Се согласивме дека проширувањето на ЕУ треба да остане наш стратешки приоритет. На 23 години од Солунската агенда и со поглед кон грчкото претседателство со ЕУ во втората половина на 2027 година, сметаме дека треба да се даде нова динамика, но и визија на народите на Западен Балкан, за да се отвори патот кон Европа. Заедно со Германија ќе работиме на дополнително активирање на оваа сила, порача шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис ...

Американскиот претседател Доналд Трамп, откако голем број западни држави го одбија неговото барање за воена помош во обезбедувањето на Ормуска Теснина, на „Трут соушл“ објави „Не ни треба ничија помош“. Тој наведе дека САД се известени од поголемиот број НАТО сојузници дека не сакаат да се вклучат во „американската воена операција против терористичкиот режим на Иран на Блиски Исток“ иако сите се согласуваат дека Техеран не смее да поседува ...

Продолжувањето на војната во Иран до јуни може да доведе до тоа дополнителни 45 милиони луѓе ширум светот да се соочат со акутен глад, предупреди Светската програма за храна. Заменик-извршниот директор на организацијата, Карл Скау, им рече на новинарите во Женева дека зголемувањето на цените на храната, нафтата и транспортот предизвикано од конфликтот може значително да ја влоши глобалната криза со храна. Агенцијата на Обединетите нации ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп вчера ги повика американските дипломати во странство да ги повикаат сојузниците да ја означат Иранската револуционерна гарда и Хезболах со седиште во Либан како терористички групи, наведувајќи го зголемениот ризик од напади, објавија британските медиуми. Внатрешната директива, од 16 март, потпишана од американскиот државен секретар Марко Рубио, беше испратена до сите американски ...

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Европската народна партија во Брисел. -„Добар ден од Брисел, ве поздравувам од името на ВМРО-ДПМНЕ, два дена сме овде во Брисел да ја одбележиме 50 годишнината од формирањето на Европската народна партија, најголемата политичка сила во демократска Европа, чиј што нераскинлив дел претставува и ВМРО-ДПМНЕ, најголемата политичка партија во Македонија“, изјави ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не верува оти Израел би употребил нуклеарно оружје за да ги реши своите проблеми, иако еврејската држава никогаш не признала дека поседува такво смртоносно оружје, пренесе ДПА. На новинарско прашање за коментарот на советникот на Трамп, Дејвид Сакс, даден во поткаст, во кој тој шпекулираше дека Израел може да ја ескалира војната и да размисли за употреба на нуклеарно оружје, Трамп рече: ...

Премиерот на Полска, Доналд Туск, денеска изјави дека Варшава нема да испрати трупи во Иран бидејќи судирот не влијае директно на нејзината безбедност. – Владата на Полска не планира никаква експедиција во Иран и тоа не предизвикува никакви сомнежи кај нашите сојузници – посочи Туск додавајќи оти тоа се важни копнени, воздушни и поморски воени сили. Според него, централен елемент на полската стратегија е обезбедување на Балтичкото Море. ...

Украина ја прифати понудата на Европска Унија за техничка помош и финансирање за враќање на снабдувањето преку оштетениот нафтовод „Дружба“, но исто така нагласи дека ќе бидат потребни недели за да продолжи снабдувањето со руска нафта на Унгарија и Словачка, наведе украинскиот претседател Володимир Зеленски во писмото до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Зеленски ...

Студент на Универзитетот во Кент и ученик во граматичко училиште починаа од менингитис во епидемијата што се прошири во регионот Кантербери во Велика Британија, а уште 11 лица се хоспитализирани и се во сериозна состојба, објави денеска „Скај њуз“. Се проценува дека повеќето од хоспитализираните со менингитис се на возраст меѓу 18 и 21 година, а некои се студенти. Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија (УКХСА) соопшти дека ...

Во вторник, 17 март, Црна Гора треба привремено да затвори уште едно преговарачко поглавје во процесот на пристапување кон Европската Унија. Станува збор за Поглавје 14 – „Трансевропски транспортни мрежи“, кое се однесува на хармонизација на националната транспортна инфраструктура со европските транспортни коридори. Ова е 14-то поглавје кое за 14 години преговори од 2012-та Подгорица го затвора. Едно годишно. Им остануваат уште само 19 ...

Жителите на Кливленд денес беа исплашени од метеор од седум тони кој се проби низ небото со брзина од 72.420 километри на час, пред да се распадне со грмотевици, објави АП. Жителите во неколку држави пријавија дека виделе светла огнена топка во 9 часот наутро, а Американското метеорско друштво соопшти дека добило извештаи од Висконсин до Мериленд. Националната администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) подоцна потврди дека метеорот имал ...

Секретаријатот на Врховниот совет за национална безбедност во соопштението изјави дека Лариџани е убиен заедно со неговиот син Мортеза Лариџани, објави BBC Persian. Израелската војска претходно денес соопшти дека Лариџани и командантот на доброволната паравоена сила Басиџ, Голамреза Солејмани, се убиени во израелски воздушен напад врз Иран во текот на ноќта. Се верува дека Лариџани бил де факто лидер на иранскиот режим од атентатот врз ...

Русија го засили споделувањето разузнавачки информации и воената соработка со Иран, обезбедувајќи му сателитски снимки и напредна технологија за беспилотни летала за да му помогне на Техеран да ги нападне американските сили во регионот, според луѓе запознаени со ова прашање. Москва се стреми да го зајакне својот најблизок партнер од Блискиот Исток во борбата против воената моќ на САД и Израел и да ја продолжи војната што ѝ користи воено и ...

Затворањето на Ормутскиот теснец, како одговор на нападите врз Иран од страна на САД и Израел, веќе предизвика големи нарушувања на глобалните енергетски пазари и нагло зголемување на цените на нафтата. Експертите предупредуваат дека ситуацијата би можела дополнително да ескалира ако теснецот Баб ел-Мандеб, уште еден клучен бродски пат на Блискиот Исток, биде прекинат. Ормутскиот теснец го поврзува Персискиот Залив со отвореното море и е еден ...

СДС и ССМ се повеќе ја губат и онаа мала поддршка од граѓаните, обидите за манипулација на работниците не им поминуваат. Наместо на протестот да бидат вистинските работници, протестот на ССМ беше предводен од раководствата на локалните ограноци на СДС, кои со партиски маички беа во првите редови, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. -Автобусите во организација на лица од СДС, кои патуваа празни за Скопје се доказ дека протестот ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, заклучно со вчерашниот лет, целосно е завршена евакуацијата на сите македонски државјани од земјите на Блискиот Исток кои до овој момент беа пријавени и изразија подготвеност за евакуација. Со последниот, петти лет што вчера слета на Меѓународниот аеродром во Скопје, евакуирани се вкупно 147 патници, од кои 119 македонски државјани и 28 странски државјани. Со тоа ...

На 18.03.2026 во 02:35 часот во населба Плитишта во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишија од слобода Ј.М(31) од Скопје и С.К.(30) од Охрид. Тие се сомничат дека околу 00:20 часот на улица „Момчило Јордановски“ во Охрид, по претходна расправија, физички го нападнале А.К.С.(52) од Охрид. В.М.(41) од Охрид успеала да го заштити А.К.С. и откако двајцата влегле во незјиниот стан лицата повторно го нападнале, при што употребиле тврд ...

На 17.03.2026 во 23:40 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода С.Х.(26) од Струмица. Тој е затекнат при извршување „тешка кражба“ во католичката црква Успение на Пресвета Богородица, при што одзел пари. Тој со употреба на сила влегол во црквата, а откако било пријавено полициските службеници го затекнале на местото и лишиле од слобода. Со него бил и неговиот малолетен син, по што е известен Центарот за ...

Овен Младата Месечина го активира вашиот потсвесен и таен сектор. Денес не е време за гласни акции, туку за стратешко повлекување. Вашата интуиција работи со максимална брзина и може да открие скриени мотиви на луѓето околу вас. Одморот оваа среда е задолжителна подготовка за вашата претстојна лична сезона. Бик Вашите социјални кругови минуваат низ сериозен филтер. Енергијата на Рибите ве поттикнува да размислите кои пријателства навистина ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо. Претежно во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север, на планините ќе има услови врнежите да бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од источен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје, ќе ...

Собранието денеска треба да ја одржи 94. седница на која на дневен ред е предлогот Ненад Савески да биде избран за нов државен јавен обвинител. Савески, кој моментно е судија во Основниот кривичен суд – Скопје, за државен јавен обвинител беше номиниран од Владата на 10 март, а за да ја добие функцијата, потребни му се најмалку 61 пратенички глас. Неговата кандидатура следува по оставката на поранешниот обвинител Љупчо Коцевски, а по ...

Германија соопшти дека евентуалната американска војна против Иран „нема никаква врска со НАТО“. Германската влада предупреди дека проширувањето на борбените операции би носело големи ризици за партнерите на Блискиот Исток и Заливот, пишува Анадолија. „Тоа не е војна на НАТО. НАТО е одбранбен сојуз“, изјави портпаролот на владата Стефан Корнелиус пред новинарите во Берлин. „Германската влада, исто така, мора јасно да ја процени ситуацијата на ...

Британскиот премиер Кир Стармер денеска изјави дека Велика Британија не е подготвена да „биде вовлечена во војна“ во Иран „без план за излегување“. Стармер одби да се придружи на американско-израелскиот напад врз Иран, но се придружи во одбраната од иранската одмазда кога беа нападнати британските воени бази на Блискиот Исток. Претседателот на САД, Доналд Трамп, и противниците на Стармер ја критикуваа одлуката да не учествува. На денешната ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска изјави дека воено Иран е неефикасен и слаб, но „добар“ во објавување лажни информации. „Иран одамна е познат како мајстор на медиумска манипулација и односи со јавноста. Воено се неефикасни и слаби, но се навистина добри во ‘хранење’ со лажни информации на медиумите што живеат од лажни вести. Сега вештачката интелигенција стана уште едно оружје на дезинформации што Иран го ...

Францускиот претседател Емануел Макрон категорично ја отфрли можноста за учество на француските сили во воени операции за обезбедување на Ормуската Теснина во актуелниот контекст на интензивни бомбардирања, нагласувајќи дека Париз не е страна во овој конфликт. Макрон појасни дека неговата земја нема да биде вклучена во мисии за присилно отворање или ослободување на теснината сè додека траат активните воени дејствија. Сепак, тој остави ...

Грција се залага за целосна примена на меѓународното право, почитувањето на правата на цивилите и секако, враќање на дипломатијата наместо војната. Особено во однос на слободата на пловидба, Грција го поддржува слободното движење на сите бродови во поширокиот регион и го повикуваме Иран да ги почитува правилата на меѓународното морско право, посочи шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис при пристигнувањето на Советот за надворешни ...

Иако сигурно не мислевте дека крвната група кажува многу за нашиот карактер, тоа не е точно. Тоа всушност открива со каков партнер би биле компатибилни Крвна група А Мажи: Оние со крвна група А се пријателски расположени, шармантни луѓе, иако малку интровертни. Тие се точни, имаат големи очекувања и работат напорно на сè што прават. Ако сте нивен партнер, ќе ви треба повеќе време да ја добиете нивната доверба и да им се доближите, но вреди. ...

Името и датумот на раѓање на секоја личност „кодира“ информации за неговиот живот. Секој од нас доаѓа на Земјата во одреден момент и не ја избира својата судбина случајно. Но, за жал, никој од нас не го знае „кодот“ што би сугерирал што точно е криптирано во нашите имиња и датуми на раѓање. Експертите за нумерологија развија систем кој ви кажува како да го пресметате бројот на богатство врз основа на лични податоци Карактеристики на паричен ...

Кога планирате да живеете заедно со вашиот партнер, размислувате како ќе изгледа сето тоа, дали тој ќе биде добар татко на своите деца. Постојат неколку карактеристики што покажуваат дека тој е добар „материјал“ за татко. 1. Врши домашни работи Секако, не сметате дека тој ќе стори сé за вас, но ако тој покаже подготвеност да сподели одговорности со вас, да се погрижи за подготовка на храна или бришење прашина во куќата, тоа е секако добар ...

Според истражувањето спроведено на 68.000 луѓе – дури 59 проценти од нив признале дека не го наместиле креветот, додека 27 проценти имаат навика. Останатите 12 проценти рекле дека другите треба да го сторат тоа за нив, според истражувањето објавено на Психологија денес. Да се намести креветот не одзема многу време, но некои луѓе сè уште не го прават кога ќе се разбудат. Некои сметаат дека тоа е бесмислена работа и губење време затоа што и ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
63%
1018
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
3.6
65%
1015
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
94%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
45%
1018
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.28
67%
1016
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
0.51
97%
1013
weather icon

Атина

23ᴼ / 19ᴼ
2.24
58%
1018
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
82%
1019
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
77%
1018
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
3.13
59%
1016
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
2.24
75%
1012
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
59%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

38.0083

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Злато

152465.86

Родиум

319899.93

Рутениум

51376.89

Цинк

0.00

Алуминиум

3.53

Сребро

2534.46

Калај

52.70

Иридиум

253540.09

Паладиум

49351.40

Кобалт

45.39

Бакар

12.46

Платина

66744.95