Сан Антонио, 20 јануари 2026 (МИА) - Центарот на Сан Антонио спарс, Виктор Вембањама, ги сподели своите емоции откако беше именуван во почетниот состав на Западната конференција за НБА Ол-стар натпреварот. - Бев навистина среќен кога слушнав за тоа. Искрено, не мислев дека моето име ќе биде на оваа листа, па затоа беше навистина пријатно изненадување за мене. Секако, ова е само уште еден чекор напред, но особено е убаво да се биде првиот ...

Лондон, 20 јануари 2026 (МИА) - Шампионот во Формула 1 од 1996 година, Дејмон Хил, верува дека Ландо Норис нема да се потпира на своите ловорики и ќе се стреми да го повтори својот успех по освојувањето на шампионатот минатата година. - Норис постигна успех со освојувањето на титулата, што треба да му даде чувство на удобност. Успехот ќе му овозможи на Ландо малку да се опушти. А тука е повеќе прашање колку сте амбициозни и колку сакате да ...

Софија, 20 јануари 2026 (МИА) – Оставката на претседателот на Бугарија, Румен Радев, е поднесена до Уставниот суд и шефот на државата го очекува неговото изјаснување, потврдија за БТА од прес-секретаријатот на претседателот. Радев ја соопшти својата одлука вчера во обраќање до бугарскиот народ, во кое објави дека последен пат им се обраќа на граѓаните како претседател на земјата. Според член 97 од Уставот, една од можностите за предвремено ...

Скопје, 20 јануари 2026 Сведоштвата на д-р Жан Митрев ја разоткрија вистината за начинот на кој Заев и Филипче ја водеа државата. Притисоци, уцени и злоупотреба на институциите за лични интереси. Во ек на пандемија и вонредна состојба, наместо грижа за здравјето на граѓаните, Филипче и Заев ја користеле политичката моќ за преземање на приватната болница „Жан Митрев“. Ова не е политика наменета за граѓаните, туку е мафијашки модел на ...

Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - На Универзитетската клиника за детски болести хоспитализирани се 20-ина деца со симптоми на акутни вирусни инфекции од типот на грип и болести слични на грип, од кои кај најголем број е изолирана инфлуенца А. Има неколку случаи на возраст до 23 месеци кај кои е изолиран респираторен синцицијален вирус и еден помал број заболени со докажан ентеровирус риновирус, изјави за МИА педијатар пулмолог Весна Мицевска од ...

Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - Царинската управа информира дека нејзини службеници и мобилни царински тимови откриле неколку обиди за шверцување разновидна стока и неколку обиди за шверц на поголеми суми девизи. Соопшти дека кај двајца грчки државјани, кои се пријавиле за излез од државава на граничниот премин Табановце, биле откриени непријавени 13.900 евра, три златни монети и една златна плочка од 90-ина грама. - При личен претрес на ...

Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - Минималните месечни трошоци на четиричлено семејство во јануари изнесувале 66.413 денари и се зголемени за 921 денар во споредба со декември, покажуваат податоците на Сојузот на синдикатитена Македонија. Доколку четиричленото семејство живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, минималните трошоци изнесуваат 81.788 денари. Од вкупните месечни минимални трошоци, 24.211 биле потребни за храна и пијалаци, а за ...

Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 до два денара за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,46 отсто. Во согласност со одлуката на РКЕ, малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ и на екстра-лесното ...

Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) – На собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска почнаа интервјуата на пријавените кандидати за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД). За новиот состав на КСЗД пријавени се вкупно 14 кандидати. Актуелниот член на КСЗД, Лимко Бејзароски, нагласи дека одлучил да се кандидира за нов мандат поради, како што рече, резултатот што го оставил во досегашниот ...

Скопје, 20 јануари 2026 (МИКА) - Злоупотребите на Државната лотарија продолжуваат и под капата на ДПМНЕ и Мицкоски. Претходно како приватна фирма на Груби, кој го пуштија во бегство, а сега како партиска каса за финансирање апологети на власта и јавни личности, чија примарна улога е да ја шминкаат реалноста и да го бранат неуспехот на власта, се наведува во соопштението на политичката партија Левица, кое МИА го пренесува интегрално. Месечни ...

Атина, 20 јануари 2026 (МИА) - Не треба да имаме илузии, во овој момент се оспоруваат основни константи врз кои беа изградени повоениот мир и просперитетот. И сметам дека во овие моменти на предизвик, пред сè, треба да преовладаат логиката, дијалогот и отворените канали на комуникација со цел да се избегне најлошото, особено кога станува збор за односите меѓу Европа, Европската Унија и САД, посочи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на ...

Битола, 20 јануари 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски оствари посета на Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Битола – ЈП „Паркинзи“. За време на работната средба со директорот на претпријатието Зоран Михајловски, градоачалникот Коњановски беше информиран за работата на ЈП „Паркинзи“. -Градоначалникот беше запознат ...

Штип, 20 јануари 2026 (МИА) - Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес за четворица турски државјани кои се обвинети дека помагале во извршување на кривично дело убиство во кафуле на Градскиот плоштад „Слобода“ во мај 2025 година во Штип. Првоосмничениот Кадир Кара, кој го призна делото и на кого му е изречена казна затвор од 17 години денеска во судницата беше во својство на сведок. Тој во својот исказ истакна дека не се ...

Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - Граѓаните од Собранието очекуваат да ги зајакне надзорната расправа и контролата врз работата на Владата, истакна денеска претседателот на парламентот, Африм Гаши, кој учествуваше на дебата за парламентарниот надзор и контролата во Северна Македонија низ призма на надзорниот капацитет на Собранието, што се организира во соработка со парламентарната програма за поддршка и НДИ. Дебатата, на која присуствуваа и ...

Сан Франциско, 20 јануари 2026 (МИА) – Бекот на Голден Стејт вориорс, Џими Батлер, нема да биде на терените до крајот на сезоната поради повреда. Кошаркарот тешко се повреди на натпреварот ноќеска со Мајами хит. Батлер падна незгодно и го повреди десното колено во третата четвртина од натпреварот, кој заврши со 135:112 за неговиот тим. До повредата, Батлер постигна 17 поени за 21 минута игра против својот поранешен тим. Според „ESPN“, ...

Мадрид, 20 јануари 2026 (МИА) - Сенегалските фудбалски репрезентативци и тренери би можеле да бидат суспендирани од четири до шест натпревари поради нивниот протест за време на финалето на Африканскиот куп на нации против Мароко што заврши со 1:0. Според шпанскиот весник „AS“, доколку санкциите бидат одобрени, дисквалификацијата би се однесувала на натпреварите од групната фаза на Светското првенство во 2026 година. Понатаму, според прописите ...

Атина, 20 јануари 2026 (МИА) – Со спроведување на над 30 истовремени истраги на бензински пумпи, во компании и домови, од рано утрово во тек е акција на грчката полиција во повеќе делови на земјата за разбивање криминална организација што на бензинските пумпи инсталирала специјален софтвер со цел да точат помала количини гориво од прикажаното, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција информираа дека досега се уапсени десет лица, ...

Делчево, 20 јануари 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, денеска во својот кабинет оствари работна средба со Ашок Џеин, директор на индиската компанија „Кришна Ламикоут ПВТ Лимитед“. Како што информираше Гоцевски, средбата е реализирана по заедничка иницијатива на индискиот бизнисмен и претставници на локална приватна компанија од Делчево, со цел разгледување на можностите за потенцијална деловна соработка. -На ...

Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - На денешната седница на Советот на јавните обвинители, Анел Фидоски беше избран за јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје. Покрај Фидоски, за функцијата конкурираа и досегашниот јавен обвинител Гаврил Бубевски, како и Тања Трајчевска, Дејан Петрески и Спасенка Андонова. По гласањето, Фидоски доби најголема поддршка од членовите на Советот и со седум гласа „за“ беше избран за нов шеф на ОЈО ...

Струга, 20 јануари 2026 (МИА) - Стружанец со 2,28 промили алкохол во крвта го нарушил јавниот ред и мир и бил приведен од полициски службеници во ОВР Струга. СВР Охрид денеска соопшти дека лицето биле приведено 10 минути по полноќ на улицата „ЈНА“ во Струга. - Во 00 часот и 10 минути на улицата „ЈНА“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода М.Д.(35) затоа што претходно во зграда на истата улица го нарушил јавниот ред ...

Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) – Резултатите се јасни, Анел Фидовски доби седум гласа „за“ и ние ќе го поддржиме, истакна претседателот на Советот на јавните обвинители, Башким Бесими, по денешната седница на Советот на јавните обвинители, на која Фидовски беше избран за јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје. - Резултатите се јасни, доби седум гласа. На интервјуто покажа добри резултати и некои од членовите оценија дека треба ...

Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска учествуваше на Панелот за енергетика во Давос, каде потенцираше дека Македонија треба да ја развива својата економија и од економија која се темелеше од развој на автомобилската индустрија да го диверзифицира своето портфолио и да биде значаен чинител имајќи ги предвид перфомансите и потенцијалот којшто го нудиме во делот на секторот на енергетика. - Денес имавме, би рекол, ...

Милано, 20 јануари 2026 (МИА) - Напаѓачот на Милан, Никлас Филкруг, покажа вистинска отпорност, постигнувајќи го својот прв гол за италијанскиот клуб и покрај повредата. Неговиот прецизен удар во неделата им донесе на „росонерите“ тесна победа од 1-0 над Лече во 21. коло од Серија А. По натпреварот, 32-годишниот германски напаѓач потврди дека играл со скршен прст. - Не е тајна. Само треба да се справам со болката и ситуацијата. Јас сум ...

Мадрид, 20 јануари 2026 (МИА) – По паузата поради празниците, денес продолжуваат натпреварите во Лигата на шампионите на УЕФА. На распоредот се девет натпревари од 7. коло. Двојките се: Каират - Клуб Бриж (почеток 16:30 часот) Боде-Глимт – Манчестер сити (18:45) Реал Мадрид – Монако (21) Спортинг – ПСЖ Копенхаген – Наполи Виљареал – Ајакс Олимпијакос – Баер Леверкузен Тотенхем – Борусија Дортмунд Интер – Арсенал. Арсенал е прв по шест кола со ...

Атина, 20 јануари 2026 (МИА) – По вчерашната четиричасовна средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, земјоделците попладнево на состаноци на блоковите ќе го разгледаат исходот од разговорите и ќе донесат одлука дали ќе продолжат со протестите и блокадите, кои траат веќе 52 дена, или ќе се повлечат, јави дописничката на МИА од Атина. Првичната реакција на земјоделците што присуствуваа на средбата со Мицотакис беше дека не се многу ...

Скопје, 20 јануари 2026 Денеска, АКТ прави уште едно разоткривање. Во средината на политичко-финансиската мрежа на оската Орбан - Вучиќ - Мицкоски, преку нивните партии, банки, бизнис-интереси и лажни договори за реклами, има и клучен пропаганден столб: телевизијата „Алфа“ . Денеска, ќе ја разоткриеме заднината на оваа пропаганда, на политичките врски и бизнис-мрежите. Граѓаните ќе видат зошто токму преку телевизијата „Алфа“ се водат црните ...

Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - Градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, денеска присуствуваше на почетокот на градежните работи за изградба на атмосферска канализација на улицата Томе Арсовски во населбата Бирарија, соопштија од локалната самоуправа. - Проектот има цел трајно решавање на проблемот со собирање и задржување на отпадните атмосферски води, кои поради специфичната теренска конфигурација, често ...

Битола, 20 јануари 2026 (МИА) -Битолската Територијална противпожарна единица (ТППЕ) утврди план за изведување на стручна настава и обука со работниците во ТППЕ-Битола, како задолжителна инструкција за изведување стручна настава и обуки со, работниците во професионалните противпожарни единици во состав на локалната самноуправа. Во едукативниот процес застапени се наставни предмети поврзани со прописите од областа на заштитата од пожари, ...

Охрид, 20 јануари 2026 (МИА) – Со почетокот на идниот месец започнува и 8. Сезона од националната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2026“. Со порака за потребата од постоење надеж и солидарност за лицата со ретки заболувања, од 1 февруари стартува кампањата што оваа година има силен меѓународен предзнак. Како што може да се види во официјалното видео, лекари од многу различни државаи со дланки обоени во симболичните бои на ретките ...

Куманово, 20 јануари 2025 (МИА) - Обвинителството побара, основниот суд Куманово определи мерка притвор во траење од по 30 дена за две лица осомничени за насилство, соопшти денеска ЈОРСМ. Двајцата, како што наведува обвинителството, влегле во гостилница по работното време, за да консумираат алкохол. Откако сопственикот на угостителскиот објект не им дозволил, го нападнале предизвикувајќи му тешки телесни повреди. Основното јавно обвинителство ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1000
weather icon

Белград

9ᴼ / 6ᴼ
2.06
77%
998
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
88%
999
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
999
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.22
97%
1000
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
96%
999
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
2.24
83%
1002
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
82%
999
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
999
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.63
94%
999
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
94%
998
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
68%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Кобалт

64.04

Бакар

11.69

Иридиум

221848.72

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.03

Калај

46.91

Сребро

2460.50

Паладиум

546.56

Цинк

3.25

Родиум

336779.07

Платина

67162.91

Злато

159231.39