекоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна во рамки на спроведените 1221 вонредни контроли кои беа спроведени пред Велигденските празници. Уништени се и повеќе од 272 килограми небезбедна храна, најголемиот дел од животинско потекло. Дополнително, нештетно уништени на депонијата Дрисла биле и повеќе од 40 тони небезбедни јајца ...
„Пет дена СДС и Венко Филипче слават и се радуваат на победата на Маѓар во Унгарија. Гледајќи ја еуфоријата која владее на Бихаќка, човек би помислил дека СДС победиле и Филипче само што не станал премиер. До тоа дереџе стигнале СДС и Филипче, наместо да бидат кредибилна опозиција и коректив на власта во Македонија, тие се занимаваат со избори во друга држава“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Радувањето на СДС и Филипче за изборните резултати во ...
Сандра Булок и Никол Кидман се појавија на настанот „CinemaCon“ во Лас Вегас, а го привлекоа вниманието на јавноста и со своите комбинации и со својот физички изглед. За оваа пригода, Сандра Булок носеше шик црвен костум кој го искомбинираше со секси црн градник. View this post on Instagram A post shared by Entertainment Weekly (@entertainmentweekly) Нејзино друштво на црвениот тепих беше нејзината колешка Никол Кидман, која одлучи да ...
Пријава е поднесена против унгарскиот премиер Виктор Орбан поради видео на кое се гледа како вози автомобил без да го држи воланот. Видеото, објавено пред изборите на 12 април, го прикажува Орбан како пее во својот автомобил и во еден момент го пушта воланот, објавува унгарскиот весник „Блик“. Во видеото, објавено пет дена пред изборите, премиерот е снимен како вози од дома до работа. Во снимката, Орбан вели: „Ајде да одиме! Ваква е ...
Големиот број повици од граѓани за собирање донации за лекување во странство повторно го отвора прашањето за тоа дали државата навистина обезбедува средства за ваквите случаи или е тоа само формално, на хартија и кога треба да собираат политички поени, велат од Левица. По ова прашање реагира и пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, кој преку социјалните мережи се огласи и потсети дека за време на буџетската расправа во Собранието, при ...
Заврши воведниот сегмент во НБА плејинот. Филаделфија Севентисиксерс обезбедија место во плејофот, додека Голден Стејт Вориорс се во финалето на плејинот, благодарение на победите забележени изминатата ноќ. Филаделфија ги победи Орландо Меџик со 109:97 (28:24, 31:31, 20:19, 30:23), со што обезбеди учество во плејоф серијата против Бостон Селтикс, вториот најуспешен тим во Источната конференција, во регуларниот дел од сезоната. Филаделфија, ...
Сите чувствуваме привлечност кон различни типови луѓе, а многу астролози веруваат дека ѕвездите играат улога во тоа кој ќе ни го привлече вниманието. Се прашувате каков тип на личност може да ви го забрза пулсот? Ви откриваме на каков тип партнер едноставно не можете да одолеете, во зависност од вашиот хороскопски знак. Овен Овенот не може да одолее на предизвик. Не сака партнер на кого може да доминира, туку некој што ќе биде рамноправен ...
Полициски службеници од ОВР Делчево, по претходно добиени оперативни сознанија, во содејство со инспектори по шумарство од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Шумска полиција, на 14 и 15.04.2026 на неколку локации во Делчево и село Бигла запленија 19 метри кубни нелегално сечени дрва, и тоа 5,19 м3 борови дрва и 13.86 м3 дабови дрва. Дрвата се одземени од страна на Шумска полиција Делчево и по целосно документирање ...
Во Реал Мадрид „фрлаат дрвја и камења“, кон словенечкиот судија Славко Винчиќ затоа што го исклучи Едуард Камавинга, но поранешниот фудбалер на кралскиот клуб Весли Снајдер верува дека главниот виновник е францускиот репрезентативец. Судијата му покажа втор жолт, односно црвен картон во 86-та минута. Поранешниот холандски ас и играч на Реал Мадрид, Весли Снајдер, вели дека не е виновен судијата, туку прстот го впери во францускиот играч. ...
Претседателот на Ел Салвадор, Најиб Букеље, донесе законски измени со кои се овозможува доживотен затвор за малолетници од 12 години нагоре осудени за тешки кривични дела како убиство, тероризам или силување, пренесе Ројтерс. Мерките стапуваат во сила на 26 април и следуваат по уставниот амандман одобрен во март. Со нив се укинуваат посебните постапки за лица од 12 до 18 години, но останува можноста за периодично преиспитување на казните. ...
Либанските власти соопштија дека немаат информации за каков било контакт со Израел, реагирајќи на изјавите на Доналд Трамп, пренесе Би-Би-Си. Од кабинетот на либанскиот претседател велат дека не се запознаени со најавен разговор меѓу двете земји, додека либански функционер за Ал Џезира изјавил дека нема информации за можен телефонски разговор меѓу лидерите. Реакцијата следи по објавите на Трамп дека Либан и Израел наскоро би можеле да ...
Незадоволството од работењето на министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, продолжува да расте, и тоа не само меѓу земјоделците, туку и меѓу вработените во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, тврди партијата Левица. Оттаму соопштија дека деновиве до нив пристигнале сведоштва од внатре, според кои десетици вработени биле прераспределени по подрачни единици надвор од Скопје, не поради реална потреба, туку како ...
Актерката и водителка Дру Баримор разговараше со Крис Флеминг во нејзината најнова епизода од „The Drew Barrymore Show“ и, како и обично, сподели некои од своите ставови. Дру често нагласува колку е важно да изгледа природно, дури и да се појавува без шминка, а сега зборуваше за градниците и колку ѝ е здодевно од нив. „Во моментов носам некое чудно боди. Го носам затоа што не сакам да носам градник. Уморена сум од градниците. Премногу сум ...
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји го повика својот ирански колега Абас Арагчи да работи на враќање на нормалната пловидба низ Ормускиот теснец. Ванг нагласи дека суверенитетот и безбедноста на Иран во теснецот мора да се почитуваат, но во исто време, слободата и безбедноста на пловидбата за сите мора да бидат гарантирани. „Во заеднички интерес е теснецот да остане отворен“, рече кинескиот министер, додавајќи дека Кина ...
„По прес-конференцијата на идниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, дека нема повеќе заштита за криминалци, Полска веднаш реагирала. Веќе Полска испратила официјални документи со директно барање за екстрадиција на своите политичари од Унгарија. Само Владата на Христијан Мицкоски чека и сѐ уште нема поднесено барање за екстрадиција на Никола Груевски“, велат од СДСМ. „Според информациите со кои располагаме, Никола Груевски нема да добие азил ...
Уште еден супертанкер под санкции на САД влезе во Персискиот Залив преку Ормускиот теснец, што е втор ваков инцидент регистриран од податоците за следење на бродови, објавува Ројтерс. Податоците од поморските разузнавачки фирми LSEG и Kpler покажуваат дека празниот супертанкер за сурова нафта (VLCC) RHN влегол во Заливот во среда. Сè уште не е познато каде се упатил танкерот, кој има капацитет од два милиони барели нафта. Истиот ден, среда, ...
Русија го нападна украинскиот главен град Киев и други градови во текот на ноќта со ракети и беспилотни летала, при што загинаа 13 лица, вклучувајќи едно 12-годишно дете, а десетици беа повредени. Нападите сериозно оштетија згради, соопштија официјални лица во понеделник, објави Ројтерс. Во Киев, градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека четири лица, вклучувајќи едно дете, се убиени. Седум лица се убиени во Одеса и југоисточниот град ...
Жозе Мурињо се смета за сериозен кандидат да го преземе Њукасл Јунајтед доколку клупските челници одлучат да го отпуштат сегашниот менаџер Еди Хау. Хау е под зголемен притисок поради неконзистентни резултати и позиција во средината на табелата, што не е во согласност со амбициите на клубот, пишува„ talkSPORT“. Според експертот за трансфери Алекс Крук, Мурињо е „вистински и веродостоен кандидат“ да го наследи Еди Хау. Освен Португалецот, се ...
Актерката Сандра Булок го потврди своето враќање кон глумата. Таа се појави на настан во Лас Вегас и ги остави сите без зборови. Сандра Булок неодамна присуствуваше на настанот „CinemaCon“ во Лас Вегас и е потценување да се каже дека ги воодушеви сите присутни со овој потег. View this post on Instagram A post shared by Nicole Kidman (@nicolekidman) По двегодишна пауза, актерката се врати на својата прва љубов – големото платно, а сега ...
Иранските власти осудија уште четири лица, вклучувајќи една жена, на смрт за учество во протестите во јануари, соопштија групите за човекови права. Иран веќе егзекутираше седум лица поврзани со протестите, кои беа задушени во бран репресии во кои загинаа илјадници, а десетици илјади беа уапсени. Обвинети за дејствување во име на САД Четворицата осудени се Мохамадреза Маџиди-Асл и неговата сопруга Бита Хемати, како и Курош Заманинеџад и ...
Моделот Тилан Блондо, која сите ја паметат како „најубавото девојче на светот“, воодушеви многумина со својата најнова објава на мрежите, а позитивните реакции само се зголемија. Тилан Блондо стекна светска слава како мало девојче. Имаше само три години кога се појави на модната сцена, а денес се смета за една од најубавите модни инфлуенсерки. Неодамна го воодушеви светот со информацијата дека се свршила со својот најдобар пријател, а сега ...
Влегувањето во нова сезона често носи не само промени во времето, туку и во емоциите. Додека некои знаци сè уште се обидуваат да се справат со сопствените чувства, за други конечно се отвораат вратите на љубовната среќа. Ѕвездите се порамнија на начин што фаворизира романса, поврзаност и подлабоки врски, а неколку хороскопски знаци особено ќе го почувствуваат овој бран на позитивна енергија. Рак Раковите, познати по својата емоционалност и ...
Големиот музички фестивал „Коачела“ оваа година собра бројни ѕвезди, а меѓу нив беше и едно добро познато лице – Хајди Клум. Сепак, моделот беше, па, речиси непрепознатлив. Хајди Клум, исто како и многу други јавни личности, не ја пропушти можноста да присуствува на фестивалот „Коачела“, кој оваа година се одржува во Калифорнија. Сепак, познатата Германка сакаше целосно да се предаде на моментот, и за овој настан одлучи, верувале или не, да ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера изјави дека Европската Унија се обидува да ја претвори Србија во „тампон зона“ за да се спротивстави на Русија, пренесува Анадолија. Зборувајќи на прес-конференција за време на посетата на Пекинг, Лавров нагласи дека Москва го почитува ставот на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој во разговорите со рускиот претседател Владимир Путин постојано нагласуваше дека европската ...
Во среда навечер избувна пожар во една од двете оперативни рафинерии за нафта во Австралија, објавија властите денес, пренесува ДПА. Пожарникарите реагираа на инцидентот во рафинеријата „Вива Енерџи“ во Џилонг, околу 70 километри југозападно од Мелбурн, околу 23:15 часот по локално време синоќа, по пријавите за експлозии и пламен, соопшти противпожарната служба на Викторија. Пожарот оттогаш е изгаснат и ставен под контрола, соопшти ...