Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Мадрид, 17 април 2026 (МИА) – Поранешниот светски тенисер број еден, Србинот Новак Ѓоковиќ (38), нема да настапи на претстојниот мастерс турнир од серијата 1000 во Мадрид поради повреда на десното рамо. „Мадрид, за жал нема да можам да учествувам оваа година. Продолжувам со закрепнувањето со цел наскоро да се вратам“, напиша 24-кратниот грен слем освојувач на својот Инстаграм профил. Ѓоковиќ беше елиминиран во четвртото коло на Индијан Велс, ...
Кратово, 17.април 2026 (МИА) – Фудбалерите на Силекс ја постигнаа четвртата победа во серија откако денеска во првиот дуел од 28.коло на домашен терен ја совладаа Брера АП со 4:0. Кратовчани на последните четири дуели покрај тоа што имаат четири победи имаат и гол-разлика од 14:0. Со новите бодови Силекс со 52 остана ена четвртото место, додека Брера АП со 33 бодови е на осмото место. Головите за Силекс ги постигнаа: Едис Бутуровиќ 19.минута, ...
Порторож, 17.април 2026 (МИА) - Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ турнирот што се игра во словенечкиот град Порторож и е со награден фонд од 60.000 долари. Таа во мечот од второто коло денеска загуби од Катарина Завацка од Украина со 2:0 во сетови (6:2 и 6:0) за 69 минути игра. Ѓорческа водство имаше само на стартот од мечот го освои првиот гем, кога воедно успеа да направи и брејк, но потоа следуваше и серија од ...
Велес,17 април 2026 (МИА) - На Градскиот фудбалски стадион „Зоран Паунов“ во Велес веќе десетина дена како се одвиваат градежните работи за целосна реконструкција на атлетската тартан патека. Денеска патеката се асфалтира, а од понеделник ќе започне поставувањето на тартанот. Со тоа Велес повторно ќе го поврати сјајот на старата и ќе добие уште поубава нова атлетска тартан патека за која подлогата ќе биде според ИААФ стандарди. Целосната ...
Кавадарци, 17.април 2026 (МИА) – Фудбалерите на Шкендија избија на првата позиција на табелата откако попладнево го совладаа на негов терен со 4:1. Тетовчани стигнаа до победата благодарение на одличното прво полувреме кое го добија со 3:0. Шкендија со натпревар повеќе е на лидерската позиција со 67 бодови, пред Вардар со 65. Тиквеш остана на петтото место со 40 бодови. Серијата голови ја отвори Анес Мелиќи во 15.минута, а на 2:0 за гостите ...
Струмица, 17.април 2026 (МИА) – Ракометарите на Охрид изборија историско финале во Купот на Македонија откако во првото полуфинале го совладаа првакот Еурофарм Пелистер со 26:19. Охриѓани во кус временски период по втор пат слават победа на Е.Пелистер, а ова им е прво финале во куп натпреварувањето. Прашањето на победникот беше решено во првиот дел кога Охрид благодарение на одличната одбрана на противникот му дозволи да постигне само седум ...
Струмица, 17.април 2026 (МИА) – Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да се изборат за финалето во купот откако во првото полуфинале загубија до Охрид со 19:26. - Самите сме виновни за поразот. Пелистер на секој натпревар оди на победа, но денеска имавме лош ден и не бевме на нивото на Пелистер. Не одигравме како на дуелот со Алкалоид. Сега ни останува фокусот на натпреварите од лигата и честитки за ракометарите на Охрид, изјави по ...
Струмица, 17.април 2026 (МИА) – Ракометарите на Охрид се изборија за своето прво финале во купот на Македонија откако попладнево го совладаа Еурофарм Пелистер со 26:19 во првото полуфинале што се игра во Струмица. Во најголемиот дел од натпреварот охриѓани имаа водство, а во неколку наврати и со десет голови разлика. - Ова за нас е историски успех. Мислам дека одигравме еден од подобрите натпревар сезонава. Одбраната беше клучна за денешната ...
Струмица, 17.април 2026 (МИА) – Ракометарите на Вардар со победата 33:28 во полуфиналето против Алкалоид изборија пласман во финалето на Купот на Македонија и на тој начин ќе имаат прилика да го бранат трофејот освоен минатата година. „Црвено-црните“ во финалето ќе играат против Охрид, кој во првиот дуел од полуфиналната програма го совлада Еурофарм Пелистер со 26:19. Второто полуфинале подобро го почна Алкалоид и поведе со 5:2, а по 7:6 за ...
Струмица, 17.април 2026 (МИА) – Ракометарите на Вардар со победата од 33:28 против Алкалоид во полуфиналето на Купот се изборија за финале и со тоа да го бранат трофејот освоен минатата година. - Ова беше добар и тежок натпревар на две екипи кои добро се познаваат. Дуелот го решивме на почетокот на вториот дел, откако во првото полувреме беше неизвесно и нервозно. На крајот се покажа решавачка предноста од 5-6 разлика што на направивме кон ...
Белград, 16 април 2026 (МИА) - Во македонскиот Културно-информативен центар во Белград вечерва беше отворена изложбата „Архивски документи“ од македонската ликовна уметница Жанета Вангели што претставува сублимација на главните области на интересирање што се во нејзиниот фокус. Со изложбата Вангели не воведува во дел од архивските документи низ визуелна уметност преточена во дигитални слики, фотографии, текст и звучна уметност. - Ова е една ...
Скопје, 17 април 2026 (МИА) - Промоција на најновото документарно видео на БужАр: Тетратките за снимањата на Оркестарот на народни инструменти на Радио-телевизија Скопје, 1972 - 1985 година, ќе се одржи вечерва со почеток во 20 часот во КСП „Центар - Јадро“. - Ова документарно видео се фокусира на искажувањето на Тихомир Весковски, долгогодишен член на ансамблот, музикологот Милена Наумовска, која ги дигитализира тетратките на оркестарот на ...
Скопје, 17 април 2026 (МИА) - Во Културно-информативниот центар на РС Македонија во Софија, вечерва, директорот на Националниот конзерваторски центар - Скопје, Александар Јорданоски, ќе ги претстави установата, нејзината дејност, мисијата и континуираниот придонес во заштитата на културното наследство. - Во рамките на настанот ќе се одржи и промоција на неговата најнова книга „Човекот, културата и влогот во сопствената култура“ (2025), дело ...
Скопје, 17 април 2026 (МИА) - На 17 и 18 април во пабот „Ѕе“ во Градскиот трговски центар гостува фестивалот „Malomfesztivál“, кој доаѓа од северот на Војводина. Покрај музичките гости во Скопје ќе допатуваат и директорот на Фестивалот, Тамас Хорват (Tamas Horvath), како и организаторите Леа Блашко и Војислав Бјелаковиќ, кои пред македонската јавност ќе го претстават и промовираат овој мошне значаен настан, кој е познат и како Фестивал на ...
Битола, 17 април 2026 (МИА) - Во битолското кино „Манаки“ вечер и утревечер ќе бидат приредени две пред-премиерни проекции на филмот „Железната тврдина" на режисерот Митко Панов, единствениот македонски добитник на наградата „Златна палма". „Железна тврдина“ е филм за кревки луѓе, кој од обична филмска работилница со штитеници на Психијатриската болница од Демир Хисар, прерасна во долгометражен филм во кој се раскажуваат најчовечките животни ...
Тирана, 17 април 2026 (МИА) - Камерниот оркестар Профундис ќе настапи на свеченото отворање на интернационалниот „Мјуз-Екс Експо фестивал“ (“Muse-X Expo Festival”), кој од 17 до 19 април ќе се одржи во Тирана, Албанија. Настапот ќе биде реализиран заедно со истакнатата македонска пијанистка Ема Попивода и ќе претставува централен уметнички момент на отворањето на фестивалот. Публиката ќе има можност да проследи 40-минутен сценско-визуелен ...
Бранка Д. НАЈДОВСКА Тиана Селестад е уметник и основач на галеријата „Галери Зест“ во Стокхолм, која ја отвори заедно со сопругот Патрик во 2020 година. Тиана има приказна за животот и уметноста, која ја носи со себе од Македонија до Шведска, каде што живее и создава повеќе од 15 години. По завршувањето на Педагошкиот факултет во Скопје, таа го продолжува своето образование во Шведска, учејќи шведски јазик на Универзитетот во Упсала, а ...
Куманово, 17 април 2026 (МИА) - Во црквата „Св. Никола“ во Куманово, вечер со почеток во 19 часот ќе се одржи концерт, насловен „Духовна светлина и воспев“, во изведба на „Симфониум“ при гимназијата „Гоце Делчев“ и е под диригентство на професорот Филип Петровски. Публиката ќе има можност да проследи и изведба на музика од „Кавалерија Рустикана“ од Пјетро Маскањи. Професорот Петровски ги покани кумановци да бидат дел од ова музичко ...
Стоби, 17 април 2026 (МИА) - Археолошкиот локалитет Стоби претставува едно од најзначајните културни богатства на Република Северна Македонија и важен столб на нашиот културен идентитет - изјави министерот за култура и туризам Зоран Љутков при денешната посета на локалитетот. Тој нагласи дека државата континуирано ја поддржува Националната установа Стоби обезбедувајќи значителни буџетски средства за заштита, конзервација и презентација на ...
Скопје, 17 април 2026 (МИА) - Во македонскиот КИЦ Загреб синоќа со драмска работилница под водство на маестралната Снежана Коневска Руси, започна мултимедијалниот проект за деца „Магичниот круг на детството“ на КАТ Продукција. На работилницата учествуваа 15 тина деца од основните училишта во Загреб кои го изучуваат македонскиот јазик и култура под менторство на Деспина Белчовска Велинска. Основата околу која се движи „магијата“ е книгата ...
Скопје, 17 април 2026 9МИА) - Македонскиот културен центар во Истанбул на 20 април ќе биде домаќин на промоцијата на книгата „Тажната приказна на миграциите (размена на население)“ од авторката Суреја Ајташ, проследена со панел-дискусија посветена на темата за миграциите и културната меморија. Настанот се фокусира на историскиот процес на размена на население по Лозанскиот договор од 1923 година, кој доведе до масовни преселби и длабоки ...
Кочани, 17 април 2026 (МИА) - Претставници на Општина Чешиново-Облешево денеска се сретнаа со Тамара Котевска, режисерка на филмот „Приказната за Силјан, за кој, голем дел од сцените се снимени токму на подрачјето на оваа општина, во која штркот како птица има посебно значење. -Во духот на досега успешна изградената соработка, Тамара Котевска ќе биде културен амбасадор на Општина Чешиново-Облешево, најави градоначалникот Јорданче Костадинов. ...
Вашингтон, 17 април 2026 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД му забраниле на Израел понатамошно бомбардирање на Либан, користејќи некарактеристично суров тон кон долгогодишниот сојузник на САД. „Израел нема повторно да го бомбардира Либан. СЕГА ИМ Е ЗАБРАНЕТО. Што е премногу, премногу е!!!“, објави Трамп на социјалните мрежи. Тој изјави дека секој договор што САД ќе го постигнат со Иран „во никој случај“ не ...
Вашингтон, 17 април 2026 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли понудата на земјите од НАТО за помош во Ормуската Теснина и им порача да „држат дистанца“. Трамп соопшти дека примил повик од НАТО, во кој го прашале дали му е потребна помош. „Им реков да се држат настрана, освен ако само не сакаат да ги наполнат своите бродови со нафта. Беа бескорисни кога ни беа потребни, хартиен тигар“, напиша американскиот претседател на ...
Тел Авив, 17 април 2026 (МИА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата земја сè уште има за цел да го елиминира Хезболах и покрај прекинот на огнот во Либан, додека американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му „забранил“ на Израел да го напаѓа Либан „повеќе“. Нетанјаху рече дека уништувањето на Хезболах, кој е поддржан од Иран, „нема да се постигне утре“. Тој ги даде овие коментари во видео порака објавена од ...
Женева, 17 април 2026 (МИА) – Минатата година беше најсмртоносна досега за бегалците Рохинџи кои бегаат со чамци од Бангладеш или Мјанмар преку Индискиот Океан кон Индонезија и Малезија, соопшти денеска агенцијата за бегалци на Обединетите нации. Приближно 900 луѓе од оваа етничка група загинаа или се водат како исчезнати во Андаманското Море или Бенгалскиот Залив, соопшти УНХЦР во Женева. „Повеќе од 6.500 Рохинџи се обиделе да ги преминат ...
Вашингтон, 17 април 2026 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека очекува конечниот договор за завршување на војната со Иран да биде постигнат „за ден или два“. Трамп за „Аксиос“ изјави дека американските и иранските преговарачи веројатно ќе се состанат овој викенд. - Иранците сакаат да се состанат. Сакаат да постигнат договор. Мислам дека состанокот веројатно ќе се одржи во текот на викендот. Мислам дека ќе ...
Лондон, 17 април 2026 (МИА) - Британскиот премиер Кир Стармер денеска изјави дека е „неприфатливо“ и „зачудувачки“ што не бил информиран дека поранешниот британски амбасадор во САД, Питер Манделсон, не ја поминал безбедносната проверка, а дека одлуката подоцна била поништена од британското Министерство за надворешни работи. Според Скај њуз, Стармер рекол дека е „апсолутно бесен“ поради прекинот во комуникацијата, нагласувајќи дека ниту тој, ...
Будимпешта, 17 април 2026 (МИА) - Економскиот тим на партијата Тиса, која победи на неодамна одржаните парламентарни избори, денеска објави дека Унгарија би можела да ги исполни условите за воведување на еврото во рок од четири години. Андраш Карман, кој е одговорен за финансиите во Тиса, изјави дека е потребно детално да се разгледа фискалната состојба на земјата и да се спроведат консултации пред да се утврди точниот датум за воведување на ...
Будимпешта, 17 април 2026 (МИА) - Победникот на унгарските избори, Петер Маѓар, денеска изјави дека се уништуваат документи од владата во заминување на Виктор Орбан и повика на пријавување на такви инциденти. Тој додаде дека е отворена онлајн-платформа за пријавување на свиркачите. Маѓар наведе дека добива извештаи за уништување документи во министерствата и владините агенции, како и во компаниите што пораснаа за време на 16-годишното ...