Скопје, 16 мај 2026 Скандалот со туристичката агенција „Орфеј Травел“ е уште еден доказ дека во Македонија со години може неказнето да се вршат измами врз граѓаните, додека институциите молчат и не преземаат ништо, се посочува во соопштението од ПП „Левица“ што МИА го пренесува интегрално. Според сведоштвата на оштетените граѓани кои секојдневно пристигнуваат до Левица, станува збор за сериозен и долгогодишен модел на измама. Патници уплаќале ...

Скопје, 16 мај 2026 СДСМ, на чело со актуелното раководство кое е олицетворение на криминал, рекет и бугарофилски политики, повторно се обидува преку лаги и политички памфлети да ја дефокусира јавноста од сопствениот распад и паниката што ја тресе Бихачка. Венко Филипче и актуелното раководството се обидуваат да глумат борци за правда, откако токму тие ја претворија државата во симбол на корупција, криминал и национално понижување, се вели во ...

Делчево, 16 мај 2026 (МИА) – Делчевските матуранти синоќа со традиционално дефиле низ центарот на градот ја одбележаа матурската вечер, обојувајќи го Делчево во духот на младоста, елеганцијата и надежта. Вкупно 66 матуранти од средношколскиот училишен центар СОУ „М.М.Брицо“ продефилираа пред бројни граѓани, кои со аплаузи и поддршка ја поздравија генерацијата 2022/2026 на нивниот свечен чекор кон новото животно поглавје. Градоначалникот ...

Скопје, 16 мај 2026 (МИА) - Продолжува доизградбата на булеварот „Борис Трајковски“, еден од значајните инфраструктурни проекти за подобрување на сообраќајната поврзаност и квалитетот на живот на граѓаните кои гравитираат кон населбата Драчево и околните населени места, во Општина Кисела Вода. Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски најавува дека работите на булеварот, согласно динамиката на работа, би требало да завршат порано од ...

Куманово 16 мај 2026 (МИА) - Кумановскиот градски плоштад денеска беше исполнет со музика, креативност и разиграна атмосфера, откако над 500 маскирани учесници продефилираа на традиционалниот маскенбал во Куманово. На манифестацијата учествуваа деца од седумте објекти на ЈОУ Детска градинка „Ангел Шајче“, ученици од основните училишта „Магдалена Антова“, „Браќа Миладиновци“ и „Вера Которка“, како и ученици од општинските средни училишта и ...

Дебар, 16 мај 2026 (МИА) - Лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски на средбата со албанскиот народен правобранител, Ендрит Шабани, изразил благодарност за грижата и посветеноста што институцијата Народен правобранител ја покажува кон македонската заедница во Албанија. -Особено ме охрабри информацијата дека до крајот на овој месец ќе биде објавен Извештајот за состојбата со правата на националните ...

Скопје, 16 мај 2026 (МИА) - Во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, доктор Жаклина Штерјова – Марковска, интернист на Универзитетската клиника за нефрологија, апелира за важноста на донирањето органи и подигнувањето на свесноста за овој хуман и солидарен чин, соопшти Министерството за здравство. -Јас сум дел од тимот за трансплантација при Универзитетската ...

Скопје, 16 мај 2026 (МИА) - Во рамките на ЕУРОМЕЛАНОМА 2026 денеска во Градскиот парк во Скопје се одржуваат бесплатни прегледи на бемки, дамки и сомнителни промени од врвни дерматолози, кои исто така ги советуваат граѓаните за заштита од сонце и препознавање на ризични промени, но и совети за правилна УВ - заштита. До пладне беа прегледани над сто пациенти. -Целта на денешниот настан е промовирање на месец мај како месец посветен на ...

17/05/2026 07:30 - МИА - +2

Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.А.(49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 13.03.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени амфетамин, марихуана, метадон и две дигитални ваги со остатоци од амфетамин. ...

Велес, 15 мај 2026 (МИА) - Во СВР Велес вчера попладне 58-годишна жена од село во Општина Градско, пријавила дека била измамена за сума од 240.000 денари, откако претходно телефонски ја контактирале и лажно ја информирале дека ќерка и треба итно да се оперира со скршеница. Според денешната информација од СВР Велес, едно лице ја контактирало жената телефонски, и се претставило како лекар во Општа болница Велес и кажало дека нејзината ќерка во ...

Битола, 16 мај 2026 (МИА) - СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.Ѓ. (36) од Битола поради основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво во обид“. Како што соопшти полицијата, осомничениот бил лишен од слобода околу 1 часот по полноќ од страна на полициски службеници, а при извршен претрес во неговиот дом, со наредба од Основен суд Битола, бил пронајден и одземен пиштол. Според ...

17/05/2026 07:30 - МИА

Скопје, 16 мај 2026 (МИА) - На 15/16.05.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Т.(24), В.Ј.(45), Е.С.(48), Д.К.(39), Н.А.(37) сите од Скопје, како и Б.И.(24) од Гостивар, М.Г.(20) од Битола и Ј.К.(23) од Велес, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела и кафеава прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. На ...

Скопје, 16 мај 2026 (МИА) - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против М.К.(53) од беровско поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „насилство врз дете“, соопшти полицијата. Во периодот од 03.02.2026 до 10.02.2026, пријавениот, вработен како хигиеничар во основно училиште во истото село, извршил психичко насилство над тројца ученици и ги снимал со неговиот мобилен телефон. ...

Скопје, 16 мај 2026 (МИА) - Сообраќајна незгода помеѓу два електрични тротинета се случила вчера на велосипедска патека на Кеј на река Вардар во Скопје, при што двајцата возачи се здобиле со телесни повреди, од кои едниот со потешки. Во СВР - Скопје вчера во 08:00 часот е пријавено дека на велосипедска патека на Кеј на река Вардар во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу два електрични тротинети, управувани од 62-годишната С.С. и ...

Скопје, 16 мај 2026 (МИА) - Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициски службеници лишија од слобода 17 возачи поради безобѕирно управување. Од нив, шест возачи од Крива Паланка, Куманово, Делчево и Радовиш управувале возило под дејство на алкохол. Возачот од Радовиш предизвикал и сообраќајна незгода, по што го напуштил местото на настанот, соопшти МВР. Осум возачи од Скопје, Делчево, Гевгелија, Богданци, ...

Скопје, 16 мај 2026 (МИА) - Во организација на здружението „Антика“ и Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет во Скопје, денеска ќе се одржи 53. Државен натпревар по класични јазици за ученици од гимназиите и средните училишта од државата. Натпреварот ќе се одржи во просториите на Филозофскиот факултет со почеток во 9:30 часот, а учество ќе земат 73 ученици од 15 училишта, кои ќе се натпреваруваат во три категории според ...

Скопје, 16 мај 2026 (МИА) – Здружението „ХАЕ Македонија“ утре во Скопје ќе го одбележи Светскиот ден на хередитарниот ангиоедем (ХАЕ) со настан посветен на терапијата, поддршката и заедништвото на лицата што живеат со ова ретко заболување. Настанот ќе се одржи во хотел „Солун“ со почеток во 11 часот, под мотото „ХАЕ денес: терапија, поддршка и заедништво“, а ќе обедини пациенти, нивни семејства, лекари, институции и поддржувачи со цел ...

Скопје, 16 мај 2026 Финалната епизода од првата сезона на „Буквождер“, новата анимирана серија инспирирана од култниот свет на „Бушава азбука“ ќе биде прикажана денеска 20:15 часот. Една од најважните македонски едукативно-забавни приказни „Бушава азбука“, со „Буквождер“ доби современо продолжение за новите генерации на деца. Серијата ги следи Дарија, Марко, Филип и нивниот верен бувчето Ѕе во авантура низ свет во кој буквите исчезнуваат, а ...

Скопје, 16 мај 2026 (МИА) - СОС Детско село и Мото клуб „Вепар“ по повод 15 Мај - Меѓународниот ден на семејството, организираа мото дефиле низ Скопје, испраќајќи порака за важноста на семејството во развојот на секое дете. Под мотото „ Возиме со срце - бидејќи семејството е моторот кој нѐ движи“ дефилето, како што се наведува во соопштението на СОС Детско село, започна од Градскиот парк, со учество на повеќе од 100 моторџии и поддржувачи, ...

Скопје, 16 мај 2026 (МИА) - Дневната програма на фестивалот „Виноскоп“ за денеска е откажана и се преместува за утре поради најавените врнежи и од безбедносни причини, соопштија организаторите. Согласно измените, утрешната програма ќе се реализира на Школка во Градскиот парк во Скопје, со почеток во 12:00 часот и ќе трае до полноќ. Во првиот дел од програмата, од 12:00 до 18:00 часот, посетителите ќе можат да уживаат во дневната програма со ...

Скопје, 16 мај 2026 (МИА) - Во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ – Скопје, утре ќе се одржи четиринаесеттото издание на традиционалниот спортско-рекреативен настан насловен како „Прв до врв“. Во рамки на настанот ќе се реализира велосипедска трка со почеток во 09:45 часот, со траса на движење од пред Музеј на град Скопје по ул. „Св. Кирил и Методиј“, лево по бул. „Св. Климент Охридски“, право по бул. „Мајка ...

Скопје, 16 мај 2026 (МИА) - Семејното насилство претставува сериозен општествен и здравствен проблем што бара координиран институционален одговор, поголема доверба во системот и ефикасна примена на Националната стратегија, порачаа учесниците на трибина на тема „Борбата со семејното насилство и насилството врз жената како социјален предизвик: институционален, психосоцијален и вредносен одговор“, нагласувајќи дека жртвите и натаму се соочуваат ...

Скопје, 16 мај 2026 (МИА) - Незаштитени косини, непредвидени клучки и натпатници при изградбата на патот Кичево-Охрид, незавршена експропријација, дисклокација на објекти и водови на делниците Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани ... се само дел од проблемите со кои се соочила Владата по преземањето на надлежностите. Оттогаш, велат надлежните, напорно и интензивно се работи на решавање на проблемите со косините и свлечиштата за што ќе се ...

Атина, 16 мај 2026 (МИА) – Имав чест да бидам домаќин на министрите од Србија, Бугарија и Северна Македонија, се гледа како се менува културата, колку бевме разделени од историјата, географијата, а сега сите сфаќаме дека никој сам не може да ја преживее глобалната конкуренција. Сите заедно создаваме група од земји и населенија, создаваме пазар на кој може да сметаат странските компании, посочи министерот за енергетика и животна средина на ...

Скопје, 16 мај 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска присустуваше на традиционалната средба на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ, која се одржа во Манастирот „Пеленица“ во Драчево. -Настанот помина во духот на заедништво, почитување на вредностите што не обединуваат и пријатно дружење со долгогодишни пријатели и поддржувачи. Чест ми беше што бев дел од оваа средба - објави Мицкоски на Фејсбук. За средбата свој пост објави и ...

Скопје, 16 мај 2026 (МИА) - Владата денеска на вонредна седница до 1 јуни годинава го продолжи рокот за мерките насочени кон ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните, објави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на нејзиниот фејсбук профил. -Мерките насочени кон ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните продолжуваат со примена до 1 јуни 2026 година. ...

Брисел, 15 мај 2026 (МИА) – Вкупно 36 земји и Европската Унија се обврзаа да се приклучат на договорот за воспоставување на специјален трибунал за гонење на злосторствата извршени за време на војната на Русија против Украина, соопшти денеска Советот на Европа. - Овие држави презедоа одлучувачки чекор кон вистинското воспоставување на Специјалниот трибунал и признавањето на одговорностите за агресијата врз Украина – изјави генералниот секретар ...

Манчестер, 15 мај 2026 (МИА) – Манчестер Јунајтед ќе го задржи Мајкл Карик на тренерската должност, објави денеска италијанскиот новинар Фабрицио Романо. Според истиот извор, косопственикот на Јунјатед ја одобрил одлуката на клубот да ја продолжи соработката со Карик. Поранешниот англиски репрезентативец ќе потпише договор со Јунајтед до крајот на сезоната 2027/2028 со опција за продолжување за уште една година. Карик во јануари оваа година ...

Њу Делхи, 15 мај 2026 (МИА) – Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи денеска ги обвини Соединетите Американски Држави за водење недоследна и непредвидлива надворешна политика. На прес-конференција во Њу Делхи, Арагчи изјави дека американската влада испраќа мешани сигнали. - Пораките што ги добиваме од американската страна варираат од ден на ден … Понекогаш дури добиваме неколку различни пораки во еден ист ден – рече Арагчи. Како ...

Братислава, 15 мај 2026 (МИА) – Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска изјави дека ќе им пренесе важни информации на европските политичари откако на 9 мај во Москва се сретна со рускиот претседател Владимир Путин. Фицо оцени дека Путин јасно го изнесува својот став по прашањето за постигнување решение за украинскиот конфликт, наведувајќи дека посредник во преговорите на Европската Унија со Русија треба да биде „некој што ја познава руската ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
4.54
23%
1015
weather icon

Белград

33ᴼ / 32ᴼ
2.24
48%
1016
weather icon

Загреб

35ᴼ / 35ᴼ
1.93
38%
1015
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
3.63
50%
1020
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
3.42
33%
1018
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 28ᴼ
1.7
71%
1017
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
5.36
45%
1015
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
2.6
51%
1015
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
0.36
34%
1015
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 31ᴼ
2.25
32%
1018
weather icon

Будимпешта

38ᴼ / 37ᴼ
1.34
28%
1015
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
7.49
99%
1019
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Цинк

0.00

Родиум

249168.29

Злато

131072.82

Алуминиум

3.20

Кобалт

56.29

Сребро

1902.84

Рутениум

49029.89

Иридиум

233896.68

Платина

51923.46

Паладиум

38195.09

Бакар

12.33

Калај

50.56