Белград
9ᴼ /
8ᴼ
На 09.08.2025 во 22:40 часот во с.Долна Бањица, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода О.Б.(43) од с.Долна Бањица. При претрес во неговиот дом и помошни простории и во негов локал во селото, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и предмети со остатоци од бела прашкаста материја. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, ...
На 09/10.08.2025 во периодот од 23:30 до 02:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово, во соработка со Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе Скопје, спроведоа акциска контрола во угостителски објект во с.Желино, тетовско, сопственост на Ј.Ф.(48) од с.Желино и во угостителски објект во Тетово, во кој како управител се пријавил И.А.(22) од Тетово. При контрола во објектите биле затекнати 30 женски лица од ...
На 09/10.08.2025 година во периодот од 18.00 до 02.00 часот полициски службеници од СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот како и во насока на одржување на поволна безбедносна состојба на подрачје на град Скопје. При тоа констатирани се 99 сообраќајки прекршоци, од кои 11 возила се подигнати со специјално возило “Пајак”, одземени се две возила поради предизвикување голема бучава, приведени се две малолетни лица ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 39 степени. Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот на наредната седмица ...
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: „За само 14 месеци над 11 милијарди денари за земјоделците во вид на финансиска поддршка, субвенции и директни плаќања. Она што беше заборавено од СДС изминатите 7 години, ВМРО-ДПМНЕ го направи за само година дена. Рекорден откуп за смедеревка и вранец за лозарите, одгледувачите на јаболки добија 100 милиони денари субвенции, тутунарите добија 500 денари за килограм тутун, финансиска поддршка за здруженија за промоција ...
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: „Година дена од неговото назначување, Јавниот обвинител Љупчо Коцевски е штит на криминалот и корупцијата на СДС. Година дена Љупчо Коцевски, молчеше и ги бранеше членовите на СДС и блиски лица до Заев и Филипче, кои беа поврзувани со одреден криминал. И тоа продолжува и ден денес со тоа што СДС не гласаше за интерпелација на Коцевски, а тој без срам не поднесува оставка од морални причини. Луѓето кои беа синоним за ...
Бик Вашите професионални амбиции добиваат моќен поттик овој викенд. Полната месечина ги осветлува можностите за кариера и може да донесе признание за минатите напори. Се чувствувате растргнати помеѓу работните обврски и желбата за релаксација. Финансиските прашања бараат внимателен пристап – избегнувајте импулсивни купувања. Семејните односи бараат повеќе внимание и разбирање. Близнаци Патувања и нови искуства се на ваш план денес. Сабота носи ...
На 08.08.2025 во 10.10 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Б.В.(27) од Кочани, со живеалиште во Виница, затоа што физички го нападнал началникот на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница додека извршувал службени дејствија, односно му врачувал покана за службен разговор. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на Б.В. во Виница, при што биле пронајдени и одземени околу 100 ...
На 08.08.2025 во 12:00 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода П.К.(32) од Радовиш. При контрола во патниот сообраќај со радар било констатирано дека П.К. управувал патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки надвор од населено место со брзина од 133 километри на час на место каде што со сообраќаен знак брзината е ограничена на 60 километри на час. На 08.08.2025 околу 23:30 часот во село Ростуше, ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска се очекува да ги распише локалните избори. Ова ќе бидат осми локални избори по ред од независноста на државата. Со тоа ќе почнат да течат роковите за изборниот процес. Локалните избори треба да се одржат на 19 октомври, а вториот круг на 2 ноември. На локалните избори, граѓаните ќе бираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје. Рокот за поднесување на листите е најдоцна 35 дена ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени Целзиусови. И во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени Целзиусови. Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, утре и во ...
Главниот обвинител, Љупчо Коцевски дословно и покорно ги слуша пораките и наредбите кои му доаѓаат од партијата СДС. Наместо да служи на граѓаните и на правдата, Коцевски се стави во партиска служба и заштита на криминалите и криминалците од редовите на СДС, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. На денот на гласањето недоверба во македонското Собрание, освен што пратениците на СДС го поддржаа истите му упатија и јасна порака, или е „со ...
Во потрага по поздрав живот и идеална телесна тежина, многу луѓе се свртуваат кон природни решенија кои можат да го поддржат процесот на слабеење. Станува збор за рецепт кој вклучува само четири лесно достапни состојки, а подготовката трае само неколку минути. Клучот за неговата популарност лежи во тврдењата дека може да го забрза метаболизмот, да го намали апетитот и да помогне во согорувањето на масните наслаги. За да го подготвите овој ...
Сонцето, солта, потта и хлорот се немилосрдни. Во текот на летото, вашата коса е секојдневно нападната. Ако сè уште ја миете косата еднаш на неколку дена и мислите дека ја заштитувате, време е да чуете што велат експертите. Реномираниот дерматолог Стефано Марија Серини, член на Европската академија за дерматологија и венерологија, открива дека летото ги менува сите правила кога станува збор за нега на косата. Високите температури, зголеменото ...
Спиењето за време на лет не е лесна задача, а експертите за спиење смислија метод што ќе ви помогне да заспиете во авион за само неколку минути. Од плачливи бебиња до гласни звуци и неудобни седишта, може да биде предизвик да заспиете во авион. Сепак, експерт за спиење издвои еден метод што функционира во 96 проценти од случаите и вели дека вреди да се проба додека патувате. Тој објасни дека овој метод им помага на војниците да заспијат за ...
Aфродизијаците се користеле пред илјадници години во Индија, Кина, Египет и други делови од светот, науката многу побавно постигнала да открие зошто овие растенија влијаат врз сексот. Постојат два вида афродизијаци, оние кои влијаат психолошки и оние чие влијание е само физичко. Едно истражување спроведено во Канада, покажаа кои се најефективните афродизијаци според капацитетот да ја зголемат желбата и возбудата за секс, да ја подобрат ...
Американскиот претседател Доналд Трамп постојано повторува дека Вашингтон е „валкан град со раширен криминал“. Тој вчера повторно се закани дека ќе ја преземе контролата врз федералниот главен град, кој е во рацете на демократската опозиција. -Размислуваме за тоа, да, бидејќи криминалот е вртоглав, одговори тој на новинарите кои го прашаа за можноста Белата куќа да ја преземе контролата врз градските институции, особено полицијата. „Сакаме голем ...
Германската влада нема да одобри никаков извоз на воена опрема во Израел што би можела да се користи во Појасот Газа до понатамошно известување, изјави денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц, во врска со планот на Израел да ги прошири своите воени операции на палестинската територија. Ослободувањето на израелските заложници и преговорите за прекин на огнот се главни приоритети на Германија, рече Мерц, изразувајќи длабока загриженост за ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Русија и Европа треба што поскоро да одржат самит за да разговораат за завршување на војната во Украина. Орбан ја поздрави најавата за средба меѓу претседателите на Соединетите Американски Држави и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, следната недела, нагласувајќи дека прекин на огнот и укинување на санкциите се можни само ако двајцата лидери се согласат, објави МТИ. Тој исто така нагласи ...
Високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Турк денеска го повика Израел веднаш да се откаже од својот план за воспоставување целосна воена контрола врз Појасот Газа. Планот, кој беше одобрен од израелскиот воен кабинет синоќа, „е против одлуката на Меѓународниот суд на правдата, според која, Израел мора што поскоро да ја прекине окупацијата, да го спроведе решението за две држави и правото на Палестинците на самоопределување“, се наведува ...
Централната банка на Албанија продолжи да ги зголемува девизните резерви во текот на првата половина од 2025 година. Според статистиката на Банката, на крајот на јуни, девизните резерви на земјата се зголемиле на 6,7 милијарди евра, или 7,4 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година. Девизните резерви на земјата се управувани од Банката и најчесто се чуваат како „должнички хартии од вредност и депозити”. „На крајот од првата ...
Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Рано утрово, во семејниот дом на улицата „Страшо Пинџур“ во Штип, осомничениот 54-годишник, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената мајка, родена во 1941 година. Делото го извршил по претходна вербална расправија, ...
На 07.08.2025 во 22:10 часот полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода 36-годишната Ц.Н. и Д.Н.(50), двајцата од Неготино, поради основано сомнение дека извршиле кражба, при што одзеле околу 30.000 евра од домот на брачен пар од Неготино. Со судска наредба бил извршен претрес во нивниот дом, каде биле пронајдени и одземени 2320 евра, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражбата. Додека, денеска (08.08.2025) со судска ...
СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.М.(39) од Ресен и И.Б.(19) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ и против Д.Н.(29) од Битола и М.Џ.(27) од Охрид поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „прикривање“. Прво и второпријавениот, во периодот од 01.02.2025 до 23.04.2025 во два наврати извршиле „тешка кражба“, при што на делница ...
Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека за период 01.01 до 31.07.2025 година, преку спроведување електронски аукции на движни и недвижни предмети, успешно се наплатија даночни долгови од физички и правни лица. По тој основ, во државниот буџет се инкасирани вкупно 19 419 411 денари (приближно 314 230 евра). Преку е-аукција за период 01.01.2025 година, а заклучно со е – аукцијата во јули продаден е недвижен имот со вкупна површина од 302 м² ...
На 07.08.2025 во 21:00 часот во СВР Тетово, 76-годишна жена од Тетово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 20.000 евра. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка била прегазена на пешачки премин и дека е потребно да плати за да биде оперирана. Како што е пријавено, ги зела парите и со нејзиниот сопруг отишла на договореното место во Скопје, каде што ги предала ...
Прес-конференција на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски: „Главниот обвинител Коцевски буквално ја применува пораката „со штитот или на него“ која СДС му ја упати од Собрание, наместо на народот и служи на партијата. Главниот обвинител Коцевски до сега играше по нотите на СДС, истото ќе продолжи и во периодот кој следи, а тоа е заштита на сите функционери од СДС фатени во сериозни криминали од одговорност. Очигледно е дека главниот ...
На 07.08.2025 во 15:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода З.Н.(41) од Охрид, кој се сомничи дека во атар на селото Горно Лакочереј, охридско, предизвикал пожар на поле со нискостеблеста вегетација и ожнеана нива. При преземени мерки и извршен преглед, полициските службеници кај него, пронајдоа запалка која била одземена за натамошна постапка. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна ...
Д-р Даница Петкоска Спирова е нов директор на Клиниката за кардиологија. Таа е истакнат субспецијалист кардиолог специјализиран за напредна трансторакална и трансезофагеална ехокардиографија, како и дуплекс ехосонографија на каротидните артерии. Со своите вештини се здобила во својата матична установа, со доусовршување при престој во светски кардиолошки центри. Диломирала на Медицинскиот факултет во Скопје 2007 година, а последно се здобива со ...
Слава за хероите од Карпалак. Нивното дело и пожртвуваност се памети, нивната храброст и одлучност се почитува. Нека нивната жртва биде аманет за идните генерации, дека слободата, мирот и достоинството се свети. Карпалак го паметиме како наша обврска, да изградиме држава во која нема да има место за омраза, за поделби, за неправди, и каде слободата на нашата татковина е неприкосновена. Македонија никогаш нема да ве заборави! Карпалак е рана, но ...