Создавање и одржување предвидливо, стабилно и транспаретно финансиско опкружување е еден од приоритетите на Владата со цел приватниот сектор да се развива, граѓаните и компаниите да имаат доверба во институциите. Ова беше пораката на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во обраќањето на Ерсте инвеститорискиот појадок што се одржува во Скопје во организација на Ерсте групацијата и Шпаркасе банка. -Светската економија се наоѓа ...

Светот има нов „рецепт“ за брзо слабеење, но творците на овој лек јасно нагласиле дека тој сепак не е наменет за тоа – туку дека губењето на тежината е само последица од неговата употреба. Сепак, како и да е, од ѕвезди од шоу-бизнисот во Америка па сè до обичните луѓе, сите го посакуваа овој лек за да ослабат без мака. А иако слабеењето е очигледно, изгледа дека кај мажите се одразува и на друг план, бидејќи неколку мажи кои земаат Оземпик ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека, иако Унгарија обезбеди ослободување од американските санкции, Брисел сè уште го забранува увозот на руски енергетски производи од 2027 година. „Тие сакаат да ја продолжат војната и санкциите“, наведе Орбан во објава на Фејсбук, пренесува МТИ. Унгарскиот премиер оцени дека „луѓето во Брисел презедоа брзи мерки“. „Тие изјавија дека Унгарија е ослободена од американските санкции, но ...

Милиони бегалци и раселени лица ширум светот се подготвуваат за студена зима со многу помалку помош отколку во претходните години, соопшти Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР). Доминик Хајд од УНХЦР изјави дека, поради наглото намалување на помошта од Германија, САД и многу други земји, поддршката за бегалците оваа зима ќе биде „многу помала“. – Хуманитарните буџети се растегнати до крајни граници и зимската помош што ја нудиме ќе биде многу ...

Русија денеска ја осуди „провокацијата“ што ја презедоа Украина и Велика Британија за киднапирање на руски борбен авион МиГ-31 опремен со хиперсонична ракета Кинжал. Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) утрово објави дека спречила операција „на разузнавачките служби на украинското Министерство за одбрана и нивните британски тутори, чија цел била да киднапираат и насочат во странство авион МиГ-31 на руските вооружени сили што носел ...

Европската комисија започна со формирање на ново разузнавачко тело под водство на претседателката Урсула фон дер Лајен, во обид за поуспешно користење на информациите собрани од националните разузнавачки агенции, објави денеска „Фајненшл тајмс“. Единицата што ќе се формира во рамките на генералниот секретаријат на Комисијата планира да вработи службеници од целата разузнавачка заедница на ЕУ и да собира разузнавачки информации за заеднички ...

Претседателот на Чешка, Петр Павел, денеска во Соколов во дебата со ученици изјави дека не смее бесконечно да се толерира руското упаѓање во воздушниот простор на членките на НАТО и дека сојузниците некогаш ќе мора да соборат некој од тие борбени авиони, како што тоа своевремено го направи Турција. – Има народи на кои им е доволно да им се каже: немојте тоа да го правите, лошо ќе заврши. Во случајот на некои, мора лошо да заврши за да сфатат ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања за реформите во правосудството, изјави дека не може да се согласи на зголемување на плати на лица, за кои како што рече, немаат никаков рејтинг. -Реформите во судството се за зголемување на платите. Промената на шесте закони, главната реформа е да се зголемат платите. Следната година ние треба да вратиме 2 милијарди евра, некој што го направил претходно, и што не задолжил ...

Макроекономската слика за домашната економија укажува на отпорност и солиден економски раст, надолно приспособување на инфлацијата и претежно стабилна платнобилансна позиција, којашто обезбедува адекватно ниво на девизни резерви,посочи гувернерот д-р Трајко Славески, кој ги претстави најновите макроекономски проекции на Народната банка за периодот 2025 ‒ 2028 година пред дипломатскиот кор и пред претставниците на меѓународните институции. На ...

Претседателот на Општинската изборна комисија на Карпош (ОИК), Александар Мусалевски, денеска му го врачи Уверението за мандатот на градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и му посака успешна работа во управувањето со локалната самоуправа. Во оваа пригода, градоначалникот Лукровски им се заблагодари на сите членови на Општинската изборна комисија за добрата работа, а на советниците им го честиташе нивниот избор, при што им посака ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања во врска со конкретни чекори за решавање на проблемот со Бугарија, рече дека е подготвен да седне да разговара, но оти е познат ставот на Владата по тоа прашање, како и црвените линии. -Нашиот став е многу јасен, се знаат кои се црвените линии, ние сме ги опишале тие црвени линии многупати досега. Подготвени сме да седнеме и да разговараме, но не би било коректно некој да ...

Основниот кривичен суд – Скопје го одложи денешното судско рочиште за предметот што се однесува на злоупотребата на државните спортски ваучери, во кој се обвинети вкупно 12 лица, меѓу кои и двајцата поранешни директори на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и Наумче Мојсовски. Како што информираа од Основниот кривичен суд, судската постапка ќе продолжи во редовна процедура, а следното судско рочиште ќе се одржи според претходно ...

Месец октомври годинава бил постуден и надпросечно врнежлив, покажува анализата на УХМР врз основа на многугодишните просечни вредности. Средномесечната температура се движела од 6,7 степени во Маврово до 14 во Гевгелија. Споредено со просечните октомвриски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овој октомври бил постуден за 1,8 степени, на ниво на држава. Највисоката максимална температура, пак, е измерена на 24 ...

Годинава Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги поднело вкупно 174 кривични пријави против 361 физичко лице и 126 правни лица, што е за над три пати повеќе споредбено со минатата година кога биле поднесени 53 кривични пријави против 54 физички лица и 23 правни лица. Станува збор за откриени кривични дела меѓу кои царинска измама, криумчарење, недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дрога и фалсификување ...

Апсолутно ги отфрлам шпекулациите на опозицијата , изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање на изградба на нова спортска сала во ООУ„Блаже Конески“во Аеродром. -Ние како Влада сме единствени кои кога ќе забележат вакво девијантно однесување, одма реагираат. И тоа е вистинска борба против криминал и корупција. Тие кои се замешани се наоѓаат таму каде што треба да се најдат. Јас ја повикувам опозицијата да не се ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски со објава преку Фејсбук соопшти дека денеска ја потпишал одлуката за јавна набавка за изградба на првата фаза од првата подземна сообраќајница во Скопје – булевар „Македонија“, на потегот од под „Лимак“ до влезот на Кисела Вода. -По завршувањето на правната постапка, веднаш започнуваме со работа! Ова е проект што претставува вистински пресврт за централното градско подрачје, капитална ...

ОВЕН Ова може да биде интересен ден на работа, бидејќи ќе имате голема помош и некој кој може да делува како посредник помеѓу вас и важен колега. Добри моменти во емотивниот сегмент, фокусирани сте на партнерот, а тој на вас. БИК Денеска сте во променливо расположение и тешко ќе се фокусирате на обврските. Во моментов повеќе сте фокусирани на емотивниот сегмент бидејќи сакате да му посветите време на вашиот емотивен партнер. Исчистете некои ...

Станува очигледно дека Венко Филипче нема капацитет да ја обедини сопствената партија, да ја реформира а уште помалку да понуди визија за државата. Со освоени само 120 илјади гласа и 6 општини партијата е во длабока политичка и организациска криза, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Дека во СДС под водство на Филипче постојат длабоки поделби и несогласувања меѓу највисоките структури во раководството говори и фактот на одлив на кадри каде искусни партиски ...

Во Собранието денеска ќе заседаваат пет комисии – Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за финансирање и буџет, Законодавно-правната комисија и Комисијата за култура и туризам. На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог на законот за изменување на Законот за гранична контрола, во прво читање. На Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е ...

Скопје денеска одбележува 81 година од ослободувањето во Втората светска војна. Делегации од институции и организации ќе оддадат почит и ќе положат цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел на Алејата на заслужните граѓани и на споменикот „Ослободители на Скопје” на платото пред владината зграда. На овој ден традиционално, Град Скопје ја доделува наградата „13 Ноември“ на поединци и институции кои со својата работа придонеле за развојот и ...

Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени. Следува период на стабилно и суво време со ...

Во вчерашната емисија „Став на регионот“ на телевизија Њузмакс Балканс, гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој во фокусот го стави Буџетот за 2026 година со рекорден износ од 6,7 милијарди евра, при што нагласи дека се обезбедени повеќе средства за плати и пензии како и реална сума за капитални инвестиции, со кои државата ќе продолжи да се развива. -Тоа е документ којшто е реален и нуди решенија за проблемите на ...

Затвореници и луѓе кои биле во куќен притвор биле на платен список на „Комунална хигиена“, откри градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, откако претходно обвини дека имало низа злоупотреби во ова јавно претпријатие. Ѓорѓиевски од Финансиската полиција барал да се утврди не само индивидуална, туку и командна одговорност, односно, покрај лицата кои земале плата без да работат, да одговараат и оние кои ги потпишувале исплатите, како и ...

Многу од советите што ги слушаме за спиењето и несоницата всушност можат да се вратат како бумеранг, вклучувајќи го и тоа да не го користите телефонот и целосно да го исклучите кофеинот. Сите знаеме колку подобро се чувствуваме по добар ноќен сон. Науката го потврдува тоа: квалитетниот сон го подобрува кардиоваскуларното здравје, имунолошката функција, здравјето на мозокот и емоционалната благосостојба. Не е изненадувачки што многу луѓе ...

Мора да разговараме Мажите оваа фраза ја гледаат како навестување на можни проблеми. Дури и ако таа сака да разговара да излезат на ручек, самиот призвук на таа реченица укажува дека нешто не е во ред, па веќе на самиот старт се чувствуваат виновни. Мажите сакаат кога жените се директни, наместо да користат драматични воведи. Тој вака, тој онака… Признале или не, повеќето мажи се љубоморни, особено кога станува збор за жената што ја сакаат. ...

За здивот и потта Податоците покажуваат дека околу една третина од возрасните ширум светот имаат некаков вид на халитоза, т.е. здив со лош мирис. – На биолошко ниво, храната влијае на мирисот на нашето тело на два главни начина. Тоа се нашите црева и нашата кожа… Како прво – цревата. Додека храната се вари, бактериите во цревата ги разградуваат хранливите материи. Некои од овие хемиски реакции ослободуваат гасови – испарливи молекули што ...

Регионалниот суд во Минхен денеска пресуди дека американската „Опен-АИ“ (OpenAI) ги прекршила авторските права за девет популарни песни. Тужбата беше поднесена од „Групата за музички права – ГЕМА“ (GEMA). Германскиот Суд утврди дека американската компанија користела текстови на песни заштитени со авторски права за да го тренира својот генератор на јазични модели „Чет-ГПТ“ (ChatGPT) без потребната дозвола. „ГЕМА“ ја тужеше компанијата за ...

Близнаци Не е изненадувачки, Близнаците се неверојатно зборлести. Тие имаат страшни интереси и хобија и сакаат да го споделуваат со другите она што го знаат. Најзначајниот начин да се поврзете со Близнаците е преку долги разговори на идеи и теории. Овен Овните се возбудливи и сомнителни луѓе – ако имаат што да кажат, нема да се двоумат да го сторат тоа. Тие исто така сакаат да бидат слушнати, така што ќе продолжат да зборуваат ако се ...

Велика Британија ја суспендираше размената на разузнавачки информации со САД за бродови осомничени за трговија со дрога во Карипско Море, бидејќи не сака да биде соучесник во американските воени напади и верува дека нападите се нелегални, објави Си-ен-ен, повикувајќи се на неименувани извори. Велика Британија контролира голем број територии на Карибите, каде што се наоѓаат нејзините разузнавачки служби, со години им помага на САД да лоцираат ...

Маж е уапсен во Германија под обвинение дека повикувал на напади врз германски политичари и државни службеници, собирал донации во криптовалути за да плати за нивните убиства и објавувал инструкции за правење експлозиви, соопшти Обвинителството. Осомничениот – маж со двојно германско-полско државјанство, идентификуван како Мартин С. – е приведен синоќа во Дортмунд, соопшти федералното обвинителство. Тој е осомничен за финансирање терористички ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
93%
1003
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
85%
1002
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
91%
1003
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
100%
1001
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.67
97%
1003
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.59
97%
1003
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
3.58
80%
1005
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
87%
1005
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
100%
1004
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
1.03
97%
1002
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
3.09
91%
1001
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
86%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Бакар

11.69

Иридиум

221848.72

Калај

46.91

Сребро

2460.50

Платина

67162.91

Злато

159231.39

Цинк

3.25

Паладиум

546.56

Родиум

336779.07

Алуминиум

3.03

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04