Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Скопје, 17 јануари 2026 (МИА) - Општина Кисела Вода информира дека продолжува со проектот за замена на уличните светилки со цел подобрување на осветленоста и енергетската ефикасност на јавните површини. Се работи во населбата Пинтија, во рамки на втората фаза од проектот кој ги опфаќа и населбите Кисела Вода и Припор. Досега се заменети над 2 400 светилки во населбите Пржино и Црниче. - Со новите ЛЕД светилки осветлувањето ќе биде ...
Скопје, 17 јануари 2026 (МИА) - Без вода денеска од 11:30 часот ќе останат дел од жителите од улиците „1“ и „2“ во Студеничани. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради водоводен дефект од ф -100 милиметри на улица „2“ без број во Студеничани до Општина. Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот. мд/аа/ Фото: МИА архива Скопје, 17 јануари 2026 (МИА) - Без вода денеска од 11:30 часот ќе ...
Охрид, 17 јануари 2026 (МИА) – Современите општествени процеси, феноменот на дигиталната технологија и предизвиците што произлегуваат во областите на идентитетот, културната меморија, наследството, туризмот и безбедноста ќе бидат теми на дискусија во рамки на 14. Меѓународна научна конференција „Охрид- Водици 2026“ што од денеска се одржува во Охрид. - Оваа година на конференцијата ќе бидат разгледувани сите тие аспекти, да видиме како ...
Кочани, 17 јануари 2026 (МИА) - В понеделник, 19 јануари по повод празникот Богојавление – Водици, во Кочани ќе се одржи традиционалното спуштање на светиот крст во водите на Кочанска Река. Настанот ќе почне околу 12 часот на Крушарскиот мост, кај Паркот на Револуцијата, каде секоја година се собираат голем број граѓани. Спуштањето на крстот ќе го изврши Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во присуство на свештеници од храмот „Св. Вмч. ...
Неготино, 17 јануари 2026 (МИА) - Меморандум за соработка бил потпишан меѓу Општина Неготино и неготинското доброволно противпожарно друштво „Повардарец“. Неготинската градоначалничка Марија Нацева на „Фејсбук“ денеска информираше дека целта е побезбедно Неготино. - Со огромно задоволство го потпишав меморандумот за соработка помеѓу Општина Неготино и доброволното противпожарно друштво „Повардарец“ од Неготино. Овој документ е потврда на ...
Скопје, 17 јануари 2026 (МИА) - Општина Аеродром го осудува синоќешниот вандалски чин во паркот „Бановина“, каде е искршена урбаната опрема, оштетена е фонтаната, а обиена е и чуварската куќа. Од Општината нагласуваат дека брутално е уништена заедничката сопственост на сите граѓани и додаваат дека ваквите постапки нема да бидат толерирани, а случајот е веќе пријавен во полиција. - Апелираме до граѓаните: да го чуваме она што е наше, да ...
Кавадарци, 17 јануари 2026 (МИА) - Џоломарите од кавадаречкото село Ресава, парите собрани за Василица, ќе ги вложат во старото училиште, за развој на етно туризам. Од џоломарската група информираа денеска за МИА, дека по отворањето на етно соба во старата училишна зграда, во план им е да направат и апартмани, за престој на туристите кои сакаат да го посетат ова интересно село близу Тиквешко Езеро. - Имаме прекрасна природа, езеро во близина, ...
Скопје, 17 јануари 2025 (МИА) - Без вода денеска од 15:40 часот се дел од жителите од општина Кисела Вода, лоцирани на улица „Христо Татарчев“ од бр.99 до бр.123. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради уличен водоводен дефект ф-100 милиметри на улица „Христо Татарчев“ бр.101. Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот. мд/лв/ фото: МИА архива Скопје, 17 јануари 2025 (МИА) - Без вода денеска ...
Новата пирамида на исхрана: Речиси целосно обратна од досегашните препораки Во САД овој месец беа објавени новите „Диететски упатства за Американците 2025-2030“ ('Dietary Guidelines for Americans' - ДГА). За разлика од претходните, подолги и бирократски документи, новите правила се на само околу 10 страници - но според експертите, значат целосно ресетирање на прехранбениот систем и во САД и пошироко. Министерот за здравство на САД, Роберт Ф. ...
Скопје, 17 јануари 2026, (МИА) -Никола Лакиќ, кардиоваскуларен хирург од Љубљана, Уголино Ливи, кардиохирург од Италија и Хугон Можина, специјалист интернист и специјалист по интензивно лекување во Љубљана, се тројцата странски експерти кои ќе бидат консултирани за случаите на непотребни кардиоваскуларни интервенции, дознава МИА. Според нашите експерти, проблем е што во оваа група нема интервентен кардиолог, кој што всушност ја дава ...
Кочани, 16 јануари 2026 (МИА) - Вчера околу 13:10 часот, С.Г. (51) од Виница пријавил во Полициската станица Кочани дека бил физички нападнат на своето работно место во приватна фирма во Кочани. Осомничен за нападот е Т.А. од село Тркање, кочанско, соопшти СВР Штип. Од полицијата информираат дека се преземаат сите потребни мерки за расчистување на случајот. ис/дма/ Фото:МИА архива Кочани, 16 јануари 2026 (МИА) - Вчера околу 13:10 часот, С.Г. ...
Скопје, 16 јануари 2026 (МИА) - Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен скопјанец поради основано сомнение дека сторил кривично дело телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Како што информираат од Јавното обвинителство, инцидентот се случил на 14 јануари во дом во скопската населба Гази ...
Скопје, 17 јануари 2026 (МИА) - Следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Утре ќе има слаби локални врнежи од дожд и снег, а на планините и на повисоките места од снег. В понеделник и во вторник преку денот времето ќе биде стабилно и суво. Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат нови врнежи претежно од снег. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе биде променливо ...
Скопје, 17 јануари 2026 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против маж и жена кои како соизвршители му помогнале на 18-годишникот, кој на 9 јануари годинава со автомобил „фолскваген пасат“ прегази жена во Капиштец, да ја напушти државата. Обвинетите, кои се товарат за „Помагање на сторител по извршено кривично дело“, казниво според член 365 став 2 од Кривичниот законик, на 9 јануари, заедно со умисла му помогнале да ...
Скопје, 17 јануари 2026 (МИА) - Две жени пријавиле семејно насилство во СВР Скопје по претрпени физички напади. Во првиот случај, вчера во 9:20 часот во СВР Скопје 45-годишна жена од Скопско пријавила дека во претходните денови неколку пати била физички нападната од нејзиниот сопруг А.Б. (48) од Скопско. Според пријавата, А.Б. и го оштетил мобилниот телефон и нејзиното патничко возило. Во вториот случај, 29-годишна жена од Скопско пријавила ...
Скопје, 17 јануари 2026 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје денеска во 4:00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар го лишиле од слобода Ј.П. (43) од Скопје, баран по наредба од Основен кривичен суд, поради бегство од Казнено поправна установа Затвор Идризово. Како што информираат од МВР, Ј.П. е лишен од слобода по претходна пријава дека на 16.01.2026 околу 21:50 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар одзел мобилен ...
Скопје, 17 јануари 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Намалена видливост до 150 метри и појава на магла има на планинскиот премин Плетвар и слаби врнежи од снег, но без задржување на коловоз кај Смојмирово, информира попладнево ЈП „Македонијапат“. Оттаму истакнуваат дека сите патни правци се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на ...
17 јануари 2026 Во врска со денешните јавни изјави и медиумски објави за наводен „инцидент“ со т.н. „диви ратраци“ кои пренесуваат скијачи на Шар Планина, остро и недвосмислено ги демантираме пласираните информации како неточни, манипулативни и штетни, со сериозни последици врз угледот на туристичката дестинација, професијата и професионалниот тим на еден легитимен оператор, се вели во соопштението од Ескимо Спорт ДООЕЛ Тетово, што МИА го ...
Скопје, 17 јануари 2026 (МИА) - ЕСМ Снабдување со топлина информира дека поради лоцирање на дефект на дистрибутивната мрежа во моментов има прекин во испораката на топлинска енергија кај потрошувачите од Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда. - Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина се на терен со цел точно лоцирање на дефектот и изолирање со цел воспоставување на нормална испорака на топлинска енергија, се наведува во ...
Инспекциската служба при Министерството за социјална политика, демографија и млади редовно вршат инспекциски надзори од сите видови (редовни, вонредни и контролни) во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово, како субјект на инспекциски надзор, се вели во демантот од Министерството за социјална политика, демографија и млади, што МИА го објавува интегрално. 17 јануари 2026 Министерството за социјална политика, демографија и млади ...
Скопје, 17 јануари 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Поради појава на магла се бележи намалена видливост на планинскиот премин Плетвар до 100 метри, Крушево и Стража до 50 метри, Маврово до 40 метри, патен правец Штип – Неготино (кај Серта) до 50 метри и на патниот правец Тетово – село Лисец до 30 метри, соопшти вечерва АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од ...
Скопје, 17 јануари 2026 (МИА) - Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека континуирано соработува со надлежните институции во сите случаи каде што постои сомневање за незаконито постапување во даночната област, нагласувајќи дека во врска со актуелниот случај кој се однесува на 11 вработени, УЈП е во постојана и целосна соработка со обвинителството, при што обезбеди и достави целосна документација, материјали и експертски појаснувања ...
Скопје, 17 јануари 2026 (МИА) - Нормализирана е испораката на топлинска енергија за најголем дел од потрошувачите во Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда, по денешниот прекин поради дефект лоциран на бул. „Крсте Мисирков“, соопшти попладнево ЕСМ снабдување со топлина. -Екипите на ЕСМ Дистрибуција се на терен и работат на отстранување на дефектот, се вели во информацијата објавена на веб страницата на ЕСМ снабдување. ...
Скопје, 17 јануари 2026 (МИА) – Претседателот на СДСМ Венко Филипче не мисли дека е грешка тоа што не присуствувал на лидерската средба со премиерот Христијан Мицкоски, бидејќи, како што вели „не им верувам на луѓето на власта на тоа што го зборуваат, затоа што ги гледам што прават“, и нагласувајќи дека „општеството не е зрело“ за укинување на Пржинската влада. Прашан дали е прифатливо за СДСМ укинување на техничката влада по следните избори, ...
Скопје, 17 јануари 2026 (МИА) – Законот за „Безбеден град“, со кој се регулира еден многу значаен дел од сообраќајот со кој се намалува ризикот од несреќи, апсолутно во тој дел го поддржуваме, вели лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче, нагласувајќи дека има две битни работи за коишто треба да се зборува – за висината на казните и за тоа што и кој ги контролира огромната количина на податоци, кои системот ги собира. Прашан дали СДСМ ќе ...
Скопје, 17 јануари 2026 (МИА) - Реконструкцијата на спортската сала „Работнички“ во Општина Центар се одвива во работна фаза, при што објектот добива целосно нов лик и функционалност согласно современите спортски и технички стандарди, наведува премиерот Христијан Мицкоски, во објава на Фејсбук. Инвестицијата за обновата на салата изнесува 120.000.000 денари и е обезбедена од Владата преку Министерството за спорт, како дел од владините Проекти ...
Лондон, 16 јануари 2026 (МИА) – Тренерот на Кристал Палас, Оливер Гласнер, потврди денеска на прес конференција дека ќе замине од лондонскиот премиерлигаш на крајот од сезоната.Тековниот договор на Гласнер со Кристал Палас истекува на крајот од тековната сезона и австрискиот стратег нема намера да потпише нов. Педетиедногодишниот Гласнер го презеде Кристал Палас во февруари 2024 година и го предводеше тимот до првиот голем трофеј во неговата ...
Штип, 10 јануари 2026 (МИА) Викторија ДИМИТРОВА - ЈОВАНОВА Градот Штип распослан на ридови и меѓу двете реки Брегалница и Отиња е горд на исторското Ново Село или како што историчарите го нарекуваат Музеј под отворено небо. Старата штипска населба Ново Село се наоѓа покрај реката Брегалница, во близина e на бањата Кежовица и е влез и излез на градот Штип кон Радовиш и Струмица. Клисурата, топлиот извор Л’џи, куќите со типична староградска ...
Мадрид, 16 јануари 2026 (МИА) – Германскиот голман во редовите на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, наскоро ќе ѝ се приклучи на Жирона, на позајмица до крајот на сезоната, јави денеска каталонскиот весник „Спорт“. Според истиот извор, двата клуба се блиску до финализирање на договорот. Тер Штеген е во Барселона од 2014 година и оттогаш има 423 настапи во сите натпреварувања, од кои на 176 натпревари ја зачува мрежата на каталонскиот клуб. ...
Минхен, 16 јануари 2026 (МИА) – Еден од најдобрите фудбалери на минхенски Баерн, Џамал Мусијала (22), кој е надвор од терените седум месеци поради сериозна повреда, би можел да се врати на теренот на утрешниот бундеслигашки натпревар против Лајпциг, најави денеска тренерот на Баерн, Винсент Компани. Мусијала се повреди во јули минатата година за време на Светското клупско првенство, кога ја скрши фибулата во судир со голманот на ПСЖ, Џанлуиџи ...