Атина, 15 мај 2026 (МИА) - Проширување на Вертикалниот коридор со нашата земја и Србија, енергетската поврзаност и енергетската безбедност во регионот, како и зајакнување на регионалната соработката, беа во фокусот на првиот квадрилатерален министерски состанок во Атина со учество на надлежните министри од нашата држава, Бугарија, Србија и домаќинот Грција - јави дописничката на МИА од Атина. Состанокот, прв од ваков тип, се одржа ...

Скопје, 15 мај 2026 Венко Филипче, кој место со победа на избори на власт сака да дојде со предавства и отстапки за националниот идентитет, стана поголем негатор и од најголемите негатори на Македонија, бугарските власти, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Филипче го фатил патот на Зоран Заев и како пиун на Румен Радев е спремен да потпише нови капитулации за Македонија и македонскиот народ, во надеж ...

15 мај 2026 Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во синоќешното гостувања во „Ноќно студио“ на „4ТВ“ дискутира и за можноста од евентуални предвремени избори, при што истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за нив кога и да се одржат во согласност со анкетите што укажуваат на несомнената доверба што партијата ја ужива од страна на граѓаните, а државниот интерес е реализација на инвестиции и програми на кои е посветена Владата, се вели во ...

15 мај 2026 Малцинствата не се странци. Малцинствата се наши комшии, наши пријатели, наши другари, брачни партнери, колеги и сограѓани, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци, Хрвати па и Бугари како малцинска заедница - сите се македонски државјани. Прашањето за малцинствата не е бугарско прашање. Тоа е европско прашање. Ние преговараме со Европската Унија, а не со ...

15 мај 2026 -Што се однесува до законот со којшто се избриша техничката влада, но не за следните избори, туку за оние што ќе се случат после нив. Сметам дека аспсолутно тука СДС не е оштетна како партија, бидејќи на следниве парламентарни избори коишто следуваат, во техничката влада ќе влезат токму луѓе коишто ќе дојдат како предлог од СДС, дури за наредните после нив зборуваме дека нема да има техничка влада, впрочем за тоа и од Брисел имаме ...

Скопје, 15 мај 2026 Во изминатиов период од неколку дена гледаме дека случајот „Мазут“ доживеа една тивка амнестија со одлуката на ЈО ГОKК да се прекине истрагата за овој предмет, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ кое МИА го пренесува интегрално. Заклучокот е јасен. Иако јавноста е изненадена на непријатен начин, сепак главниот обвинител во ЈО ГОKK, Ислам Абази, веројатно има лична и политичка концесија кон Ахмети, Заев и Филипче, како ...

Скопје, 15 мај, 2026 Заев започна со бришење на терминот „македонски’’ од сите државни институции, а сега неговиот потрчко и чувар на фотелјата во СДС, Венко Филипче е спремен на тоа празно место да напише „северномакедонски’’, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес - конференција, стои во соопштението од Центар за комуникации на партијата, што МИА го пренесува интегрално. Само СДС и Филипче немаат проблем ...

Скопје, 15 мај 2026 Секојдневно сме сведоци на булинг, физички пресметки, закани и инциденти со ладно оружје во училиштата и ученичките домови. Ова повеќе не се изолирани случаи, туку сигнал дека системот за превенција потфрла, а Министерството за образование и наука не презема активности во заштитата на учениците и безбедноста во училиштата. Нема ниту стратегија, ниту системска реакција, изјави Јованче Манасков, претседател на Комисијата за ...

Скопје, 15 мај 2026 Повеќе од јасно е дека раководството на СДСМ води политика што создава сомнеж во јавноста дали воопшто партијата ги застапува македонските национални интереси или работи во полза на туѓи агенди и наративи, се вели во соопштението од ЗНАМ, што МИА го пренесува интегрално. СДСМ со години наназад води политика на национални отстапки, релативизирање на македонскиот идентитет и поткопување на државните позиции. Се започна од ...

15 мај 2026 По падот на режимот на Орбан, новиот премиер Питер Маѓар презема акции и ја ослободува земјата од корупција и од орбановата пропагдандна машинерија, се наведува во соопштението од прес - конференцијата на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор, што МИА го пренесува интегрално. Додека орбановите пропагдни телевизии, меѓу кои и ТВ2 признаваат јавно дека објавувале лажни вести за опозицијата се највува ...

15 мај 2026 Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, на гостувањето во дебатната емисија „24 Анализа“ се осврна и на лажниот патриотизам на власта, оценувајќи дека зад таквата реторика се кријат политички манипулации и недоследности во однесувањето на владејачката гарнитура, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. -Она што мистериозно исчезна од Собранието е идејата, предлогот на Мицкоски за ...

15 мај 2026 Наместо Филков конечно да ги испрати документите за екстрадиција на Никола Груевски, ЗНАМ организира прес-конференции за да продолжи со пропагандата на криминалната група ВМРО, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Доволно е со дефокусот. Граѓаните не ги интересираат вашите дневни шоуа и нови теории на заговор. Граѓаните бараат одговор: Дали документите за екстрадиција на Груевски се испратени или ...

15 мај 2026 Христијан Мицкоски денеска повторно се обидува да ја префрли вината на СДСМ за сопственото нефункционирање. Реалноста е следнава: • Тој сам ја укина Техничката влада. • Тој рече дека „СДСМ не му треба“. • Тој вети дека до 1 јуни ќе ги заврши сите точки од Реформската агенда. Сега, кога не успеа да исполни ништо, повторно бара „разум од СДСМ“. Основниот услов за продолжување на преговорите со ЕУ е внесување на малцинствата во ...

15 мај 2026 За првпат по многу години, државата го става интересот на граѓаните пред интересот на коцкарската индустрија. Владата презема конкретни чекори за воспоставување ред, одговорност и вистинска заштита за семејствата, младите и иднината на нашето општество, се наведува во соопштението од ВРЕДИ што МИА го објавува интегрално. Новиот закон за игрите на среќа не е само мерка против казината. Овој е закон во заштита на албанското ...

Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Во Буџетот на Општина Центар за годинава се издвоени околу четири милиони денари како финансиска поддршка за новороденчиња од кои досега исплатени се 696.681 денар. - Семејството е темел на нашето општество и затоа континуирано вложуваме во мерки што директно го олеснуваат секојдневието на секој родител. Ги повикувам сите што имаат принова, да се пријават и да ја искористат поддршката за новороденче, истакнува ...

Дебар, 15 мај 2026 (МИА) - Македонско друштво „Илинден“-Тирана, денеска одбележува единаесет години од приемот за рамноправен член на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), највисоката малцинска организација во Европа. -Нашето друштво стана прво друштво од Република Албанија рамноправен член на ФУЕН на конгресот што се одржа на 15 мај 2015 година во Комотини, Грција. Од тогаш до денес, дава голем придонес во евидентирањето и ...

Скопје, 15 мај 2026 (МИА) – Општина Ѓорче Петров започна со реализација на пилот-проект за селекција на отпад, со цел подигнување на еколошката свест и унапредување на одржливото управување со отпадот на локално ниво. Како што е наведено во соопштението на Општината, во рамки на проектот се доделуваат канти за пластична (ПЕТ) амбалажа на 60 домаќинства, со цел подигнување на еколошката свест и унапредување на одржливото управување со отпадот ...

Гевгелија, 15 мај 2026 (МИА) - Општина Гевгелија од 17 до 20 мај со повеќе духовни, културни и музички настани ќе го одбележи Вознесението Христово – Спасовден, празникот-заштитник на Гевгелија. Од Општината информираат дека во соработка со ЈОУ Дом на култура „Македонија“ е подготвена четиридневна програма под наслов „Спасовден 2026“. Манифестацијата „Спасовден 2026“ започнува во недела од 18 часот со концерт на духовна музика во манастирот ...

Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Општина Аеродром, во соработка со компанијата ЕКОТИП, воведе современа Tersano SAO® технологија за чистење, дезинфекција и дезодорирање во сите објекти на детската градинка „Буба Мара“, со што се поставуваат нови стандарди за хигиена, безбедност и грижа за здравјето на децата. Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко ...

Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Финализирани се градежните активности за реконструкција на улицата „Жил Верн“ во Општина Кисела Вода. Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска изврши увид во завршениот проект и финалното асфалтирање, кое значително ќе ја подобри сообраќајната безбедност и квалитетот на живеење во овој дел од општината. Со проектот е извршена целосна реконструкција на коловозот и тротоарите во должина од 215 метри. Од ...

Штип, 15 мај 2026 (МИА) - Во Секторот за внатрешни работи (СВР) - Штип, утринава, во 4.24 часот, од вработените во Клиничката болница - Штип било пријавено дека кај нив било донесено мртво новороденче, кое неговата 25-годишна мајка Ѓ. У. од село Конче, Радовишко, го родила во домот. - Лекар констатирал смрт, а мајката била сместена на Одделението за гинекологија во Клиничката болница - Штип. Полициски службеници излегле на местото и бил ...

Куманово, 15 мај 2026 (МИА) - Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, со поддршка на Владата и Министерството за спорт, денеска во Спорстката сала во Куманово се одржува караванот „Денови на спортот“, дел од „Плазма спортските игри за млади“, најголемата аматерска спортска манифестација во Европа, која за првпат се организира во Македонија. На зонското првенство учествуваат над 300 ученици од основните училишта од ...

Дебар, 15 мај 2026 (МИА) - Нови мерки за поддршка на учениците воведува Општина Маврово и Ростуше, овој пат за оние во Средното општинско училиште „Маврово-Ростуше" во Ростуше. Мерките ги соопшти градоначалникот Онер Јакупоски, кој денеска присуствуваше на настанот „Ден на отворени врати“ во организација на СОУ „Маврово-Ростуше". -Настанот предизвика голем интерес кај учениците од деветтите одделенија и нивните родители од сите основни ...

Кичево, 15 мај 2026 (МИА) - Во Кичево ќе се гради претоварна станица по сите светски стандарди, а не депонија, појасни денеска градоначалникот Александар Јовановски. Одговарајќи на новинарски прашања по извршениот увид на неколку капитални проекти заедно со премиерот Христијан Мицкоски, нагласи дека многу е важно граѓаните да знаат оти претоварната станица ќе биде хортикултурно уредена, заградена, асфалтирана, ќе нема отпадни води и ...

Куманово, 15 мај 2026 (МИА) - Повеќе од половина од проектот за поставување систем за греење и ладење во реконструираната спортска сала во Куманово е реализиран, информираше градоначалникот Максим Димитриевски. Тој посочи дека во тек е постапката за доуредување на објектот и негово целосно ставање во функција, при што видеонадзорот во салата е веќе целосно поставен, а работите за греењето и ладењето се одвиваат согласно проектот финансиран ...

Скопје, 15 мај 20926 (МИА) - Општина Ѓорче Петров активно ја започна реализацијата на проектот „Заедничка соларна градина“, кој претставува една од првите конкретни локални иницијативи за создавање енергетска заедница во Република Македонија. Соларната градина, како што информираат од Општина Ѓорче Петров , ќе биде поставена во дворот на ООУ „Димитар Поп Георгиев-Беровски“ и ќе овозможи производство и користење на обновлива енергија преку ...

Камбера,13 мај 2026 (МИА) - Катаклизмичната вулканска ерупција е една од најнасилните и најуништувачки појави што може да ги приреди нашата планета. Огромни облаци од пепел и гас се шират во атмосферата, додека жешката растопена карпа се издига и се тркала по површината, уништувајќи сè пред себе. Но, вулканите можат да бидат и корисни. Нивните ерупции можат да создадат дел од најплодните земјоделски површини на планетата, да изградат нови ...

Лондон, 14 мај 2026 (МИА) - Британската кралица-сопруга Камила ја носеше државната дијадема „Џорџ IV“ - едно од најубавите парчиња во британската кралска колекција накит, за време на говорот на кралот Чарлс III на свеченото отворање на Парламентот. Ова е третпат како кралицата Камила ја носи круната на свечено отворање на Парламентот, откако претходно ја носеше и на отворањето на британското собрание во 2023. и 2024 година, објави „ГБ њуз (GB ...

Пекинг, 14 мај 2026 (МИА) – На билатералниот состанок на претседателите на Соединетите Американски Држави и Кина, Доналд Трамп и Шји Џјинпинг во Пекинг немаше жени меѓу официјалните лица кои седеа на преговарачката маса ниту на американската ниту на кинеската страна. Во Кина во моментов нема жени во Политбирото, групата високи функционери која ги надгледува Комунистичката партија и централната влада. Во американската администрација, шефицата ...

Москва,14 мај 2026 (МИА) - Меѓународен тим на научници од Русија и САД, по извршена детална анализа на древен катник откриен во Сибир, дошле до фасцинантен заклучок дека неандерталците биле во состојба да изведуваат примитивни стоматолошки зафати. „Според истражувачите неандерталците користеле камени алатки за дупчење на оштетените заби, во обид да ја ублажат неподносливата болка“, соопштија руските медиуми. Откритието на овој древен човечки ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
2.95
28%
1016
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
2.68
51%
1017
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
1.85
47%
1016
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
2.75
57%
1020
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.78
41%
1018
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 23ᴼ
0.29
70%
1018
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
3.58
46%
1015
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.05
58%
1016
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
1.43
43%
1015
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
1.55
45%
1018
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 34ᴼ
0.45
36%
1017
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
6.68
100%
1019
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Калај

50.56

Кобалт

56.29

Родиум

249168.29

Платина

51923.46

Паладиум

38195.09

Алуминиум

3.20

Рутениум

49029.89

Сребро

1902.84

Бакар

12.33

Иридиум

233896.68

Злато

131072.82

Цинк

0.00