Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Прилеп, 18 јануари 2026 (МИА) - Со првата примена на методот интравенска тромболиза во прилепската болница беше спасен животот на младо, 28-годишно момче. Неврологот Петар Кузманоски со своите колеги веднаш интервенирал, прецизно дозирајќи лек за го спасат пациентот од смрт, но и од траен инвалидитет. -Тромболизата претставува третман на акутен ихемичен мозочен удар, односно протокол кој е добро дефиниран со временска рамка и со клинички ...
Прилеп, 18 јануари 2026 (МИА) - Откупот на тутунот од ланската реколта е при крај. Досега откупубачите од производителите купија околу 25 000 тони по просечна цена од 419 денари за килограм. Откупот привршува но тутунарите не треба да стравуваат, зашто пунктови ќе има отворено до крајот на февруари, до 28, кога е законскиот рок за откуп. -Привршува откупот на тутунот од ланската реколта. Но потсетувам, дека и кооперантите и откупувачите треба ...
Манчестер, 18.јануари 2026 (МИА) – Деби од соништата имаше новиот менаџер на Манчестер Јунајтед Мајкл Керик – победа над градскиот ривал Манчестер Сити. Но, и покрај триумфот во клубот не размислуваат за негово останување на клупата на „црвените ѓаволи“. Управата ќе бара нов менаџер, а меѓу кандидатите е Нико Ковач. Хрватскиот тренер беше една и од опциите за менаџер на Челзи пред да биде ангажиран Лиам Росениор, но тој не прифати во текот на ...
Париз, 18 јануари 2026 (МИА) - Според најновото месечно истражување на агенцијата Ипсос BVA-CESI, постапките на францускиот претседател Емануел Макрон биле негативно оценети од 79 проценти од француските испитаници, а неговата популарност во моментов е на најниско ниво. Според истражувањето објавено денеска од Трибун Диманш, Макрон достигнал рекордни нивоа на непопуларност, со 18 проценти позитивни оценки во споредба со 79 проценти неповолни, ...
Скопје, 18 јануари 2026, (МИА) -Едниот охриѓанец, другиот стружанец, а на двајцата заедничка им е Македонија и борбата со перо, како и денот 18 јануари, кој за Григор Ставрев Прличев е роденден, а за Константин Миладинов збогување од овој свет. И двајцата истакнати македонски поети, родени во иста година, во македонските градови Охрид и Струга. Прличев, автор на поемата Сердарот, која му ја донела славата и бил наречен втор Хомер, е роден на ...
Скопје, 18 јануари 2026 (МИА) - На Инфективна клиника вчера починал 69-годишен пациент, кај кога бил потврдена лабораториски инфлуенца А. Пациентот, како што информираше директорот на Инфективната клиника, Фадил Цана, бил со комордбидитети и не бил вакциниран против сезонски грип, иако бил во ризична група. -Пациентот беше донесен во исклучително тешка општа состојба со развиена масивна бронхопневмонија. Пациентот веднаш беше третиран ...
Скопје, 18 јануари 2025 (МИА) Бранка НАЈДОВСКА Марија Вукиќ е српска филмска авторка, културолог и истражувачка работничка, родена 1976 година во Белград, Србија. Таа има докторска диплома по теорија и менаџмент на културата и медиумите и дополнително професионално образование во областа на филмската продукција преку меѓународни програми поддржани од „Креативна Европа“ . Работи како академски истражувач, организатор и промотор на културни и ...
Брисел, 18 јануари 2026 (МИА) – Во овој момент не е можно одобрување на трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, па затоа Европската народна партија (ЕПП) нема да го поддржи документот, најави лидерот на ЕПП, Манфред Вебер. - ЕПП е за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, но со оглед на заканите на Доналд Трамп во врска со Гренланд, одобрувањето не е можно во оваа фаза. Царините од нула отсто за американските производи мора да бидат ставени на чекање, ...
Кавадарци, 18 јануари 2026 (МИА) - Лишени од слобода биле две лица од кавадаречко Марена, во „мерцедес“ носеле огревни дрва без документи. Како што информираа денеска од Секторот за внатрешни - работи Велес, вчера попладне во 17:40 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци лишиле од слобода две лица од кавадаречкото село Марена. При извршување службени задачи во селото Марена, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“, ...
Скопје, 18 јануари 2026 (МИА) - Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, беше гостин во неделното интервју на Радио Слободна Европа, каде говореше за конкретните чекори за целосно електронски услуги, за состојбата во институциите и за имплементацијата на новиот закон за сајбер-безбедност. Електронските изводи – од „аплицирање“ до целосно електронско добивање на крајниот документ. Како што соопшти Министерството за дигитална ...
Скопје, 18 јануари 2026 (МИА) - Во изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д што ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ во ноември 2025 година биле ангажирани 2131 лице (вработени на изведувачот, на подизведувачи и индиректни даватели на услуги и на специјализираните изведувачи) како и 1290 вкупна опрема, покажува Извештајот од надзорот за прогрес на работите за ноември 2025 година , објавен на веб страницата на Јавното ...
Хернинг, 18.јануари 2026 (МИА) – Во натпреварот од второто коло од Европското првенство македонските ракометари ќе играат против Португалија, а ќе го судат судии од Босна и Херцеговина. Европската ракометна федерација ги делегираше судиите за овој натпревар, а тоа се браќата близнаци од Босна и Херцеговина, Амар и Дино Коњичанин. Во првиот натпревар македонските ракометари загубија од Данска (24:36), додека Португалија ја совлада Романија ...
Лондон, 18 јануари 2026 (МИА) - Европската унија и Русија се во состојба на војна, изјави гувернерот на Централната банка на Летонија, Мартинс Казакс, во интервју за „Фајненшл тајмс“. Казакс нагласи дека иако во еврозоната не се случуваат вооружени борби, постојат голем број активности кои, според него, укажуваат на воена состојба. Тој ги наведе кибер нападите насочени кон земјите од Европската унија, саботажа на подводни кабли и појавата на ...
Охрид, 18 јануари 2026 (МИА) – Градот Охрид е подготвен за годинешното издание на Богојавленскиот водосвет – чествувањето на првославниот празник Богојавление – Водици со осветувањето на водите на Охридското Езеро и традиционалното положување на Чесниот крст. Чествувањата на верскиот празник ги организираат Општина Охрид и Дебарско-кичевската епархија, во духот на христијанската традиција како манифестација што години наназад е една од ...
Тетово, 18 јануари 2026 (МИА) - Во тетовската црква Пресвета Богородица се одбележа празникот Водокрст, ден пред Богојавление Водици. Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение со Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Златоустова литургија. По Литургијата беше извршен голем Богојавленски водосвет и според традицијата беше спуштен крстот во водите од базенот во дворот на храмот. По крстот скокнаа тројца верници, ...
Скопје, 18 јануари 2026, (МИА) -На 18 јануари 1862 година во Цариград, во полициската болница, умрел Константин Миладинов, македонски поет, собирач на македонски народни песни и умотворби. По завршувањето на основното образование во Струга и гимназија во Јанина, во 1847 година станал учител во селото Трново, Битолско. На 14 октомври 1849 година се запишал на Филозофскиот факултет (филолошка група) во Атина. По завршувањето на студиите ...
Скопје, 18 јануари 2026 (МИА) - Светскиот економски форум по 56. пат ги собира водечките лидери од владата, бизнисот и граѓанското општество на годишен состанок во Давос, Швајцарија од 19 до 23 јануари 2026 година. Под мотото „Во духот на дијалог“, Давос 2026 треба да обезбеди непристрасна платформа за поврзување на лидерите за да се соочат со заедничките предизвици и да поттикнат иновации што ја дефинираат иднината. Во време на длабоки ...
Белград, 18.јануари 2026 (МИА) – Ватерполо репрезентацијата на Хрватска со синоќешната победа од 17:9 против Романија ги задржа шансите за едно од првите две места во групата Ф на Европското првенство во ватерполо. Хрватите уште на стартот покажаа дека се подготвени за висока победа и ја добија првата четвртина со 5:1. На прагот на изненадување беше Грузија, која претрпе пораз од два разлика од Италија 14:16, додека во „балканското дерби“ ...
Хернинг, 18.јануари 2026 (МИА) – Ракометарите на Србија го направија најголемото изненадување во второто коло на Европското првенство во ракомет откако синоќа ја совладаа Германија со 30:27. Со овој триумф и поразот од Шпанија 27:29, со победа во последното коло против Австрија избраниците на поранешниот македонски селектор Раул Гонзалез имаат прилика да се пласираат во следната фаза, особено што Шпанија и Германија играат меѓу себе. - ...
Амстердам, 18 јануари 2026 (МИА) - Командантот на холандските вооружени сили, Оно Ајхелсхајм, предупреди дека ескалацијата на тензиите меѓу САД и Европа околу Гренланд може да доведе до распад на НАТО алијансата. Ајхелсхајм во интервју за NOS изјави дека таков развој на настаните би бил директно од корист за рускиот претседател Владимир Путин и дека другите земји би можеле да добијат впечаток дека НАТО слабее, објави НЛ Тајмс. Тој оцени дека ...
Белград, 18 јануари 2026 (МИА) - Српскиот министер за образование Дејан Вук Станковиќ изјави дека се разгледува идејата за скратување на часовите во училиштата на 30 минути бидејќи кај децата постои феномен на дифузно внимание, поради што не можат да се концентрираат 45 минути да следат настава. Министерот во изјава за РТС рече дека концентрацијата на учениците на часовите е проблем за кој се зборува веќе некое време, а јавноста има предлог ...
Атина, 18 јануари 2026 (МИА) – Над пет часа траеше гаснењето на пожарот што кусо пред полноќ избувна во близина на резервоари со течни нафтени деривати во атинското предградие Перама, а според градоначалникот постоечките 40 хектари со запалив материјал беа закана за целиот регион на Атика, јави дописничката на МИА од Атина. Во пожарот интервенираа 28 пожарникари со девет возила, се гаснеше со специјална противпожарна пена, додека од бројот ...
Кочани, 18 јануари 2026 (МИА) - Делегација од Општина Кочани, предводена од градоначалникот Владко Грозданов, присуствуваше на 32. Меѓународен фестивал на маскарадните игри „Сурва“, во Општина Перник, Бугарија. Фестивалот годинава одбележува 60 години од своето постоење и претставува еден од најголемите и најпрепознатливи културни настани од ваков вид во регионот. Во рамки на фестивалската програма, градоначалникот Грозданов оствари средби со ...
Скопје, 18 јануари 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Врнежи од снег се престанати. Како што соопшти ЈП Македонија пат, намалена видливост до 50 метри и појава на магла на планинскиот премин Плетвар, Крушево до 50 метри Стража до 80 метри и на патниот правец Тетово- с.Лисец до 80 метри. Сите патни правци се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е ...
Скопје, 18 јануари 2026 (МИА) - Приближно 40.000 евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна, во рамки на спроведените вонредни надзори во маркети и хипермаркети на целата територија на државава. Како што се наведува во соопштението на АХВ, сс акцијата која се спроведе од 13 до 16 јануари годинава, контролирани беа 188 ...
Скопје, 18 јануари 2026 (МИА) - Премирерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања во врска со европерспективата на државата, истакна дека целта е прво да ја завршиме домашната задача поврзана со Реформската агенда, а потоа останува на Унијата дали ќе продолжи да го билатерализира нашиот процес на пристапување. -Македонскиот евроинтегративен пат е неминовно поврзан со волјата на 27 земји-членки, една од нив е и од ...
Скопје, 18 јануари 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот на општина Аеродром Дејан Митески денеска го пуштија во употреба новоизградениот дел од ООУ „Блаже Конески“ во населата Мичурин. По 70 години училиштето доби современ лик и услови за квалитетно образование. Новите училници, кабинети и заеднички простории обезбедуваат простор за развој на учениците и подобри услови ...
Скопје, 18 јануари 2027 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски очекува првпат во земјава да имаме едноцифрен процент на невработеност, како резултат на активностите што се преземаат со Реформската агенда. Бројот на невработени, како што рече денеска во одговор на новинарско прашање, сега можеби е под 90 илјади, откако во ноември лани изнесуваше 91 илјада, што беше намалување за седум илјади во однос на ноември 2024. - Сега можеби е и под 90 ...
Скопје, 18 јануари 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не е изненаден, но дека нема што да коментира и „ќе чекам да видам Обвинителството дали ќе постапува по допрен глас, исто што го чекаат сите граѓани во Македонија“, за тврдењата на Жан Митрев дека поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче барале начин како да дојдат до сопствеништво на неговата болница. Прашан за коментар на изјавата ...
Скопје, 18 јануари 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоси денеска изјави дека не знае дали СДСМ ќе му даде поддршка на „Безбеден град“ и нагласи дека е важно што овој проект веќе ги постигнува своите основни и хумани цели. Смета дека граѓаните го почитуваат овој проект и апелира и понатаму да бидат совесни. - Јас вчера имав координативен состанок со раководството на МВР и со луѓето кои се одговорни за овој проект. Бројките во јануари се ...