На 07.08.2025 во 22:10 часот полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода 36-годишната Ц.Н. и Д.Н.(50), двајцата од Неготино, поради основано сомнение дека извршиле кражба, при што одзеле околу 30.000 евра од домот на брачен пар од Неготино. Со судска наредба бил извршен претрес во нивниот дом, каде биле пронајдени и одземени 2320 евра, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражбата. Додека, денеска (08.08.2025) со судска ...

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.М.(39) од Ресен и И.Б.(19) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ и против Д.Н.(29) од Битола и М.Џ.(27) од Охрид поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „прикривање“. Прво и второпријавениот, во периодот од 01.02.2025 до 23.04.2025 во два наврати извршиле „тешка кражба“, при што на делница ...

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека за период 01.01 до 31.07.2025 година, преку спроведување електронски аукции на движни и недвижни предмети, успешно се наплатија даночни долгови од физички и правни лица. По тој основ, во државниот буџет се инкасирани вкупно 19 419 411 денари (приближно 314 230 евра). Преку е-аукција за период 01.01.2025 година, а заклучно со е – аукцијата во јули продаден е недвижен имот со вкупна површина од 302 м² ...

На 07.08.2025 во 21:00 часот во СВР Тетово, 76-годишна жена од Тетово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 20.000 евра. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка била прегазена на пешачки премин и дека е потребно да плати за да биде оперирана. Како што е пријавено, ги зела парите и со нејзиниот сопруг отишла на договореното место во Скопје, каде што ги предала ...

Прес-конференција на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски: „Главниот обвинител Коцевски буквално ја применува пораката „со штитот или на него“ која СДС му ја упати од Собрание, наместо на народот и служи на партијата. Главниот обвинител Коцевски до сега играше по нотите на СДС, истото ќе продолжи и во периодот кој следи, а тоа е заштита на сите функционери од СДС фатени во сериозни криминали од одговорност. Очигледно е дека главниот ...

На 07.08.2025 во 15:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода З.Н.(41) од Охрид, кој се сомничи дека во атар на селото Горно Лакочереј, охридско, предизвикал пожар на поле со нискостеблеста вегетација и ожнеана нива. При преземени мерки и извршен преглед, полициските службеници кај него, пронајдоа запалка која била одземена за натамошна постапка. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна ...

Д-р Даница Петкоска Спирова е нов директор на Клиниката за кардиологија. Таа е истакнат субспецијалист кардиолог специјализиран за напредна трансторакална и трансезофагеална ехокардиографија, како и дуплекс ехосонографија на каротидните артерии. Со своите вештини се здобила во својата матична установа, со доусовршување при престој во светски кардиолошки центри. Диломирала на Медицинскиот факултет во Скопје 2007 година, а последно се здобива со ...

Слава за хероите од Карпалак. Нивното дело и пожртвуваност се памети, нивната храброст и одлучност се почитува. Нека нивната жртва биде аманет за идните генерации, дека слободата, мирот и достоинството се свети. Карпалак го паметиме како наша обврска, да изградиме држава во која нема да има место за омраза, за поделби, за неправди, и каде слободата на нашата татковина е неприкосновена. Македонија никогаш нема да ве заборави! Карпалак е рана, но ...

Вечна слава и почит на македонските херои, десетте припадници на Армијата на Македонија, Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабраноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски, кои го дадоа својот живот во одбрана на татковината, кај месноста Карпалак, напиша на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски. Нивната борба не беше само во името на денешниот ден, ...

Вчера попладне 75-годишна македонска државјанка била извлечена без знаци на живот на плажата Созополи во општина Неа Пропонтида, во близина на првиот крак на Халкидики, веднаш ѝ била укажана прва помош од екипа на итната медицинска служба, по што била пренесена во болница, но лекарите констатирале смрт, јави дописничката на МИА од Атина. Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека крајбрежната управа на Неа Муданија била информирана дека ...

Овен Работа: Вашите идеи може да најдат поддршка, но ќе мора да се борите за простор да ги изразите. Добар е денот за соработка со креативни луѓе и тимови во кои има размена на мислења. Љубов: Ќе почувствувате возбуда, но и потреба да разјасните некои несогласувања. Во врските може да се започнат стари теми. Слободните може да се сретнат со личност која истовремено ги интригира и збунува. Здравје: Грижете се за главата и нервниот систем, не ...

Од денеска до 13 август, според најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи се очекува значително зголемување на дневните температури, кои во одделни региони може да достигнат до 39 степени Целзиусови, поради што Министерството за здравство апелира за почитување на општите препораки за заштита на населението од високи температури. Граѓаните да престојуваат во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11:00 до 17:00 ...

Поради зголемена фреквенција на возила, на граничниот премин „Богородица“ се чека околу 30 минути. На останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на ...

Коцевски продолжува да ја игнорира јавноста и да молчи и покрај фактот што довербата на јавноста во правосудството е помала од 2 проценти а во Собранието му е изгласана интерпелација. На Коцевски фотелјата му е поважна од угледот. Коцевски нема ниту срам, ниту одговорност, ниту барем обид за достоинствено повлекување. Поважна му е политичката елита на СДС и ДУИ, и тие да се задоволни и да остане што подолго на функцијата за да ги штити, велат во ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи посветено за секого. За 20% се зголемуваат платите во јавните установи за социјална заштита. 20% повисоки плати ќе добијат вработените во јавните установи за социјална заштита. Ресорното министерство заедно со синдикатите потпиша нов колективен договор со кој освен што ќе се зголемат платите, ќе се подобрат и работните услови, правната сигурност и социјалниот дијалог, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Со ребалансот на ...

Познатиот филозоф Сократ, остави неизбришлив белег на филозофијата со своите длабоки идеи, проникливи учења и длабока мудрост. Иако зад себе не оставил никакви пишани дела, неговото филозофско наследство е зачувано благодарение на работата на неговиот ученик Платон и други антички филозофи. -Ако човекот има малку пријатели, тогаш има многу животни искуства, мислел Сократ. Животното искуство е збир на знаења и вештини кои човекот ги стекнал како ...

Позицијата на креветот менува сè Фенг шуи тврди дека насоката кон која е свртена вашата глава додека спиете директно влијае на енергијата на вашето тело. На пример, ако вашиот кревет е свртен кон север, тоа промовира длабок и мирен сон. Источната ориентација ја подобрува концентрацијата и оптимизмот, додека јужната ориентација може да ја смири вознемиреноста, но да предизвика замор. Западната страна, од друга страна, може да донесе негативна ...

Без разлика дали сте во ситуација кога секоја вечер се молите на колена за да постигнете некоја акција или сте еден од ретките среќници кои не можат да „дишат“ поради количината на секс што ja добива, следново прашање сигурно се завртило во вашиот ум барем еднаш. Колку навистина жените сакаат секс? Кога станува збор за мажите, одговорот е многу едноставен – повеќе, повеќе и повеќе – без разлика колку го практикуваат неделно, месечно и годишно. ...

Лавот е знак на Сонцето – топол, самоуверен, креативен и често во центарот на вниманието. Но зад оваа силна појава се крие и срце полно со лојалност и желба за вистинска љубов. Кога Лавот сака, сака со сето срце, но очекува исто толку назад. Во пријателствата и љубовта, најдобро се поврзува со оние кои го поддржуваат, но и му даваат простор да блесне. Колку Лавовите си одговараат со другите хороскопски знаци? Лав и Овен: Оваа комбинација е ...

Доколку планирате спонтано патување во еден од европските градови, видете кои може да се покажат како најприфатливи за вашиот буџет. Патувањето со ограничен буџет во екот на туристичката сезона изгледа како предизвик за многумина, но е и можно, според годишниот извештај на Post Office Travel Money, кој ги споредува трошоците за кратки патувања до различни европски градови. Просечните цени на авионските билети, сместувањето, јавниот превоз и ...

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Обединетите Арапски Емирати се една од можните локации за неговата најавена средба со американскиот претседател Доналд Трамп, но дека за тоа сè уште не е донесена одлука. Тој истакна дека двете страни покажале интерес за самитот на Русија и Соединетите Американски Држави, додавајќи дека Русија има многу пријатели подготвени да помогнат во организирањето на неговата средба со Трамп. Путин ...

Во јули, Газа регистрираше најголем месечен број случаи на акутна неухранетост кај децата досега, објави Светската здравствена организација (СЗО). СЗО предупреди за зголемување на смртните случаи поврзани со глад во палестинската енклава. „Во јули, кај речиси 12.000 деца под петгодишна возраст беше дијагностицирана акутна неухранетост во Газа, што е најголем број регистриран за еден месец“, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус, ...

САД подобро ги разбираат условите под кои Русија би била спремна да ја заврши војната во Украина откако претставникот на претседателот Доналд Трамп, Стив Виткоф, се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио. -Можеби за прв пат во оваа администрација имаме конкретни примери за работите што Русија би ги побарала за да се заврши војната, рече Рубио во интервју за Фокс Бизнис Нетворк. Тој додаде ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика денеска Вашингтон да го зголеми притисокот врз Русија за да ја принуди да ја прекине инвазијата врз Украина. Украинскиот лидер ја даде изјавата во момент кога претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, пристигна во Москва. „Многу е важно да се зајакнат сите лостови што им се достапни на САД, Европа и Г7. Кремљ „искрено ќе сака да ја запре војната ...

НАТО почна со координирање на редовните големи испораки на оружје за Украина во рамки на својот нов финансиски план „Список со приоритетните барања на Украина“, откако Холандија синоќа ја објави првата пратка во вредност од 500 милиони евра (578 милиони долари), пренесе Асошиетед Прес. Холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс изјави дека неговата земја ќе достави опрема за системи за противвоздушна одбрана, муниција и друга воена помош, ...

На 28.07.2025 во 15.00 часот во Кочани, полициски службеници од СВР Штип – Надворешна канцеларија за крининалистички работи Кочани го лишиле од слобода К.И.(36) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена Застава“ калибар 7,65 мм, марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Г.С.(45) од Виница, директорка во основно училиште во Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. На 27.01.2025 пријавената склучила договор за вработување со својата ќерка С.С., иако немала соодветно образование, на работно место предметен наставник по математика во основно училиште, нанесувајќи му ...

Денеска (29.07.2025) во 01.40 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека се случила сообраќајна несреќа на ул.„Илинденска“ во Гостивар, помеѓу патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управувано од И.М.(38) од с.Балиндол, гостиварско и мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, управуван од А.Б.(18) од Гостивар. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, претпладне со повремено пороен локален дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, во раните утрински и претпладневни часови со ...

Пожари беснеат во целиот регион. Сушното лето и екстремно високите температури во Македонија и регионот предизвикаа пожари, додека ветерот придонесе за нивно брзо ширење, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Во Бугарија беснеат над 240, во Турција над 80, во Грција над 50, Албанија 45 активни пожари, од кои дел стигнаа и до населени мести, но до градови, а за справувањето со огнените стихии, скоро сите земји повикаа меѓународна помош. Во земјите од регионот ...

weather icon

Белград

8ᴼ / 6ᴼ
9.26
69%
1014
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
0.0
93%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
71%
1015
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
3.2
93%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
0.51
94%
1014
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
1.34
84%
1007
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1009
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
76%
1010
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
8.23
89%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1015
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
6.17
77%
1008
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
81%
1012
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Сребро

1878.05

Бакар

10.95

Никел

473339.37

Злато

135056.24

Родиум

255598.44

Алуминиум

2.91

Платина

52952.77

Калај

40.48

Цинк

3.23

Кобалт

58.42

Паладиум

46425.68

Рутениум

29192.88