Бангкок, 16 мај 2026 (МИА) – Најмалку осум луѓе загинаа, а 25 се повредени откако автобус се судри со товарен воз во Бангкок. По судирот избувнал пожар, а огнот зафатил и неколку автомобили. Пожарникари и спасувачки екипи се на местото на несреќата. Според пожарникарите во судирот учествувале воз, автобус, автомобили и мотоцикли. ми/ фото: ЕПА Бангкок, 16 мај 2026 (МИА) – Најмалку осум луѓе загинаа, а 25 се повредени откако автобус се судри ...

Фритаун, 16 мај 2026 (МИА) – Министерот за надворешни работи на Сиера Леоне, Тимоти Каба изјави дека земјата ќе прими стотина западноафрикански мигранти депортирани од САД. Тој додаде дека тоа е во согласност со потпишаниот билатерален договор за миграциска политика помеѓу Фритаун и Вашингтон, со кој се предвидува Сиера Леоне да прифати до 300 мигранти депортирани од САД, но максимално 25 лица месечно. Првиот лет со депортирани мигранти во ...

Техеран, 16 мај 2026 (МИА) – Државната иранска телевизија објави дека европски држави преговараат со Иран, за да добијат дозвола за минување низ Ормуска Теснина. - Откако бродови од источноазиските земји, меѓу кои Кина, Јапонија и Пакистан, поминаа низ Ормуска Теснина, денеска добивме информација дека Европејците започнале преговори со поморските сили на Корпусот на Исламската револуционерна гарда за минување низ Ормуска Теснина, јави ...

Абуџа, 16 мај 2026 (МИА) – Сенаторот на нигерискиот округ Борно југ, Али Ндуме изјави дека денеска се киднапирани 42 ученици, од кои 32 деца биле одведени од училиштето, а другите 10 од нивните домови, кои се наоѓаат во близина на училиштето. Вооружени мажи вчера киднапираа непознат број на ученици од основно и средно училиште во локалната самоуправа Аскира-Уба за време на настава. Ниту една група нема преземено одговорност за вчерашното и ...

Москва, 16 мај 2026 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Кина на 19 и 20 мај на покана на кинескиот претседател Шји Џинпинг, соопшти денеска прес-службата на Кремљ. За време на посетата, Путин и Шји ќе разговараат за билатералните односи меѓу Москва и Пекинг, како и за меѓународни прашања, а планирано е да потпишат заедничка изјава и неколку договори, објавија руските медиуми. Како што е наведено, двајцата лидери ќе ...

Москва, 16 мај 2026 (МИА) – Украинско беспилотно летало се урна во близина на енергетските единици на нуклеарната електрана Запорожје, над која контрола има Русија. При уривањето не дошло до детонација на дронот, а нуклеарната централа продолжи со работа. Во нападот никој не е повреден ниту е предизвикана материјална штета. ми/ фото: МИА архива Москва, 16 мај 2026 (МИА) – Украинско беспилотно летало се урна во близина на енергетските ...

Париз, 16 мај 2026 (МИА) – Француски судија е именуван да ја води истрагата за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, соопшти денеска француското Национално обвинителство за борба против тероризмот (ПНАТ). Согласно француските закони, на судиите им е дозволено да истражуваат одредени тешки злосторства сторени против странски државјани во странство. Именувањето на судија уследи по пресудата од 11 мај на Апелацискиот суд во Париз, со ...

Берлин, 16 мај 2026 (МИА) – Две лица загинаа кога мал авион денеска се урна во населба во градот Лимбургерхоф, југозападна Германија. Според досегашната истрага, во несреќата загинале две лица, а нема информации за повредени жители на Лимбургерхоф. Германските медиуми јавија дека авионот експлодирал во воздух, а остатоци од леталото паднале „на поголемо подрачје околу местото на несреќата“. ми/ фото: МИА архива Берлин, 16 мај 2026 (МИА) – ...

Берлин, 16 мај 2026 (МИА) – Германскиот производител на автомобили Мерцедес размислува да произведува оружје. - Светот стана уште понепредвидлив и затоа Европа мора да го прошири својот одбранбен профил. Подготвени сме ако можеме да имаме позитивна улога во овој процес, изјави извршниот директор на Мерцедес Бенц, Ола Керлениус. Тој наведе дека автомобилската индустрија е позната по производство на „висококвалитетни прецизни машини“ и затоа е ...

Рим, 16 мај 2026 (МИА) – Седум луѓе се повредени откако автомобил со голема брзина удри во случајни минувачи во центарот на италијанскиот град Модена. Возачот на автомобилот е приведен и според полицијата нема други опасности. Претходно, италијанските медиуми објавија дека автомобилот откако се залетал во луѓето удрил во излог на продавница, а потоа возачот избодел еден човек, кој се обидел да го запре. ми/ фото: Икс Рим, 16 мај 2026 (МИА) – ...

Виена, 16 мај 2026 (МИА) – Неколку илјади луѓе денеска протестираа на улиците на Виена поради учеството на Израел на Избор на песна за Евровизија. Тие го обвинија организаторот на Евровизија за лицемерство бидејќи дозволил учество на Израел, а на Русија и беше откажано учеството во 2022 година поради инвазијата врз Украина. Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Слободна Палестина“ и „Блокирајте ја Евровизија“. Шпанија, Холандија, ...

Белград, 16 мај 2026 (МИА) - Вишиот суд во Белград денеска му одреди 30-дневен притвор на Веселин Милиќ, осомничен дека извршил неколку кривични дела како началник на Полициската управа за градот Белград со цел да го прикрие стореното кривично дело тешко убиство во обид во ресторан во Сењак на 12 мај. Тој е приведен за да не се уништат, сокријат, изменат или фалсификуваат докази или траги од кривично дело, како и да не се попречува постапката ...

Мостар, 16 мај 2026 (МИА) - Високиот меѓународен претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, во интервју за Face TV од Сараево, ги негираше тврдењата дека американските дипломати му се заканиле дека ќе го стават на црна листа доколку не се повлече од функцијата. Шмит минатиот викенд објави дека се повлекува од функцијата прв човек на меѓународен надзор над Босна и Херцеговина, а во вторникот тоа го потврди и во дебата пред Советот за ...

Анкара, 16 мај 2026 (МИА) – Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Анкара ќе продолжи да поттикнува силна регионална соработка, да ги зајакнува одбранбените способности и да го обнови дипломатскиот ангажман со сојузниците во НАТО и во Европска Унија. Тој осврнувајќи се на американско-израелските напади врз Иран, истакна дека прво мора да биде запрен Израел. - Прво треба да бидат неутрализирани израелските провокации, а ...

Тирана, 16 мај 2026 (МИА) - Албанија официјално стана дел од Центарот за кооперативна киберодбрана на НАТО (NATO Cooperative Cyber Defence Centre of Excellence - NATO CCDCOE) со седиште во Талин, Естонија. - Членството на Албанија беше формализирано со церемонијата на кревање на знамето во седиштето, со што Албанија се приклучи на центарот заедно со Финска и Шведска. Со тоа бројот на земји-членки и партнери на оваа меѓународна мрежа на ...

Тирана, 16 мај 2026 (МИА) - Меѓурелигискиот совет на Албанија организираше симпозиум на тема „Заедно за семејството: Меѓурелигиски и институционален дијалог“, на кој покрај лидерите на верските заедници во земјата, учествуваa и претставници на институции, на младински и невладини организации. - Во својот поздравен говор, претседателот на Муслиманската заедница на Албанија, Бујар Спахиу, пренесувајќи го заедничкиот став на верските лидери во ...

Атина, 15 мај 2026 (МИА) - Утврдивме дека мора да соработуваме бидејќи се работи за енергетика, се работи за стабилноста на снабдувањето за нашите граѓани, затоа оваа соработка мора да продолжи и да се продлабочи - нагласи министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во разговор со дописничката на МИА од Атина по завршувањето на првиот квадрилатерален министерски состанок, на кој, освен нашата земја и домаќинот ...

Скопје, 16 мај 2026 (МИА) - Нам од Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ ни е јасно дека игрите на среќа редовно стануваат тема пред секои редовни или вонредни избори. Речиси сите политички партии служејќи се со популизам се обидуваат да печалат политички поени со радикални предлози за дислокација, намалување или целосно затворање на легалните објекти за игри на среќа. Притоа, никој од предлагачите не кажуваат, ...

Скопје, 16 мај 2026 (МИА) - По признанијата на Христијан Мицкоски, Тимчо Муцунски, Гордана Сиљановска дека Преспа е ремек-дело на дипломатијата, дека јазикот, културата и македонскиот националент идентитет се апсолутно заштитени и дека НАТО е нешто најдобро што Македонија го добила бидејќи обезбедува апсолутна безбедност и создава клима за инвестиции, остануива фактот дека Мицкоски и неговата криминална организација не направија ништо на ...

Скопје, 16 мај 2026 (МИА) - Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН го предлага истиот закон за игри на среќа, со истото ограничување од 500 метри, кое додека беа во опозиција го нарекуваа „смешно“ и недоволно. Токму сегашниот вицепремиер Изет Меџити во 2023 година јавно изјави дека растојанието од 500 метри од училиштата и верските објекти е „смешно“ и најавуваше амандмани со кој сите казина ќе бидат најмалку 3 километри од населените места, ...

Скопје, 16 мај 2026 (МИА) - Зоран Заев и Венко Филипче ги избришаа одлуките на АСНОМ со кои е конституирана модерната македонска држава, за нив националното понижување е гордост, изјави денеска Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, стои во партиското соопштение, што МИА го пренесува интегрално. Заев и Филипче ги избришаа одлуките на АСНОМ, го променија знамето, името на државата, а сега на ред им се јазикот, идентитетот, културата и ...

Скопје, 16 мај 2026 (МИА) - По однос на скандалозната одлука на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, мазут вреден 167 милиони евра, може да констатираме дека таму функционира еден тандем. Тандемот се обвинителите Абази и Коларевиќ коишто се нешто како коалиција ДУИ-СДС, но не во собраниските клупи, туку во обвинителството за криминал и корупција, изјави денеска на прес-конференција членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и ...

Скопје, 16 мај 2026 (МИА) - Бидејќи по вчерашната прес-конференција на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, немаше никаков одговор од раководството на СДСМ, денес повторно ги прашуваме Венко Филипче и СДСМ: Зошто молчат за фирмите и деловните релации во Бугарија? Молкот на СДСМ и Венко Филипче само дополнително ги засилува сомнежите во јавноста дека зад нивните политики и ставови не стои никаква принципиелна борба за европска иднина, туку заштита ...

Скопје, 16 мај 2026 (МИА) - Додека во Унгарија започнува истрага за огромниот договор на Орбановата влада со компанијата 4iG (1,3 трилиони форинти), во Македонија Мицкоски и неговата криминална група продолжуваат да молчат, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Се сеќавате ли дека Мицкоски одеше туристички во Давос каде имаше само еден состанок? Се сретна токму со претставниците на 4iG? Имаше уште еден состонок, за ...

Скопје, 16 мај 2026 (МИА) - Поддршката за малите бизниси и домашните претприемачи добива конкретна форма преку мерки кои директно помагаат во економскиот развој и зголемувањето на конкурентноста. Министерството за економија и труд објави јавен повик со 11,34 милиони денари за микро, мали и средни претпријатија и занаетчии, преку кој ќе се кофинансираат до 40 проценти од трошоците за нови машини и алати, до 200 илјади денари по апликант, стои ...

Скопје, 16 мај 2026 (МИА) - Додека владата нема пари за повисоки плати, нема пари за пензии ниту за мерки за граѓаните во криза фрчат тендери со милионски суми за едни исти фирми блиски до ВМРО-ОКГ. Шемата е добро позната и разработена. Ова е корупциски систем во кој едни исти фирми добиваат сè. На локално ниво. На централно ниво. Во институциите, општините, сите раководени од кадри на ВМРО-ОКГ, изјави денеска на прес-конференција Јон ...

Скопје, 16 мај 2026 (МИА) - ЗНАМ се распаѓа по сите нивоа, ја одработи својата задача за која беше формиран. Финансиран од Мицкоски и организиран од Максим Димитриевски, подобро да одговори зошто Филков не ги испрати документите за екстрадиција на Груевски, наместо што води оваа бесмислена кампања за дефокус од Реформската агенда - стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Остануваат уште само 15 дена до уште еден, од ...

Скопје, 16 мај 2026 (МИА) - Кулминираше најголемиот корупциски скандал во Куманово. Додека јавниот обвинител си се слуша со премиерот Мицкоски и ништо не презема, си врват бизнисите на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ. Советот на општина Куманово на вчерашната седница со 17 гласа ЗА донела скандалозна одлука за измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од УЕ Тоде Мендол, (дел од УБ63 плански опфат) каде што се парцелите од скандалот ...

Скопје, 16 мај 2026 (МИА) - Кога нешто зборува СДС, добро е да ги согледаат сите факти и јавно да им ги презентираат на македонската јавност. Политиката не е шведска маса, па да бираш што ти се допаѓа да земеш и за тоа да зборуваш, а што не ти се допаѓа да ставиш под тепих. Политиката и јавните настапи се сериозна и одговорна работа, која бара доследност и јавно презентирање на фактите. Во тој контекст, кога СДС одлучи од шведската маса да ...

Скопје, 16 мај 2026 ДУИ е распадната партија. Не може да се опорави од казната што Албанците ѝ ја испорачаа на избори. Затоа сега го прави истото што го правела секогаш кога ѝ гори под нозе. Го фрла каменот, па ја крие раката. По 20 години власт врз грбот на Албанците, со истите вечни фотелјаши на чело, оваа партија сега ги засука ракавите како очајна по власт. Како лицемери што се, заедно со неколку „студенти“ вовлечени во нивната валкана ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
4.54
23%
1015
weather icon

Белград

33ᴼ / 32ᴼ
2.24
48%
1016
weather icon

Загреб

35ᴼ / 35ᴼ
1.93
38%
1015
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
3.63
50%
1020
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
3.42
33%
1018
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 28ᴼ
1.7
71%
1017
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
5.36
45%
1015
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
2.6
51%
1015
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
0.36
34%
1015
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 31ᴼ
2.25
32%
1018
weather icon

Будимпешта

38ᴼ / 37ᴼ
1.34
28%
1015
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
7.49
99%
1019
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Алуминиум

3.20

Бакар

12.33

Злато

131072.82

Сребро

1902.84

Калај

50.56

Паладиум

38195.09

Родиум

249168.29

Цинк

0.00

Платина

51923.46

Иридиум

233896.68

Рутениум

49029.89

Кобалт

56.29