Скопје, 11 ноември 2025 (МИА) – Тоа се фактите, недостасуваат човечки и материјални ресурси, она што го констатирала Европската Комисија е и наше видување, изјави републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, коментирајќи го Извештајот на ЕК за напредокот на земјата. Според Коцевски, за да има успех во борбата против криминалот треба да се создадат и услови. -Во конкретниот случај во Јавното обвинителство, тоа го истакнувам повеќе пати, работиме ...

Скопје, 11 ноември 2025 (МИА) – Истрагата за полициските службеници, во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, беше предвидено да заврши до крајот на септември годинава, меѓутоа имаше објективни околности околу сослушување на одредени сведоци, со тоа што најверојатно на почетокот на наредниот месец ќе се донесе и јавнообвинителска одлука, изјави републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, прашан до каде се другите истраги и ...

Охрид, 11 ноември 2025 (МИА) - Заради тоа што една или две компании планираат да ја напуштат државата не значи дека другите компании нема да се развиваат и понатаму или нема да дојдат нови компании кои преку Македонија ќе дојдат за европскиот пазар, истакна Виктор Мизо, управител на компанијата „Костал“ во одговор на новинарско прашање за коментар за заминување на две странски компании од државата. Според Мизо, тоа се интерни одлуки на тие ...

Скопје, 11 ноември 2025 (МИА) - Во Коалицијата ВРЕДИ сме согласни и го делиме мислењето дека по изборот на Изет Меџити за градоначалник на општина Чаир, на неговото место треба да дојде нашиот предлог - Беким Сали, изјави денеска вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење Арбен Фетаи, одговарајќи на новинарско прашање за реконструкција на Владата. - Изет Меџити имаше две функции во Владата, министер за животна средина и ...

Лондон, 11 ноември 2025 (МИА) - Возачот на Мекларен, Ландо Норис не очекува победа на претстојната трка од Формула 1 шампионатот што ќе се вози во Лас Вегас. - Мислам дека минатата година беше нашата најлоша трка за нашиот тим. Значи, навистина не очекувам успех. Работевме доста напорно за да ги решиме нашите проблеми. Мерцедес беа неверојатно силни на оваа трка минатата година, исто така и Ред Бул и Ферари. Ние очигледно многу се подобривме ...

Кочани, 11 ноември 2025 (МИА) - Во ЦК „Бели мугри“ во Кочани, во малата сала, на 12 - ти овој месец со почеток во 18 часот, ќе се одржи Манифестацијата „Љубов за сите“, во чест и спомен на прерано починатата ликовната уметничка, Андријана Мациев, ќерка на познатиот естраден уметник, Јулија Мациевска. На манифестацијата, која во Кочани ќе го доживее своето деветто издание, ќе бидат изложени дела од три циклуси на Андријана Мациев: „Живот во бои“, ...

Белград, 11 ноември 2025 (МИА) - Србија е рангирана на четврто место по криминал од 44 европски земји во индексот објавен од Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал (GI-TOC), организација на граѓанското општество со седиште во Женева. Само Русија, Украина и Италија се полоши од Србија, објавија белградски медиуми. Глобалниот индекс на организиран криминал ги проценува нивоата на криминал и отпорноста на ...

Скопје, 11 ноември 2025 (МИА) - Кадровските промени доцнат во СДС затоа што никој не сака да биде дел од губитничкиот тим на Филипче, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Ароганцијата, предавствата и лошите политики кои ги водеше Филипче, заедно со неговите претходници Ковачевски и Заев, им се удрија од глава. Видни големи поддржувачи на СДС, според ...

Кочани, 11 ноември 2025 (МИА) - В сабота на 15. ноември, родителите на жртвите во пожарот во дискотека „Пулс“ најавија уште еден протестен „Марш на ангелите“, кој наместо во Кочани ќе го одржат во Скопје. Почетокот на маршот е закажан за 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, од каде што ќе продолжи пред Собранието и пред Основниот кривичен суд Скопје. - Нашите деца умреа на 16 март. Шеесет и три деца кои никогаш повеќе нема да ги видиме. Не ...

Лондон, 11 ноември 2025 (МИА) - Секој човек има уникатен мирисен профил, слично како отпечаток од прст. Сè, од типот на личност, екстровертноста, доминантноста и невротичноста, до расположението и здравјето, влијае на тоа како таа личноста мириса. Многу од овие фактори се вон контрола на човекот - но, не сите. И храната што се јаде има значително влијание. Тоа влијае, не само на нашиот целокупен мирис на телото, туку и на тоа како другите нè ...

Скопје, 11 ноември 2025 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишна жена со престојувалиште во Ржаничино, осомничена за кривичното дело „Запуштање и малтретирање на дете“ според член 201 став 1 од Кривичниот законик. Според обвинителството, на 9 ноември во вечерните часови, таа грубо ја запоставила својата мајчинска должност за грижа и воспитување, го запуштила и малтретирала ...

Белград, 11 ноември 2025 (МИА) - Потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ утре ќе престојува во официјална посета на Србија, каде што ќе учествува на конференцијата „Western Balkans 2030“, во организација на Европската инвестициска банка (ЕИБ). „Western Balkans 2030“ е клучен регионален форум што ги обединува претставниците на европските институции, меѓународните организации и деловната ...

Рим, 11 ноември 2025 (МИА) - Поранешниот тренер на Фиорентина, Рафаеле Паладино, ќе ја преземе Аталанта, објави Фабрицио Романо. Четириесет и едногодишниот Италијанец ќе потпише договор до 2027 година. На 10 ноември, раководството на клубот од Бергамо го отпушти Иван Јуриќ, кој беше со тимот од 6 јуни. Аталанта е 13. на табелата во Италијанското фудбалско првенство со 13 бода. Тимот е без победа во Серија А осум последователни натпревари. зс/ ...

Неапол, 11 ноември 2025 (МИА) - Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, одговори на извештаите за можна оставка на главниот тренер Антонио Конте. Вчера новинарот Матео Морето извести за состанокот помеѓу 56-годишниот Италијанец и раководството на клубот за да се разговара за неговото евентуално заминување. - Читам приказни на интернет за оставката на Конте. Ги сакам социјалните медиуми затоа што се модерен и брз начин за споделување ...

Скопје, 11 ноември 2025 (МИА) - Постојат јасни можности за продлабочување на економските врски меѓу двете држави, во производството, иновациите, услугите и технологијата, истакна денеска Кристоф Зомер, амбасадор на Швајцарија во Северна Македонија, во изјава за медиуми, пред почетокот на деловниот форум на тема „Поврзување на Швајцарија и Северна Македонија, што се одржува во Стопанската комора. Амбасадорот рече дека Швајцарија и Северна ...

Никозија, 11 ноември 2025 (МИА) – Во Република Кипар, заклучно со 30 септември во важност се вкупно 175.677 дозволи за престој, со што исто толку државјани на трети држави легално живеат во земјата, а од нив, убедливо најбројни се Русите со 40.735 дозволи, според податоците од заменик-министерот за миграција Николас Јоанидис, јави дописничката на МИА од Атина. Презентирајќи го буџетот на Министерството во кипарскиот Парламент, Јоанидис се осврна ...

11 ноември 2025 Се потврди најлошото, ИПАРД 3 програмата е суспендирана поради корупцискиот мега скандал на власта. Земјоделците остануваат без потребната поддршка, поради корупција, партизација и неспособност на кадрите на ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Суспендирањето на ИПАРД 3 програмата е тежок удар врз македонското земјоделство, врз илјадници земјоделци и компании кои веќе имаат склучени договори и ...

Скопје, 11 ноември 2025 (МИА)- Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата ќе именува повереници во општините каде ќе се повтори изборниот циклус за локалните избори откако ќе добие известување од Државната изборна комисија. -Апсолутно дека тоа ќе го направиме согласно закон, а за тоа да го направиме треба прво да добиеме известување од Државната изборна комисија (ДИК) дека изборите се завршени и дека во тие четири општини изборите ...

Франкфурт, 11 ноември 2025 (МИА) – Германскиот оператор на аеродроми Фрапорт очекува помал број патници на во Франкфурт оваа година отколку што претходно се предвидуваше, соопшти компанијата во својот квартален извештај во вторникот. Операторот на најголемиот германски аеродром сега прогнозира околу 63 милиони патници, што е намалување во однос на претходната проценка од до 64 милиони. Ова значи дека претпандемискиот рекорд од речиси 70,6 ...

Битола, 11 ноември 2025 (МИА) - СВР Битола во координација со Одделот за криминалистичка полиција поднесе кривична пријава против С.Г. (54) од Прилеп и С.И. (31) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Од Секторот за односи со јавност при СВР Битола информираат дека на 25 август годинава во Битола, пријавените довеле во заблуда 88-годишна жена од Битола така што телефонски и со лажно претставување ја ...

Белград, 11 ноември 2025 (МИА) - Потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ утре ќе престојува во официјална посета на Република Србија, каде што ќе учествува на конференцијата „Western Balkans 2030“, во организација на Европската инвестициска банка. Во своето обраќање на конференцијата министерот Стоилковиќ ќе истакне дека е чест и задоволство да се обрати на настан посветен на клучни теми ...

Скопје, 11.11.2025 (МИА) – Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ утре ќе престојува во официјална посета на Република Србија, каде што ќе учествува на конференцијата „Western Balkans 2030“, во организација на Европската инвестициска банка (ЕИБ). Како што соопшшти неговиот Кабинет, во своето обраќање на конференцијата министерот Стоилковиќ ќе истакне дека е чест и задоволство да се обрати на настан ...

Кичево, 11 ноември 2025 (МИА) - Во рамки на годинешниот календар на Националната федерација на историски возила на Македонија, изминатиот викенд се одржаа третото и четвртото TSD натпреварување (брзина, спретност и прецизност) со јангтајмери - Авто-слалом натпреварувања, Кичево 3 и 4. Овие натпреварувања се бодуваат за шампионатот на Македонија во Авто-слалом со историски возила за 2025 година. Натпреварувачите со своите возила беа распоредени ...

Инглвуд, 11 ноември 2025 (МИА) – Екипата на Атланта утрово го победи тимот на Лос Анџелес Клиперс со 105:102 на гостински терен во натпревар од НБА-лигата. Ниту трипл-дабл ефектот на Џејмс Харден (35 поени, 10 скока и 11 асистенции) не беше доволен Клиперси да го избегнат поразот. Во победничката екипа најефикасен беше Вит Крејчи со 28 поени. За Клиперс ова беше петти пораз во низа по кој с енајдоа на 1.позиција во Западната конференција. ...

Ливерпул, 11 ноември 2025 (МИА) - Фудбалерот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, смета дека во моментов нема смисла да се гледа табелата во англиската Премиер лига. - Нема смисла да се гледа табелата, тоа е сè. Мислам дека е едноставно бесмислено за нас. Ако губите толку натпревари колку што сме изгубиле ние, не мислам дека треба да ја гледаме табелата во моментов. Но, доволно долго сум во фудбалот за да знам дека сезоната не се решава во ноември или ...

Скопје, 11 ноември 2025 (МИА) - Мандолинскиот оркестар „Скопје“ под диригентска палка на Рамадан и Ерхан Шукри ќе одржи традиционален концерт во камерната сала на Филхармонија вечер со почеток во 20 часот. Како солисти ќе настапат Дарко Багески на гитара, Стефан Милошевиќ и Марко Баловски на мандолина. На програмата ќе бидат изведени дела од Вивалди, Мандонико, Хачатуријан, Кувахара, Вилијамс, како и неколку премирни композиции. -Како и секоја ...

Скопје, 11 ноември 2025 (МИА) - Во Културно-информативниот центар – Скопје денеска ќе биде промовирана монографијата „И повторно политика, култура, идентитет“ од Ангелина Бановиќ-Марковска и Златко Крамариќ во издание на „МИ-АН“. Како што соопшти КИЦ, занимавајќи се со политиката и поетиката на етнонационалните идентитети – видени низ призмата на културната антропологија, историографија и имагологија – авторите на овој труд нудат темелен и ...

11 ноември 2025 На телевизија 24 во емисијата „Анализа“ гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски, кој истакна дека предлог-буџетот за 2026 година ги опфаќа потребите на буџетските корисници и дека овој предлог буџет има изразена фискална дисциплина, како и серија инструменти кои ќе значат зголемена отчетност и ефикасност при самата реализација, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го преенсува интегрално. ...

Торино, 11 ноември 2025 (МИА) - Италијанскиот тенисер Јаник Синер го победи Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим во натпревар од групната фаза на Завршниот АТП турнир со 7:5 и 6:1. Дваесет и четиригодишниот Синер сервираше три аса, направи една двојна грешка и реализираше три од 10 брејк топки. Неговиот 25-годишен противник сервираше девет аса, направи две двојни грешки, а немаше ниту една шанса за брејк. Синер на следниот меч утре ќе се соочи со ...

Скопје, 11 ноември 2025 (МИА) - Во Музејот на македонската борба за самостојност денеска напладне ќе биде отворена изложбата „Конзуларните претставништва на Црна Гора 1880 - 1914“ која е подготвена од Државниот архив на Црна Гора. Како што соопшти нашиот Државен архив, изложбата содржи над 200 документи и фотографии кои ја прикажуваат работата на конзуларните претставништва на Црна Гора во Италија, Франција, Велика Британија, САД, Канада, Бразил ...

weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
6.69
79%
1016
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
92%
1016
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
71%
1016
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
3.02
92%
1017
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
96%
1016
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
3.09
88%
1008
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1011
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
87%
1011
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.12
89%
1017
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
0.45
93%
1016
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 13ᴼ
6.17
100%
1007
weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
81%
1013
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Паладиум

46361.38

Алуминиум

2.91

Злато

134976.58

Никел

473258.99

Бакар

10.96

Платина

52864.82

Рутениум

29192.88

Иридиум

145787.60

Родиум

255598.44

Кобалт

58.42

Цинк

3.22

Сребро

1876.20