Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Главното обвинителство во Истанбул изготви обвинение во случајот за создавање и раководење организирана криминална група од страна на поранешниот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, при што наведе вкупно 402 обвинети, од кои 105 се во притвор, и побара казна за Имамоглу од 828 до 2.352 години затвор, објави весникот „Хуриет“. Имамоглу беше приведен на 19 март под обвинение за корупција, а неколку дена подоцна општинскиот совет во ...
Група европратеници од редовите на десничарските и екстремно десничарските партии поднеле тужба против Европскиот парламент до Општиот суд при Судот на правдата на ЕУ, со тврдење дека не било почитувано нивното право за покренување истрага околу начинот на набавка на антиковид вакцини од страна на ЕУ. Во тужбата се оценува дека одлуката на Конференцијата на претседатели, што ја сочинуваат претседателката на Европарламентот, Роберта Мецола и ...
Британскиот министер за труд и пензии, Патрик Мекфаден, денеска изјави дека британскиот јавен сервис Би-Би-Си треба да се извини доколку направил грешки во врска со прилогот за американскиот претседател Доналд Трамп. – Би-Би-Си ќе мора да одговори на коментарите што ги изнесоа претседателот (Трамп) и неговите адвокати. Она што би го рекол е дека, кога Би-Би-Си прави грешки, треба да ги признае и да ги исправи, рече Мекфаден, пренесе „Скај ...
Израелскиот весник „Шомрим“ објави дека САД ја разгледуваат можноста да изградат голема воена база долж границата помеѓу Израел и Појасот Газа, која би имала клучна улога во идните меѓународни напори за стабилизација на регионот. Базата би можела да ја подобри способноста на САД директно да ги контролира настаните на терен во Појасот Газа. Според весникот, иако сите детали за овој план сè уште не се познати, можно е израелскиот премиер ...
На Филипини бројот на жртвите од тајфунот Фунон се искачи на 25, додека 29 се повредени, а двајца се водат како исчезнати, соопшти Националната служба за цивилна заштита. Најголем број – 19 загинаа во административниот регион Кордилера, тројца во Кагајан, додека по еден се пријавен во Бикол, Западен Висајас и Источен Висајас. Супер тајфунот погоди повеќе од 2,4 милиони луѓе. Претседателот на Филипини, Фердинанд Маркос помладиот нареди ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа изјави дека неговата администрација соработува со Израел со цел земјата да постигне добар договор со Сирија, чиј претседател, Ахмед ал-Шара, вчера беше примен од него во Белата куќа. „Луѓето велат дека ал-Шара имал тешко минато. Сите ние сме имале тешко минато“, им рече Трамп на новинарите, осврнувајќи се на сирискиот претседател, кој до неодамна беше на црната листа на терористи на Вашингтон, ...
Американските сенатори доцна синоќа постигнаа привремен договор со кој треба да се стави крај на буџетската парализа што трае веќе 40 дена и која блокираше дел од јавните услуги, јавија американските медиуми. Но, ситуацијата дополнително се искомплицира денеска со заканата на американскиот претседател Доналд Трамп до контролорите на летови кои не доаѓаат на работа затоа што не примаат плата. За потсетување, минатата недела беа откажани ...
Претседателот на Одборот на Би-Би-Си, Самир Шах, официјално се извини за начинот на кој бил уреден говорот на американскиот претседател Доналд Трамп во документарецот „Панорама“, нарекувајќи го тоа „грешка во проценката“, додека Трамп најави и правна акција. Извинувањето доаѓа по силни критики и протекувањето на интерна белешка, која доведе до оставки на генералниот директор на Би-Би-Си и извршната директорка на вестите, Дебора Тернес. ...
На конструктивниот состанок со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола и претседавачката со Советот на ЕУ, данската премиерка Мете Фредериксен постигнавме „солидно разбирање“ за предлозите за Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ за периодот 2028-2034 година, како и јасен пат напред, информира претседателката на Европската комисијата, Урсула фон дер Лајен. – Ги разјаснивме и зајакнавме нашите цели во три клучни области: ...
Косовската Централна изборна комисија (ЦИК) соопшти дека нема буџет за организирање евентуални предвремени парламентарни избори поради парламентарните и локалните избори што се одржаа оваа година, објави весникот „Коха Диторе“. Двата изборни процеси, кои се одржаа на 9 февруари (парламентарни), 12 октомври (прв круг локални) и 9 ноември (втор круг локални), го чинеа косовскиот буџет речиси 18 милиони евра, забележува изданието. Од ЦИК ...
Во рамки на иницијативата „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска се сретна со градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков и членовите на Советот на општината. На средбата се разговараше за клучните активности на Министерството, тековните и идните развојни проекти на општината, како и за можностите за поддршка со цел унапредување на квалитетот на живот на граѓаните. Министерот Перински пред ...
Вчера во 12:30 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Радовиш, патничко возило „шевролет“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од С.Д.(72) од Радовиш, удрило во пешакот С.Г.(66) од Радовиш, по што возачот со возилото го напуштил местото, но потоа самиот се вратил. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Г., констатирани во Здравствен дом Радовиш, а увид на местото изврши екипа ...
На 11.11.2025 во 16:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода В.Ч.(42) од Австрија. При гранична контрола и преглед на патничко возило со австриски национални ознаки, кое го управувал, во неговиот личен багаж е пронајдена и одземена марихуана. Тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна ...
„Следната фаза во јакнењето на националната сајбер безбедност е изградбата на новиот Владин Центар за одговор на сајбер инциденти – GOVCIRT“, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на форумот „Технологии и добри практики во сајбер безбедноста. Искуства од Република Италија“, одржан денеска во Скопје. На настанот присуствуваа претставници од италијанските институции и компании, како и експерти и претставници од ...
Водена од желбата за заштита на Преспанското Езеро, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, вчера од општината Ресен ја започна серијата на посети на македонските градови и села. Пред неа и пред градоначаналникот Јован Тозиевски, на дебатата во Отешево, повеќе од 15 претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање, УНДП, невладиниот сектор и други државни и локални институции ги образложија причините за алармантното ...
Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица, а беа повредени околу 200, ќе започне на 19 ноември во судницата на КПУ Идризово. Случајот опфаќа 38 обвинети – 35 физички и три правни лица. Судењето ќе се води со темпо од две рочишта неделно, а првичните термини се закажани за 19, 25 и 26 ноември. Судот ќе преземе засилени безбедносни мерки, вклучително и присуство на лекарска екипа. Надлежните ...
Се бара решение за 550-те вработени во подружницата на руската компанија „Лукоил“ во Македонија откако од овој енергетски гигант одлучија да го продадат имотот во странство по санкциите за нафта што ги воведе американскиот претседател. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски денеска изјави дека треба да и се даде шанса на Лукоил Македонија и дека може да се снабдува со деривати од други земји. – Имав ...
Процесот на привлекување странски инвестиции го работиме заеднички и координирано како тим со Агенцијата за странски инвестицији, Дирекцијата за технолошки и индустриски развојни зони, Канцеларијата на председателот на Владата и дипломатско конзуларните претставништва, истакна денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа кој колку инвестиции донел во државата или ...
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски е убеден дека Скопје и останатите општини во соработка со Владата ќе почнат да се справуваат со отпадот на многу подобар и поцелисходен начин. – Скопската депонија „Дрисла“ е во исклучително лоша состојба и силно ќе се залагаме таа да се трансформира по примерот на другите современи европски, регионални центри за обработка и третман на отпад. Максимално треба да се заложиме за селектирање на отпадот и ...
Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, изјави дека поразот на Социјалдемократскиот сојуз на локалните избори предизвикал сериозна криза во партијата, а процесот на консолидација под водство на Венко Филипче не дава резултати. Според Манасиевски, јадрото на СДС продолжува да се распаѓа по, како што вели, „катастрофалниот резултат“ на изборите, на кои партијата освоила околу 120.000 гласови и само шест општини. „СДС ...
Ударниот и најмодерен носач на авиони Џералд Форд, придружуван од друга флота, според изјавите на американските официјални лица од вчера е преместена во регионот на Латинска Америка со што драматично се засилува военото присуство и се продлабочува напнатоста со Венецуела. Венецуела од друга страна распоредува опрема, вклучувајќи и децении старо оружје од руско производство и планира да организира герилски отпор во случај на американски ...
Овен Пристапете се чекор по чекор денес, бидејќи тоа е како да се движите низ минско поле! Ситуацијата на работа се заканува да експлодира, а со партнерот треба да бидете внимателни бидејќи имате преголеми очекувања и може да се разочарате. Пазете се од повреди ако планирате да спортувате барем рекреативно. Бик Дневниот хороскоп предвидува дека сте преокупирани со некој проблем во куќата за чие решавање ќе бидат потребни финансиски вложувања. ...
СДС е во целосен распад по дебаклот на локалните избори, а кадровските промени кои ги најавува Филипче пропаѓаат уште пред да почнат. Никој не сака да биде дел од неговата губитничка, арогантна и компромитирана клика, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија додаваат дека никој повеќе не сака да се идентификува со политиките на кланот Заеви и Филипче, кои СДС од државотворна партија, ја претворија во симбол на порази, поделби, лични ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а прептладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени Целзиусови. Во Скопје, преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер, а претпладне во делови од котлината со ...
Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека веќе имал состанок со претставници на Финансиската полиција, откако државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вчера побара од него да пријави доколку располага со докази за злоупотреби во градските јавни претпријатија. Ѓорѓиевски изјави за МТВ1 дека не може да открива детали во интерес на истрагата, но нагласи дека стои зад сите информации што досега ги обелодени во јавноста. Тој ...
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“(Сл.весник на Р.М. бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18 и 191/18), и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Македонија“бр.70/19, 98/19, 302/20, 122/21, 33/24, 208/24 и 193/25), возилата кои учествуваат во јавен ...
Раперот Шон „Диди“ Комбс, кој беше осуден на повеќе од четири години затвор поради обвиненија за проституција, ги минува своите први денови во федералниот затвор „Форт Дикс“. Диди, имено, работи во затворската капела и посетува програма за лекување од дрога, покажуваат затворските записи. Како што пренесува „Си-би-ес“ (CBS), Комбс, исто така, се соочува со дисциплински мерки за недозволен телефонски повик, што може да води до привремено ...
Барање дефинитивен крај Многу луѓе се обидуваат да го затворат кругот со својот бивш преку разговор, но тоа често само го одложува процесот на закрепнување. Важно е да се прифати дека врската не успеала и дека крајот бил неопходен. Претерано следење на вашиот бивш на социјалните медиуми Светот на социјалните медиуми денес овозможува постојан увид во животот на бившите. Премногу следење на нивните активности може да го продолжи страдањето и да ...
На својата страница, американската компанија „Опен-АИ“ (OpenAI) ги предупредува корисниците на „Чет-ГПТ“ да не споделуваат чувствителни и доверливи податоци. Истото им го препорачува и „Гугл“ (Google) на корисниците на неговиот четбот „Џемини“. Додека многу корисници на „Чет-ГПТ“ и другите четботови веќе бараат помош за сè – од совети за брак и претворање слики од нивните миленици во човечки ликови до пишување професионални е-пораки, ...
Овен – Нестрпливост Импулсивни се и брзо „пламнуваат“ ако нешто не им оди по план. Бик – Тврдоглавост Тешко прифаќаат промени и ретко ја менуваат еднаш донесена одлука. Близнаци – Недоследност Започнуваат многу работи, но брзо го губат интересот и ретко довршуваат. Рак – Злопамтила Премногу долго ги паметат неправдите и тешко простуваат. Лав – Постојана потреба за внимание Желбата за признание лесно преминува во зависност од пофалби. Девица – ...