Рим, 18 мај 2026 (МИА) - Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ му честиташна светскиот рекет број еден Јаник Синер за комплетирање на трофеите од сите мастерс-турнири. Италијанецот стана вториот играч во историјата на Здружението на тениските професионалци (АТП) што победил на секој АТП 1000-турнир во календарот. Синер го постигна овој подвиг по победата над Норвежанецот Каспер Руд (6-4, 6-4) во финалето на АТП 1000-турнирот во Рим. - Честитки, ...

Лондон, 18 мај 2026 (МИА) – Тренерот на Вест Хем, Нуно Еспирито Санто, ги оцени шансите на неговиот тим да остане во Премиер лигата по вчерашниот пораз (3:1) од Њукасл на гостинскиот натпревар од 37. коло. - Боли. Ги боли момците, нè боли нас, го боли клубот. Затоа мора да ја завршиме сезоната оваа недела со достоинство и почит кон навивачите. Мора да играме подобро за да им покажеме на нашите навивачи на стадионот во Лондон различен резултат ...

Барселона, 18 мај 2026 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Барселона и Шпанија, Фермин Лопез, може да го пропушти Светското првенство 2026 година поради скршеница на десното стапало. Според новинарот Фабрицио Романо, 23-годишниот Лопез ќе треба да се оперира. Фермин настапи на 48 натпревари за Барселона во сите натпреварувања во сезоната 2025/26. Тој постигнал 13 гола и има 17 асистенции. Светското првенство во 2026 година ќе се одржи од 11 ...

Кочани, 17 мај 2026 (МИА) - Клубот за планински спортови ,,Осоговски Орел" од Кочани денеска по трет пат ја реализираше MTБ турата „Манданата 2026“ на Осоговските Планини. Годинава учествуваа педесетина велосипедисти од клубови од цела Македонија. -Уште еднаш докажавме дека велосипедизмот, природата и добрата дружба спојуваат луѓе со иста страст и енергија. Голема благодарност до нашите спонзори — Општина Кочани, Млекара "Балкан" и Винчини — ...

Скопје, 16 мај 2026 (МИА) - Во рамките на 54. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“, денеска на сцената на Националната опера и балет со почеток во 20 часот ќе биде изведено ремек-делото „Тоска“ од Џакомо Пучини, едно од најпознатите и најизведувани дела во светската оперска литература. „Тоска“ е опера во три чина од Џакомо Пучини, создадена врз либрето од Луиџи Илика и Џузепе Џакоза, инспирирано од драмата на Викториен Сарду. Од ...

Кочани, 16 мај 2026 (МИА) - Започна 63. издание на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија. На сцената на ЦК „Бели мугри“ во Кочани синоќа први настапија членовите на Народниот театар Штип, со претставата „Хаос“ на режисерот Александар Ивановски. Претходно, се одржа кратка свеченост на која зборуваше градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов. Тој фестивалот го прогласи за отворен. -Повеќе од шест децении, ДАФ во Кочани е магијата со ...

Скопје, 17 мај 2026 (МИА) - Ликовната уметница Јана Манева – Чупоска повторно беше избрана за претседателка на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) со четиригодишен мандат на вчера одржаното годишно Собрание во Домот на АРМ во Скопје. Таа беше и единствениот кандидат за оваа функција, додека со тајно гласање беше избрано и новото раководство на Друштвото со мандат до 2030 година. За членови на Управниот одбор беа избрани ...

Кочани, 17 мај 2026 (МИА) - Три претстави, сите во вечерни термини, ќе бидат одиграни денеска на 63. Драмски аматерски фестивал на Македонија. Трите претстави се на гости од странски театри. Програмата на третиот фестивалски ден ја отвора Драмското студио од Ниш, Србија. Пред кочанската публика на сцената на Центарот за култура „Бели мугри“ тие ќе настапат со „Драги дневниче“, режисерско остварување на Андрија Митиќ. Во 20 часот следува „Кад ...

Скопје, 18 мај 2026 (МИА) - Археолошкиот музеј на Македонија во соработка со Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул, по повод Меѓународниот ден на музеите, организираат изложба, како и панел дискусија посветени на археолошкиот локалитет Исар - Марвинци, еден од најзначајните археолошки локалитети во Македонија и поширокиот балкански простор. Настанот што денеска ќе се одржи во просториите на Македонскиот културно-информативен ...

Скопје, 18 мај 2026 (МИА) - Со повеќе настани во Скопје, денеска ќе биде одбележан Меѓународниот ден на музеите, меѓу кои изложбата „Вода: Од исконски верувања до современ пулс“, инклузивната модна ревија „Модата во минатото“, како и изложба на детски ликовни творби во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. Во Музејот на Македонија ќе биде отворена изложбата „Вода: Од исконски верувања до современ пулс“, чиј автор е ...

Белград, 18 мај 2026 (МИА) - Македонскиот Културно-информативен центар во Белград, во соработка со СОКОМ и „Балкан музик форум“, вечерва ќе биде домаќин и организатор на концерт на гудачкиот квартет „Атака“. Овој музички проект, поддржан од Министерството за култура и туризам, пред белградската публика ќе го претстават директорот на македонскиот КИЦ во Белград, Васко Шутаров,. и Дејан Мојсовски од името на СОКОМ. На програмата ќе бидат ...

Скопје, 18 мај 2026 (МИА) - Во македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул, на 21 мај во 19 часот, концерт ќе одржат Елена Стојческа, Гонца Богоромова-Краповски, Паскал Краповски и к.г. Ромен Петио. Истиот концерт претходно ќе се одржи вечерва во Битола во НУ КИЦ „Официрски дом“ и утревечер во НУ „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, исто така, со почеток од 19 часот. Музичарите се дел од ансамблот „Алтус НЗ“ и на концертот ќе изведат ...

Струмица, 18 мај 2026 (МИА) - Актерот на НТ „Антон Панов“, Коста Ангов, ја доби наградата за најдобра машка улога на 35. издание на Друмеви театарски празници, кој се одржува во Шумен, Бугарија - соопштија од оваа културна установа. Во соопштението се наведува дека ова е и големо признание за Струмичкиот театар, а наградата за најдобра машка улога Ангов ја добил за улогата на Мажот во претставата „Деца на светот“ од Стефан Цанев, во режија на ...

Скопје, 18 мај 2026 (МИА) - Да се говори вистината во време на опресија, исполнето со цинични лаги и лажни реалности, бара смирена храброст и бистрина на умот. Тоа е мечот на духовниот воин. Тоа е моќта на поезијата - изјави познатата естонска поетеса Дорис Карева на отворањето на третото издание на манифестацијата Денови на поезијата, што се одржа во Скопје, во организација на Фондацијата „Ацо Шопов - Поезија“. Годинава се одбележаа ...

Скопје, 18 мај 2026 (МИА) - Хорот „Драган Шуплевски“ при Факултетот за музичка уметност од Скопје под раководство на маестро проф м-р Сашо Татарчевски учествуваше на фестивалот „Universitas Cantat“ којшто претставува форум на најквалитетните универзитетски хорски ансамбли од светот. Од Факултетот за музичка уметност информираат дека концертите кои овојпат биле во формација на женски хор, поминале со огромна посетеност и интерес. Првиот ...

Скопје, 18 мај 2026 (МИА) - Владата не планира укинување на културните институции, туку нивна реорганизација со цел подобрување на условите за работа и поефикасно користење на ресурсите - истакна денеска во Собранието министерот за култура и туризам Зоран Љутков одговарајќи на пратеничко прашање за состојбата со музичкиот ансамбл во Тетово. Тој нагласи дека во Националната стратегија за развој на културата 2026 - 2030 не се предвидува ...

Киев, 18 мај 2026 (МИА) - Украина и Унгарија се договорија да спроведат консултации во врска со унгарското малцинство - изјави украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха. Тој денеска соопшти дека за време на викендот имал „конструктивен и содржаен“ разговор со својата унгарска колешка Анита Орбан. Двајцата се договориле оваа недела да се одржи круг унгарско-украински консултации на експертско ниво „за да се најдат практични и ...

Париз, 18 мај 2026 (МИА) - Групата седум најразвиени земји (Г7) е точниот форум за дискусија за тоа како да се стави траен крај на војната во Иран, која заедно со блокадата на Ормуската Теснина претставува сериозна закана за светската економија - изјави германскиот министер за финансии, Ларс Клингбајл. Клингбајл патува за Париз за да му се приклучи на состанокот на министрите за финансии и на гувернерите на централните банки на Г7, кој ќе се ...

Киев, 18 мај 2026 (МИА) - За поранешниот шеф на претседателскиот кабинет на Украина, Андриј Јермак, платена е кауција од 140 милиони гривни, која претходно му ја одреди Врховниот антикорупциски суд - соопшти Катерина Шипилова од прес-службата на судот. - Поранешниот шеф на претседателскиот кабинет е пуштен на слобода по уплатата на целосната кауција - изјави таа. Кауцијата од 140 милиони гривни одговара на износ од приближно 2,7 милиони евра. ...

Киев, 18 мај 2026 (МИА) - Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека рускиот ноќен напад врз Днепар и регионот траел повеќе од шест часа. - Ракетниот напад оштети станбена зграда, а тешко е погодена и друга цивилна инфраструктура. Нападот исто така беше насочен кон енергетски објекти и станбени згради во регионот - информира Зеленски во објава на Х. Како што наведе, дронови ја погодиле и Одеса, а едно од беспилотните ...

Хаг, 18 мај 2026 (МИА) – Во координирана акција против терористичка содржина на интернет пронајдени се вкупно 14.200 објави кои се поврзани со иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), кој Европската Унија (ЕУ) го означи како терористичка организација, соопшти денеска Европол. Утврдено е дека терористичката содржина се ширела на мејнстрим платформите на социјалните медиуми, како и на стриминг сервисите, сајтовите за ...

Брисел, 18 мај 2026 (МИА) – Европската комисија денеска го претстави новиот годишен извештај за состојбата со Шенген, во кој се забележува зголемување до 28 отсто на бројот на вратените странци без право на престој во ЕУ во 2025 година во однос на претходната година. Ова е највисокиот удел на враќања во последните 10 години, се посочува во документот. Истовремено, се забележува намалување од 26 отсто на незаконските преминувања на шенгенските ...

Скопје, 18 мај 2026 (МИА) Пандорка АРСОВСКА-ГАЦОВА Во срцето на Босна и Херцеговина, во малото гратче Високо, на триесетина километри од Сараево, се наоѓа таканаречениот дистрикт на босанските пирамиди - место кое за едни претставува археолошка сензација, за други надеж за подобро здравје или само место за бегство од стресот и вревата на модерниот живот. Илјадници посетители секоја година доаѓаат да ги видат локалитетите, тунелите и ридовите, ...

Тирана, 18 мај 2026 (МИА) - Албанскиот министер за одбрана, Ермал Нуфи, потврди дека земјата се подготвува да испрати војници во Појасот Газа, за што албански тим веќе е испратен таму за ја согледа ситуацијата на терен. -Во рамките на својот ангажман во Мировниот одбор, Албанија презеде мерки за преглед на ситуацијата во Газа. Појасот Газа е под безбедноста на израелските одбранбени сили и секоја инспекција на војниците таму се врши преку ...

Атина, 18 мај 2026 (МИА) – Во пресрет на парламентарните избори во Грција, што ќе се одржат за една година, во следните денови ќе бидат соопштени две нови партии – една на поранешниот премиер Алексис Ципрас, другата на поранешната претседателка на Здружението на роднините на жртвите од железничката несреќа кај Темпи, Мариа Каристиану – две партии што се најавуваа подолго време, а во изминатиот период беа вклучени и во истражувањата на јавното ...

Никозија, 18 мај 2026 (МИА) – Местото на Западен Балкан е во Европа, а напредокот на Црна Гора кон Европската Унија испраќа порака дека процесот на проширување е жив, порачаа кипарскиот и црногорскиот претседател Никос Христодулидис и Јаков Милатовиќ на заедничката прес-конференција по нивната средба во Никозија, јави дописничката на МИА од Атина. Милатовиќ денеска е во еднодневна работна посета на Кипар, а на средбата со Христодулидис ...

Скопје, 18 мај 2026 Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа, објави „WorldAtlas“ додека Христијан Мицкоски секојдневно раскажува бајки за трета економија во Европа. Реалноста е сосема поинаква. Граѓаните секој ден ја чувствуваат вистината преку празните паричници, високите цени и се потешкиот живот, стои во соопштението на СДСМ што МИА го објавува интегрално. Алармантно лоша е и состојбата со Буџетот, снемува пари. Се случува токму ...

Скопје, 18 мај 2026 Филипче први антимакедонец, го достигнува врвот во политиката, и за спас на својата кариера и за да докаже дека е спремен на се за да дојде на власт, славеше победа на соседна држава на Евровизија. Да речеме и дека нема проблем со тоа, знаеме дека Венко Филипче први антимакедонец има свој автентичен стил на музика, но проблемот е во тоа што таа држава за која тој се радува, нас ни го негира идентитетот, стои во ...

Скопје, 18 јуни 2026 Во денови кога Македонија е потресена од грозоморни случаи на убиства на жени, фемициди, кога расте насилството врз жените, а институциите потфрлаат во заштитата, повампирените ликови од времето на Груевски, меѓу кои и Миленко Неделковски и Сашо Тасевски, јавно шират навреди, понижувања и омраза кон жените, стои во соопштението од СДСМ што МИА ви го пренесува интегрално. Последни жртви на срамни напади и говор на омраза ...

Скопје, 18 мај 2026 СДС повторно шири паника, манипулации и лажни катастрофични сценарија, истите оние кои 7 години ја уништуваа македонската економија, ја задолжија државата и ги оставија граѓаните со најниски плати и највисока инфлација. Затоа токму СДС нема кредибилитет да зборува за економија. За време на нивното владеење Македонија беше понижена, економски ослабена и заробена во криминал, тендери и неспособност, стои во соопштението на ...

weather icon

Скопје

36ᴼ / 36ᴼ
4.96
19%
1016
weather icon

Белград

35ᴼ / 34ᴼ
2.68
45%
1017
weather icon

Загреб

36ᴼ / 36ᴼ
2.51
33%
1017
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
4.96
39%
1019
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
4.61
24%
1018
weather icon

Љубљана

36ᴼ / 35ᴼ
0.45
38%
1017
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
4.92
37%
1016
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
5.56
32%
1016
weather icon

Подгорица

36ᴼ / 36ᴼ
3.99
28%
1015
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 32ᴼ
1.34
35%
1019
weather icon

Будимпешта

39ᴼ / 38ᴼ
1.79
24%
1016
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 26ᴼ
8.75
88%
1018
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Иридиум

233896.68

Рутениум

49029.89

Калај

50.56

Сребро

1902.84

Цинк

0.00

Алуминиум

3.20

Злато

131072.82

Паладиум

38195.09

Кобалт

56.29

Платина

51923.46

Родиум

249168.29

Бакар

12.33