Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Цирих, 21 јануари 2026 (МИА) - Илјадници луѓе протестираа во центарот на Цирих против американскиот претседател Доналд Трамп и неговото учество на Светскиот економски форум во Давос, обвинувајќи ги швајцарските власти дека даваат легитимитет на „авторитарна и плутократска политика“. Група демонстранти се движеа низ централните градски улици со слоганот „Трамп не е добредојден!“ и го запалија американското знаме. За време на протестот имаше ...
Брисел, 21 јануари 2026 (МИА) – Европската комисијата жали поради денешната одлука на Европскиот парламент да достави барање до Европскиот суд на правдата за мислење околу усогласеноста на Договорот за партнерство и на Привремениот трговски договор меѓу ЕУ и Меркосур со основачките документи на ЕУ, изјави заменикот главен портпарол на Европската комисија, Олоф Гил. - Според нашата анализа, прашањата покренати во предлогот се неоправдани, ...
Белград, 21 јануари 2026 (МИА) - Владите ширум светот поставија задачи што ги надминуваат намерите за тројно зголемување на нуклеарниот капацитет од COP28, наведено е во извештајот на Светската нуклеарна асоцијација презентиран во Давос. Во делот што се однесува на Србија, се истакнува планот до 2042 година да има 250 мегавати нуклеарен капацитет во функција, објави порталот „Неуклеарна перспектива“. Во делот од извештајот посветен на Србија, ...
Охрид, 21 јануари 2026 (МИА) – Градоначалникот на Охрид, Кирил Прецаков, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду, која е во прва официјална посета на Охрид. На средбата на присуствувала и Деспина Ипиоти, конзул на Република Грција во Битола, Пецаков ги запознал соговорничките со актуелните проекти на кои работи Општина Охрид за заштита на животната средина и Охридското Езеро, во насока на ...
Скопје, 21 јануари 2026 (МИА) - Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Армен Григоријан, денеска официјално потпишаа меморандум за соработка. Со потпишувањето на меморандумот, како што вели Ѓорѓиевски, се поставува јасна рамка за стратешка и долгорочна соработка во области од клучно значење за развојот на Скопје со цел унапредување на локалните политики, ...
Скопје, 21 јануари 2026 Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразуваат сериозна загриженост и најостра осуда на зачестените јавни напади, дисквалификации и етикетирања на новинари и медиуми од страна на политичката партија СДСМ. Последниот таков случај се однесува на јавното таргетирање и етикетирање на телевизијата „Алфа“ преку партиски соопштенија и јавни изјави, ...
Скопје, 21 јануари 2026 (МИА) - Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Собранието изјави дека се согласува со ставот дека треба да се одложи воведувањето на системот ЕЕС за транспортерите. Николоски на седницата за опозициски прашања рече дека Владата го поддржува ставот на Комората на странските инвеститори во Македонија во врска со системот ЕЕС за влез и излез од ЕУ и најави дека по седницата, ќе има состанок ...
Скопје, 21 јануари 2026 (МИА) - Јас и Владата го разбираме револтот на транспортерите, како и протестот што ќе го направат превозниците од понеделник, не само од Македонија туку од целиот регион од Западен Балкан поради новите правила за електронска евиденција во земјите од шенген-зоната. Новите правила ѝ штетат на домашната економија, драстично ќе ја намалат работата на транспортерите, а на удар директно ќе бидат транспортниот сектор и ...
Скопје, 21 јануари 2026 (МИА) - Почнато е со изградбата на автопатските делници Тетово - Гостивар и Гостивар - Букојчани, а претходно ги решаваме експропријацијата на земјиштето и отстранувањето објекти на овие траси - истакна денеска министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, кој од собраниската говорница одговараше на прашањето: каде се трошат средствата на граѓаните од патарините на автопатиштата во земјата, поставено од ...
Давос, 21 јануари 2026 (МИА) - Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави дека НАТО нема да прифати уцени по заканите дека САД би можеле да извршат инвазија врз Гренланд, дански автономен остров. Говорејќи на Светскиот економски форум во Давос, Кристерсон изјави дека не сака да шпекулира дали НАТО-сојузништвото е неповратно нарушено поради заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе го преземе Гренланд. Шведска стана членка на ...
Лондон, 21 јануари 2026 (МИА) - Британската министерка за финансии, Рејчел Ривс, денеска изјави дека нејзината земја „никогаш нема да исклучи ништо“ во врска со одмазничките царински мерки што ги објави американскиот претседател Доналд Трамп поради учеството на британски војници во мисијата во Гренланд, каде што отидоа на покана на Данска. На Светскиот економски форум во Давос, Ривс изјави за Би-Би-Си дека Велика Британија „нема да биде ...
Скопје, 21 јануари 2026 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ, денеска, во реакција на прес-конференцијата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, наведува дека тој ги обвинува сите, освен Заев и кланот Дубаи, а на крајот не дава ниту решенија ниту предлози. - Венко Филипче денеска одржа прес-конференција како од лош таблоид од доцните 90-ти години на 20 век: многу зборови, а нула факти. Список на наводни скандали, без ниеден документ, без пријава и без храброст да ...
Куманово, 21 јануари 2025 (МИА) - Покрај градот и централните улици во Куманово се чистат и патиштата кон селата, соопштија на денешната прес-конференција надлежните од јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“. Исчистени се патиштата кон селата Тромеѓа, Пчиња, Режановце, населени места и приградски населби во околината на градот. Според првичните информации од претпријатието, до претпладневните часови над 80 отсто од градските улици биле ...
Скопје, 21 јануари 2026 (МИА) - Жител на кочанско село вчера во СВР Штип пријавил дека пронашол неексплодирана граната покрај нива. - Ѓ. Ј.( 54) од село Бели, Кочанско, вчера, во 8.59 часот, во СВР Штип пријави дека кај крстосницата за село Нивичани, Кочанско, покрај нива пронашол неексплодирана граната. Увид е извршен, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал гранатата - соопшти МВР.вј/са/ Фото: МИА архива ...
Скопје, 21 јануари 2026 (МИА) - Информација за состојбата со врнежите од снег и состојба на патиштата до 13:30 часот. Скопски регион До 13:00 часот сите патни правци на територијата на Град Скопје се исчистени и сообраќајот се одвива по влажни коловози. Надлежните служби и понатаму ја следат состојбата и се подготвени за дополнителни интервенции. Битолски регион Патните правци кон ски-центрите Пелистер и Нижо Поле се проодни во зимски услови. ...
Битола, 21 јануари 2026 (МИА) - Управниот одбор на АД ЕСМ донесе одлука за времено именување на координатори во двата клучни енергетски капацитети во земјава, РЕК Битола и Осломеј. За координатори со целосни овластувања за раководење со комбинатите се именувани Иван Куковски во РЕК Битола и Владимир Пејоски во РЕК Осломеј. Од секторот за односи со јавност на РЕК Битола за МИА потврдија дека именувањето е во насока на динамизирање на ...
Хјустон, 21 јануари 2026 (МИА) - Американската астронаутка Суни Вилијамс од НАСА, една од двајцата што непланирано поминаа девет месеци заглавени на Меѓународната вселенска станица (МВС), отиде во пензија. Националната воздухопловно-вселенска администрација вчера соопшти дека пензионирањето на Вилијамс е во сила од крајот на декември. Нејзиниот колега од неуспешниот лет со капсулата „Старлајнер“ на „Боинг“ во 2024 година, Буч Вилмор, ја ...
Неготино, 21 јануари 2026 (МИА) - Во полиција биле пријавени случаи на фрлање отров низ Неготино и газење кучиња со возила. Од Секторот за внатрешни работи - Велес попладнево информираа дека вчера во 11:20 часот во ОВР - Неготино, од Општина Неготино било пријавено дека во периодот од 1 јануари до моментот на пријавување, на повеќе локации во Неготино било извршено расфрлање на отров и прегазување на кучиња со возила. - Според пријавеното, ...
Кавадарци, 21 јануари 2026 (МИА) - Приведени две лица барани со наредба од кавадаречкиот суд заради извршување казна затвор, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. - Синоќа во 20:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа А.К.(41) од село Ваташа, кавадаречко. Тој бил баран врз основа на наредба од Основен суд Кавадарци за издржување казна затвор во траење од две години за сторено кривично дело „неовластено ...
Скопје, 21 јануари 2026 (МИА) - СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.К. (38) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 13.06.2025 во Тетово, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал пријавениот, но тој не застанал и притоа од ...
Скопје, 21 јануари 2026 (МИА) – Двајца возачи починале, а еден возач и тројца сопатници од кои едно малолетно дете се потешко повредени во три одделни сообраќајни несреќи што се случиле во изминатото деноноќие. Како што информира МВР, во ОВР Крива Паланка утринава во 04:50 часот е пријавено дека на магистралниот пат Граничен премин Деве Баир - Крива Паланка, во атар на село Узем, кривопаланечко, товарно возило „сканиа“ со косовски национални ...
Скопје, 21 јануари 2026 (МИА) - Собранието, денеска, во рамките на 81. седница, по завршувањето на опозициските прашања, ги усвои финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурувањето за 2026 година, одлуката за давање согласност на предлогот на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2026 година и одлуката за давање согласност на предлогот на годишниот финансиски план на Агенцијата за ...
Скопје, 21 јануари 2026 (МИА) - Мерит-принципот станува правило - оној што е на раководна функција ќе мора да знае, да може и да одговара, беше речено на денешната прва јавна дебата за предлог-законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите, што се одржа денеска во Скопје. Законското решение, истакнаа учесниците, предвидува транспарентна постапка за именување на високораководните функционери, но и јасно ги уредува ...
Берлин, 21 јануари 2026 (МИА) - Извршниот директор на Ауди, Џонатан Витли, зборуваше за амбициите на германскиот производител на автомобили, кој ќе дебитира во Формула 1 во 2026 година. Тимот претходно се натпреваруваше како Заубер. -Не сме тука за да седиме настрана - ова е амбициозен проект. Во исто време, имаме скромен пристап, знаеме од каде почнуваме и каде сакаме да бидеме. Сакаме да го направиме Ауди најуспешниот тим во Формула 1 во ...
Скопје, 21 јануари 2026 (МИА) - Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини нема влијание и по ниеден основ не се меша во работата на АД ЕСМ бидејќи е акционерско друштво и е директно под Владата, истакна денеска ресорната министерка Сања Божиновска одговарајќи на прашање на пратеникот Амар Мециновиќ од Левицата. На собраниската седница за пратенички прашања таа појасни дека Министерството прави стратегии, носи закони и нови ...
21 јануари 2026 Министерството за животна средина и просторно планирање, заедно со проектниот конзорциум ENVIROPLAN S.A. (лидер) - WEGlobal, денеска во Скопје ја одржа завршната работилница од проектот „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот Регион (NEAR/SKP/2022/EA-RP/0137)“, финансиран од Европската Унија преку ИПА-програмата, со што формално беше означено завршувањето на ...
Скопје, 21 јануари 2026 (МИА) - Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска, на прес-конференција, во одговор на новинарско прашање рече дека нема да ги поддржат измените на Законот за прекршоците за системот „Безбеден град“ бидејќи, според него, не е јасно укажано како ќе се контролира огромната база на податоци. -Во однос на системот „Безбеден град“ и Законот за прекршоци, ние тој закон нема да го поддржиме. Ние не сме против безбедноста во ...
Скопје, 21 јануари 2026 (МИА) - Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција денеска обвини дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема одговор за проблемите со кои се соочуваат граѓаните и затоа постојано прави дефокус. - Ова не е политика, туку дефокус. Дефокус од катастрофалната состојба во земјата, од реалноста и од проблемите, а тоа е примарна цел на тендер-коалицијата ВМРО - ЗНАМ. Додека течат криминални тендери зад грбот на народот, ...
Кавадарци, 21 јануари 2026 (МИА) - Две лица се здобиле со тешки повреди при извршување работи, биле примени во болницата во Кавадарци, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес. - Вчера во 9:28 часот во ОВР - Кавадарци е пријавено дека во Општа болница - Кавадарци со тешка телесна повреда бил донесен Ѓ.Д., на возраст од 29 години од Неготино. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи во ...
Скопје, 21 јануари 2026 (МИА) - Во одделението за внатрешни работи (ОВР) Гостивар во текот на вчерашниот ден 42-годишник од Гостивар пријавил дека били измамен за сума од 26.000 денари која без негова согласност била подигната од неговата платежна картичка, а 72-годишник од истиот град пријавил дека при вадење уверение за остварен доход од Управата за јавни приходи забележал дека во неговото досие се заведени добивки од игри на среќа во износ ...