Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Скопје, 16 јануари 2026 (МИА) - Никотинот е токсичен за срцето и крвните садови, без оглед на тоа дали се внесува преку вејп, кесичка, наргиле или цигара, според експертскиот консензус-извештај објавен на 15 јануари 2026 година од страна на Европското кардиолошко здружение во European heart journal. Извештајот ги обединува резултатите од целата литература во оваа област и е прв што ги разгледува штетите од сите производи што содржат никотин, ...
Скопје, 15 јануари 2026 (МИА) – Новоизбраните членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Сузана Јошевска-Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ, денеска во Собранието ќе дадат свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши. Адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска, заедно со вонредната професорка Арлинда Кадри-Шахиновиќ, завчера во Собранието беа избрани за членки на Судскиот совет по предлог на претседателката ...
Кавадарци, 15 јануари 2026 (МИА) - Приведен е кавадарчанец, баран со потерница поради бегство од затворот во Гевгелија, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. - Синоќа во 18:40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа О.В.(42) од Кавадарци, кој бил баран со централна потерница поради бегство од Казнено - поправна установа Затвор Гевгелија. О.В. бил спроведен во установата за доиздржување на казната, ...
Куманово, 15 јануари 2026 (МИА) - Кумановската полиција уапси лице од кумановското село Романовце, бидејќи не почитувал наредби, со возило удрил и физички нападнал полициски службеник, се обидел да избега, информираше денеска МВР. Полицијата ќе му поднесе пријава. - Вчера во 23:30 часот во село Романовце, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Ч.(28). Околу 22:30 часот во село Отља, липковско, тој не застанал на даден ...
Скопје, 15 јануари 2026 (МИА) - СВР Велес поднесе кривична пријава против Т.С.(43) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 11.05.2025 во Кавадарци полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории кај пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и кокаин. Надворешната ...
Скопје, 16 јануари 2026 (МИА) – Љупчо Коцевски, не можејќи да се соочи со она што пратениците ќе го изнесат за него од пратеничката говорница, принуден си поднесе оставка. Избега еден час пред да го разрешат, пред да го распарчат. Тој затоа си поднесе оставка и избега од ЈО на најсрамен начин. Можеме слободно да кажеме дека првата и основна работа на наредниот републички обвинител, кој и да е, треба сериозно да се позанимава со неговото ...
Скопје, 16 јануари 2026 (МИА) – Судија на претходна постапка, по предлог на Обвинителство, определи мерки за претпазливост на девет лица во однос на вчерашната акција на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), а поврзана со вработени во Управата за јавни приходи (УЈП). Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека во однос на вчерашната акција на ОЈО ГОКК до судот доставен е предлог за ...
Скопје, 16 јануари 2026 (МИА) – Имаше случаи кога се бараше мерка притвор од политички причини. Самиот Бубевски ми има кажано дека ова е политика, дека овој предмет мора да успее заради политиката. Јавното обвинителство не е алатка на политиката. Јавното обвинителство не е гранапче или не е огранок на некоја политичка партија. И за жал, тој истиот јавен обвинител, Гаврил Бубевски, кој е шеф на Основното јавно обвинителство-Скопје, на кого на ...
Скопје, 16 јануари 2026 (МИА) - Спречен e обид за сериозен меѓународен криминал, при што запленети се девет пиштоли, од кои пет со голема пробивна моќ, а едно лице, македонски државјанин, е лишено од слобода и се наоѓа во притвор. Како што соопштија од Царинската управа, делото е откриено во вторникот вечерта од страна на царински службеници на граничниот премин Богородица на излез од државата при детален претрес на возило со македонски ...
Скопје, 16 јануари 2026 (МИА) - СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Ј.(28) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 05.03.2025 на улица „Февруарски поход“ во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана. Надворешната канцеларија за криминалистички ...
Скопје, 16 јануари 2026 (МИА) - Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг - напади што се изведуваат преку лажни СМС - пораки, електронски пораки, веб-страници и пораки на социјалните мрежи. - Пораките обично изгледаат како да доаѓаат од доверливи извори - како банки, државни институции, реномирани компании, но, имаат за цел да ги измамат корисниците и да ги обезбедат нивните ...
Скопје, 16 јануари 2026 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради сомнение за сторено кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи, казниво по член 396 став 5 во врска со ставовите 3 и 1 од Кривичниот законик. Според Обвинителството, осомничениот, на 13 јануари, во својот дом во Чучер Сандево, неовластено ...
Штип, 16 јануари 2026 (МИА) - Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска оствари средба со ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, Дејан Мираковски, проректорот Дарко Лазаров, градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, и директорот на Педагошката служба во МОН, Роберт Аџипетров. Главна тема на разговорот беше донесувањето на трите нови закони - за високо образование, за квалитет во високото образование и за ...
Велес,16 јануари 2026 (МИА) – Во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес каде е сместена Командата за обука и доктрини (КОД) денеска свечена заклетва дадоа 296 професионални војници од генерацијата 1- 2025, меѓу кои се и 26 девојки, кои се обучуваат три месеци во Центарот за индивидуална обука (ЦИО) што е дел од КОД. На денешната свеченост присуствуваше началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски и неговиот ...
Велес, 16 јануари 2026 (МИА) – Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска, при посетата на касарната во Велес по повод свеченото давање заклетва на младите професионални војници, изјави дека државата е безбедна и покрај актуелните геополитички случувања во светот. Одговарајќи на новинарско прашање за глобалните безбедносни предизвици и дали земјата може да се чувствува сигурно, Мисајловски истакна дека, иако постојат постојани ...
Скопје, 16 јануари 2026 (МИА) - На веб-страницата на Министерството за здравство (МЗ) од денеска е активиран електронски модул на кој лекарите што во моментот работат или специјализираат во странство може да изразат интерес за соработка со нашиот здравствен систем. - Во рамките на нашите заложби за дигитализација во здравството овој електронски модул претставува директен канал за стручна соработка со дијаспората, со цел полесно мапирање ...
Скопје, 26 јануари 2026 (МИА) – Од Агенцијата за аудио и аудиовузуелните медиумски услуги (АВМУ) ги информираат инфлуенсерите, влогерите, креаторите на содржини, јутјуберите, односно физичките лица кои се даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање, дека со измени на законската медиумска легислатива во 2023 година подлежат на регулација и имаат обврска да се регистрираат во АВМУ. - Со измените на медиумската легислатива во јули 2023 ...
Скопје, 16 јануари 2026 (МИА) - Министерството за внатрешни работи информира дека во рамките на проектот „Безбеден град“ од 20 до 31 јануари 2026 година ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор. Тестирањата ќе се реализираат секој ден, од 8 до 20 часот. За време на спроведувањето на овие активности возилата на локациите на кои се врши тестирањето нема да бидат пропуштани додека трае ...
Скопје, 16 јануари 2026 (МИА) - Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) информира дека денеска спровел вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци по добиена наредба од министерот за здравство, а во врска со третманот и лекувањето на доенче У.М на оделот за педијатрија во таа здравствена установа, кое почина 14 јануари. Од ДСЗИ наведуваат дека со оглед дека во тек е патоанатомска обдукција, ...
Скопје, 16 јануари 2026 (МИА) - Мерка притвор во траење од 30 дена е определена за осум лица поврзани со вчерашната акција во Управата за јавни приходи - УЈП. - Заврши распитот на осум приведени лица поврзани со вчерашната акција во Управата за јавни приходи - УЈП, а по нивно произнесување, како и ценење на фактите и доказите, прифатен е предлогот и на сите осуммина им е определена мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на ...
Скопје, 16 јануари 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на ...
Скопје, 16 јануари 2026 (МИА) - Поставеноста на монетарната политика на Народната банка има цел да овозможи натамошно одржливо стабилизирање на инфлацијата и стабилни инфлациски очекувања. Во услови на присутна неизвесност, монетарната политика останува внимателна, а Народната банка е подготвена, доколку е потребно, да ги употреби сите расположливи инструменти за зачувување на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото и за ...
Скопје, 16 јануари 2026 (МИА) - Меѓународниот аеродром „Скопје“ доби акредитација за управување со емисии на јаглерод - ниво 3 од Меѓународниот совет на аеродроми (Airport Council International - ACI), глобална трговска организација, која ги претставува аеродромите во светот и работи на подобрување на безбедноста, ефикасноста и на одржливоста во воздухопловството, во рамките на нивната глобална програма Airport Carbon Accreditation - ACA. ...
Скопје, 16 јануари 2026 (МИА) - Воведувањето на новата авиолинија Охрид - Братислава и подобрувањето на македонско-словачките економски и трговски односи беа тема на денешната средба помеѓу заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, и амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова. Како што соопшттија од Министерството за транспорт, линијата Охрид - Братислава, која се воспоставува од март оваа година преку ...
Скопје, 16 јануари 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети целосно реконструираната голема спортска сала во Кратово. Како што информира владината прес-служба, со успешно реализирање на сите три фази завршен е проектот за целосна реконструкција на големата спортска сала во општина Кратово - еден од најзначајните спортски и јавни објекти во општината. По посетата, предвидена е изјава за медиумите на премиерот Мицкоски. ...
Скопје, 16 јануари 2026 (МИА) - Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната 51. седница ќе одржи јавна расправа по предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик е поднесен од пратениците Бојан Стојаноски, Љупчо Пренџов, Тони Јаревски, Бране Петрушевски, Драгана Бојковска, Дафина Стојаноска, Игор Здравковски, Лидија ...
Кратово, 16 јануари 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на Кратово, Тодорче Николовски, и заменик-претседателот на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски, присуствуваше на отворањето на целосно реконструираната спортска сала во Кратово. Според Мицкоски, неговото присуство, присуството на потпретседателот на Владата, на другите владини претставници и на пратеници во Собранието е исклучително ...
Кратово, 16 јануари 2026 (МИА) – Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, е задоволен од искористеноста на средствата издвоени од унгарскиот кредит наменети за поддршка на домашните компании, како и од остварениот раст во делот на инвестициските активности кај домашните капацитети. Тој денеска во изјавата дадена за медиумите во Кратово истакна дека од предвидените 250 милиони евра за оваа намена, досега преку развојната банка на ...
Кратово, 16 јануари 2026 (МИА) - Јас жалам што опозицијата, по жестоките и рафални критики кон нашиот стратешки партнер - Обединетото Кралство, сега ова го прави и кон САД, изјави премиерот Христијан Мицкоски прашан за одлуката на Вашингтон да го запре издавањето иселенички визи за 75 земји, меѓу кои и нашата. Претседателот на македонската Влада потсети дека Министерството за надворешни работи и трговија даде свој коментар и дека одлуката на ...
Кратово, 16 јануари 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски информира дека во текот на вчерашниот ден во Собранието се одржал состанок на ниво на координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во врска со законот за прекршоци и оти некои работи, кои биле нејасни за ДУИ, биле разјаснети поради што очекува тој да биде донесен на следната собраниска седница и „Безбеден град“ да почне непречено да се применува од 1 февруари. Мицкоски ...