24 дена - МИА

Скопје, 13 април 2026 (МИА) - На 12/13.04.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ф.П.(22), Т.Ј.(19), С.С.(31), А.Т.(37), М.П.(26), О.В.(18), Г.А.(24) и А.Б.(41), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, бела грутчеста материја и седум куршуми. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. На ...

Скопје, 13 април 2026 (МИА) - Министерството за внатрешни работи информира дека полициските службеници во текот на последното деноноќие примиле седум пријави за семејно насилство, при што лишиле од слобода шест лица. Во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје вчера во 17:50 часот го лишиле од слобода Б. Ѓ. (41) од Скопје, поради тоа што на завчера во домот физички ја нападнал неговата 43-годишна сопруга и и ...

Охрид, 13 април 2026 (МИА) – Претставници на организации за спасување на планина од Македонија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово и од Албанија ќе учествуваат на Регионалната средба на службите што од 17 до 19 април ќе се одржи во Охрид. На средбата што ќе се одржува во организација на Националниот сојуз за планинско спасување на Македонија, претставници на водечките спасувачки служби од регионот, членки на ...

Скопје, 13 април 2026 (МИА) – Јасна и возбудлива слика за континуитетот на животот на Скопското Кале, од праисторијата до османлискиот период, ќе прикажат постојаните поставки кои се подготвуваат за музеите на Скопското Кале, што е најголем инвестициски проект на Археолошкиот музеј во 2026 година. Директорката на Археолошкиот музеј, Магдаела Манаскова, изјави дека поставките ќе вклучат оригинални артефакти, дигитални реконструкции и ...

Скопје, 12 април 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски информира дека заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го одбележале најголемиот христијански празник Велигден со македонската дијаспора во Соединетите Американски Држави. Тоа, како што напиша Муцунски во објава на Фејсбук, е силна порака за поврзаноста со дијаспората и поддршка за нејзините напори за зачувување на верата, ...

Скопје, 13 април 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски го осуди обидот за опожарување на зградата на Еврејската заедница и синагогата во Скопјe, порачувајќи дека „нашето општество цврсто стои на ставовите за толеранција и мултиетнички соживот“. -Опожарувањето на зградата на Еврејската заедница и синагогата во Скопјe - на Велигден - е крајно неприфатлив и силно осуден. Нема место за вакви дела во ...

Скопје, 13 април 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски упати честитки до Петер Маѓар, лидерот на партијата Тиса, којашто победи на парламентарните избори во Унгарија. Муцунски, во објавата на мрежата „Икс“, изрази очекување дека ќе продолжи соработката „заснована на заедничко почитување, партнерство и споделени европски вредности“. -Честитки за Петер Маѓар за изборниот резултат. Граѓаните на ...

Загреб, 12 април 2026 (МИА) – Фалсификувањето пари, една од најстарите криминални активности, во 21 век добива нова димензија преку употреба на софистицирана технологија и државно спонзорирани програми, се наведува во најновите анализи на финансиските институции, пренесува Хина. Според проценките на американското Министерство за финансии, во оптек во секој момент се наоѓаат меѓу 70 и 200 милиони лажни долари, што значи дека на секои 10.000 ...

Ерусалим, 12 април 2026 (МИА) - Канцеларијата на израелскиот државен обвинител го одобри барањето на премиерот на земјата Бенјамин Нетанјаху денескa да не се појави на суд и да сведочи во постапката против него што се води поради евентуална корупција. Обвинителот прифати денешното рочиште да се одложи, додека подоцна ќе го разгледа барањето на Нетанјаху за одложување на тоа појавување пред државните власти на неодредено време. Судењето беше ...

Будимпешта, 12 април 2026 (МИА) - На денешните парламентарни избори во Унгарија, до 13 часот гласале 54,14 проценти од гласачите, соопшти Изборната комисија на таа земја. На веб-страницата на Националната изборна канцеларија е наведено дека за денешното гласање се регистрирани 7.527.742 гласачи, и дека 16,89 проценти од нив гласале до 9:00 часот наутро, додека 37,98 проценти гласале до 11:00 часот. Тоа претставува значително зголемување на ...

25 дена - МИА

Скопје, 12 април 2026 (МИА) - На 11.04.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ф.М.(23), Т.Б.(24), Д.М.А.(24) и Ф.Е.(27), сите од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(24) од с.Симница, гостиварско, поради ...

Скопје, 12 април 2026 (МИА) - Припадници на Министерството за внатрешни работи лишиле од слобода лице осомничено за кривично дело „мачење животни“. -На 11.04.2026 во 15:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане, во атарот на с. Камењане на местото викано „Бунариште“, го лишија од слобода С.Р. (38) од истото село поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по член 233 од Кривичниот законик, односно поради ...

Скопје, 12 април 2026 (МИА) - Малолетник сам се пријавил в полиција, откако повредил друго лице со остар предмет, соопшти МВР. -На 12.04.2026 во 01:20 часот во Полициска станица Шуто Оризари, сам се пријави малолетник од Шуто Оризари, кој на 11.04.2026 околу 22:20 часот пред игротека во Шуто Оризари, Скопско, со употреба на остар предмет му нанел повреди на друг малолетник од Шуто Оризари, стои соопштението на Министерството. По целосно ...

Киев, 12 април 2026 (МИА) – Украина и Русија денеска меѓусебно се обвинија за илјадници случаи на кршење на примирјето на фронтот, договорено по повод православниот Велигден. Кремљ претходно објави дека примирјето ќе трае 32 часа, со почеток од сабота попладне до крајот на неделата. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го прифати предлогот, но со најава за реципрочен одговор на секое прекршување. Украинскиот Генералштаб тврди дека ...

Москва, 12 април 2026 (МИА) – Компанијата „Кока-кола“ (Coca-Cola), најголемиот производител на безалкохолни и газирани пијалаци во САД, го регистрираше својот заштитен знак во Русија, иако претходно се повлече од тој пазар, пренесува ТАСС. Станува збор за заштитниот знак „Кока-кола“, кој ќе се користи за продажба на безалкохолни пијалаци со овошен вкус, газирана вода, освежителни напитоци, како и есенции за подготовка на пијалаци. ...

Кавадарци, 12 април 2026 (МИА) - Физички напади од невенчан сопруг и девер биле пријавени во полиција, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес. - Вчера во 12:50 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци, лишија од слобода 22-годишник со привремен престој во Росоман, постапувајќи по претходна пријава дека во домот, физички ја нападнал неговата 22-годишна невенчана сопруга, при што употребил и дрвен предмет, појаснија од ...

Скопје, 12 април 2026 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје вчера попладне лишиле од слобда двајца крадци, откако претходно на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје со употреба на физичка сила одзеле личен накит од 74-годишна жена. Како што информира Министерството за внатрешни работи, вчера околу 15:30 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.М.(39) и А.С.(28), двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од ...

Скопје, 12 април 2026 (МИА) - Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан по повод празникот Велигден денеска служеше Воскресна вечерна богослужба - Второ Христово воскресение во Соброрниот храм „Свети Климент Охридски“. Голем број верници синоќа во Соборниот храм присуствуваа на Литургиска прослава на Христовото Воскресение – Велигден, на која Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан по свеченото Објавување ...

Скопје,12 април 2026 (МИА) - Припадници на МВР лишиле од слобода четворица разбојници веднаш по добиената пријава дека во Градскиот парк одзеле пари од малолетници. -На 11.04.2026 околу 21 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.А. (20), Н.Д.(40) и двајца малолетници од Скопје поради извршени кривични дела „разбојништво“ во близина на фонтаната во Градскиот парк во Скопје, каде со закана со нож одзеле пари од неколку ...

Скопје, 12 април 2026 (МИА) - Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски по повод големиот христијански празник Велигден, им посака на верниците среќни празници, среќа, здравје и љубов во нивните домови. Тој, на покана на поглаварот на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија, г.г. Стефан, претпладнево присуствуваше на свечената Велигденска литургија во Соборниот храм во Скопје. -Ова се празници кога и смислата на нашето ...

Скопје, 12 април 2026 (МИА) – Времето во следните денови, од вторник до четврток, ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а во четврток ќе има услови за изолирана појава на грмежи. Ќе дува југоисточен ветер кој во вторник ќе биде засилен, долж Повардарието со брзина над 60 km/h, соопшти УХМР. Во петок и во сабота ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до ...

Будимпешта, 12 април 2026 (МИА) Цветин ЧИЛИМАНОВ, специјален известувач на МИА од Будимпешта Во Унгарија денеска се отворија гласачките места, на парламентарните избори кои се очекува да ја определат идната политичка насока на државата. Над 8 милиони гласачи бираат 199 пратеници, од кои 106 се бираат во изборни единици низ државата, а 93 ќе бидат избрани на национални листи, по пропорционален Донтов модел. Граѓаните можат да гласаат на двете ...

Скопје, 12 април 2026 (МИА) - Поради дефект на приклучна цевка на ул.10 во Бардовци, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од с.Бардовци. Како што информираат од Дежурно-информативен центар на ЈП Водовод и канализација, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:10 часот до санирање на дефектот. Фото: МИА Архива Скопје, 12 април 2026 (МИА) - Поради дефект на приклучна цевка на ул.10 во Бардовци, прекинато водоснабдување ќе ...

Париз, 12.април 2026 (МИА) – Во Париз денеска се одржува маратонот и како што пренесуваат француските медиуми ова е трка со рекорден број учесници. Бројката изнесува околу 60.000 и соборен е рекордот од минатата година во Њујорк кога имаше 59.226 учесници. Маратонската трка стартуваше во 7.55 часот со старт на 15 лица со инвалидски колички, а пет минути подоцна тргнаа елитните тркачи и нешто потоа групите учесници на маратонот. Победник на ...

Брисел, 12 април 2026 (МИА) – Европа одигра клучна улога во неодамнешната мисија „Артемис 2“ (Artemis II) на НАСА и планира сопствени активности за истражување на Месечината, изјави директорот на Европската вселенска агенција (ЕСА). - Се враќаме во игра - изјави Даниел Нојеншвандер, директор за човечко и роботско истражување во ЕСА. Во петокот, тројца американски и еден канадски астронаут успешно се спуштија во Пацификот, крај јужниот брег на ...

Берлин, 12 април 2026 (МИА) – Лицата помлади од 18 години во Германија веќе не можат да поседуваат или да купуваат азотен оксид, познат како „рајски гас“, откако денеска стапи во сила новиот закон, јави ДПА. Супстанцијата сè почесто се користи во Германија како „дрога за забави“, а со новиот закон се забранува купување и поседување азотен оксид за малолетници, додека онлајн-продажбата и купувањето преку автомати за самопослужување се целосно ...

Будимпешта, 12 април 2026 (МИА) - На денешните парламентарни избори во Унгарија до 11 часот гласале 37,98 отсто од избирачите, соопшти Државната изборна комисија. Според податоците објавени на веб-страницата на Националната изборна канцеларија, за гласањето биле регистрирани 7.527.742 избирачи, а до 9 часот излезноста изнесувала 16,89 отсто. Изборите би можеле да стават крај на 16-годишното владеење на популистичкиот премиер Виктор Орбан, а ...

Скопје, 12 април 2026, (МИА) Дарко ЈАНЕВСКИ Нема никаква дилема дека суштината на христијанството е во воскреснувањето на Исус. Без тоа, христијанството не постои (иако, всушност се' почнува со Божик, зар не?). Но, дали христијанството започнува со Марија Магдалена, а не со Исусовите апостоли чие челно место го зазема Петар, карпата врз која Исус ја изградил својата црква? Тоа е прашање кое се чини намерно се поттурнува под тепих, зашто ако ...

Скопје, 12 април 2026 (МИА) - Претседателот на Социјалистичката партија на Македонија, Љупчо Димовски, по повод најголемиот христијански празник Велиден, упати честитка до неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, до свештенството и до правосланите верници. -Со срца исполнети со пасхална радост и духовна торжественост, во името на членството на Социјалистичката партија на Македонија, како и во мое лично име како ...

Скопје, 12 април 2026 (МИА) - Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ упати честитки по повод големиот христијански празник Велигден, со искрени желби за здравје, спокој и радост во домовите. -Овој празник носи силна порака за верата, обновата и силата на доброто. Нè потсетува дека токму во моментите на предизвици, човечноста, разбирањето и поддршката меѓу луѓето се најважни. Да го искористиме овој ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
68%
1015
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
54%
1015
weather icon

Загреб

22ᴼ / 19ᴼ
1.03
48%
1016
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
49%
1016
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
1.63
49%
1014
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
2.06
52%
1017
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
2.24
51%
1017
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
4.63
49%
1013
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
45%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
2.24
46%
1015
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
2.06
48%
1015
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
52%
1018
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

38.0157

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Злато

151875.00

Алуминиум

3.50

Иридиум

253540.09

Платина

66101.93

Калај

54.78

Рутениум

51376.89

Цинк

0.00

Сребро

2583.47

Паладиум

48065.37

Бакар

12.64

Кобалт

45.39

Родиум

319899.93