Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во интервју за руски медиуми изјави дека Москва ќе тестира нуклеарно оружје, ако и другите нуклеарни сили вршат нуклеарни проби. – Москва е подготвена да разговара за загриженоста на САД за она што Вашингтон го нарекува „сомнителни подземни активности“, наведе Лавров. Тој додаде дека Русија е загрижена од изјавите на САД што сугерираат дека нуклеарните тестови би можеле да се користат за геополитички ...

Владата е стабилна. Убедливата победа на локалните избори покажа дека оваа Влада има јасна и недвосмислена поддршка и оти носечки столб во таа Влада е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи. Време за политика и политиканство заврши. Да ги засукаме ракавите и да работиме, не чека многу работа, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Потврди дека има разговори за пополнување на исполнетите места во Владата по локалните избори и за ...

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет почна амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2026 година. Според информациите објавени на веб страницата на Собранието, за Предлог-буџетот се поднесени над 100 амандмани. На седницата е присутна и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која ќе го образложи Предлог-буџетот. Вкупните приходи во Предлог-буџетот за следната година се проектирани на 374,7 милијарди денари, ...

Ова не е само уште еден документ со бројки и табели, ова е економска порака за стабилност, доверба и развој, како и јасен доказ за одговорното управување со јавните финансии што го воспоставивме и го продолжуваме со полн капацитет, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која пред матичната собраниска Комисија го образложува Предлог-буџетот за 2026 година. Комисијата треба да ја почне амандманска расправа по ...

Фондот за здравствено осигурување е институција која не е само администратор на фондови туку партнер, градител, чувар на стабилноста и двигател на реформите. Мораме да бидеме искрени, оваа институција во минатото имаше сериозно разнишан кредибилитет, граѓаните гледаа поединци со пари, директори, непресметани расходи, нетранспарентни одлуки и систем кој повеќе личеше на поле за лични привилегии отколку на сервис на граѓаните, истакна премиерот ...

Претседателот на Собранието Африм Гаши постапува само врз основа на роковите и процедурите утврдени во Изборниот законик за одредувањето на датумот за повторените избори за градоначалник во Гостивар, Врапчиште, Маврово-Ростуша и Центар Жупа. Затоа, датумот на изборите ќе биде објавен во горенаведениот законски рок и јавноста ќе биде известена во наредните денови, информираат од Кабинетот на Гаши. -Процесот на распишување на изборите не е ...

Пратеникот и шеф на изборниот штаб на ВЛЕН, Аднан Азизи, вчера најави дека по локалните избори во Гостивар и Врапчиште во јануари 2026 година, ќе има проширување на пратеничката група на ВРЕДИ. Азизи не спомна конкретни имиња, но рече дека дека се водат разговори со 3-4 пратеници кои се разочарани од нивните политички субјекти. Прашан дали станува збор за пратеници на опозициската НАИ, одговори потврдно. „Да, од НАИ. Верувам дека ќе го ...

Европскиот парламент денеска усвои предлог за продолжување на трговските олеснувања за одредени земјоделски производи од Западен Балкан до 2030 година. Извештајот на известувачот Крис ван Дајк, кој предлага измена на регулативата за исклучителни трговски мерки за земјите и териториите кои учествуваат во или се поврзани со Процесот на стабилизација и асоцијација, беше усвоен со 543 гласа „за“, 72 „против“ и 22 „воздржани“. Постојната ...

Во план е студија околу тоа како се работи во приватните и државните болници низ државава што се занимаваат со кардиоваскуларна патологија, информираше на денешната прес-конференција, претседавачот на Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции, доктор Жарко Христовски, одговарајќи на новинарско прашање. Јавноста на прес-конференцијата во Владата беше информирана дека до Комисијата досега биле доставени 25 случаи. ...

Генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, учествуваше на конференцијата „Content Positive 2025 – подобар онлајн“, настан посветен на унапредување на дигиталната безбедност, организиран од „А1 Македонија“, кој на едно место обедини истакнати експерти од онлајн-безбедноста, сајбер-заштитата, образованието, технологијата, јавниот живот и креаторите на содржини, со цел размена на знаење, искуства и добри практики. На ...

Доказот дека Заев се уште ги држи конците во СДС, е поставувањето на Александар Трајановски за потпретседател на Филипче, сите тројца летото го поминаа на скапата јахта на Заев, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Венко Филипче како верен послушник на Заев, го прави тоа што неговиот ментор ќе му го заповеда. Поставувањето на Александар Трајановски за потпретседател на СДС од страна на Филипче, е еклатантен ...

Според податоците на Меѓународната Дијабетес Федерација, приближно 9% од возрасните лица на возраст од 20-79 години боледуваат од дијабетес, односно приближно 141 000 лица, а се претпоставува дека една третина или приближно 47 000 лица се недијагностицирани. Приближно три лица дневно ја губат битката со оваа болест, односно смртноста како последица на дијабетесот се препишува на 938 случаи годишно во земјава. Борбата со последиците од ...

Oвeн – Meceчинaтa вo Дeвицa вe oдpжyвa бyдни и eфиĸacни. Moжeби ќe пoчyвcтвyвaтe cилнa пoтpeбa дa ce cпpaвитe co нeдoвpшeни зaдaчи. Baшaтa eнepгиja дeнec имa ĸopиcт oд jacнa cтpyĸтypa, дypи и aĸo вaшитe импyлcи вe пoттиĸнyвaaт дa бpзaтe нaпpeд. Paзгoвopoт co нeĸoj штo гo пoчитyвaтe мoжe дa ви пoмoгнe дa гo ycoвpшитe вaшиoт cлeдeн пoтeг. Bepyвajтe им нa вaшитe инcтинĸти, нo дoзвoлeтe тpпeниeтo дa ги вoди вaшитe oдлyĸи зa нajдoбap иcxoд. Биĸ – ...

Времето денеска наутро ќе биде ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 17 степени. Како што информира ...

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1 ноември. Светите Козма и Дамјан Бесребреници и чудотворци. Браќа по тело и по дух, родум негде од Азија, од татко незнабожец и мајка христијанка. По смртта на татко им нивната мајка Теодотија целото време и труд ги даде на тоа да ги подигне и воспита синовите како вистински христијани. И Бог ? помогна, та нејзините синови израснаа како две слатки овошки и како ...

Расте незадоволството во СДС и потребата од итни реформи во врвот на СДС. СДС е во длабока криза која е резултат на недовербата во актуелното раководство особено лидерот Венко Филипче. Незадоволството од изборниот резултат расте и кај членови, симпатизери и поранешни функционери на СДС кои се дистанцираат а некои од нив и ја напуштија партијата незадоволни од насоката во која се движи партијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Венко Филипче ја губи ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 истакна дека Министерството интензивно работи на повеќе проекти чија цел е директно олеснување на животот на граѓаните и подобрување на пристапот до јавни услуги. Андоновски најави дека проектот Е-Бебе ќе започне со реализација следната година и ќе претставува значаен чекор кон поефикасна комуникација меѓу институциите и граѓаните. ...

-Што е клетва? Кој може да фрли? И кои се можните последици? – Проклетство е кога некој ќе му направи нешто лошо на друг човек, а тој човек ќе почне да го проколнува. Последиците можат да бидат различни. Ако некој верува во ова проклетство, може дури и да умре. А ако дојде некоја гатачка и го потврди ова, може да умре во рок од еден месец. Но Господ ни рече: „Благослови ги оние што те проколнуваат“. Ако го благословиме таков човек и му ...

Скорпија Скорпиите се познати по својата интензивна природа и длабоки емоции. Во љубовта се исклучително страсни, но токму оваа страст може да доведе до посесивност и сомнеж. Скорпиите често чувствуваат длабока потреба за емоционална сигурност, што може да ги натера да се сомневаат во мотивите на партнерот. Скорпиите се такви затоа што се плашат од предавство и емоционална болка. Нивната страсна природа ги прави исклучително чувствителни на ...

Blue Origin ќе се обиде повторно да лансира ракета New Glenn со два NASA сателити кон Марс оваа недела, поради одложувања предизвикани од облачност и соларни бури Компанијата Blue Origin соопшти дека оваа недела повторно ќе се обиде да лансира ракета New Glenn, која носи два NASA сателити наменети за проучување на вселенското време на Марс. Новото време за лансирање е закажано за четврток попладне, во рамки на 90-минутен временски прозорец ...

Труењето со кофеин се случува кога телото акумулира опасно високи нивоа на кофеин, што може да има сериозни последици, па дури, во ретки случаи, да доведе до смрт. Националната асоцијација за кафе на Америка тврди дека просечниот Американец пие малку повеќе од три шолји кафе на ден, што покажува колку е важна таа утринска рутина за многу луѓе. Иако секој има различна толеранција, постои ограничување на количеството кофеин што треба да го ...

Неочекувана поврзаност на стисокот на раката и страста. Научниците откриле интригантна поврзаност помеѓу физичката сила и интимниот живот, и тоа благодарение на едноставен тест со стисок на рака. Резултатите објавени во списанието “Evolution and Human Behavior”, покажуваат дека начинот на кој некому му подавате рака може да открие многу повеќе одошто мислите. Во студијата во која учествувале повеќе од 4.000 возрасни личности од САД, ...

Денешната дебата не е само за бројки и буџетски ставки, туку за иднината на Европа и за тоа кои сме и кои сакаме да бидеме во услови кога живееме во свет со многу закани и предизвици, обиди за преобликување на глобалниот поредок и секојдневни борби на нашите семејства и компании, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето во Европскиот парламент на дебатата за Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ за ...

Адолф Хитлер имал досега неоткриено генетско нарушување коешто влијаело на развојот на неговите гениталии, открива нова анализа на неговата ДНК. Наодите ќе бидат образложени во документарец под наслов „ДНК-та на Хитлер“, каде што, исто така, се побива митот дека Хитлер имал еврејско потекло и сe посочува оти веројатно имал едно или повеќе невродивергентни и ментални нарушувања, објави „Гардијан“. Според наводите, германскиот нацистички ...

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека Русија јасно ставила до знаење дека не сака мир, наведувајќи дека Москва продолжува со своите долгорочни напади врз украинската инфраструктура и дека неделно губи 7.000 војници. -Тие и натаму ја напаѓаат украинската електрична мрежа и се обидуваат да ја деморализираат земјата, додека губат околу 7.000 војници неделно. Мислам дека јасно ставиле до знаење што сакаат, а тоа е дека го ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека земјата нема да го спроведе пактот за миграција на Европската Унија „сè додека има национална, патриотска влада“. „Брисел издаде наредба. Пактот за миграција се активира. Би сакал да бидам јасен еднаш засекогаш: сè додека Унгарија има патриотска влада, нема да го спроведеме пактот за миграција“, рече Орбан во видео порака објавена на Facebook, објави MTI. Тој нагласи дека Унгарија нема да прифаќа ...

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, побара Украина да ја спушти возраста за мобилизирање затоа што сè потешко може да најде војници откако рекорден број мажи заминаа во Европа. „Порано 18-годишници служеа во армијата, но тоа се деца. Сега се мобилизираат на возраст над 25 години. Може да се спушти границата на 22 или 23 години“, изјави Кличко. Повеќе од 100.000 млади Украинци заминале/избегалево европските земји откако владата во август ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва објави кадровски промени во четирите најголеми јавни претпријатија под ингеренција на Градот. Сите тие добиваат нови вршители на должноста директори. Во ЈП „Улици и патишта“ за в.д. директор е назначен Борис Настов, кој истата функција ја извршуваше и на почетокот од мандатот на поранешната градоначалничка Данела Арсовска. На чело на ЈП „Водовод и канализација“ ќе застане Иван Митровски, ...

На 12.11.2025 во 07:50 часот во сместувачки објект во Струга, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга ја лишија од слобода А.Б.Т.Г.С.(27) од Бразил, а ги приведоа Ј.Т.А.С.(23) и Р.Ц.С.(23) од Бразил, како и Н.О.Ц.(20) од Перу. При претрес во собите од објектот, кои ги користеле, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, дробилка и други предмети. Исто така, при претресот е ...

Министерството за финансии утре ќе се изврши исплата на главницата и каматата за втората година од издадената втора Граѓанска обврзница. Средствата во износ од 17,6 милиони евра и камата во износ од 880 илјади евра ќе бидат исплатени на сметките на граѓаните кои запишаа обврзници од втората Граѓанска обврзница. Втората граѓанска обврзница, Министерството за финансии ја издаде на 7 ноември 2023 година со рок на достасување од 2 години и ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
93%
1003
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
85%
1002
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
91%
1003
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
100%
1001
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.67
97%
1003
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.59
97%
1003
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
3.58
80%
1005
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
87%
1005
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
100%
1004
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
1.03
97%
1002
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
3.09
91%
1001
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
86%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Платина

67162.91

Рутениум

45750.51

Родиум

336779.07

Калај

46.91

Злато

159231.39

Сребро

2460.50

Алуминиум

3.03

Бакар

11.69

Паладиум

546.56

Цинк

3.25

Кобалт

64.04

Иридиум

221848.72