Белград
9ᴼ /
8ᴼ
Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се заблагодари на европските лидери за заедничката изјава за мир во неговата земја, пренесе Укринформ, повикувајќи се на изјава на шефот на државата на социјалната мрежа Фејсбук. „Крајот на војната мора да биде праведен и јас сум благодарен на сите кои сега се со Украина, со нашиот народ, заради мирот во Украина, кој ги штити виталните безбедносни интереси на нашите европски народи“, нагласи ...
Некои држави ќе вложат „титански напори“ да ја опструираат средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин на 15 август, изјави денеска специјалниот пратеник на рускиот претседател за економска соработка со странски земји, Кирил Дмитриев. Трамп претходно изјави дека Русија и Украина се блиску до потпишување мировен договор што би можел да го заврши три и полгодишниот конфликт. Деталите од договорот сè уште не ...
Во контејнер со пратка од Латинска Америка што пристигнала на пристаништето во Солун, грчката полиција открила 271 килограм и 150 грама кокаин, што се проценува дека е во вредност од над 5,5 милиони евра, а уапсени се три лица членови на криминална организација со меѓународен карактер, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека криминалната организација била разбиена по искористените информации добиени од Националната ...
Комерцијалните банки во Србија оствариле профит од 90,7 милијарди динари, или 775 милиони евра, во првата половина од 2025 година, објави „Данас“. Во споредба со првите шест месеци од минатата година, нето добивката на банките се зголеми за помалку од два проценти. Билансите на банките објавени од Народната банка на Србија покажуваат дека доколку банките што работат на домашниот пазар ги повторат резултатите од првите шест месеци во втората ...
Во деновите од изминатиот викенд (09./10.08.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1172 издадени платни налози дури 113 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола. Истовремено 80 возачи возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 48 возачи на ...
Имаме различни гледишта на работите, вака премиерот Христијан Мицкоски ја коментира изјавата на вицепремиерот и кандидат за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити дека војната на УЧК во Косово и во Македонија била праведна, разумна и чиста. -Не може да биде разумна и праведна војна, а од заседа да се убиваат припадници на Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана. Тоа се теми кои се дел од минатото, затворени со ...
Полициски службеници во 00:10 часот денеска го лишиле од слобода С.Р., 42-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава од 43-годишен татко од Кавадарци, дека во близина на угостителски објект во градот, на неговата малолетна ќерка, С.Р. најпрво не ѝ дозволувал да замине и ја повлекол кон себе, а откако се оттргнала ѝ се заканувал, информираат од Секторот за внатрешни работи – Велес. С.Р. бил задржан во полициска станица. Како што ...
Времето „како до сега“ заврши. И тоа не е само изрека, тоа веќе се покажува на дело со конкретни дела.Почитувањето на законите и процедурите, не е исклучок, тоа е правило кое секој треба да го почитува, а оној кој работи спротивно на закон се соочува со одговорноста и со правдата. Нема веќе недопирливи и заштитени поединци под политичка закрила, блиски до некоја политичка партија. Нема ни предмети во фиока и заташкувања на случаи, одговорноста ...
Лицемерниот Филипче ужива во друштво на Заев во скапа јахта на Егејското море и се гоштеваат со лигњи, октоподи и тропски плодови. Ова би поминало незабележано, доколку Филипче и Заев се чесни луѓе, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. -Додека неговата партија секојдневно штанца соопштенија како лошо се живее во Македонија, Филипче во друштво на Заев уживаат на скапа јахта, за која тој треба да одговори, чива е јахтата? Да се има јахта, исто така не е ...
Само во вториот повик кој го објави Министерството за локална самоуправа, имаме одвоено повеќе од половина милијарда денари за инвестирање во спортска инфраструктура во општините, истакна денес премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. -Вкупно во првиот и вториот мислам дека беа 35-36 објекти. Вкупната инвестициска вредност надминува 720 милиони денари и ќе продолжиме во таа насока. Се завршуваат оние проекти кои во ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 39 степени. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на ...
Овен Почетокот на неделата ве наполнува со неодолива енергија за акција. Меркур во директен знак во Лав ви ја враќа самодовербата во креативните проекти што се започнати. Романтичните можности драматично се зголемуваат по пладне. Планетарната поддршка е силна – време е да направите храбар чекор кон она што навистина го сакате. Бик Понеделникот открива скриени таленти и нови извори на приход. Венера и Јупитер во Рак создаваат магнетна аура околу ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ...
Народната банка предлага граѓаните да добијат право на четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки, во износ до 2.000 денари по трансакција. Според гувернерот Трајко Славески, целта е да се обезбеди достапност до готовина за сите граѓани, без разлика на тоа во која банка имаат сметка. Мерката би требало да стапи во сила на почетокот на 2026 година. -Готовината и понатаму ќе ја користи мнозинството граѓани, иако во помал ...
Стоковите резерви на пченица се полнат со македонска пченица, откупена директно од македонските земјоделци. Државните резерви, со своите вредни и неуморни раце, ги полнат македонските земјоделци. Со одлука на Владата, 9.000 тони македонска пченица ќе се откупат за потребите на стоковите државни резерви, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Тоа ја покажува и потврдува вистинската грижа и посветеноста на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за интересот на државата ...
Ако сте пораснале гледајќи романтични комедии, концептите за вистинска љубов, судбина и љубов на прв поглед се вкоренети во нас уште од мали нозе. Нè наведуваат да веруваме дека во одреден момент, кога ќе погледнеме во нечии очи, веднаш ќе знаеме дека сме ја пронашле нашата сродна душа. Но, дали идејата за таа моментална врска се темели на реалноста? Можете ли да видите некого за прв пат и веднаш да знаете дека е „вистинскиот“? Дали „љубов на ...
Според најновиот извештај на „Блумберг“, „Епл“ формирал нов тим кој работи на развој на сопствено искуство со пребарување, слично на она што го нуди ChatGPT. Овој потег доаѓа во време на зголемен притисок од инвеститорите, кои се загрижени поради бавното темпо на компанијата во трката со вештачката интелигенција. Тим „АКИ“ и огласи што откриваат сè Новата група во „Епл“, наводно наречена AKI (Answers, Knowledge and Information), има задача да ...
Пријателството е еден од најважните односи што ги градиме во животот. Добар пријател не мора секогаш да се согласува со нас, но знае како да нè сослуша, да нè поддржи и да остане покрај нас кога ќе нè снема зборови. Астрологијата не диктира кој ни е пријател, но може да ни понуди интересна перспектива за тоа со кои луѓе се поврзуваме најлесно и природно. Во продолжение, разгледуваме кој хороскопски знак најчесто се покажува како најдобар ...
Комуникацијата е основата на секоја квалитетна врска, а начинот на којшто ги избирате зборовите може да има огромно влијание врз односите, без разлика дали се работи за пријателство, партнерство или за семејството. Според австралискиот психолог Лахлан Браун, одредени фрази го продлабочуваат меѓусебното разбирање, ја зајакнуваат довербата и негуваат чувство на поврзаност. – Едноставните, но важни реченици можат да го преобразат начинот на градење ...
Поранешната стјуардеса Хедер Пул во својата книга „Cruising Attitude: Tales of Crashpads, Crew Drama and Crazy Passengers at 35.000 ft“ откри зошто многу од нив носат црвен кармин. Покрај фактот што стјуардесите треба да изгледаат дотерани, добро облечени, црвениот кармин има и безбедносна улога. Имено, таа вели дека црвениот кармин може да биде исклучително корисен кога ќе се појави кризна ситуација во која читањето од усни станува единствениот ...
Израел прави грешка со одобрувањето на плановите за окупирање на градот Газа, изјави денеска британскиот премиер Кир Стармер. Британскиот лидер го повика Израел да ги преиспита плановите за нова офанзива. Стармер ги даде овие забелешки откако воениот кабинет на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги одобри плановите за операција за заземање на градот Газа. Британскиот премиер рече дека Израел треба да дејствува во насока на деескалација, а не ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека примирјето меѓу Русија и Украина „зависи“ од рускиот претседател Владимир Путин. -Зависи од него, им рече Трамп на новинарите кога го прашаа дали рокот за Путин да се согласи на примирје е сè уште на сила. Ќе видиме што има да каже. Сè зависи од него. Многу сум разочаран, додаде Трамп. На прашањето дали Путин мора да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да се сретне со ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ги користи тарифите како алатка за надворешна политика, наметнувајќи секундарни тарифи на индиската стока поради купувањето руска нафта од страна на Индија, изјави синоќа американскиот министер за финансии Скот Бесент во интервју за „Фокс њуз“. -Претседателот Трамп ги користи тарифите како алатка за надворешна политика, наметнувајќи секундарни тарифи на Индија поради нејзиното купување руска нафта, рече ...
Соединетите Американски Држави нудат награда од 50 милиони долари за информации што ќе доведат до апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, изјави вчера американската државна обвинителка Пем Бонди. Во видео објавено на „X“, Бонди го обвини Мадуро за соработка со групи, вклучувајќи ја венецуелската затворска банда Трен де Арагуа и нарко-картелот Синалоа. Според американскиот Стејт департмент, САД претходно понудија награда од 25 милиони ...
Повеќе од две третини од Украинците, 69 проценти, сакаат војната да заврши преку преговори што е можно поскоро, според ново истражување на Американскиот институт Галуп спроведено помеѓу 1 и 14 јули. Ова е драстичен пресврт во споредба со 2022 година, кога само 22 проценти од испитаниците беа за преговори, додека дури 73 проценти тогаш поддржуваа продолжување на борбата до конечна победа. Денес, само 24 проценти од Украинците се за продолжување ...
ОН силно се спротивставува на проширувањето на израелската офанзива во Појасот Газа, објави ДПА, повикувајќи се на синоќешната изјава на заменик-портпаролот на ОН, Фархан Хак, во Њујорк. -Категорично сме против каква било ескалација на конфликтот, рече Хак. „Тоа е веќе исклучително деструктивно“, додаде заменик-портпаролот на ОН. Според Хак, конфликтот веќе предизвикал „повеќе од 60.000 жртви“ во речиси двегодишните борби. -Постои можност за ...
Во јули, Газа регистрираше најголем месечен број случаи на акутна неухранетост кај децата досега, објави Светската здравствена организација (СЗО). СЗО предупреди за зголемување на смртните случаи поврзани со глад во палестинската енклава. „Во јули, кај речиси 12.000 деца под петгодишна возраст беше дијагностицирана акутна неухранетост во Газа, што е најголем број регистриран за еден месец“, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус, ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека целта на земјата е да го ослободи Појасот Газа, а не да го окупира, и дека најдобриот начин да се стави крај на војната е разоружување на милитантната исламистичка група Хамас. „Хамас се уште има илјадници вооружени терористи во Газа, кои крадат храна и пукаат во цивили. Ниту една нација не може да ја одобри работата на геноцидна терористичка организација“, изјави Нетанјаху. Тој додаде дека ...
Велика Британија ќе биде домаќин на меѓународен состанок на високо ниво за регионот на Западен Балкан што ќе се одржи во октомври, соопшти денеска британската Влада. Средбата ќе се одржи во замокот Хилсборо, недалеку од Белфаст, и е дел од пошироките разговори што ги организира Велика Британија за градење отпорност, соочување со нелегалната миграција и поттикнување на економскиот раст. „Министерот за надворешни работи Дејвид Лами од 8 октомври ...
Во светот на најбогатите се случува историска промена – оваа година околу 142 илјади милионери планираат да се преселат, напуштајќи луксузни станови во Лондон или имоти во Франција. Швајцарија, Соединетите Американски Држави и Обединетите Арапски Емирати и понатаму привлекуваат дел од богатите, но Црна Гора е најбрзо растечки светски центар за милионери. Според податоците на швајцарската компанија Henley & Partners, бројот на милионери кои ...