Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Скопје, 14 април 2026 (МИА) – Заштитен појас под УНЕСКО е една од главните пречки за реализација на автопатското решение на дел од Коридорот 8 кон Албанија, изјави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков, при посетата по повод почетокот на реконструкцијата на улицата „Самарџии“ и уште пет помали краци во Старата скопска чаршија. Љутков најави дека во мај се очекува посета на делегација на УНЕСКО за увид во состојбите на терен. - ...
Скопје, 14 април 2026 (МИА) - Министерството за правда соопшти дека во текот на утрешниот ден ќе достави барање до надлежните судови и обвинителства за прибирање на сите списи поврзани со предметите за поранешниот премиер Никола Груевски и откако ќе ги добие потребните документи ќе постапи согласно позитивните законски прописи. Оттаму потсетуваат дека за Груевски било поднесено едно барање за екстрадиција во 2018 година, како и негово ...
Ливерпул, 14.април 2026 (МИА) – Фудбалерите на Ливерпул вечерва од 21 часот го играат реванш четвртфиналето од Лигата на шампионите против европскиот првак ПСЖ. Гостите од Франција имаат предност од два гола откако на првиот дуел во средата победија со 2:0. - Верувам дека можеме да ја надополниме од два гола.Многу пати сме покажале менталитет. Енфилд ќе има големо влијание, а сме го виделе тоа многу пати и сезонава и минатата сезона и во ...
Скопје, 14 април 2026 (МИА) - Министерството за економија и труд соопштува дека во соработка со Државниот пазарен инспекторат, изработи компаративна анализа на цените на основните прехранбени и непрехранбени производи, која покажува дека во периодот од 1 февруари до 1 април годинава е регистриран минимален пораст на продажните цени, додека дел од притисокот од зголемените набавни цени е апсорбиран од трговците. Како што соопштуваат оттаму, ...
Њујорк, 14.април 2026 (МИА) – НБА лигата денеска ја објави листата од 36 судии, кои се номинирани да ги судат натпреварите од плеј-ин турнирот и првата рунда од плеј офот. На таа листа е и Натали Саго, која е трета жена која ќе суди натпревари од плеј-офот во НБА лигата. Пред неа судеа: Виолет Палмер и Ешли Мојер-Глич. Саго веста ја дознала од извршниот директор на НБА задолжен за судиите, кога била на аеродромот во Солт Лејк Сити. - Ова е ...
Киев, 14 април 2026 (МИА) - Најмалку четири лица загинаа, 29 се ранети во руските напади врз украинските градови Херсон и Днипро (Днепар), а руски дрон погоди трговски брод под либериско знаме, кој пловел по морски коридор - јави „Укринформ“. Руските сили утринава со дрон нападнаа болница во центарот на Херсон, при што се ранети четворица вработени, соопшти градската воена администрација преку „Телеграм“. Повреден е и 62-годишен маж кога од ...
Рим, 14 април 2026 (МИА) – Федерацијата на италијанските медиуми организира нов штрајк на 16 април поради тоа што националниот колективен договор во областа на новинарството истече пред 10 години, а сè уште не е склучен нов. Новинарите исто така бараат поголема заштита на своите права и подобрени услови за работа. - Во време кога вештачката интелигенција влегува во светот на медиумите, не може да недостига колективен договор, што би регулирал ...
Париз, 14 април 2026 (МИА) - Претседателот на Франција, Емануел Макрон, изјави дека разговарал со претседателот на Иран и на САД, Доналд Трамп и Масуд Пезешкијан, за прекин на огнот и отворање на Ормуската Теснина. - Повикав на продолжување на преговорите прекинати во Исламабад за разјаснување на недоразбирањата и за избегнување нови фази на ескалација - објави Макрон на „Икс“. Тој додаде дека е потребно сите строго да го почитуваат прекинот ...
Кавадарци, 14 април 2026 (МИА) - Судот во Кавадарци определи по 30 дена притвор за двајцата грабнувачи од демиркаписко Корешница, потврдија попладнево од кавадаречкиот суд за МИА. Оттаму појаснија дека по предлог на Обвинителството, постапувал дежурен судија по претходна постапка и определил притвор од по 30 дена за грабнување. Претходно, од Обвинителството информираа дека побаран е притвор за двајца од Корешница, осомничени за грабнување. ...
Скопје, 14 април 2026 (МИА) - Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска до 18 април престојува во САД, Вашингтон, каде што ќе учествува на пролетните средби на ММФ и Светската банка. За време на престојот, информираат од Министерството за финансии (МФ), Димитриеска-Кочоска ќе оствари средби со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, ќе оствари средби во Трезорот на САД, како и со ...
Скопје, 14 април 2026 (МИА) - Официјално започна 18. издание на ЛИДЕР Проектот, мини МБА обука наменета за млади професионалци, идни менаџери и претприемачи од Македонија. Програмата се реализира во организација на Македонија2025, во соработка со престижната бизнис школа „Ричард Ајви“ од Канада, а поддржана од партнерот Кроација осигурување. Учесници од целата земја и годинава ќе имаат можност да бидат дел од интензивна двонеделна обука, ...
Гостивар, 14.април 2026 (МИА) – Екипата на Арсими ја постигна десетата победа во првенството откако денеска на домашен терен го совлада Пелистер со 1:0 во дуел од 27.коло од ПФЛ. Единствениот гол го постигна Мухџедин Дардишта во 44.минута. Во вториот дел гостите од Битола беа подобрата екипа, но не успеаја да изедначат. Арсими остана на седмото место на табелата со 35 бодови, додека Пелистер е на деветтото место со 26 бодови. Последниот ...
Берлин, 14 април 2026 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека нафтоводот „Дружба“ ќе биде поправен и повторно ставен во функција до крајот на април. - Како што ветивме, нафтоводот ќе биде поправен до крајот на април. Не целосно, но доволно за да може да функционира. Нема да бидат обновени сите резервоари бидејќи тоа е долг процес - изјави Зеленски на прес-конференција во Берлин по средбата со германскиот канцелар, ...
Љубљана, 14 април 2025 (МИА) - Претседателот на словенечкиот парламент, Зоран Стевановиќ, изјави дека неговата партија Ресница ќе инсистира на организирање референдум за излгување на Словенија од НАТО додавајќи дека ќе го исполни ова предизборно ветување - јави националното радио „РТВ Сло“. Во интервјуто Стевановиќ најави и можна скорешна посета на Москва со цел, како што рече, „обнова на мостовите меѓу Истокот и Западот“. Ресница, чиј лидер ...
Атина, 14 април 2026 (МИА) - Голема концентрација на прашина од Африка повторно се очекува денеска во Грција, а појавата ќе трае до четврток - јавуваат грчките медиуми повикувајќи се на метеоролошки прогнози. Според електронското издание на весникот „Ефимерида тон синдактон“, облаци прашина од Сахара ќе ја зафатат земјата уште во текот на денот. Прашината од пустината Сахара, која често стигнува до Грција поради географската близина со ...
Сараево, 14 април 2026 (МИА) - Австрискиот претседател Александер ван дер Белен во рамките на својата официјална посета на Босна и Херцеговина оцени дека војните што во моментот се водат во светот сериозно ја загрозуваат стабилноста и повика на нивно што побрзо запирање. Ван дер Белен, по состанокот со членовите на Претседателството на БиХ, изјави дека состојбата во светот е загрижувачка и несигурна, при што особено ја истакна војната на ...
14 април 2026 Поради континуирани сериозни закани, навреди, клевети, политички притисок, загрозување на слободата на говорот и создавање непријателска атмосфера, заклучно и потенцирано со денешниот прес на Венко Филипче, претседател на СДСМ, кон сите професионални медиуми што не се под контрола на СДСМ, особено кон телевизијата „Алфа“, Македонската асоцијација на новинарите (МАН) го повикува Јавното обвинителство веднаш и неодложно да преземе ...
Штип, 14 април 2026 (МИА)-Општина Штип по третпат го организира модниот настан „Shtip Fashion Days“, информираше на денешната прес-конференција секретарот на општина Штип Вишна Шорова-Ангелова. Годинава ќе се одржи на 17 и 18 април во централното градско подрачје, односно во Трговскиот центар во Штип. -На настанот ќе бидат претставени осум ревии, кои што ќе бидат создадени од страна на поголемите штипски компании, а се разбира оваа година ...
Скопје, 14 април 2026 (МИА) – Васил, дури откога положи теоретски дел и дојде на ред полагање за градско возење, откако првиот пат падна, покажа интерес да се проба со возилото, но сопругот беше категоричен дека тоа нема да се случи додека не положи - изјави Ана Јованова, мајката на Васил Јованов, на денешното рочиште во Основниот кривичен суд во Скопје на судењето против сопругот Зоран Јованов. Тој е обвинет за „загрозување на безбедноста на ...
Скопје, 14 април 2026 (МИА) - Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија денеска ќе го одбележат Јом Хашоа - комеморативен ден на холокаустот, во сеќавање на востанието на Евреите во варшавското гето во 1943 година и комеморативен ден на 6 милиони Евреи убиени во холокаустот. Комеморацијата ќе се одржи во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, во некогашното еврејско ...
Скопје, 14 април 2026 (МИА) - Општина Чаир денеска ја почна реконструкцијата на улицата Самарџии и уште пет помали краци и улици во Старата чаршија, проект вреден 28,7 милиони денари, чија цел е заштита, оживување и современо уредување на едно од најавтентичните урбани јадра во Скопје. Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, во присуство на министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и минисетрот за европски прашања, Беким Сали, на ...
Скопје, 14 април 2026 (МИА) - Пратеничката Иванка Василевска, претседателка на Секцијата на Собранието во Парламентарното собрание на Франкофонијата, учествуваше во работата на конференцијата на претседатели на секциите на националните парламенти на Регионот Европа на ПС на франкофонијата, што се одржа вчера во Варшава. На конференцијата, соопшти собраниската прес-служба, учествуваа делегации на Албанија, Андора, Белгија/француската заедница ...
Скопје, 14 април 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка на Кралството Белгија, Максим Прево, утре ќе престојува во дводневна посета на земјата на покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Како што соопшти МНРиНТ, во рамките на својата прва посета на земјата министерот Прево ќе оствари тет-а-тет средба со својот хомолог, министерот Тимчо Муцунски, по што е ...
Лондон, 14 април 2026 (МИА) - Експертот за Ф1 ТВ и поранешен возач на Формула 1, Џолион Палмер, се осврна на ситуацијата во Ред Бул по најавеното заминувањето во 2027 на Џанпјеро Ламбиазе, тркачкиот инженер во тимот. - Целата куќа се промени. Зградата е иста, но мебелот е различен. Верстапен сè уште доаѓа на работа во Милтон Кинс, но се збогува со различни луѓе од различни области. И не само тоа, тој не се бори за титулата и не ужива во ...
Нион, 14 април 2026 (МИА) - Прес-службата на Комисијата за контрола, етика и дисциплина на Унијата на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ја прогласи жалбата на Барселона против судењето во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид (0:2) за неприфатлива. -По првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид, кој се одржа на 8 април 2026 година, Барселона ...
Москва, 14 април 2026 (МИА) - Русија и Унгарија тешко дека ќе станат пријатели по стапувањето на должност на новиот унгарски премиер и лидер на партијата Тиса, Петер Маѓар, но позицијата шеф на влада подразбира манифестација на голема прагматичност и Москва се надева на таков пристап од страна на Будимпешта,- истакна портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува ТАСС. „Слушнавме разни изјави. Тој (Петер Маѓар) веќе изјави дека е подготвен ...
Париз, 14 април 2026 (МИА) - Претседателот на Франција и британскиот премиер, Кир Стармер и Емануел Макрон, на 17 април во Париз ќе бидат домаќини на самитот на кој ќе се разговара за план со кој би се осигурало дека Ормуската Теснина ќе остане отворена за пловидба по завршувањето на војната на Блискиот Исток. - Самитот ќе ја унапреди работата на координиран, независен и мултинационален план за заштита на меѓународниот превоз по завршувањето ...
Тирана, 14 април 2026 (МИА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп за нов амбасадор во Албанија го предложил поранешниот американски генерал, Ерик Вендт од Калифорнија. Изборот на Венд треба да биде потврден од Сенатот. Тој доаѓа на местото на амбасадорката Јури Ким, која ја напушти Албанија во 2023 година. Пред две години, номинацијата на дипломатот Дејвид Џ. Костеланчик за функцијата амбасадор на САД во Албанија „не успеа“ откако неколку ...
Скопје, 14 април 2026 СДС и Филипче наместо да ликуваат на резултати од избори во други држави, нека си се посветат на партијата која е распадната на парчиња. СДС којашто некогаш беше релевантна и кредибилна, Филипче ја доведе во комбинација со Заев, да тоне се повеќе и повеќе во жива кал и да нема како да излезе од неа, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на пратеникот Бране Петрушевски, кое МИА го пренесува интегрално. ...
Куманово, 14 април 2026 (МИА) - Во просториите на Општина Куманово денеска се одржа работен состанок со претставници на локалните самоуправи, Центрите за развој на Источниот и Североисточниот плански регион, како и со претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање. На средбата, како што информираа од општината беа разгледани прашања од заеднички интерес, поврзани со процесот на воспоставување регионален систем за ...