Скопје, 17 мај 2026 Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт. Додека бугарските власти не нарекуваат „северномакедонци”, Филипче вели дека Бугарија не го негира нашиот идентитет. Филипче не гледа проблем во тоа да не нарекуваат „северномакедонци” затоа и гласаше за промена на името, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ...

Скопје, 17 мај 2026 Денес ќе изнесеме два податоци кои упатуваат на блискоста на обвинителката Коларевиќ, со моминско презиме Маркова, со партиите СДС и ДУИ. Таткото на Коларевиќ, Павле Марков, е избран за државен правобранител од владата на СДС во 1998 г. Мајката на обвинителката Колеревиќ, Вера Маркова, во 2004 од коалицијата СДС и ДУИ е избрана за уставен судија. Овие фамилијарни кариери на родителите во семејството Коларевиќ се цврсто ...

Скопје, 17.мај 2026 (МИА) – Екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Маџари вечерва во СЦ „Јане Сандански“ ја почнуваат финалната серија во борба за шампионската титула во кошаркарскиот првенство. МЗТ Скопје А. го брани шампионскиот пехар, додека дебитантот во суперлигашкото натпреварување Маџари во својата прва сезона стигна до борба за првото место. Тренерот на првакот Васко Атанасов пред финалето истакна: Со настапите во првенството и во плеј-офот ...

Атина, 17 мај 2026 (МИА) – Грција, Италија, Кипар и Малта предупредија на евентуална нова мигрантска криза поради конфликтот на Блиски Исток и побараа координирани мерки на европско ниво. Во заедничката декларација, објавена на „Форумот Европа – Персиски Залив“, што се одржува на Пелопонез од 15 мај до денеска, се потенцира неопходноста од акција за ограничување на зголемениот миграциски притисок врз Европската Унија. Четирите медитерански ...

Скопје, 17 мај 2026 Коалицијата СДС-ДУИ, освен во политиката продолжува беспрекорно да функционира и во судско обвинителскиот систем. Тандемот Ислам Абази – Катерина Коларевиќ, едниот како шеф на ОЈО ГОКК, другата како обвинител во тоа обвинителство кои треба да ги гонат и сузбиваат криминалот и корупцијата, во стилот на коалицијата СДС и ДУИ, прават се само да ги спасат од одговорност лицата блиски до овие партии, се вели во соопштението на ...

Скопје, 17 мај 2026 Еве Максо, има фирма во Бугарија. Види Максо, ти си сопственик! А изгледа дека не е само една. Додека Максим Димитриевски се претставува како „антикорупционер“ и „голем Македонец“, фактите покажуваат сосема спротивно, се вели во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува интегрално. Фирмата МБС ГЛОБАЛ била регистрирана на 07.08.2015 година на адреса булевар „Стефан Караџа“ во Бургас, Бугарија. Компанијата се занимава со ...

Скопје, 17 мај 2026 (МИА) - На планината Водно денеска ќе се одржи 14-тото издание на најмасовниот планински спортски настан во земјата „Sparkasse Life – Прв до врв“, кој традиционално обединува илјадници љубители на спортот и природата. Како што информираат организаторите, настанот ќе понуди натпреварување во пет категории: планинско трчање на 4,5 километри, планински велосипедизам на 9 километри, друмски велосипедизам на 11,4 километри, ...

Скопје, 17 мај 2026 (МИА) - Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, од денеска па во наредните два дена ќе престојува во Баку, каде како носител на делегацијата од Македонија ќе учествува на Светски урбан форум 13, еден од најзначајните глобални настани посветени на иднината на градовите, локалниот развој и одржливите заедници. Форумот, кој е организиран од UN-Habitat, посочуваат од Министерството за локанла самоуправа, претставува ...

Скопје, 17.мај 2026 (МИА) – Машката македонска ракометна репрезентација вечерва во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“ го игра реванш бараж дуелот против Словачка. Македонскиот тим е пред пласман на уште едно големо натпреварување особено што на првиот дуел во Прешов пред три дена го совлада ривалот со 31:24. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров одиграа одличен натпревар на теренот на противникот и ја потврдија фаворитската улога, но сега ...

Скопје, 17.мај 2026 (МИА) – Во пресрет на вечерашниот дуел на македонските ракометари со Словачка, Ракометната федерација организира целодневен настан со цел популаризација на спортот број 1 во нашата држава на начин дополнително да ги доближи најмладите до ракометот. Настанот се одржува под мотото „Едно срце, една држава“, а треба да биде празник за целото семејство. Покрај фан зоните на платото пред салата ќе бидат поставени и два ракометни ...

Ливерпул, 17.мај 2026 (МИА) – Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах по поразот на Ливерпул во петокот од Астон Вила (2:4) и се најде на петтото место на табелата и сега ќе мора во последното коло на домашен терен против Брентфорд да „бркаат“ победа за пласман во Лигата на шампионите. Ова беше уште еден тежок момент за „црвените“ и вкупно 19.ти пораз на Ливерпул во сите натпревари сезонава. Салах на социјалната мрежа Инстаграм, повторно го ...

Виена, 17 мај 2026 (МИА) – Бугарската пејачка Дара е победник на 70. Натпревар за Песна на Евровизија, што се одржа синоќа во Виена. Дара настапи со песната Бангаранга и победи со гласовите од жирито и гласовите од публиката, а второ и трето место освоија претставниците на Израел и на Австрија. ми/ фото: ЕПА Виена, 17 мај 2026 (МИА) – Бугарската пејачка Дара е победник на 70. Натпревар за Песна на Евровизија, што се одржа синоќа во Виена. ...

Рим, 17 мај 2026 (МИА) – Во вчерашниот инцидент во италијанскиот град Модена повредени се седум луѓе, од кои двајца се во критична здравствена состојба. Една жена и еден маж, двајцата 55 години, со хеликоптер во болницата Маџоре во Болоња. Инцидентот се случи откако возило со голема брзина удри во излог на продавница во центарот на Модена, а потоа со нож ги нападна лицата кои се обиделе да го запрат да не побегне. Напаѓачот е приведен и е ...

Москва, 17 мај 2026 (МИА) – Во синоќешниот масовен напад со беспилотни летала врз Москва и околината загинаа најмалку три лица, а 12 се повредени, соопштија руските власти без да наведат кој ги извршил нападите. Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин соопшти дека руската противвоздушна одбрана соборила најмалку 74 дронови во текот на ноќта, а над 120 во изминатите 24 часа. Во нападите врз други руски области повредени се четири лица и ...

Кавадарци, 17 мај 2026 (МИА) - Четириесетина планинари од разни делови на државата се дел од денешната Бошавска јужна трансверзала 2026 година, што по петти пат се реализира на Кожуф планина, во организација на Дарко Најдов, здружението „К3“ и планинарскиот клуб „Зелен брег“. - По врвиците на славното минато, некои од планинарите за првпат ќе ги запознаат прекрасните убавини што Кожуф планина ни ги дарува бесплатно. Тргнавме со организиран ...

Гевгелија, 16 мај 2026 (МИА) Роза Шулева Традиционален пчеларник стар 70 години, во кој пчеларското знаење се предавало низ пет генерации по ред, денес го пренесува искуството од здравствените придобивки на севкупното работење на пчелите, кое е презентирано во работата на апи-терапискиот центар „Ристо Алчинов". Овој центар лоциран на патот кон селото Мрзенци во Гевгелија, кој функционира четири години, беше дел од годинешното одбележување на ...

Љубљана, 17 мај 2026 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во официјална посета на Република Словенија. Сиљановска-Давкова утре во Љубљана ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар. Предвидено е претседателките да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и словенечката делегација. Сиљановска-Давкова ...

Скопје, 17 мај 2026 (МИА) - Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во наредните два дена ќе оствари официјална посета на Вилнус, Република Литванија. Посетата е на иницијатива на Амбасадата на Република Литванија во Република Македонија и ќе се одвива според исклучително динамична агенда, која опфаќа средби на високо ниво и состаноци со државни институции надлежни за дигитализација, иновации и сајбер-безбедност. На првиот ...

Скопје, 16 мај 2026 (МИА) - Министерството за внатрешни работи информира дека е расчистен случајот од видео објавата споделена на социјалната мрежа Фејсбук, на која се забележува лице кое управува скутер на едно тркало и со таквото однесување ја загрозува безбедноста во сообраќајот. -Полициски службеници веднаш презедоа мерки и активности за идентификација на лицето. По преземените активности, од страна на СВР Штип утврдено е дека на ...

Виена, 17 мај 2026 (МИА) – Четиринаесет луѓе синоќа беа уапсени во Виена пред финалето на Избор на песна за Евровизија поради учество во пропалестински протест во близина на настанот. Според полицијата, приведените учествувале во непријавен протест поради учеството на Израел на Евровизија и ја прекршиле забраната за носење маски за лице. Демонстрантите се собраа на скалите од главната Градска библиотека, извикувајќи слогани и држејќи ...

Скопје, 17 мај 2026 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Претежно во крајните западни и источни региони ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец наместа со брзина од над 60 километри на час. Мининалната темепратурата ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната од 13 до 23 степени Целзиусови. И во Скопје ќе биде променливо облачно и ...

Скопје, 17 мај 2026 (МИА) - Најголемиот глобален хуманитарен мото-хепенинг „The Distinguished Gentleman’s Ride“ годинава го одбележува своето 11-то издание во Скопје, како дел од светското движење кое ги обединува љубителите на класични мотоцикли и елегантен стил со цел подигнување на свеста за машкото здравје. Како што информираат организаторите, денеска се очекува на улиците на главниот град да продефилираат повеќе од 220 „дотерани“ ...

Рим, 16.мај 2026 (МИА) – Украинската тенисерка Елена Свитолина триумфираше на Мастерс 1000 турнирот во Рим откако во финалето со 2-1 во сетови (6:4; 6:7 (3) и 6:2) ја совлада Американката Коко Гоф. Ова за Свитолина е трета турнирска победа на турнирот во Рим. Првиот сет и припадна на Свитолина, која во завршницата на сетот направи два брејка за 6:4 во гемови. Во вториот сет до прва предност дојде Гоф, со брејк за водство од 6:5 во гемови, но ...

Виница, 17 мај 2026 (МИА) - Добар ден и од мене. Ќе ми дозволите најпрвин да му честитам на градоначалникот за исклучително мотивираната и успешна работа. Да се заблагодарам на советниците коишто ја подржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата овде во Виница којашто исто така ја подржуваат работата на градоначалникот бидејќи без тоа не би можело да се реализираат проекти. Исто така би сакал да се заблагодарам и на ...

Скопје, 16 мај 2026 (МИА) - Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека вршело кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Како што информира ОЈО, при претрес во домот на улица „Илинденска“ во Тетово, во кој осомничениот живеел како ...

Скопје, 16.мај 2026 (МИА) – На трите дуели одиграни попладнево во рамки на 32.коло од Првата фудбалска лига беа постигнати 17 голови или речиси шест по натпревари. Најефикасно беше на дуелот меѓу Шкупи и Работнички каде гостите победија со 7:0 воедно тоа беше и единствената победа, додека на другите два дуела немаше победник. Во Куманово Башкими и Македонија ЃП одиграа нерешено 3:3, а домашниот Башкими ја испушти предноста од 3:1, додека во ...

Скопје, 16 мај 2026 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор против 45-годишник осомничен за кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничен е дека вршел семејно насилство во Кисела Вода при што телесно ја повредил неговата поранешна партнерка. Како што се наведува во соопштението од ЈОРСМ, ја извлекол на сила од домот во кој живеела ...

Виница, 17 мај 2026 (МИА) - Се уште траат консултациите за ребалансот на Буџетот за 2026 година, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој беше на пуштање во употреба на пазар во Виница. -Го работиме. Се уште траат консултациите помеѓу Министерството за финансии и ресорите. Тешки се времињата. Гледате што се случува во светот. Имајќи предвид каква е состојбата во другите држави кај нас ударот не е толку голем и врз самиот Буџет, но ...

Скопје, 17 мај 2026 (МИА) - Во периодот што следи треба да се насочиме на производи кои имаат голема додадена вредност за да можеме да го јакнеме и бруто домашниот производ, но и економијата во државата. Очекувам трендот на стапка на раст над 3,5 проценти на реален БДП во услови кога Европа расте под 1 процент да продолжи во периодот кој следи, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од Виница. -Со консолидирење на европскиот пазар, кој е ...

Лондон, 16.мај 2026 (МИА) – Фудбалерите на Манчестер Сити освоија уште еден пехар откако во финалето на ФА купот на Вембли во Лондон го совладаа Челзи со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Семењо во 71.минута. Тој на атрактивен начин со „петица“ ја затресе мрежата на Челзи по асистенцијата на Ерлинг Халанд. До крајот на натпреварот екипата на Пеп Гвардиола успеа да го зачува водството од гол предност. За екипата на Манчестер Сити ова е ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
4.91
20%
1015
weather icon

Белград

34ᴼ / 34ᴼ
4.94
20%
1016
weather icon

Загреб

35ᴼ / 35ᴼ
2.5
36%
1016
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
4.78
38%
1019
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
4.55
24%
1018
weather icon

Љубљана

36ᴼ / 34ᴼ
0.45
39%
1017
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
6.26
42%
1015
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
5.02
34%
1016
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
3.76
30%
1015
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 33ᴼ
2.24
32%
1018
weather icon

Будимпешта

40ᴼ / 38ᴼ
2.68
24%
1015
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 25ᴼ
8.38
95%
1018
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Платина

51923.46

Паладиум

38195.09

Цинк

0.00

Иридиум

233896.68

Алуминиум

3.20

Рутениум

49029.89

Калај

50.56

Родиум

249168.29

Кобалт

56.29

Бакар

12.33

Сребро

1902.84

Злато

131072.82