Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Мадрид, 17. јануари 2026 (МИА) – Фудбалерите на Реал Мадрид по двата пораза во Супер купот и Купот на Шпанија се вратија на победите откако во дуелот на домашен терен во 20. коло го совладаа Леванте со 2:0. Ова воедно беше прв триумф на новиот тренер Алваро Арбелоа. Инаку навивачите со свирежи ги „поздравија“ претседателот Флорентино Перез и играчот Винисиус. Победата „кралскиот клуб“ ја обезбеди со двата гола во вториот дел. Водството во 58. ...
Мелбурн, 17. јануари 2026 (МИА) – Италијанскиот тенисер Матео Беретини го откажа настапот на Австралија опен. Отказот на Беретини претставува изненадување особено што на крајот на годината успеа со репрезентацијата на Италија да го освои Дејвис купот. Во првата рунда Беретини требаше да игра против домашниот тенисер Алекс де Минор, а неговото место ќе го заземе среќниот губитник Американецот Мекензи Мекдоналд. Морам да се повлечам од ...
Мадрид, 17. јануари 2026 (МИА) – Екипата на Реал Мадрид успеа да постигне победа против Леванте со 2:0. Но, навивачите имаа свое мислење кое го искажаа за време на натпреварот особено кон првите ѕвезди на екипата. Првиот „концерт“ свирежи го имаше Винисиус кога првпат имаше контакт со топката, а слично реагираа навивачите и кога Џуд Белингам ја имаше топката. На тој начин навивачите дадоа до знаење, кое е нивното мислење за двајцата играчи ...
Казабланка, 17. јануари 2026 (МИА) – Репрезентацијата на Нигерија го освои бронзениот медал на АФКОН откако во „малото финале“ по изведување на пенали го совлада Египет со 4:2 на пенали откако во регуларниот дел дуелот заврши 0:0. Нигерија беше поблиску до победата и во регуларниот дел откако во првото полувреме им беше поништен гол поради фаул и по прегледување на ВАР снимката. Во серијата пенали првите играчи на Египет Мохамед Салах и Омар ...
Малме, 17.јануари 2026 (МИА) – Ракометарите на Хрватска многу тешко стигнаа до првата победа на Европското првенство откако на стартот ја совладаа Грузија со 32:29, откако ривалот водеше во поголемиот дел од натпреварот. Во првото полувреме Грузија имаше и водство од шест разлика (12:6), но хрватските ракометари сепак ја запишаа првата победа. Ова беше првиот дуел во групата Е, додека во вечерниот термин играат Шведска и Холандија, а дуелот ...
Неапол, 17. јануари 2026 (МИА) – Екипата на Наполи конечно успеа да стигне до триумф откако три натпревари во Серија А одигра нерешено. Наполи во денешниот дуел од 21. коло го совлада Сасуоло со 1:0, а стрелец на голот беше Станислав Лоботка во 7. минута. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го почна натпреварот, но поради повреда беше заменет во 56. минута со Матео Политано. Во првиот дуел од денешната програма од оваа рунда лидерот Интер ...
Нотингем, 17. јануари 2027 (МИА) – Фудбалерите на Арсенал одиграа нерешено 0:0 на гостувањето кај Нотингем Форест и со освоениот бод ја зголемија предноста во однос на Манчестер Сити, кој попладнево загубија од Манчестер Јунајтед со 2:0. Лидерот на табелата Арсенал е на водечката позиција со 50 бодови, додека Манчестер Сити остана со 43 бодови. „Топџиите“ не го искористија денешниот кикс на „граѓаните“ да ја зголемат предноста во борба за ...
Скопје, 16 јануари 2026 (МИА) - Во Младинскиот културен центар (МКЦ) денеска ќе се одржи комеморација во чест на легендарниот радиоводител Драган Б. Костиќ, кој почина по кратко боледување на 20 декември 2025 година. Комеморацијата ја организираат семејството Костиќ и тимот на продукцијата „Диско селектор“. - Собирот е отворен за сите што сакаат да му оддадат почит и да се потсетат на животот, делото и на оставнината на Драган Б. Костиќ - се ...
Копенхаген, 17 јануари 2026 (МИА) - Заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царини за европски земји што не му дозволуваат да го добие Гренланд „доаѓа како изненадување“, изјави данскиот министер за надворешни работи. „Во постојан контакт сме со Европската комисија и нашите други партнери за тоа прашање“, Ларс Локе Расмунсен, зборувајќи само неколку дена по учеството на разговорите во Белата куќа со американски и ...
Лондон, 17 јануари 2026 (МИА) - Британскиот премиер Кир Стармер ја осуди заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе тарифи врз европски сојузници кои се спротивставуваат на неговите напори за стекнување на Гренланд како „целосно погрешна“. „Воведување царини за сојузници за остварување на колективната безбедност на сојузниците од НАТО е сосема погрешно. Секако, ќе го продолжиме ова директно со американската администрација“, ...
Копенхаген, 17 јануари 2026 (МИА) – Во Копенхаген и неколку други дански градови како и во главниот град на Гренланд денеска ќе се одржат протести поради амбициите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на контролата врз островот. На повикот на неколку гренландски организации повеќе илјади луѓе на социјалните мрежи најавија дека ќе учествуваат во протестите во Копенхаген, Архус, Алборг и Оденсе. Целта е да се испрати јасна и ...
Вашингтон, 17 јануари 2026 (МИА) – Американскиот министер за енергетика Крис Рајт и премиерот на Словачка, Роберт Фицо вчера во Вашингтон потпишаа меѓувладин договор за продлабочување на соработката во цивилната употреба на нуклеарната енергија, во обид да се намали зависноста на земјата од руските енергетски резерви. Рајт наведе дека договорот ја одразува „заедничка посветеност на зајакнување на европската енергетска безбедност и суверенитет ...
Келн, 17 јануари 2026 (МИА) – Европската агенција за безбедност на воздухопловството (ЕАСА) им препорача на авиокомпаниите да го избегнуваат иранскиот воздушен простор поради „тековната ситуација и потенцијалот за воена акција на САД“ во регионот. - Присуството и можната употреба на широк спектар на оружје и системи за воздушна одбрана, во комбинација со непредвидливи реакции имаат висок ризик за цивилните летови, се наведува во соопштението ...
Вашингтон, 17 јануари 2026 (МИА) – Украинскиот преговарачки тим пристигна во Мајами, Флорида на нови преговори за подготовка на мировниот договор со Русија, објави на платформата Икс, шефот на кабинет на украинскиот претседател, Кирило Буданов. - Ќе имаме важни разговори со нашите американски партнери за деталите за мировниот договор, истакна Буданов. Тој додаде дека во Мајами допатуваа и шефот на Украинската служба за безбедност Рустем ...
Копенхаген, 17 јануари 2026 (МИА) - Во главниот град на Данска, Копенхаген, денеска се одржа протест каде имаше илјадници луѓе против плановите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд, што е данска автономна територија. Демонстрантите, кои се собраа на градскиот плоштад во Копенхаген пред да се упатат кон амбасадата на САД, скандираа „Гренланд не е на продажба“, некои држеа транспаренти со слогани како ...
Асунсион, 17 јануари 2026 (МИА) - Европската унија и јужноамериканскиот трговски блок Меркосур денеска потпишаа историски трговски договор, со што се создаде најголемата зона на слободна трговија во светот. Потпишувањето на трговскиот договор, што беше емитуван во живо на веб-страницата на Европската комисија, се одржа на церемонија во главниот град на Парагвај, Асунсион, каде што на 26 март 1991 година беше потпишан Договорот од Асунсион, со ...
Асунсион, 17 јануари 2026 (МИА) - Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави дека ЕУ е „многу цврста во одбраната на меѓународното право“ кога беше прашан за новите закани со царини од американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека се координира одговорот на ЕУ за тоа прашање. „Она што можеме да го кажеме е дека Европската унија секогаш ќе биде цврста во одбраната на меѓународното право, каде и да е, што секако започнува ...
Тирана, 17 јануари 2026 (МИА) – Албанскиот премиер Еди Рама го нарече менаџментот на Албанската радио-телевизија (РТШ) „најмизерната служба на светот“ и изјави дека јавниот медиумски сервис треба да се реформира. Рама нагласи дека нема да се издвојуваат јавни пари се додека не се спроведат реформми во РТШ. Според него, сите опции се на маса, вклучувајќи затворање, приватизација или партнерство. Премиерот на Албанија го критикуваше ...
Љубљана, 17 јануари 2026 (МИА) – Владата на Словенија одлучи да испрати двајца офицери на Гренланд, кои под водство на Данска ќе учествуваат „во планирањето и спроведувањето на меѓународната воена вежба Арктичка отпорност. Вежбата се смета за европско одвраќање од заканите од американскиот претседател Доналд Трамп, кој изјави дека САД ќе ја преземат контролата врз Гренланд „на еден или друг начин“ за да се спротивстави на руските и кинеските ...
Белград, 17 јануари 2026 (МИА) - Српскиот министер за финансии Синиша Мали денеска изјави дека специјализираната изложба Експо 2027 во Белград ќе биде комплексен дигитален систем и истакна дека соработката со глобалниот технолошки лидер Cisco дополнително го потврдува меѓународниот кредибилитет на проектот и предвидува највисоки стандарди. „Кога еден глобален технолошки лидер го препознава нашиот напредок и сака активно да го поддржи Експо ...
Тирана, 17 јануари 2026 (МИА) - Лидерот на албанската опозициска, Демократска партија и поранешен премиер и шеф на државата, Сали Бериша, ситуацијата во земјата ја оцени како „драматична“, обвинувајќи ја владата за поплавите и неуспешното справување со природните вонредни состојби. На состанокот на пратеничката група на ДП, Бериша рече дека Албанците и меѓународните партнери очекуваат опозицијата да ја реши кризата. - Сите пријатели на ...
Подгорица, 17 јануари 2026 (МИА) - Министерството за европски прашања на Црна Гора денеска соопшти дека државата исполнила повеќе од половина од мерките предвидени во Агендата за реформи, поради што, како што наведуваат, очекуваат уште 55 милиони евра од Планот за раст. Владата на Црна Гора го усвои Третиот полугодишен извештај во рамките на Инструментот на ЕУ за реформи и раст, што го подготви Министерството за европски прашања, во соработка ...
Белград, 17 јануари 2026 (МИА) - Неколку илјади граѓани се собраа попладнево во центарот на Нови Сад на протестот „Што значи победа?“, на кој повикаа студентите. Тој протест е продолжение на акцијата за собирање потписи за предвремени избори во државата што беше спроведена кон крајот на минатата година Обезбедување е распоредено околу Градското собрание и низ целиот Плоштад на слободата. Меѓу транспарентите, се издвојува пораката „Постои ...
Тирана, 17 јануари 2026 (МИА) - Албанија ќе се приклучи на Приоритетна листа на барања за Украина, позната и како (PURL). „Нашата земја ќе се придружи на списокот на земји кои ќе купуваат американско оружје, а потоа ќе го испраќаат во Украина, објави министерката за надворешни работи Елиса Спиропали, која деновиве беше во посета на Украина. Ова таа им го кажала и на нејзиниот домаќини, министерот за надворешни работи, Андриј Добила, како и на ...
Белград, 17 јануари 2026 (МИА) - Протестот на студентите во блокада од Универзитетот во Нови Сад, одржан под мотото „Што значи победа?“ заврши вечерва од каде беше порачано дека по промена на власта во Србија ќе бидат неопходни - лустрација и донесување закон за потекло на имотот. На протестот митингот присуствуваа неколку илјади луѓе и не беа регистрирани инциденти. Студентите најавија дека на крајот на јануари ќе организираат форуми низ ...
Брисел, 16 јануари 2026 (МИА) – Извршниот потпретседател на Европската комисија за просперитет и индустриска стратегија, Стефан Сежурне се залага кинеските хибридни автомобили да бидат опфатени со царинскиот режим на ЕУ, со што би се зголемиле царините за нивниот увоз во блокот, објави бриселски „Еурактив“. Порталот, повикувајќи се на извори во Кабинетот на Сежурне, наведува дека во рамки на Европската комисија се дискутира за воведување на ...
Скопје, 17 јануари 2026 (МИА) - Одлуката на Соединетите Американски Држави да ја суспендираат обработката на визи за македонските граѓани не е „техничка пауза“ туку предупредување. Стануваме земја од „третиот свет“, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Македонија денес ја плаќа цената на погрешните политики на Мицкоски што водат кон затворање, изолација и губење на довербата кај стратешките партнери. Надворешната ...
Скопје, 17 јануари 2026 (МИА) - Доаѓаат таканаречените „економски работници“. Владата на Мицкоски им ги отвори вратите со одлука за нови 10.000 странски работници во 2026 година. Бројот е двојно зголемен во споредба со лани, изјави на прес конференција на СДСМ, Рената Младеновска – членка на Извршен одбор, се вели во соопштението од партијата, што МИА го пренесува интегрално. Иако во Македонија се уште има речиси 100.000 невработени Владата ...
Скопје, 17 јануари 2026 (МИА) - Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска соопшти дека секојдневно е предмет на јавен линч преку „груби лаги“, постојана црна кампања и манипулации и најави тужба за клевета за, како што рече, наредбодавачите и извршителот и го повика Жан Митрев да отиде кај обвинител и да поднесе кривична пријава. - Не го прават тоа затоа што знаат дека ќе одговараат, а не вака да ги тужам само за клевета, рече Филипче на ...
17 јануари 2026 година Скандалот во Центарот за социјални работи во Тетово со незаконски исплатени социјални пензии и додатоци за туѓа нега ја разоткрива длабоката системска корупција и злоупотреба во институцијата која треба да им служи на најранливите, се вели во соопштението од Левица, што МИА го објавува интегрално. Социјални пензии добивале лица кои што воопшто не исполнуваат услови за тоа, додека лица на кои што им е од суштинска ...