Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Реконструираната обиколница во Крива Паланка е пуштена во употреба. На настанот присуствуваше премиерот, Христијан Мицкоски, кој нагласи дека Владата продолжува со реализација на капитални инвестиции. Тој посочи дека ваквите проекти претставуваат додадена вредност за граѓаните и за економијата и најави дека во наредниот период во Крива Паланка и во регионот ќе се реализираат инвестиции во вредност од неколку стотици милиони евра. „Крива ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека постои „обновена надеж“ за народот на Иран по смртта на ајатолахот Али Хамнеи. „Мораме да се осигураме дека иднината е нивна за тие да ја бараат и обликуваат. Истовремено, овој момент носи вистински ризик од нестабилност што би можела да го турне регионот во спирала на насилство“, напиша Фон дер Лајен на Х. „Блиску соработуваме со сите клучни актери, како и со нашите ...
Израелското воено воздухопловство погодило два борбени авиони – Ф-5 и Ф-4 – на аеродромот во Табриз, на западот од Иран, додека, како што се наведува, кусо пред нападот се подготвувале за полетување. Во соопштението на израелската војска, придружено со видеоснимка од нападот, се истакнува дека ударот бил изведен со цел да се ослабат активностите на иранското воено воздухопловство и дополнително да се намалат способностите на режимската ...
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти. Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски ...
Во село Боговиње, вќера полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ј.М. (23) од истото село, постапувајќи по претходна пријава за физички напад. Според пријавата поднесена од А.Т. (18) од Боговиње, инцидентот се случил пред колонијал во селото, при што осомничениот физички го нападнал и употребил остар предмет. По целосно документирање на настанот, против Ј.М. ќе следува соодветна пријава. Во село Боговиње, вќера полициски ...
На 1 март 2026 година во 06:15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Р. (35) од Велес, поради основи на сомнение дека на две различни локации во градот извршил кривично дело „тешка кражба“. Според информациите од полицијата, одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците. Осомничениот бил приведен во полициска станица, за случајот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на ...
На 28 февруари 2026 година во 14:42 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Македонски Гемиџии“ и „Индустриска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа меѓу товарно возило мерцедес со битолски регистарски ознаки и мотоцикл лонгиа, исто така со битолски ознаки. Товарното возило го управувал З.В. (42) од Битола, додека мотоциклот го управувал 17-годишник од Битола. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки ...
На 28 февруари 2026 година во 09:40 часот во СВР Битола, П.С. од село Добромири, битолско, пријавил дека во дворното место пронашол стара граната. По пријавата, на местото излегол пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, кој безбедно ја подигнал гранатата. При извршената проверка било утврдено дека станува збор за минофрлачка граната од 75 милиметри, која потекнува од Првата светска војна. Надлежните апелираат до граѓаните доколку ...
На 28 февруари 2026 година во 14:30 часот во делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево лишиле од слобода 15-годишник, постапувајќи по претходна пријава од 17-годишна малолетничка. Според пријавата, откако претходно се договориле да се сретнат, тој извршил обљуба врз неа. За настанот бил известен јавен обвинител, како и Центарот за социјална работа, а известен бил и родител на малолетникот. Надлежните институции преземаат мерки за целосно ...
Иранскиот Корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека лансирал нов бран ракети и беспилотни летала кон земјите во регионот. Облаци од чад се издигаа од област во близина на пристаништето во Абу Даби откако моќни детонации одекнаа над градот. Не е јасно што ја погоди областа. Zayed Port in Abu Dhabi, UAE hit by Iranian strikes. pic.twitter.com/RUojLGQ087 — Shalinder Wangu (@Wangu_News18) March 1, 2026 Претходно, иранскиот ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, посочи дека случајот со враќањето на Артан Груби и одлуката за куќен притвор се јасен показател дека постои политички договор и директно влијание врз судството и обвинителството од страна на власта. „Еве ги прашањата за Артан Груби. Ние ги поставуваме од моментот кога дојде. Еве и сега ги поставувам. Како е можно на тој начин да се врати бегалец од правдата, да го ...
На свечена церемонија со високи почести, градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, вчера оствари официјална средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај. Во просториите на Општина Гостивар, во присуство на пратеници од регионот, општински советници, претставници на верските заедници и истакнати личности од градот, градоначалникот Лимани му го врачи на претседателот Бегај „Клучот на градот“ – највисокото признание што ...
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода 10 возачи, од кои пет лица за возење под дејство на алкохол, на територија на Куманово, Кривогаштани, Битола и двајца во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. -Исто така, четири лица се санкционирани затоа што управувале возило без возачка дозвола, на територија на тетовско, Гостивар, Гевгелија и Кавадарци. Еден возач е лишен од ...
Во одговор на новинарско прашање за нападите на САД врз Иран, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, истакна дека Соединетите Американски Држави се наш стратешки партнер и дека откако ги исрпија сите механизми за преговори настапија кон еден таков напад, за доброто на народот во Иран, додавајќи дека очекува деескалација на ситуацијата. „Соединетите Американски Држави се наш стратешки партнер и тие, откако ги исцрпија сите дипломатски механизми ...
Вчера околу 16:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат меѓу селата Р’жаничино и Таор, скопско, се случила сообраќајна незгода во која мотоциклист удрил во куче скитник. Според информациите, Р.И. (29) од село Орешани, скопско, управувајќи мотоцикл јамаха со скопски регистарски ознаки, удрил во кучето, по што паднал на коловозот. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот ...
Вчера во 07:15 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на автопатот Скопје–Штип, во близина на Свети Николе, патничко возило опел со вевчански регистарски ознаки излетало надвор од коловозот. Возилото го управувал А.К. (20) од село Вевчани, струшко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Б.К. (44) од Вевчани, додека возачот се здобил со телесни повреди. Повредите биле констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на ...
Во текот на ноќта меѓу 28 февруари и 1 март 2026 година, на повеќе различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода четири лица поради поседување марихуана. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, приведени се А.И. (24), Ф.М. (27) и И.Р. (35), сите од Скопје, како и М.М. (30) од Прилеп. При извршените контроли кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на ...
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност на Иран. „Исламската Република Иран ја смета одмаздата врз извршителите и наредбодавците на овој злостор како своја легитимна должност и право и ќе ја исполни таа голема одговорност со сета своја сила“, се наведува во соопштението. Пезешкијан смртта на врховниот лидер ја опиша како најголемата неволја на ...
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претставува момент на пресврт во историјата на Иран. „Она што следува е неизвесно. Но сега постои отворен пат кон поинаков Иран, во кој неговите граѓани би можеле да имаат поголема слобода да го обликуваат“, напиша Калас на платформата Икс. „Во контакт сум со партнерите, вклучително и со оние во ...
Министерството за култура и туризам им наложи на хотелите во Абу Даби да го продолжат престојот на гостите, бидејќи многу од оние што го завршуваат својот престој не се во можност да патуваат во сегашните околности. Во писмото се наведува дека трошоците ќе бидат покриени од Министерството. Фото: depositphotos Министерството за култура и туризам им наложи на хотелите во Абу Даби да го продолжат престојот на гостите, бидејќи многу од оние што ...
Со вежба за цивилна заштита и спасување во битолско викендов се одбележува 1 Март – Светски ден на цивилната заштита. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов во изјава за медиумите истакна дека овој ден е посветен на луѓето, без разлика дали се од институциите или од доброволните друштва, кои секогаш се во служба на безбедноста и заштитата на граѓаните при природни непогоди, несреќи, кризни состојби и други ...
Вчера на магистралниот пат Кичево–Гостивар, кај „Осломешка раскрсница“, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три патнички возила со кичевски регистарски ознаки. Во несреќата учествувале „ауди А3“, управувано од Ф.А. (24) од селото Зајас, „ауди Q5“, управувано од Г.С. (31) од селото Длапкин Дол и „сеат“, управувано од Н.Р. (56) од селото Бачишта. Со телесни повреди се здобиле возачот на „ауди А3“, сопатничката С.А. (51) од Зајас, ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.П. (46) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Според полицијата, таа како инвеститор, на катастарска парцела во охридското село Љубаништа, без правосилно одобрение за градење издадено од надлежниот сектор во општина Охрид, изградила објект за домување. Надлежен инспекторат донел решение за отстранување на градбата. ОВР Струга, пак, поднесе кривична ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција изјави дека со Христијан Мицкоски на чело на Владата има драматичен пад на директните странски инвестиции од 61 отсто, односно намалување од 729 милиони евра во 2025 година во споредба со 2024 година. „Во 2024 година има рекордна вредност на директни странски инвестиции од 1.196.000.000 евра, а сега во 2025 година само 467 милиони евра. Тоа е резултат на економската политика ...
Непознато лице истурило течност до зградата на Основниот суд Куманово, соопшти денеска СВР Куманово. – Вчера во 21:50 часот во СВР Куманово, полициски службеник од судска полиција на Основен суд Куманово пријави дека едно лице се доближило до зградата на Основен суд Куманово и истурило течност, по што заминало, информираше полицијата. СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот, а од Основното јавно обвинителство информираат дека ...
Министерството за одбрана на Катар соопшти дека воздухопловните сили и системите за противвоздушна одбрана денеска пресретнале ракети и беспилотни летала лансирани од Иран, додавајќи дека нема жртви. Иран лансираше ракети и дронови насочени и кон Израел и кон американските воени објекти во Бахреин, Кувајт и Катар, како одговор на американските и израелските напади. Американската војска не извести за американски жртви и пријави минимална штета ...
Четворица браќа и сестри ја тужат фондацијата на Мајкл Џексон за трговија со деца, тврдејќи дека покојниот музичар ги злоставувал кога биле малолетни. Во тужбата поднесена во петок, 27 февруари, Едвард, Доминик, Мари-Никол и Алдо Касио тврдат дека Џексон, кој почина во 2009 година на 50-годишна возраст, „систематски ги подготвувал и им го перел мозокот“ користејќи го своето богатство, статус на ѕвезда и мрежа на вработени и советници, пишува ...
Северна Кореја ги осуди израелските напади и американската воена операција против Иран, нарекувајќи ги „нелегална агресија“ и кршење на националниот суверенитет, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на државната агенција КЦНА. Портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи изјавил дека американската операција била очекувана и ја оценил како неизбежен исход поради, како што навел, хегемонистичката и гангстерска природа на САД. ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изрази длабоко сочувство до иранскиот претседател Масуд Пезешкијан по повод убиството на врховниот лидер Али Хамнеи и членовите на неговото семејство, соопшти Кремљ. „Ве молам примете го моето најдлабоко сочувство по повод атентатот врз врховниот лидер на Исламската Република Иран, Сејед Али Хамнеи, и членовите на неговото семејство, извршен во цинично кршење на сите норми на човечкиот морал и ...
Началникот на иранската служба за безбедност, Ари Ларјани, изјави дека Иран ќе ги нападне САД и Израел „со сила каква што никогаш претходно не доживеале“. „Вчера Иран испали ракети кон САД и Израел и тие нанесоа штета. Денес ќе ги удриме со сила каква што никогаш досега не доживеале“, објави Ларијани на социјалната мрежа Икс. YESTERDAY IRAN FIRED MISSILES AT THE UNITED STATES AND ISRAEL, AND THEY DID HURT. TODAY WE WILL HIT THEM WITH A FORCE ...