Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Велес,14 април 2026 (МИА) - Починат 59-годишен маж синоќа бил пронајден во својот дом село Согле, Општина Чашка. Во СВР Велес синоќа во 22:30 часот било пријавено дека во домот во село Согле, општина Чашка, бил пронајден починат 59-годишниот Г.П. од село Согле, кој претходно имал здравствени проблеми. Како што денеска информираат од СВР Велес, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила ...
Куманово, 14 април 2026 (МИА) - Три лица вдишале чад откако бил опожарен автомобил во подземна гаража во Куманово, соопшти денеска полицијата. Пожарот се случил на улицата „Тоде Мендол“ во Куманово на паркирано возило „смарт брабус“ со швајцарски регистарски ознаки. Неколку лица кои вдишале чад биле пренесени во Ургентниот центар-Куманово за укажување на лекарска помош. - Кај нас примени беа три лица, по укажаната медицинска помош се пуштени ...
Скопје, 14 април 2026 (МИА) - По две недели, на 28 април, на единиците во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, од 12 до 14 часот, со тајно гласање, ќе се избира ректор на УКИМ за мандатниот период 16 септември 2026 - 15 септември 2029 година. Во трка се двајца кандидати - актуелната ректорка, проф. д-р Биљана Ангелова, која е редовен професор на Економскиот институт во Скопје, и проф. д-р Дарко Данев, редовен професор на ...
Скопје, 14 април 2026 (МИА) - Нашата улога не е само да контролираме, туку да заштитиме, да спречиме и да покажеме дека законот важи еднакво за сите. Компаниите што работат законски мора да имаат сигурност и предвидливост. Нашата улога е да обезбедиме услови во кои чесното работење е предност, а за нелојалната конкуренција нема простор. За криминалот нема да има место онаму каде што од петни жили секој ден се трудиме да градиме силна ...
Скопје, 14 април 2026 (МИА) - Силна, модерна и ефикасна Царинска управа е клучна за стабилни јавни финансии, заштита на економијата и поддршка на стопанството - порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешниот настан по повод одбележувањето на 14 Април - Денот на Царинската управа. Оваа година се навршуваат 34 години од основањето на институцијата, а настанот се одржа во Филхармонијата. Министерката во своето ...
Скопје, 14 април 2026 (МИА) - Максималната малопродажна цена на дизел-горивото од ноќеска на полноќ се намалува за 2,5 денари за литар, а бензините поевтинуваат за 1,5 денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,73 отсто. Максималната малопродажна цена на „евродизелот (Д-Е V)“ ...
Скопје, 14 април 2026 (МИА) - Подготовките на македонската одбојкарска репрезентација за настапот во Европската лига 2026 ќе започнат една недела порано од претходно договореното. Селекторот Јошко Миленкоски побара, а Федерацијата одобри најдобрите одбојкари првиот собир да го имаат на 6 мај во Крушево. - Извршниот одбор на Одбојкарската федерација на Македонија позитивно одговори на оваа промена свесен за она што ја очекува репрезентацијата ...
Скопје, 14 Април, 2026 (МИА) – Дебитантскиот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ е награден за најдобар филм во натпреварувачката програма „Нови режисери" на 44. Интернационален филмски фестивал на Уругвај, кој траеше од 30 март до 12 април. Како што соопшти „Црна мачка продукција“, „17“ ја освои наградата во конкуренција од 13 наслови, по одлука на тричлено стручно жири во состав: Аиноа Артече Уриарте - актерка и режисерка од Шпанија, ...
Верона, 14 април 2026 (МИА) – Италијанската влада одлучи да го суспендира автоматското обновување на договорот за одбрана со Израел во контекст на актуелната ситуација - соопшти премиерката Џорџа Мелони на маргините на саемот „Винитали“ во Верона. Министерот за одбрана Гвидо Крозето му испратил писмо на својот израелски колега Израел Кац со кое го известува за суспензијата на меморандумот меѓу Италија и Израел. Овој меморандум, кој ...
Белград, 14 април 2026 (МИА) - Студентите во блокада во Србија поднесоа кривична пријава против српскиот министер за информации и телекомуникации, Борис Братина, и против министерот за јавни инвестиции, Дарко Глишиќ. Министерот Братина, зборувајќи за протестите во Србија, на Денот на студентите изјави дека младите „не се свесни дека полицијата таму има право да ги тепа и убие“. Неговиот колега од владата, Дарко Глишиќ, јавно ги повика ...
Белград, 14 април 2026 (МИА) - Вонредна седница ќе одржи утре српскиот парламент на чиј дневен ред е предлогот за гласање недоверба на владата, што го поднесоа 62 пратеници од опозициските партии. Предлогот го поднесоа во средината на февруари членови на Народното движење на Србија, Партијата за слобода и правда, СРЦЕ, Ние силата на народот - проф. д-р Бранимир Несторовиќ, од Еколошкото востание и независниот пратеник Милољуб Албијаниќ. ...
Рабат, 14 април 2026 (МИА) - Марокански апелациски суд ја потврди пресудата на 18 сенегалски навивачи за предизвикување немири за време на финалето на Африканскиот куп на нации помеѓу Мароко и Сенегал, пренесува „Agence France-Presse“. Навивачите беа уапсени на 18 јануари и обвинети за насилство врз службеници за спроведување на законот, оштетување на спортска опрема и фрлање предмети. Во првата фаза од судењето, девет Сенегалци беа осудени ...
Берлин, 14 април 2026 (МИА) - Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја почна посетата на Германија за време на која ќе се одржат консултации меѓу двете влади. Ова им го соопшти на новинарите портпаролот на шефот на државата, Сергеј Никифоров. Програмата на посетата особено предвидува преговори меѓу Зеленски и германскиот канцелар Фридрих Мерц, како и учество на лидерите на двете земји во украинско-германските меѓувладини консултации. ...
Битола, 14 април 2026 (МИА) - Јавните установи Национален парк „Пелистер“ и „Зоолошка Градина“ Битола со заеднички активности ја продлабочуваат меѓусебната соработка. На иницијатива на ЈУНП „Пелистер“, вработени од установата доделија и поставија дополнелни содржини во битолската Зоолошка градина кои ги поставија во повеќе живеалишта на тамошниот животински свет. -Во ЈУ „Зоолошка градина“ извршивме оплеменување на повеќе живеалишта со кои се ...
Скопје, 14 април 2026 (МИА) - Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денеска пред судот рече дека ја разбира содржината и не го признава делото и не се чувствува виновна за кривичното дело за кое се товари - одавање службена тајна и компјутерски фалсификат. - Сметам дека не сум сторила ништо за што сум обвинета - изјави Димитровска. Димитровска при произнесувањето пред судот ...
Скопје, 14 април 2026 (МИА) - Градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, и директорката на Археолошки музеј на Република Македонија, Магдалена Манаскова, денеска потпишаа меморандум за соработка. Како што соопшти Општина Кисела Вода, овој значаен документ поставува цврсти темели за стратешко партнерство насочено кон заштита, истражување и одржливо користење на културно-историскиот потенцијал на територијата на општината. ...
Демир Капија, 14 април 2026 (МИА) - Побаран е притвор за двајца од демиркапиското село Корешница осомничени за грабнување, информираа денеска од Обвинителството. Оттаму појаснија дека Основното јавно обвинителство Кавадарци донело наредба за спроведување истражна постапка против две лица од селото Корешница, општина Демир Капија, за кои постоело основано сомнение дека биле соизвршители во кривично дело - грабнување согласно член 141 став 2 во ...
Дебар, 14 април 2026 (МИА) - Во хидроелектраната „Шпилје“ кај Дебар, која е значаен електроенергетски капацитет, во периодот јануари-март произведени се 109 гигават часови електрична енергија, што претставува остварување од 42 отсто од годишниот план. Споредено со истиот период минатата година произведени се 60 гигават часови електрична енергија повеќе. -Резервите во акумулацијата „Дебарското Езеро“ во 2025 на 31 март биле 14 GWh, додека на ...
Скопје, 14 април 2026 (МИА) - Новоименуваниот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ), Ацо Ристов, ја презеде функцијата од Лирим Сулејмани, заменик-претседател на РКЕ. Комисијата соопшти дека на средбата за примопредавање на функцијата нејзините членови го информирале новиот претседател Ристов за тековните активности во секторите за кои ...
Скопје, 14 април 2026 (МИА) - Владата го усвои интегрираниот национален план за енергија и клима 2025 - 2030 - стратешки документ што ја поставува државата на јасна патека кон енергетска трансформација, одржлив развој и целосно усогласување со европските политики. Планот, изработен по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), претставува клучен инструмент за модернизација на енергетскиот сектор и ...
Скопје, 14 април 2026 (МИА) - Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска, на прес-конференција повтори дека историската победа во Унгарија испраќа јасна порака до целиот регион дека времето на автократите завршува. Тој оцени дека ова е конечен крај на ерата во која Будимпешта била „безбедно засолниште за сите осудени корумпирани криминалци“ и запраша дали ќе се поднесе барање за екстрадиција на Никола Груевски. - Ова е историска победа на ...
Лос Анџелес, 14 април 2026 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, е прогласен за играч на последната недела од основниот дел на НБА-лигата сезона 2025/26. Клубот одигра пет натпревари во текот на изминатата недела од кои неговиот тим забележа победа на три. Во текот на петте натпревари, Џејмс имаше просек од 24 поени, 9,7 асистенции и шест скока. Признанието е 70. во кариерата на 41-годишниот Џејмс. Лос Анџелес лејкерс во ...
Атина, 14 април 2026 (МИА) – Соработката меѓу Грција, Република Кипар и Израел има мирољубиви цели и не е насочена против трета страна, соопшти грчкото Министерство за надворешни работи. Реакцијата на грчкото МНР доаѓа по изјавата на турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, кој во интервју за турските медиуми ги критикуваше регионалните формати на соработка како што е тој меѓу Грција, кипарската страна и Израел, забележувајќи дека ...
Скопје, 14 април 2026 (МИА) - Венко Филипче и неговиот другар и ментор Зоран Заев очигледно овој продолжен празничен викенд беа спречени да заминат во Обединетите Арапски Емирати за да уживаат поради кризата на Блискиот Исток. Но, Филипче очигледно нашол друга дестинација, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално. - Наместо тоа, подобро ќе беше за него и неговото раководство да седнат и да поработат, да ја ...
Лос Анџелес, 14 април 2026 (МИА) - Фил Колинс, „Ајрон Мејден“, Били Ајдол, Квин Латифа, „Оејзис“, Шаде и „Џој дивижн/Њу ордер“ ќе бидат примени во „Рокенрол-Куќата на славните“ за оваа, 2026 година, заедно со првпат номинираните „Ву-Танг клан“ и покојниот Лутер Вандрос. Листата беше објавена вчеравечер во САД, за време на епизодата на „Американски идол“. За да бидат подобни, уметниците мора да го имаат издадено својот прв комерцијален запис ...
Бразилија, 14 април 2026 (МИА) - Научниците се обидуваат да го разјаснат необичниот природен феномен на изолираниот вулкански остров Санта Барбара во Бразил, каде што едно стадо кози успеало не само да преживее, туку и да се размножува повеќе од два века, иако на целиот остров не постои извор на слатка вода. Ова откритие, според истражувачите, би можело значително да го промени разбирањето за границите на адаптација кај живите организми во ...
Токио, 14 април 2026 (МИА) - Јапонскиот производител на автомобили „Нисан“ вчера соопшти дека има намера да додаде систем за самоуправувачко возење со употреба на вештачка интелигенција (ВИ) во 90 отсто од своите модели во иднина. Компанијата соопшти дека ќе ја воведе технологијата до крајот на фискалната 2027 година т.е. од следната генерација на своето ново миникомбе „Елгранд“, коешто се очекува да биде пуштено во продажба ова лето. ...
Куманово, 14 април 2026 (МИА) - Татко од Куманово, психички го малтретирал и го избркал од домот неговиот малолетен син, соопшти денеска кумановската полиција. Настанот во полицијата го пријавила вработена од Центарот за социјални работи пред два дена (12.04.2026) во 16:00 часот. -Малолетникот ќе биде сместен во згрижувачко семејство, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот-инфорираше СВР Куманово. ам/вј/ ...
Скопје, 14 април 2026 (МИА) Рената ПЕПЕЉУГОСКА Пушењето цигари предизвикува хронично оштетување на белите дробови и крвните садови, што доведува до појава на карцином, хронична опструктивна болест, спонтан пневмоторакс, артериосклероза, аневризми и каротидна стеноза, кои често доведуваат до потреба од хируршка интервенција. На Клиниката за торакална и васкуларна хирургија бројот на пациенти континуирано се зголемува, лани се третирани повеќе ...
Лондон, 14 април 2026 (МИА) - Дефанзивецот на Тотенхем, Кристијан Ромеро, ќе го пропушти остатокот од сезоната 2025/26 поради повреда на коленото здобиена во поразот од Сандерленд со 1:0, објави ESPN. Првичните тестови откриле оштетување на лигаментите на коленото на 27-годишниот Аргентинец. Понатамошни прегледи ќе бидат спроведени во наредните денови за да се утврди сериозноста на повредата. Дефанзивецот би можел да отсуствува од пет до осум ...