Прага,15 мај 2026 (МИА) - Чешката полиција пред два дена уапси 35-годишен маж осомничен за кражба на 800 години стар череп на светица од црква во северна Чешка. Од полицијата соопштија дека вредната реликвија, за која се верува дека ѝ припаѓа на Света Здислава од Лемберк, била пронајдена ден по кражбата. Инцидентот се случил во базиликата „Свети Лоренс и Света Здислава, на околу 110 километри северно од Прага. Полицијата објави снимка од ...

Непјидо, 15 мај 2026 (МИА) - Медиумите во Мјанмар денеска објавија дека е откриен масивен рубин од 11.000 карати - еден од најголемите пронајдени во земјата од Југоисточна Азија, подрачје познато по овие скапоцени камења. Ископан од областа Могок на северот од земјата, „рубинот е исклучително голем, редок и тешко се наоѓа“, соопштија властите. „Џиновскиот рубин има црвеникаво-виолетова боја со жолтеникави нијанси и се смета за ...

Вашингтон,15 мај 2026 (МИА) - Повеќе од 80 години по потонувањето на воениот брод УСС Аризона, од неговите остатоци и натаму полека истекува нафта во водите на Пацификот, потсетувајќи на трагичните настани од нападот на Перл Харбор во Втората светска војна. Овие остатоци денеска претставуваат едно од најпознатите меморијални места во САД посветени на жртвите од Втората светска војна. Бродот потонал на 7 декември 1941 година, за време на ...

Вашингтон,15 мај 2026 (МИА) - По долго боледување почина Мајкл Стоун, постариот брат на Шерон Стоун. Актерката ја сподели веста за неговата смрт на социјалните мрежи, објавувајќи фотографија од својот брат и порака со која му изрази последен поздрав и му посака мир. - По долго боледување почина мојот постар брат Мајк Стоун. Му посакуваме мир, напиша актерката. Мајкл Стоун во текот на својот живот бил присутен во светот на филмот и ...

Лос Анџелес, 15 мај 2026 (МИА) - Парис Џексон, ќерката на покојниот поп-музичар Мајкл Џексон, ја доби правната битка за неговиот имот. Судот пресуди во нејзина корист во спорот околу исплатите на бонуси и наложи враќање на 625.000 долари во фондот за имот. Кога Мајкл Џексон, на 50-годишна возраст, почина во јуни 2009 година, тој остави зад себе огромно наследство, но и милионски долгови... Имотот го управуваа извршителите Џон Бранка и Џон ...

Лос Анџелес, 15 мај 2026 (МИА) - „Инстаграм“ го објави глобалното пуштање на новата функција наречена „Инстанти (Instants)“, која овозможува споделување автентични фотографии што исчезнуваат. Функцијата, по тестирањето со избрани корисници, овозможува споделување фотографии што ќе бидат достапни за преглед само еднаш и ќе останат видливи 24 часа. Апликацијата е инспирирана од социјалните платформи како „Снепчат“, „Локет“ и „Бириал“, ...

Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Современиот пристап кон женското здравје, со посебен акцент на состојбата што денес се смета за едно од најчестите ендокрини и метаболистички нарушувања кај жените во репродуктивна возраст - PMOS/PCOS, ќе биде во фокусот на годинешното одбележување на Неделата на женското здравје 2026. Почетокот на петтото издание на Недела на женското здравје 2026“ ќе биде означен денеска со прес-конференција. Неделата на женското ...

Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Комисијата за заразни болести одржа седница со цел разгледување на состојбата со појавата на кластер на хантавирус - варијанта андес во светски рамки и оцени дека во нашата држава е низок ризикот од појава и ширење на вирусот. Здравствениот систем е подготвен за справување со евентуална појава на инфекцијата - соопшти Министерството за здравство. Институтот за јавно здравје, како што се посочува, располага со ...

Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Жените треба да прават превентивни гинеколошки прегледи бидејќи навременото откривање болест значи и нејзино полесно излекување - истакнаа денеска од Македонската асоцијација на гинеколозите и опстетричарите - МАГО на одбележувањето на Неделата на женско здравје 2026. Проф. д-р Глигор Тофоски од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје и претседател на МАГО рече дека ако болеста се открие ...

Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Изминатата година родени се 15.500 новороденчиња, што значи дека државава бележи значителен пад во природниот прираст, покажуваат најновите демографски податоци од 2025 година - истакна денеска проф. д-р Елена Џикова од Клиниката за гинекологија и акушерство и член на Управниот одбор на Македонската асоцијација на гинеколозите и опстетричарите - МАГО на одбележувањето на Неделата на женското здравје 2026. Таа ...

Скопје, 14 мај 2026 (МИА) - Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишник за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Убиство при вршење семејно насилство, односно квалификувано според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Како што информира ОЈО, утрово, осомничениот ја лишил од живот неговата поранешна вонбрачна партнерка со која имал четири заеднички ...

Битола, 15 мај 2026 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Битола со јавен апел, предупредува граѓаните да бидат внимателни во врска со кривични дела „измама“ за лажни сообраќајни несреќи. Од СВР Битола посочуваат дека посебно внимателни треба да бидат повозрасните и да не наседнуваат на измами кои сторителите го прават по пат на телефонска комуникација. Измамниците ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им ...

Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Дваесетгодишен возач од Скопје е лишен од слобода, поради тоа што со возило удрил во велосипед управуван од 13-годишник, соопшти МВР. Во СВР Скопје вчера во 16:10 часот било пријавено дека на ул.„Коце Металец“ патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(20) од Скопје, удрило во велосипед управуван од 13-годишник од Скопје. Во несреќата, како што соопшти МВР, малолетникот се здобил со ...

Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека МВР ќе постапи во согласност со своите надлежности доколку бидат преземени потребните процесни чекори во врска со информациите на ФБИ дека двајца македонски државјани се бараат во САД за измама и кражба на идентитет, а се наоѓаат во земјата. Одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со главниот извршен директор на „А1 ...

Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека во иднина ќе следуваат законски измени, кои ќе бидат порестриктивни во однос на управувањето електричен тротинет. Одговарајќи на новинарско прашање, денеска, на официјалната промоција на кампањата за побезбеден сообраќај „Одговорно со технологијата“ на „А1 Македонија“ и МВР, Тошковски рече дека во моментот не може да каже дали ќе има ограничување на ...

Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Во пресрет на одбележувањето на 21. годишнина на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), денеска директорот Стојанче Ангелов со голема благодарност се обрати до сите вработени, поранешни и сегашни припадници, а и соработници, кои со својата професионалност и посветеност придонесуваат во исполнувањето на мисијата на ДЗС. Исто така, пригодно се обратија и заменик-директорот Кашмир Салиу и повозрасните вработени, ...

Скопје, 15 мај 2026 Нина е дете кое секој ден го живее во болка. Нејзината состојба поради болеста се влошува, телото слабее, а ризикот од неповратни последици расте. За Нина постои шанса за лекување во САД што може да ѝ го промени животот, но без потребните средства, таа шанса исчезнува. Дел од сумата веќе е собрана, недостасуваат уште 30% од истата. Вкупно потребни средства се 54.361 евра, како и дополнителни средства за патни трошоци, виза ...

Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Продолжува изградбата на базенот во Струмица, како дел од инвестициите во спортската инфраструктура. Министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот Петар Јанков извршија увид на терен, при што беше потврдено дека работите се одвиваат според планот. Базенот, вреден 50 милиони денари, се очекува да биде завршен до крајот на јануари 2027 година и по пуштањето во употреба ќе биде на располагање на учениците, ...

Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Пратеникот Сали Мурати оствари средба со претставнички од турскиот парламент и АК Парти, при што беа разгледани билатералните односи меѓу Северна Македонија и Турција, како и состојбите и предизвиците со кои се соочува турската заедница во земјата, соопштуваат од Собранието. Како пратеник на Движењето на Турците за правда и демократија – Европски фронт, Сали Мурати, денеска, остварил средба со претседателката на ...

Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Извештајот од странската експертска комисија, која изврши независен стручен увид на 13 случаи и потврди девет случаи поврзани со сомнежи за непотребни кардиохируршки интервенции, содржи лични и медицински податоци на пациентите, како и детална медицинска документација, дијагностички наоди, податоци за третманот и клиничкиот тек на случаите. Во согласност со член 25 став 1 од Законот за заштита на правата на ...

Прилеп, 15 мај 2026 (МИА) - Фондот за здравство работи да најде решение за техничките проблеми при исплатата на породилното отсуство. Дел од проблемите се од помалите фирми кои не прават разлика помеѓу пријавувањето на патолошка бременост или породилно отсуство, а разликата е во поцентите и различните пријавувања, вели Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување. Клековски при денешниот престој во Прилеп одговараше на ...

Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Јавниот обвинител Ненад Савески оствари средба со италијанскиот амбасадор Паоло Палминтери, на која беа разгледани соработката меѓу двете земји и поддршката на Италија во областа на владеењето на правото. Од Јавното обвинителство соопштија дека на средбата станало збор и за предизвиците со кои се соочува обвинителството. - Соработката на Јавното обвинителство со Република Италија е екстензивна, а Италија како еден ...

Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Со забрзана динамика се одвиваат градежните работи за поврзување на улицата „Љубљанска“ со улицата „Скупи“, информира градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Преку објава на социјалните мрежи, Ѓорѓиевски наведува дека проектот е во завршна фаза. - Наскоро, овој важен мост на реката Вардар ќе биде ставен во функција и ќе овозможи подобро, побрзо и побезбедно движење за скопјани - вели тој. Тој додава дека се ...

Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Во 2025 година во кино салите во земјава се прикажани за 12.9% помалку кино кино-претстави отколку во 2024-та, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на прикажаните филмови е 922, на кино-претставите 12 057, а бројот на посетителите е 299 560. Со истражувањето на ДЗС биле опфатени 17 кина. са/ Фото: МИА Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Во 2025 година во кино салите во земјава се прикажани за 12.9% помалку кино ...

Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Над 100 моторџии од повеќе градови низ државава денеска се собраа во Градски парк кај фонтаната, каде се одржа мото дефиле по повод Меѓународниот ден на семејството, во организација на Мото клубот „Вепар“ и СОС Детско село. Моторџиите со ова дефиле ја потсетија јавноста дека семејството не е само место каде што растеме, туку чувство на сигурност, грижа и припадност. - За нас ова дефиле не е само возење, туку начин ...

Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Актуелните состојби во земјоделството, откупот, наводнувањето и мерките што ги преземаме за поддршка на домашното производство биле теми на разговоро за време на вчерашната посета на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трупуновски, на Јосифово и Балинци во општина Валандово. Посетата била во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме - македонско најдобро“, а за неа министерот информира ...

Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Јавен повик за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија и занаетчии, со кој се обезбедени 11 милиони и 340 илјади денари - објави денеска Министерството за економија и труд. Ќе се кофинансираат 40 отсто од докажаните трошоци за набавка на нови машини и алати, но не повеќе од 200 илјади денари од барател. Поддршката се однесува на инвестиции реализирани во текот на 2025 и 2026 година, а право на ...

Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Изготвувањето на просечната потрошувачка кошничка е при крај, а рокот за нејзиното донесување е 30 јуни. Разгледана е од членовите на Економско-социјалниот совет (ЕСС), доставени се забелешките од нивна страна и веќе се обработуваат - рече денеска министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Дурмиши на прес-конференција информира дека кошничката ќе биде ставена на дневен ред на следната седница на ЕСС, ќе биде ...

Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Нови правила за кибербезбедност за објектите за производство, складирање и за системите за пренос и дистрибуција на електрична енергија донесе Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со новите правила РКЕ ја засилува својата улога во областа на кибербезбедноста со цел обезбедување повисоко ниво на сигурност, стабилност и доверба во енергетскиот систем, во ...

Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од 10 до 20 мај спроведува контроли во сите синџир-маркети. Ако утврди дека има зголемувања на маржите, ќе бидат преземени соодветни мерки - соопшти денеска министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Како што рече Дурмиши, 30 тима се на терен, а неофицијално, од информациите по првите четири дена од почетокот на надзорите, забележано е одредено поевтинување кај овошјето и ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
2.95
28%
1016
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
2.68
51%
1017
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
1.85
47%
1016
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
2.75
57%
1020
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.78
41%
1018
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 23ᴼ
0.29
70%
1018
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
3.58
46%
1015
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.05
58%
1016
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
1.43
43%
1015
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
1.55
45%
1018
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 34ᴼ
0.45
36%
1017
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
6.68
100%
1019
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Бакар

12.33

Иридиум

233896.68

Калај

50.56

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Алуминиум

3.20

Родиум

249168.29

Рутениум

49029.89

Паладиум

38195.09

Платина

51923.46

Сребро

1902.84

Злато

131072.82