Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Украина напаѓа цивилни објекти на руска територија во обид да го дестабилизира општеството. Во обраќањето пред дипломците на воените и безбедносните институции, Путин рече дека не гледа основа за директни преговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски, имајќи ги предвид, како што наведе, нападите на Киев врз цивилни цели. Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека ...
Израелската армија ќе го задржи своето присуство во безбедносната зона во јужен Либан – изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пренесува ДПА. Израелската армија „ќе продолжи решително да дејствува за неутрализирање на заканите против нашите војници и граѓани, за уништување на терористичката инфраструктура и за зачувување на безбедносната зона во јужен Либан“, напиша Нетанјаху на социјалната мрежа Икс. Станува збор за заедничка ...
Германија е најпогодената европска држава од рансомвер-напади, а голем дел од инцидентите можат да се поврзат со Русија, изјави германски експерт за кибер-безбедност, пренесува ДПА. Кристијан Дер, експерт за кибер-безбедност во Институтот „Хасо Платнер“ (ХПИ) во Потсдам, го изјави тоа во пресрет на националната конференција за кибер-безбедност, што ќе се одржи утре во овој град. Рансомвер-нападите подразбираат употреба на злонамерен софтвер ...
Во тек е планот за евакуација што треба да им овозможи на стотици бродови со околу 11.000 морнари, заглавени во Персискиот Залив, да испловат низ Ормуската Теснина, откако Иран и САД постигнаа договор за прекин на огнот, соопшти денеска поморската агенција на Обединетите нации. – Почнавме да стапуваме во контакт со бродовите за да ја започнеме евакуацијата – изјави портпаролот на Меѓународната поморска организација (ИМО), без да наведе ...
Неколку големи пожари избувнаа во различни делови на Далмација, а пожарникарите цел ден и ноќ се борат со огнената стихија која се шири поради високите температури и ветерот. На островот Хвар, во местото Света Недела, шумски пожар зафатил околу десет хектари борова шума и делови од лозја. Во гаснењето учествувале околу 50 пожарникари со 15 возила, а од воздух помагале и пет канадери. Огнот во еден момент се приближил до куќите, но ...
Ели Панова, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка, во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ се осврна на реформската агенда и посочи дека бројните закони коишто се носат во Собрание, а коишто се дел од реформската агенда, се закони кои го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните. Таа додаде дека исплатените средства од страна на реформската агенда претставуваат признание дека ЕУ гледа дека државата има капацитет и е способна да ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа прес-конференција по повод две години од мандатот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на која ги презентираше клучните резултати и активности реализирани во изминатиот период. „Во изминатите две години работевме со јасна визија, јасни приоритети и една цел – посилна меѓународна позиција на државата, посилни партнерства и конкретни ...
На 23.06.2026 во 17:35 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.У.(43) од Скопје, лице со здравствени проблеми, постапувајќи по претходна пријава дека во с.Горно Оризари, скопско, предизвикал пожар во плевна со сено. Нема повредени лица, а Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На ...
На 23.06.2026 во 16:25 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода К.И.(37) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 23.06.2026 во 16:25 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода К.И.(37) од Кочани. При претрес во ...
„Везилка“ е почеток на процес кој ќе придонесе за посилна наука, подобра економија и поголеми можности за младите луѓе, и кој ќе помогне земјата да се позиционира онаму каде знаењето е многу значајно и во исто време да ја поддржува иновативноста и да создава услови иднината да се гради дома со домашен потенцијал, домашна експретиза и домашна визија, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски на промоцијата на Везилка – Националната фабрика ...
Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, денес во своето излагање на собраниска седница се осврна на безбедноста при управување со електрични возила. Тој кажа дека во последните години, иако појавата на електричните возила донесе поголема мобилност, истовремено создаде и нови предизвици за безбедноста во сообраќајот. Затоа, како што вели тој, мерките од Предлог-законот за изменување и дополнување на законот за ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривични пријави против пет физички лица: Б.Г., Г.Ф. во својство на надзорни инженери, и Е.Н., М.Г. и Н.М., сопственици и управители на две правни лица, како и против самите правни лица, за сторени кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл. 353 од КЗ на РСМ, ...
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски го повикал вчера бугарскиот амбасадор во Македонија, Јеласко Радуков, за да му изрази сериозна загриженост по објавувањето на дипломатската нота околу посетата на сопругата и синот на премиерот Христијан Мицкоски на Бугарија, со окривање и на лични податоци. „ Јас да бев, мене да ми се случеше ова, ќе се извинев“, порача Муцунски денес на прес конференција давајќи отчет за двегодишното работење ...
Овен Денеска ќе имате доволно енергија за да завршите повеќе обврски од планираното. Можно е да добиете интересна деловна понуда или информација што ќе ви отвори нова можност. Во љубовта избегнувајте избрзани реакции. Бик Фокусирајте се на финансиските прашања и не правете непланирани трошоци. На работното место потребно е трпение, особено во комуникацијата со колегите. Вечерта носи пријатни моменти со блиска личност. Близнаци Вашата ...
Собранието денеска ќе ја одржи 106-тата седница на чиј дневен ред е и интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратениците од ПП „Левица“. Поднесувачите на интерпалицијата пратениците: Амар Мециновиќ, Борислав Крмов, Димитар Апасиев, Јована Мојсоска, Реџеп Исмаил и Сашко Јанчев го обвинуваат министерот Тошковски за креирање на „приватна партиска полиција заради владино прикривање и таргетиран ...
Под влијание на циклонска активност од југоисток, времето денеска ќе биде нестабилно со дожд, грмежи и засилен ветер. Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека процесите локално ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. Во Скопје времето ќе биде нестабилно со дожд, грмежи и засилен ветер. ...
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска оствари работна посета на Општина Ранковце, каде што се сретна со градоначалникот Даниел Павловски, членовите на Советот и општинската администрација. На средбата се разговараше за актуелните предизвици со кои се соочува Општина Ранковце и можностите за нивно надминување преку поддршката што ја обезбедува Министерството за локална самоуправа. Посебно внимание беше посветено на ...
Додека официјална Бугарија секојдневно испраќа пораки со кои директно се оспоруваат македонскиот идентитет, јазик и историска посебност, Венко Филипче молчи и ја убедува македонската јавност дека нема причина за загриженост, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Наместо да бара цврсти гаранции и да ги брани националните позиции, Филипче однапред дава сигнали дека е подготвен за прифаќање на барањата кои македонскиот народ со години ги смета за неправедни, ...
Истражувањата покажуваат дека редовното консумирање кафе е поврзано со намален ризик од рак, срцева слабост и дијабетес тип 2. Сепак, постојат студии кои откриле дека премногу кафе може да го зголеми ризикот од деменција и мозочен удар, особено кај луѓето со висок крвен притисок. Затоа е добра идеја да најдете рамнотежа и да се грижите за вашето здравје ако уживате во секојдневното кафе. Иако кафето е безбедно и здраво за повеќето луѓе, ...
Една цигара содржи никотин и разни други соединенија кои при согорување ослободуваат повеќе од 40 опасни хемикалии кои можат да предизвикаат рак. Чадот од цигари содржи и јаглерод моноксид, азотен оксид и мали количини радиоактивни честички кои предизвикуваат рак. Иако може да изгледа тешко, всушност постојат некои намирници кои ќе ви помогнат да се откажете од пушењето. Ѓумбир Ѓумбирот има антиинфламаторни својства кои помагаат во ...
На прв поглед изгледа идеален за вас, но инстинктот предупредува дека нешто не е во ред. Тоа е затоа што понекогаш нашите сетила „фаќаат“ траги од недовербата кон личноста со која си имаме работа, а кои можеби нема да можеме веднаш да ги протолкуваме. Но, како да знаеме дека излегуваме со некој кој не мами и не ја заслужува нашата доверба? 1. Исклучително е шармантен Прави се за да се забавува, може да потроши мало богатство за да ве ...
Ако не се сеќавате кога последен пат сте спиеле мирно и безгрижно, многу е веројатно дека имате лош Фенг Шуи во спалната соба. Оваа просторија треба да биде вашето место за обновување на енергијата и одмор, па затоа е многу важно добро да ја организирате. За добар сон, многу е важно да ја ослободите спалната соба од следниве работи: Премногу зеленило Иако е погодно да имате едно до две растенија во спалната соба, бидејќи тие ќе го прочистат ...
Властите поставени од Москва на окупираниот украински полуостров Крим денеска го забранија организирањето одмори за деца на црноморскиот полуостров до 1 септември, повикувајќи се на актуелната безбедносна состојба. „Овие мерки се неопходни за одржување на јавната безбедност“, напиша на Телеграм, Сергеј Аксјонов, политички лидер на Крим назначен од Москва. Тој побара разбирање од јавноста. Украинските напади со беспилотни летала предизвикаа ...
Папата Лав XIV денеска, за време на посетата на седиштето на Светската програма за храна (WFP) во Рим, предупреди на сè пофрагментираниот светски поредок и на кризата на мултилатерализмот. Папата Лав повика на обновена посветеност на мултилатералната соработка во време на кризи, нагласувајќи дека ниту една држава не може самостојно да ги надмине глобалните предизвици. Тој посочи дека државите сè повеќе ги насочуваат своите ресурси кон ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека израелската армија ќе ја продолжи окупацијата на „безбедносната зона“ во јужен Либан долж израелската граница „колку што е потребно“. – Воспоставивме безбедносна зона во Либан и ќе ја задржиме сè додека е потребно за да го заштитиме нашиот народ, рече Нетанјаху на конференција во Ерусалим. Лидерот на Хезболах, Наим Касем претходно изјави дека Израел нема да остане во Либан, додавајќи дека ...
Без меѓународното право и силни мултилатерални системи, помалите држави ќе станат само набљудувачи, а Хрватска не сака да биде во таква позиција – порача денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Торонто. – Веруваме дека во меѓународните односи за земјите со наша големина постојат двајца најдобри пријатели. Едниот е потпирањето на меѓународното право, а другиот се зајакнатите меѓународни, мултилатерални системи и подобреното глобално ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп денеска изјави дека Иран се согласил за „нуклеарни инспекции од највисоко ниво во иднина“, оценувајќи дека е постигнат значителен напредок во преговорите. Во објава на „Трут соушл“, Трамп наведе дека договорот ќе обезбеди „нуклеарна искреност“ и дека иранските власти направиле „големи отстапки“. Тој истакна дека врз основа на тоа, е одлучено Ормуската теснина да остане отворена, ...
Лаванда Покрај тоа што изгледа убаво и внесува мирис и допир на Средоземјето во Вашиот дом, лавандата е и „заколнат“ непријател на комарците. Всушност, иако нејзиниот мирис е прилично опуштачки за луѓето, комарците не можат органски да го поднесат, бидејќи тоа го блокира нивното деликатно чувство за мирис. Цитронела / Лимонова трева Ова е веројатно најпознатата природна состојка во комерцијалните свеќи против комарци и други инсекти. Затоа се ...
Бројот на потврдени случаи на ебола во источниот дел на Демократска Република Конго достигна 1.003, од кои 254 завршија со смртен исход, соопштија локалните власти. Следењето на лицата кои биле во контакт со заразените и натаму останува сериозен предизвик за здравствените служби. Министерството за здравство соопшти дека од прогласувањето на епидемијата на 15 мај досега оздравеле 100 лица, а најмалку 365 пациенти се наоѓаат во болница или во ...
Цела Шпанија, освен Канарските Острови и Мурсија, денеска е во состојба на готовност поради жештини, а во северните делови е издадено црвено предупредување за високи температури. Шпанската метеоролошка агенција Аемет соопшти дека највисоките дневни температури во земјата ќе се движат меѓу 38 и 42 степени Целзиусови, пренесува ЕФЕ. Кантабрија е под портокалово предупредување поради температури до 38 степени во регионот Лиебане и во центарот на ...