Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Летото пристигна и не можете да ги изгубите тие славни пет килограми. Изгледа дека правите сè што е во ваша моќ, но можно е да ги правите овие три грешки. Секој што се обидел, знае дека не е лесно да се откажете од вашите омилени задоволства, тесто и закуски, но проблем може да бидат и утринските ритуали кои не спречуваат да ослабнеме. 1. Не пиете чаша вода по будењето Едноставна рутина што многумина немаат навика да ја практикуваат и му носи ...
Причините за тоа лежат токму во нивните специфични карактери и навики. Хороскопот открива различни аспекти од нашите животи, но дали може да открие колку долго ќе живееме? Неколку студии покажаа дека луѓето родени во овие три знаци се најдолговечни. Луѓето родени во знак на Рак живеат најдолго, а потоа следат Овен и Девица. Луѓето родени во знакот Рак честопати доживуваат длабока старост, а има повеќе причини за тоа. Освен фактот дека ...
Без разлика каде живеат во светот, повеќето луѓе имаат специфични ставови кон другите земји. Оваа мапа ги означува со сина боја оние за кои имаат најнегативни ставови. Овие ставови можат да бидат под влијание на различни фактори, од владини дејствија или воена интервенција до нејзината доминантна култура и религија, па дури и однесувањето на нејзините туристи. Интересно е, сепак, што и покрај сериозната конкуренција во моментов, според ...
Како ЕУ, треба да бидеме повеќе присутни и поактивни во однос на овој конфликт. Исто така треба да ја прошириме нашата силна солидарност кон Советот за соработка на Заливот и кон Либан во врска со обврските што ги имаме преземено, посочи шефот на кипарската дипломатија Константинос Комбос при пристигнувањето на Советот за надворешни работи на Европската унија, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за надворешни работи на Кипар објасни ...
Портпаролот на Израелски одбранбени сили (ИДФ), потполковник Надав Шошани денеска изјави дека Израел има разработено детални планови за следните три недели војна со Иран, како и дополнителни планови за подалечна иднина. Војната на САД и Израел против Иран влегува во третата недела без јасен крај на повидок. Клучниот Ормуски Теснец, преку кој минува 20 проценти од светската нафта и течен природен гас, е блокиран, што ги зголемува цените на ...
Од почетокот на војната во Иран, 200 американски војници се ранети, а повеќе од 180 се вратија на должност, изјави за Асошиејтед прес Тим Хокинс, портпарол на Централната команда на САД (CENTCOM). Десет од војниците се сметаат за сериозно повредени. Бројките се повисоки од оние што ги објави Пентагон минатата недела, кога околу 140 беа пријавени како ранети, вклучувајќи осум со сериозни повреди. CENTCOM не прецизираше кога или каде војниците ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека верува оти „ќе има чест да ја освои Куба“. На прашањето на новинарите дали би можел да започне воена офанзива против Куба, Трамп одговори потврдно. „Без разлика дали ќе ја ослободам, ќе ја освојам – можам да правам што сакам со неа“, рече Трамп. Трамп ги прекина испораките на венецуелска нафта за Куба и се закани дека ќе воведе царини за секоја земја што продава нафта на Куба. Куба во ...
Хрватскиот министер за туризам и спорт, Тончи Главина, изјави дека ниту српските граѓани, ниту српската авиокомпанија не ги сфаќаат сериозно препораките на своите власти да избегнуваат патување во Хрватска, посочувајќи дека Ер Србија воведува два нови лета до Далмација ова лето. Како што најави извршниот директор на Ер Србија, Јиржи Марек, компанијата планира два неделни лета до Брач ова лето. Се очекува продажбата на билети да започне ...
Авганистан ја обвини пакистанската војска за напад врз болница во Кабул во која се лекуваат зависници од дрога, а портпаролот на Министерството за здравство изјави дека загинале повеќе од 200 лица. Пакистан ги негираше обвинувањата, велејќи дека нападите биле насочени исклучиво кон воени цели и не погодиле цивилни области. Портпаролот на Министерството за здравство на Авганистан, Шарафат Заман, го соопшти бројот на жртви во телевизиско ...
Кубанските власти објавија прекин на електричната енергија низ целиот остров, бидејќи енергетската и економската криза во земјата се продлабочува. Куба има население од околу 11 милиони. Хавана за своите проблеми ја обвинува енергетската блокада на САД, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со царини за секоја земја што продава или испорачува нафта на Куба во јануари. Министерството за енергетика и рудници објави на ...
Лидерот на Либералната алијанса на Данска, Алекс Ванопслаг, призна во објава на Фејсбук дека земал кокаин. „Значи да, пробав кокаин на почетокот на моето партиско владеење. Се случи еднаш или двапати на забава и, секако, никогаш додека бев на работа“, напиша Ванопслаг, чија десничарска партија моментално е трета на анкетите пред изборите на 24 март. Прашање поставено до сите партиски лидери 34-годишниот политичар, кој ја предизвикува ...
Повеќе од 600.000 германски католици и протестанти ја напуштија црквата минатата година, беше објавено денес, бидејќи двете главни христијански цркви во земјата продолжуваат да губат членови. Според статистиката објавена од Католичката црква и Евангелистичката црква во Германија (EKD), околу 307.000 верници ја напуштиле Католичката црква во 2024 година, нешто помалку отколку во 2023 година, кога ја напуштиле 321.000 членови. EKD изгубила ...
Полицијата во Лабин спроведе кривична истрага против 33-годишен австриски државјанин за кривично дело овозможување на употреба на дрога. Во недела, околу 21:20 часот, осомничениот им понудил дрога на двајца полицајци кои не биле на должност во ресторан во Лабин. Полицајците го уапсиле 33-годишникот и кај него пронашле 10,5 грама марихуана. Против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното државно обвинителство во редовна ...
Запален е автомобилот кој го управувал градоначалникот на Шутка, Курто Дудуш, а во сопственост на неговата сопруга Фатима Османовска. Полицијата рано утрово добила пријава за опожарено возило на подрачјето на Шуто Оризари. -На 17.03.2026 во 03:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ф.О.(37) од Скопје. Според пријавеното, ...
Министерството за локална самоуправа, преку Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините, по првиот пресек на пристигнатите апликации, ја формираше првичната база од 170 експерти и практичари, со што се поставува силна основа за навремена, стручна и таргетирана поддршка на општините во решавање на конкретни локални предизвици. Со самото тоа базата на експерти е ставена во функција, а општините можат, согласно своите потреби, да ...
2026-та Македонија влегува во фаза на преговори со нашиот стартешки партнер и други држави за нова опрема, пред се за противвоздушна опрема, изјави министерот за одбрана Владо Мисајловски во интервју за ТВ Алфа со новинарот Љупчо Цветановски. Најважно е во еден ваков амбиент, посочува Мисајловски, да вложуваме кај нас, да градиме пријателства, да бидеме спокојни и цврсти како Влада и стабилни како држава и опоштество. „Оваа година ќе влеземе ...
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против М.А.(46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 04.11.2025, пријавениот измамил жена од Прилеп за сума од 2.000 евра и 1.000 долари. Имено, лажно претставувајќи се како инспектор во странска земја, на жената ѝ соопштил дека нејзините внуци во странство направиле сообраќајна несреќа во која починало дете. Притоа, тој ѝ побарал пари за да издејствува ...
ОВЕН Денот ве поттикнува да размислите за вашите односи и комуникација со другите. Бидете толерантни и отворени за мислењата и идеите на другите луѓе, ова ќе придонесе за подобрување на вашите односи со колегите. Од професионален аспект, дејствувајте со самодоверба, но бидете и подготвени да се прилагодите на променливите околности. БИК Денеска може да почувствувате силна желба за промена и нов почеток. Искористете ја оваа енергија за да се ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека не му е потребна помош од Украина во борбата против иранските беспилотни летала на Блискиот Исток. „Последната личност од која ни треба помош е Зеленски“, рече Трамп во интервју за Ен-Би-Си Њуз. Трамп не потврди ниту негираше дали САД ја прифатиле помошта од Украина со технологијата за пресретнување беспилотни летала. Тој, исто така, остро го критикуваше украинскиот претседател Володимир ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави на социјалните мрежи дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не командува во Унгарија и дека земјата нема да стане украинска колонија, објави порталот Индекс. „Унгарија нема да стане украинска колонија, Зеленски не командува тука“, рече премиерот Виктор Орбан во видео објавено на неговиот Фејсбук профил. Во видеото, премиерот потсети дека денес е 19-ти ден од украинската нафтена блокада. ...
Можно е долгоочекуваната средба на претседателот на САД, Доналд Трамп, со неговиот кинески колега Си Џинпинг да биде одложена, бидејќи вниманието на американскиот претседател е насочено кон војната против Иран, соопшти денеска Белата куќа. – Претседателот со нетрпение очекува да ја посети Кина – изјави портпаролката на Трамп, Каролин Ливит. – Датумот може да биде променет. Како врховен командант, негов главен приоритет во моментов е да го ...
Сојузна Република Германија нема да учествува во американско-израелската војна против Иран, изјави денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц, истакнувајќи дека таквата акција нема мандат од Обединетите нации или од Европската Унија. – Немаме мандат од Обединетите нации, Европската Унија или НАТО, што е неопходно според Устав. Затоа, од самиот почеток беше јасно дека оваа војна не е прашање на НАТО – рече Мерц на прес-конференција во Берлин. ...
Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска изјави дека Унгарија ќе ја блокира финансиската помош за Украина во висина од 90 милијарди евра и 20-тиот пакет санкции на ЕУ за Русија сè додека не биде решено прашањето за транспорт на нафта преку нафтоводот „Дружба“. – Додека Украинците не ја обновата доставата, не може да се дискутира за гласање за заемот од 90 милијарди евра, друга финансиска помош за Украина или 20-тиот пакет санкции ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната од 11 до 15 степени. Во Скопје, претпладне облачно, а попладне со услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната ...
Уште еден лет за евакуација на граѓани на релација Дубаи – Скопје се очекува да се реализира денеска. Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати во неделата ги извести сите македонски држајани кои во моментов се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати, дека во вторник ќе се реализира уште еден лет. -Имајќи предвид дека се финализираат подготовките и деталите за неговата реализација, сите граѓани кои имаат неопходна и приоритетна ...
Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште пред Судот беа сослушани двајца сведоци. Сведокот Трајче Димишковски, кој од 2023 до август 2025 година бил дел од агенцијата за обезбедување „Рубикон“ во своето сведочење опиша како се одвивала ...
Собранието утре треба да се изјасни за предлогот Ненад Савески да биде избран за нов државен јавен обвинител. Савески, кој моментално е судија во Основниот кривичен суд – Скопје, беше номиниран од Владата на 10 март, а за да ја добие функцијата потребни му се најмалку 61 пратенички глас. Неговата кандидатура следува по оставката на поранешниот обвинител Љупчо Коцевски, а по спроведената постапка во која учествуваа петмина кандидати. Ненад ...
Осумгодишната женка Рози, која претходно била напуштена во природа, пронашла нов животен пат откако технолошки претприемач од Сиднеј, Пол Конингам ја вдомил во 2019 година. Среќата траела до 2024 година. Тогаш кај Рози бил дијагностициран агресивен мастоцитен рак. Конингам вложил значителни средства во ветеринарна хемотерапија и хируршки третмани, кои успеале да го успорат развојот на туморот, но не и да го намалат. Адаптирана МРНА (mRNA) ...
Потковици над вратата, фаќачи за соништа во спалната соба, леб и сол за вселување – сите овие работи треба да донесат среќа и позитивно да влијаат на благосостојбата во вашите четири ѕида. Од друга страна, постојат предмети што носат несреќа – барем според правилата на фенг шуи. Ќе откриеме кои предмети, според филозофијата на фенг шуи, е подобро да не ги имате во вашиот дом. Дали сакате да имате добра енергија во вашата куќа или стан? ...
Рак – ги чита емоциите пред зборовите Раковите се вистински емотивни радари: пред некој да каже нешто, тие веќе ја чувствуваат промената во атмосферата во просторијата. Нивната интуитивна поврзаност со емоциите на другите е толку силна што често знаат како некој се чувствува пред таа личност тоа да си го признае сама. Ракот има природна потреба да штити, негувa и пружа чувство на сигурност, па ретко останува рамнодушен на туѓата болка. Затоа ...