Скопје, 17 април 2026 (МИА) - СВР Куманово поднесе кривична пријава против кумановецот Р.А.(45) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување или уништување деловни книги“ и „фалсификување исправа“. Како што информираат од МВР, пријавениот, како вработен во Министерство за финансии - Управа за имотно-правни работи, Подрачно одделение Куманово, овозможил донесување и ...

Скопје, 17 април 2026 (МИА) - Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево, вчера во 16:15 часот, во селото Горно Душогубица, кичевско, го лишиле од слобода Г.С. (66) од Кичево, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело по член 396 од Кривичниот законик. Како што соопшти МВР, при претрес во неговиот дом и помошни простории во селото, спроведен со судска наредба од Основен суд Кичево, ...

Тетово, 17 април 2026 (МИА) СВР Тетово информира дека нивни полициски службеници вчера во 22:05 часот лишија од слобода 16-годишник од Тетово поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. Односно за неовластеното производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. -При претрес во локал во Тетово, извршен со согласност од сопственикот, а кој под наем го користел ...

Скопје, 17 април 2026 (МИА) - Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, по детална истражна постапка, ги обезбеди сите докази, кои ја потврдуваат основаноста на сомненијата дека обвинето лице што врши јавни овластувања - адвокат побарало вкупно 100.000 евра, а на 13.12.2025 година директно примил износ од 20.000 евра за да посредува со искористување на своето реално влијание врз судија од ...

Скопје, 17 април 2026 (МИА) - На денешното судење за „Жан Митрев“ пред Основниот кривичен суд во Скопје оштетени пациенти и нивни роднини предјавија имотни побарувања за средствата што ги уплатиле за лекување. Еден оштетен, чија сопруга се лекувала во болницата, побара надомест од 687.200 денари, сума што целосно ја уплатил за нејзиното лекување. Друг оштетен сведочеше дека за лекувањето на татко му платиле речиси 15.000 евра, собрани од ...

Скопје, 17 април 2026 (МИА) - Обвинетиот Стојанче Јовановски денеска пред Основниот кривичен суд Скопје изјави дека неговата сопруга Ивана му признала оти под уцена со интимни видеа од страна на Мартин Саздов му го дала резервниот клуч од возилото по што, според неговиот исказ, му била подметната дрога. Јовановски е обвинет за три кривични дела - телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и ...

Скопје, 17 април 2026 (МИА) - СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.Ѓ. (58) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Според информациите, во текот на 2026 година, пријавената во својство на в.д. директор на Јавната установа - Национален парк „Галичица“ – Охрид, со пропуштање на должен надзор дозволила изведување активности и склучила договор за соработка со приватно ...

Скопје, 17 април 2026 (МИА) - Обвинителката Адела Бојчевиќ, денеска, во врска со исказот на обвинетиот Стојанче Јовановски во судот, изјави дека неговиот исказ бил очекуван и насочен кон тоа да се прикаже како жртва со цел да ја избегне кривичната одговорност што му се става на товар. - Денешниот исказ на обвинетиот беше очекуван за мене како обвинителка. Очекувано беше да се стави во улога на жртва и на тој начин да се обиде да ја избегне ...

Струга, 17 април 2026 (МИА) - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против В.Р.(56), З.П.(61) и А.А.(60), сите од општина Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување” и „несовесно работење во службата“, соопшти денеска СВР Охрид. Според информацијата, лицата вработени во подрачното одделение на шумско стопанство „Јабланица“ - ...

19 дена - МИА

Скопје, 17 април 2026 (МИА) - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против А.К.(48) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 10.04.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени хашиш, марихуана, амфетамин ...

Охрид, 17 април 2026 (МИА) – СВР - Охрид поднесе кривична пријава против Ф.Ѓ.(58) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во текот на 2026 година, пријавената во својство на в.д. директор на Јавната установа - Национален парк „Галичица“ од Охрид, со пропуштање на должен надзор дозволила изведување активности и склучила договор за соработка со приватно претпријатие од Охрид за ...

Скопје, 17 април 2026 (МИА) - Апелацискиот суд во Штип ја одбил жалбата и го потврдил решението на првостепениот суд за продолжување на мерката куќен притвор на судијата Ѓоко Ристов - соопштија од судот. Со ова Ристов останува во куќен притвор откога одбраната се жалеше на претходната одлука за продолжување на мерката. Судијата Ристов, кој работеше во Апелацискиот суд Скопје, е обвинет за противправно стекнување и прикривање имот и за перење ...

Скопје, 17 април 2026 (МИА) - Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и вршителот на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс, на денешната средба ја потврдиле одличната соработка меѓу двете држави во областа на дигиталната трансформација и кибербезбедноста. На средбата, како што соопшти Министерството за дигитална трансформација, се разговарало за продлабочувањето на билатералната соработка, особено ...

Скопје, 17 април 2026 (МИА) – Македонското еколошко друштво (МЕД) и ЕВН Македонија денеска официјално го одбележаа почетокот на меѓународниот проект „Безбедни жици за загрозени птици“ (101216021 - LIFE24-NAT-BG-EP for Birds LIFE). Преку проектот, кофинансиран во рамките на Програмата LIFE на Европската Унија, во следните пет години ќе се работи на заштита на глобално загрозените видови царскиот орел и египетскиот мршојадец во Северна ...

Скопје, 17 април 2026 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши во рамки на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ) во Истанбул, се сретна со претседателот на Сенатот на Кралството Белгија, Винсент Блондел, и со првиот потпретседател на Врховната рада на Украина, Олександр Корнијенко, соопшти собраниската прес-служба. На средбата со Блондел, беше потврдена добрата и стабилна соработка меѓу двете земји, како и заедничката ...

Скопје, 17 април 2026 (МИА) - Државниот јавен обвинител Ненад Савески и вршителката на должноста шеф на Мисијата на Соединетите Американски Држави Никол Варнс денеска разговарале за приоритетите за унапредување на работата и зголемување на ефикасноста на Јавното обвинителство. Како што соопштија од Јавното обвинителство, на средбата биле разменети мислења за натамошна американска поддршка на реформските процеси и активностите насочени кон ...

Скопје, 17 април 2026 (МИА) - Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска соопшти дека на регионален настан во Скопје бил означен почетокот на иницијативата „Resilient Western Balkans“, насочена кон зајакнување на прекуграничната соработка и унапредување на капацитетите за рано предупредување и намалување на ризиците од катастрофи во регионот. Настанот го отворил директорот на Центарот за управување со кризи Мухамед Али, по што свое ...

Кавадарци, 17 април 2026 (МИА) - Органодарителство во Македонија, е насловена јавната панел дискусија што вечерва се одржува во Кавадарци. Проф. д-р Билјана Кузмановска, анестезиолог и национален координатор за трансплантација, во изјава за медиумите рече дека настанот е дел од напорите да се подигне свеста за органодарителството. Таа појасни дека тоа е граѓанска иницијатива, што има и институционална поддршка, се правеле карвани во повеќе ...

Скопје, 17 април 2026 (МИА) - Пет возила се зафатени во пожар што попладнево избувнал на улицата „Лазар Личеноски“ под скопското Кале, спроти Градскиот стадион, информираат од Противпожарната бригада на Град Скопје. Од пожарот, три возила се делумно, а две целосно изгорени. Огнот бил гаснет со интервенција на три противпожарни возила и осум пожарникари. Командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Звонко Томески за МИА изјави дека ...

Скопје, 17 април 2026 (МИА) - Професионалниот припадник на Армијата Христијан Божиновски со навремена и пожртвувана реакција помогна да се спречи ширење на пожар кој попладнево избувна под скопското Кале, при што беа опожарени повеќе паркирани возила. При интервенцијата, војникот се здобил со полесна повреда на раката, по што му била укажана соодветна медицинска помош, информираат од Армијата. Професионалниот војник при заминување од ...

Скопје, 17 април 2026 (МИА) - Министерката за образование и наука Весна Јаневска вечерва изјави дека е задоволна од законското решение за високо образование, кое, како што потенцира, не ја нарушува автономијата на универзитетите. Јаневска посочи на последните измени што се направени во однос на барањата на академската заедница за новиот закон за високо образование. - Во однос на автономијата не се согласуваме дека овој закон ја нарушува ...

Скопје, 17 април 2026 (МИА) - Во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски ќе ја посети општина Конче. Притоа министерот Трипуновски ќе ги посети населените места Конче и Лубница. сст/са/ Фото МИА архива Скопје, 17 април 2026 (МИА) - Во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, министерот за земјоделство, шумарство ...

Скопје, 17 април 2026 (МИА) - Информативна сесија „Фер ангажман“, посветена на примената на Законот за работно ангажирање на лица, ќе се реализира денеска во салата на Советот на Општина Охрид. Настанот се организира во рамки на кампањата „Фер ангажман“, како дел од проектот „Подобри услови за вработување на сезонските работници во Република Северна Македонија“, што го спроведуваат Центарот за истражување и креирање политики и Германското ...

Скопје, 17 април 2026 (МИА) - Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари низа билатерални средби со високи претставници на ММФ во рамките на пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка, што се одржуваат во Вашингтон. На средбите присуствуваше и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска. Гувернерот Славески се сретна со заменик-директорот на ММФ, Бо Ли, директорот на Европскиот оддел во ...

Скопје, 17 април 2026 (МИА) - Аеродромите во главните градови на поранешна Југославија овој месец забележаа намалување на летовите и на капацитетот по серијата ревизии на мрежата од страна на авиокомпаниите поради тековниот конфликт на Блискиот Исток, зголемувањето на цените на горивата и потенцијалните ограничувања на снабдувањето. Во споредба со првично поднесените распореди и нивоа на капацитет за април објавени од EX-YU Aviation News кон ...

Скопје, 17 април 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека државата нема какви било предизвици во синџирот на снабдување со нафта и нафтени деривати и оти имаме најевтини горива во регионот потенцирајќи дека со керозин кај нас се снабдуваат неколку аеродроми од регионот, покрај набавката на горива што ја прават граѓаните од соседните држави кај нас на бензинските станици на пограничните места. Доколку се случи таков предизвик, ...

Скопје, 17 април 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски во однос на можноста за реакција од Владата по анализата на цените на прехранбените производи, што ја подготви Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), и поскапувањата по конфликтот на Блискиот Исток, изјави дека такви мерки може да има за одредени сезонски производи и оти ќе се реагира во зависност од движењето на нивните цени. Во одговор на новинарско прашање Мицкоски денеска рече дека ...

Скопје, 17 април 2026 „Алкалоид“ АД Скопје повторно ја доби довербата на јавноста и беше прогласен за најпосакуван работодавач за 2025 година четврти пат по ред, според анкетата на веб порталот „Вработување.ком“. Наградата, која беше врачена во рамките на манифестацијата организирана од „Вработување.ком“, се базира на национално истражување за перцепцијата и за искуствата поврзани со работодавачите во земјава. Континуитетот на ова признание ...

Скопје, 17 април 2026 (МИА) - Ги следиме случувањата и трендовите во светот и поставуваме соодветни профили на ризици. Во изминатите две недели на граничен премин Меѓународен Аеродром Скопје беа откриени три обиди за криумчарење на злато со тежина од 285 грама и со вредност од 23 илјади евра. Ова, соопшти денеска Царинската управа, го истакна директорот на ЦУ Бобан Николовски во гостување на МРТ 1. Царинска управа, претходно, информираше и за ...

Скопје, 17 април 2026 (МИА) - Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) соопшти дека е заокружена клучна фаза во јакнење на енергетската безбедност на државата по успешно одржаната јавна расправа за процената на ризик во снабдувањето со гас, во соработка со Заедничкиот истражувачки центар (JRC) на Европската комисија и претставници на домашната гасна индустрија. Со ова, како што информира денеска МЕРМС, Македонија ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1017
weather icon

Белград

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
88%
1015
weather icon

Загреб

11ᴼ / 6ᴼ
1.54
85%
1016
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1021
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.94
89%
1015
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
90%
1016
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
1.34
60%
1016
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
71%
1013
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.0
76%
1015
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
88%
1015
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
90%
1015
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 14ᴼ
0.51
60%
1018
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

37.9518

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Рутениум

51376.89

Платина

66744.95

Бакар

12.46

Цинк

0.00

Калај

52.70

Алуминиум

3.53

Сребро

2534.46

Иридиум

253540.09

Паладиум

49351.40

Кобалт

45.39

Родиум

319899.93

Злато

152465.86