Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, донесе решение со кое на осомничениот апелацискиот судија Ѓ.Р. му се определува мерка куќен притвор, како и дополнителна мерка за обезбедување присуство – одземање на патната исправа и забрана за издавање нова. -Судија на претходна постапка при ...

Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - Државата конечно покажува дека во координирана и професионална соработка меѓу институциите кои се грижат за безбедноста на државата, од типот на МВР, АНБ, Јавното обвинителство, кое е клучен фактор во рамки на целокупниот процес, во конкретниот случај ОЈО за ГОКК доколку се сака се може. Покажа дека повеќе во Македонија не може да се дозволи ваков тип на носители на јавни функции да можат да продолжат да ...

Хернинг. 20 јануари 2026 (МИА) – Македонската ракометна репрезентација вечерва во Хернинг во драматичен натпревар ја совлада Романија со 24-23 и со триумфот обезбеди статус на носител во жрепката за баражот за следното Светско првенство, а за пласман во главната фаза на тековното Европско првенство ќе треба да го чека исходот од завршниот дуел во групата Б и да се надева на победа со двоцифрена разлика на домаќинот Данска над Португалија ...

Хернинг, 20 јануари 2026 (МИА) – Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски ги искажа своите впечатоци по драматичната победа над Романија (24:23) со гол постигнат во последната секунда. „Црвено-жолтите“ ја забележаа првата победа на Европското првенство и останаа со теоретски шанси да ја поминат првата групна фаза, но сигурно си обезбедија место помеѓу носителите во баражот за Светското првенство 2027. - Мора да ...

Вашингтон, 20 јануари 2026 (МИА) – Курдските сили, кои беа меѓу водечките групи во борбата против џихадистичката група Исламска држава (ИД), која е поразена во Сирија во 2019 година, повеќе немаат причина да постојат, изјави денеска американскиот претставник за Сирија, Том Барак. - Првичната мисија на СДФ (Сириски демократски сили доминирани од Курдите), како главна сила против ИД на терен, во голема мера е завршена, бидејќи Дамаск сега е ...

Порт Луис, 20 јануари 2026 (МИА) – Маурициус тврди дека неговиот суверенитет над архипелагот Чагос е безусловно признат од меѓународното право. - Суверенитетот на Република Маурициус над архипелагот Чагос повеќе не треба да биде предмет на дебата. Со нетрпение очекуваме спроведување на договорот (со Велика Британија) што е можно поскоро, во согласност со преземените обврски, изјави главниот обвинител на Маурициус, Гевин Гловер. Неговата ...

Скопје, 20 јануари 2026 Во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој дебатираше за многу актуелни теми меѓу кои и за состојбата во правосудството и случајот со апелацискиот судија каде полицијата пронајде 350 илјади евра во ѕид од неговата куќа, притоа истакнувајќи дека со реформи состојбата може да се промени и да се стави крај на корупцијата и ...

Хернинг. 20 јануари 2026 (МИА) – Македонската ракометна репрезентација има водство од 13-9 против Романија во завршниот натпревар од групата Б на Европското првенство што вечерва се игра во Хернинг. Македонските ракометари фуриозно го отворија натпреварот со ефикасен напад и гранитна одбрана. По воведните 3-0 во 5. минута, голот на Костески минута подоцна беше поништен поради престап, а во следниот напад Велкоски на реализираше во ситуација ...

Дамаск, 20 јануари 2026 (МИА) – Сириската армија денеска прогласи нов четиридневен прекин на огнот со курдските сили. Сириските демократски сили (СДФ) сè уште не одговориле на предлогот на сириската армија. Објавувањето на привременото прекин на огнот уследи откако СДФ денеска се повлекоа од кампот Ах Хол во покраината Хасака, североисточна Сирија, во кој се сместени илјадници луѓе поврзани со Исламска држава. Во кампот Ах Хол живеат претежно ...

Лисабон, 20 јануари 2026 (МИА) – Португалската полиција приведе 37 лица осомничени дека се дел од организација, која ширела неонацистичка, расистичка и ксенофобична пропаганда и користела говор на омраза против имигрантите. Осомничените, на возраст меѓу 30 и 54 години, имаат историја на сериозни кривични дела и врски со меѓународни групи кои промовираат омраза, соопшти полицијата. Петнаесет од приведените веќе биле обвинети. Во операцијата ...

Киев, 20 јануари 2026 (МИА) – Сите објекти на нуклеарната централа Чернобил сега се напојуваат од енергетскиот систем на Украина, соопшти украинското Министерство за енергетика. Во соопштението се наведува дека радијацијата не ги надминува контролните нивоа и оти нема опасност по населението и животната средина. Надворешното напојување со електрична енергија на неактивната нуклеарна централа Чернобил беше прекинато поради синоќешните руски ...

Париз, 20 јануари 2026 (МИА) – Француската полиција употреби солзавец и водени топови врз земјоделците кои протестираа пред зградата на Европски парламент во Стразбур поради Дофоворот помеѓу ЕУ и Меркосур. И покрај инцидентите, ситуацијата во областа е релативно мирна, иако главниот влез на ЕП беше затворен за посетителите. Земјоделците истакнаа транспаренти – „Меркосур е закана за нашата егзистенција“, „Не за Зелениот договор“, навредливи ...

Хернинг, 20 јануари 2026 (МИА) – Македонскиот министер за спорт Борко Ристовски изјави дека вечерашнито дуел против Романија треба да биде цреша на тортата на ова Европско првенство. „Пред почетокот на Европското првенство сите посакувавме натпреварот против Романија за нас да биде цреша на тортата и со победа да го завршиме нашиот дел од работата, а потоа да чекаме од репрезентацијата на Данска, изјави министерот за спорт и поранешен ...

Лондон, 20 јануари 2026 (МИА) - Британската влада изјави дека ќе разгледа можноста за забрана на социјалните медиуми за тинејџерите, бидејќи ги заострува законите наменети за заштита на децата од онлајн содржини и прекумерно време поминато пред екран. Владата изјави дека ќе се консултира со родителите, младите лица и другите засегнати страни за безбедно користење на технологијата, со оглед на растечките загрижености дека децата се изложени на ...

Киев, 20 јануари 2026 (МИА) – Украински суд го осуди во отсуство поранешниот претседател Виктор Јанукович на 15 години затвор по обвинение за злоупотреба на државно земјиште, соопшти Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (САП). Јанукович е прогласен за виновен за проневера на шумска парцела на територијата на Киевската област со површина од 17,5 хектари и проценета вредност од над 22 милиони гривни (повеќе од 500.000 ...

Будимпешта, 20 јануари 2026 (МИА) – Владата на Унгарија почна систематска ревизија на овластувањата на Европската Унија, изјави денеска унгарскиот министер за европски прашања Јанош Бока на прес-конференција во Будимпешта. Тој истакна дека проверката е неопходно поради „тајното проширување“ на ингеренциите на ЕУ во области како што се економската политика, енергетиката, миграцијата, владеењето на правото, образованието, културата и семејната ...

Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - На телевизија Телма во емисијата „Директно“ вечерва гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски, кој дискутираше за зголемувањето на минималната плата и напорите од страна на Владата за зголемување на животниот стандард, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ кое МИА го објавува интегрално. „Ќе се трудиме да се испочитуваат колективните договори, законските одредби и легислативата којашто ja ...

Неготино, 20 јануари 2026 (МИА) - Со длабока загриженост ги следам пријавите и сведоштвата за труење и сурово постапување со кучиња во Неготино. Ова го осудувам најостро. Вакви дејствија не смеат да се случуваат во градот во кој живееме, напиша денеска на „Фејсбук“, градоначалничката Марија Нацева. - Законот за заштита и благосостојба на животните е јасен, а намерното труење и мачење животни претставува сериозен прекршок и ваквите дејствија ...

Лозана, 20 јануари 2026 (МИА) – Меѓународното здружение на спортски новинари (АИПС) го осуди денеска однесувањето на дел од новинарите по хаотичното финале на Африканскиот куп на нации во неделата во кое Сенегал го победи домаќинот Мароко. Видеоснимките покажуваат како марокански новинари ја напуштаат салата за прес конференции по влегувањето на сенегалскиот селектор Папе Буна Тиав, држејќи ја за рака својата ќерка, по што избувнаа кавги и ...

Анталија, 20 јануари 2026 (МИА) – Лидерот во Првата македонска фудбалска лига Вардар одигра попладнево нерешено 1-1 против узбекистански Андијон во својот втор натпревар во рамки на подготовките во Анталија пред стартот на пролетната сезона. Узбекистанскиот тим дојде во водство во 62 минута, а конечниот резултат го постави Давид Бабунски во 77 минута. За избраниците на Гоце Седлоски ова беше втор контролен натпревар во Анталија, по стартниот ...

Хернинг, 20 јануари 2026 (МИА) – Македонската ракометна репрезентација вечерва од 18 часот во Хернинг против Романија го игра натпреварот од завршното, трето, коло во рамки на групата Б на Европското првенство. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров по стартниот пораз од Данска, одиграа нерешено против Португалија, со што ги задржаа шансите за пласман во главната фаза, а за тоа ќе им биде неопходна победа против Романија, по што одлуката ќе ...

Техеран, 20 јануари 2026 (МИА) - Секој напад врз иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ќе резултира со прогласување џихад, или света војна, соопшти парламентарниот комитет за национална безбедност, цитиран од британските медиуми. Тензиите меѓу Иран и САД ескалираа по бруталното задушување на протестите во Иран, за кое американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека може да доведе до одмазда од Вашингтон. „Секој напад врз ...

Хаг, 20 јануари 2026 (МИА) - Седум пратеници од холандската крајно десничарска Партија за слободата на Герт Вилдерс ја напуштија 26-члената парламентарна група и ќе формираат своја фракција поради незадоволство од неговото водство, изјавија вчера лидерот Вилдерс и пратениците што се отцепија, цитирани од британските медиуми. Поделбата претставува најсериозен предизвик за Вилдерс за контрола врз партијата, откако таа беше основана во 2006 ...

Осло, 20 јануари 2026 (МИА) - Норвешка ги предупреди своите граѓани дека армијата ќе може да конфискува приватни куќи и автомобили во случај на војна со Русија. Воените претставници изјавија дека околу 13.500 писма биле испратени до Норвежаните со предупредување дека одредени средства можеби ќе треба да се конфискуваат - вклучувајќи недвижен имот, возила, чамци и машини, објави Дејли меил. „Реквизициите имаат за цел да обезбедат, во воени ...

Стразбур, 20 јануари 2026 (МИА) – Состојбата со човековите права во Иран е тешка со години, проследена со егзекуции и произволно притворање на борците за човекови права, но сега сме сведоци на ситуација кога граѓаните што бараат права се пречекани со палки и куршуми, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас при денешната дебата во Европарламентот посветена на „Брутална репресија врз ...

Aнкара, 20 јануари 2026 (МИА) – Поддржувачите на турската прокурдска Партија за еднаквост и демократија на народите (ДЕМ) денеска протестираа на сириската граница, обвинувајќи ја привремената Влада во Дамаск за „масакр“ и предупредувајќи дека воените операции во регионот би можеле да го нарушат кревкиот мировен процес во Турција. Заменик-претседателката на ДЕМ, Тулај Хатимогулари ја обвини Владата на привремениот сириски претседател Ахмед ал ...

Атина, 20 јануари 2026 (МИА) – Билатералните односи, случувањата по последната средба на политичкиот дијалог, регионалните и меѓународните прашања, како и подготовките за следниот Совет за соработка на високо ниво, биле во фокусот на средбата на заменик-министрите за надворешни работи на Грција и Турција Александра Пападопулу и Мехмет Кемал Бозај на денешниот состанок во рамките на политичкиот дијалог меѓу двете земји, јави дописничката на ...

Гостивар, 20 јануари 2026 (МИА) – Ваљбон Лимани, новоизбраниот градоначалник на Општина Гостивар на повторните избори, од попладнево го почна четиригодишен мандат. На првиот работен ден, дојде придружуван од потесното семејство, трите ќерки и сопругата. Во придружба му беа првиот човек на Советот на општина Гостивар, Валдет Џафери, сопартијци и доскорешни соработници. Лимани пред влезот во општинската зграда беше пречекан од вработените кои ...

Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска на итна седница со 10 гласа „за“ му го одзеде имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов и го одобри предлогот за определување мерка куќен притвор, по барање на Основниот кривичен суд Скопје. Членовите на Судскиот совет со 10 гласа „за“ одлучија судијата Ристов времено да се оддалечи од вршење на судиската функцијата до завршување на кривичната постапка. ...

Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - Единицата за корупција во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) поднесе кривична пријава против Ѓ.Р. (53) од Неготино, со живеалиште во Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „противправно стекнување и прикривање имот“ по чл.359-а ст.3 в.в. ст.1 и „перење пари и други ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1000
weather icon

Белград

9ᴼ / 6ᴼ
2.06
77%
998
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
88%
999
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
999
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.22
97%
1000
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
96%
999
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
2.24
83%
1002
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
82%
999
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
999
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.63
94%
999
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
94%
998
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
68%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Платина

67162.91

Рутениум

45750.51

Родиум

336779.07

Иридиум

221848.72

Злато

159231.39

Калај

46.91

Бакар

11.69

Цинк

3.25

Паладиум

546.56

Кобалт

64.04

Сребро

2460.50

Алуминиум

3.03