Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Киев, 14 мај 2026 (МИА) – Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека бројот на загинати во синоќешниот руски напад врз Киев се искачи на пет, а околу 40 лица се повредени. Тој истакна и оти возило на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања двапати било погодено од руски беспилотни летала во јужниот регион Херсон. Во инцидентот никој не е повреден, а персоналот е евакуиран. Русија изминатите два дена лансираше ...
Астана, 14 мај 2026 (МИА) – Претседателот на Казахстан Касам-Жомарт Токаев и неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган денеска во Астана потпишаа 13 нови билатерални договори за соработка во областа на енергетиката, образованието, градежништвото и културата. - Казахстан има специјална улога за енергетската политика, што ја водам изминатите години. Значењето на Транскаспсикиот меѓународен коридор Исток – Запад, што денес е современ еквивалент ...
Приштина, 14 мај 2026 (МИА) – Осумнаесетте рудари, кои 16 часа беа заглавени во подземна галерија на косовскиот рудник „Трепча“ поради сериозни технички проблеми во снабдувањето со електрична енергија, излегоа над земја. Никој од рударите не е повреден. Тие излегоа од рудникот откако на кратко време беше обновено напојувањето со електрична енергија. Претходно, претседателот на Синдикатот на рударите, Ибрахим Јонизи, изјави дека првично во ...
Берово, 14 мај 2026 (МИА) – Општина Берово ја заврши изградбата на нов тротоар на потегот од улицата Дамјан Груев со улицата Маршал Тито до влезот на градските гробишта, со што значително се подобрува безбедноста и условите за движење на пешаците во овој дел од градот. Од Општината информираат дека со реализацијата на проектот е обезбедена побезбедна и поуредена пешачка инфраструктура, особено за граѓаните кои секојдневно го користат овој ...
Делчево, 14 мај 2026 (МИА) - Делчевката д-р Сања Пановска, научник која го истражува магнетното поле на Земјата и е дел од GFZ Хелмхолдс центарот за геонауки во Германија, денеска оствари средба со градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски. Како што информираа од Општина Делчево, на средбата било истакнато дека Делчево е расадник на млади и успешни луѓе кои со своето знаење, труд и посветеност успеваат да изградат значајни кариери и ...
Берово, 14 мај 2026 (МИА) – Советот на Општина Берово на денешната седница го усвои Правилникот за наградување на ученици и ментори кои оствариле значајни резултати на државни и меѓународни натпревари, индивидуално или групно. Со донесувањето на Правилникот, локалната самоуправа ја потврдува својата заложба за поддршка, мотивирање и поттикнување на младите таленти, како и за вреднување на трудот, знаењето и посветеноста на нивните ментори. Од ...
Скопје, 14 мај 2026 (МИА) - Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска побара од Христијан Мицкоски и од ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните за, како што наведе, „изгубените години, за сите навреди што ги претрпеа оние што го поддржуваа Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, за оние што веруваа во Европската Унија, за многумина кои поради евроскептицизмот и оваа лажна кампања ја напуштија земјата и се иселија“. Според него, оние што го ...
Скопје, 14 мај 2026 (МИА) - Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, денеска учествуваше на панел-дискусијата организирана на Универзитетот „Мајка Тереза“ на тема „Институционална консолидација и законодавството за високото образование“. Сали во своето обраќање, како што соопшти неговиот Кабинет, ја истакнал важноста на институционалната консолидација и зајакнувањето на високото образование како клучен столб за развојот на ...
Скопје, 14 мај 2026 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска оствари работна посета на Општина Студеничани, каде заедно со градоначалникот Ејуп Абази извршија увид во тековните инфраструктурни проекти што се реализираат со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање. Министерот Хоџа, како што соопшти МЖССП, jа посетил локацијата каде што се одвиваат активностите за изградба на ...
Буенос Аирес, 14 мај 2026 (МИА) – Аргентинецот Фаустино Оро, честопати нарекуван „шаховскиот Меси“ стана вториот најмлад велемајстор во историјата на шахот на возраст од 12 години шест месеци и 26 денови. Оро на вечната листа најмлади велемајстори го потисна од второто место Сергеј Карјакин (12 години и седум месеци), додека светскиот рекорд на Американецот Абхимању Мишра (12 години, четири месеци и 25 денови) остана за малку недостижен. ...
Лондон, 14 мај 2026 (МИА) – Британскиот министер за здравство Вес Стритинг денеска поднесе оставка истакнувајќи оти ја изгубил довербата во лидерството на премиерот Кир Стармер. - Сега е јасно дека нема да ја водите Лабуристичката партија на следните општи избори и оти пратениците на Лабуристичката партија и синдикатите поврзани со неа сакаат дебата за она што треба да биде судир на идеи, а не личности или ситни внатрешни партиски борби. Оваа ...
Скопје, 14 мај 2026 (МИА) – Реформската агенда - патот напред, се вика уставни измени, почеток на преговорите со ЕУ и отварање на поглавјата - тоа е вистинскиот пат напред, одговори лидерот на СДСМ Венко Филипче на денешната прес-конференција, одговорајќи на новинарско прашање да го коментира повикот на дипломатијата Тимчо Муцунски до опозицијата да има одговорен пристап за реформската агенда, да придонесе во европската иднина и да ја тргне ...
Скопје, 14 мај 2025 Најавата на Владата дека познатиот француски ди-џеј Дејдид Гета ќе настапи во Скопје во рамки на прославата за 35 години од независноста на Македонија отвора огромни сомнежи и прашања кои власта мора да ги одговори, стои во соопштението од Социјалдемократскиот сојуз што МИА ви го пренесува интегрално. Прво и најважно прашање е колку тоа ќе ги чини граѓаните на Македонија? Се најави концерт на стадион а не се спомена ...
14 мај 2026 Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Д.Ш.(23) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори“. На 08.05.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. СВР Скопје ...
Струга, 14 мај 2026 (МИА) - Дванаесетгодишно момче од струшкото село Подгорци било нападнато од две години постар жител на истото село, соопшти денеска СВР Охрид. Според информацијата, вчера во 19 часот и 31 минута во СВР Охрид, Ш.Н.(40) од селото Подгорци, пријавила дека нејзиниот 12-годишен син бил физички нападант од друг 14-годишен малолетник од истото сел. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. сс/дма/ Фото: ...
Куманово, 14 мај 2026 (МИА) - Четириесет и тригодишен кумановец е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случи претпладнево околу 11 часот на автопатот Куманово – Скопје, во атарот на Агино Село. Како што информираат од СВР Куманово, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(43) од Куманово, излетало од коловозот и се превртело. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во ...
Скопје, 14 мај 2026 (МИА) - Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната седница донесе одлука дека Предлог законот за парнична постапка е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање и за организирање јавна расправа. Предлог законот за парнична постапка, кој пред пратениците е со европско знаменце, за заменик министерот за правда Ален Деребан, е еден од најзначајните реформски закони во областа на ...
Валенсија, 14 мај 2026 (МИА) – Валенсија е последниот учесник на фајнлфорот во кошаркарската Евролига, откако синоќа на домашен терен триумфираше над Панатинаикос со 81-64 (14-10, 21-13, 21-27, 25-14) во решавачкиот петти натпревар. Шпанскиот тим беше на чекор до елиминација по двата воведни порази на домашен терен, но потоа славеше двапати во Атина и се избори за мајсторка пред своите навивачи. Во текот на првото полувреме, Валенсија имаше ...
Ленс, 14 мај 2026 (МИА) – Фудбалерите на ПСЖ ја одбранија титулата во француската Лига 1, откако синоќа го совладаа директниот конкурент Ленс на гостински терен со 2-0 и стекнаа недостижна предност од девет бодови на едно коло до крајот на сезоната. Кварацхелија му донесе водство на ПСЖ во 25 минута, а откако Ленс во продолжението пропушти неколку идеални шанси за гол, победата на гостите од Париз ја запечати Мбапе во 94 минута. За ПСЖ ова е ...
Детроит, 14 мај 2026 (МИА) – Кошаркарите на Кливленд се на чекор до пласман во финалето на Источната конференција во НБА лигата, откако синоќа на гостински терен го совладаа Детроит со 117-113 по продолжение во петтиот натпревар од полуфиналето и поведоа со 3-2 во серијата до четири победи. Кливленд до третата едноподруго победа во полуфиналната серија со Детроит го предводеше Џејмс Харден со 30 поени. Ова беше неговиот 185. плејоф натпревар ...
Скопје, 14 мај 2026 (МИА) - Финалниот натпревар од Купот на Македонија во женска конкуренција, во кој ќе се соочат ЖФК Тиверија Брера и ЖФК Каменица Саса, ќе се одигра денеска на стадионот на Македонија ЃП со почеток од 15 часот. Согласно пропозициите на натпреварувањето, ова финале ќе се одигра со примена на ВАР технологија. За екипата на Тиверија Брера ова ќе биде второ финале по ред, откако минатата сезона беа поразени од Љуботен. Тимот од ...
Скопје, 14 мај 2026 (МИА) – Македонскиот извоз на фудбалери е меѓу Топ 50 во глобални рамки, покажува најновиот извештај на Фудбалската опсерваторија ЦИЕС. Според податоците на ЦИЕС, бројката на македонски фудбалери кои во моментов настапуваат во странство изнесува 81 и тоа е за седум помалку споредено со 2021 година. Македонските фудбалери настапуваат во 21 лига во странство, а најмногу ги има во Албанија, вкупно десет. Во Турција ...
Њујорк, 14 мај 2026 (МИА) – Легендарната поп пејачка Мадона, колумбиската музичка ѕвезда Шакира и јужнокорејската К-поп група БТС ќе бидат главни ѕвезди на полувремето од финалето на Светското фудбалско првенство, објавија синоќа организаторите. Финалето ќе се игра на 19 јули на „Метлајф“ стадионот во Њујорк и прв пат во 96-годишната мундијалска историја ќе биде збогатено со музички настап. Продуцент на музичката програма е Крис Мартин од ...
Париз, 14 мај 2026 (МИА) – Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, оцени дека титулата која неговите фудбалери ја одбранија во француското првенство била најтешката која ја освоил со клубот од Париз откако седна на клупата во 2023 година. „Ова е најслатката и најтешката освоена титула, најтешката во последните три години, без сомнение. За прв пат во моите три сезони тука има вистински ривал“, изјави Енрике, откако ПСЖ синоќа го совлада директниот ...
Париз, 14 мај 2026 (МИА) – Италијанскиот тенисер Лоренцо Мусети го откажа настапот на вториот сезонски грен слем турнир Ролан Гарос, поради повреда на бутот. Минатогодишниот полуфиналист на Ролан Гарос и светски број 10 на АТП ранкингот, имаше проблеми во поразот во осминафиналето од Норвежанецот Каспер Руд на Отвореното првенство на Италија во Рим во вторникот. „По натпреварот, бев на лекарски прегледи кои дијагностицираа повреда на ректусот ...
Прешов, 14 мај 2026 (МИА) – Селекторот на македонката машка ракометна репрезентација Кирил Лазаров очекува исцрпувачки и тензичен натпревар вечерва против Словачка во баражот за пласман на Светското првенство 2027. Лазаров посочи дека македонските ракометари се свесни за важноста на дуелот против неатрактивен, но квалитетен противник. „Влогот е огромен. Изминатата деценија постојано сме присутни на светските и европските првенства и тоа е ...
Кавадарци, 13 мај 2026 (МИА) - Изложба на накит е отворена во Куќа на мирис и вкус при Музеј галеријата во Кавадарци. Се работи за накит од Штип и Штипско. Автор на изложбата е виш кустос Бети Иванова од националната установа Завод и музеј Штип, а куратори се виш кустос Томе Крстевски и кустос Ангела Симонова, двајцата од кавадаречкиот музеј. - Изложени се 33 експонати од накит и 13 паноа со фотографии и текст, што го појаснуваат накитот што ...
Прилеп, 13 мај 2026 (МИА) - Во прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ во тек се подготовките за новата претстава „Девојките на Марко“ според Боинг Боинг од Марк Камолети во режија на Синиша Ефтимов. Во претставата е ангажиран поголемиот дел од ансамблот на Театарот. „Девојките на Марко“ е текст напишан пред 60 години и до ден-денес успешно „живее“ на сцените низ светот. Овој текст влезе во Гинисовата книга на рекорди како најмногу ...
Кавадарци, 13 мај 2026 (МИА) - Дела од доајенот на македонското сликарство, Родољуб Анастасов, се дел од изложбата насловена „Визии - глава полна со луѓе“, што денеска беше отворена во Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ во Кавадарци. Настанот беше реализиран од Здружението за архитектура, дизајн и култура АРХИФАКТ, неформалната мрежа на музеи МузеумЛинк, како патувачки концепт во организација на Јасминка Намичева, во соработка со Марина ...
Скопје, 14 мај 2026 Со голема загриженост и со надеж за ваша медиумска поддршка, ви се обраќаме во врска со сериозниот и долгогодишен проблем со доцнењето на исплатите за придонеси за самостојните уметници во Македонија, се вели во соопштението од Самостојни уметници на Македонија што МИА го пренесува интегрално. Во прилог ви го испраќаме нашето отворено писмо упатено до Министерството за култура и туризам и министерот Зоран Љутков, а ...