Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Скопје, 13 јануари 2026 (МИА) - „Македоника литера“ објави книга од областа на теоријата на литературата - „Семантиката на македонскиот роман на преминот од ХХ во XXI век“ од Марина Димитриева-Ѓорѓиевска. Во првиот дел од изданието, авторката „ја третира теоријата на романот, почнувајќи од историскиот развој до постмодерните и метафикциските парадигми. Се задржува на дефинирање на романот и неговото место во книжевната теорија, видовите и ...
Вевчани, 13 јануари 2026 (МИА) - Групни и индивидувални маски почнаа да се движат низ вевчанските улици. Полека се собираат кон збирното место, односно почетокот на селото од каде традиционално ќе тргне дефилето на Вевчанскиот карневал. Претседателот на Федерацијата на европски карневалски градови, Ларс Алгел, втора година присуствува на карневалот и го оценува како уникатен со вековна традиција. -Вевчанскиот карневал е нешто уникатно, ...
Вевчани, 14 јануари 2026 (МИА) – Со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани, денеска попладне ќе заврши годинашното издание на Вевчански карневал. Палењето на маските симболизира бркање на злото, а вевчанци веруваат дека прочистени ќе ја дочекаат Новата година, според Јулијанскиот календар. Претходно зетот, невестата, ѓаволите и глупавите Августи заедно со останатите маскирани, ќе ги посетат семејствата, ...
Скопје, 14 јануари 2026 (МИА) - Во рамки на „Деновите на претстави од независна продукција“ од вечерва до сабота на сцените „Ристо Стефановски“ и на малата сцена во Драмски театар - Скопје ќе се играат претставите „СамоТи(И)Ја“ во продукција на „Театроск“ од Скопје, „Delirium tremens“ на „Театарска работилница“ – Прилеп, „Кротка“ во продукција на „Иван Мазов-Климе“ од Кавадарци и „Сина сенка“ на „Златен Елец“ од Скопје. Вечер во 20 часот ќе ...
Нук, 14 јануари 2026 (МИА) - Никогаш во поновата историја на Гренланд и Данска не сме се соочиле со поголеми предизвици од овие денови, изјави денеска премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, и додаде дека ќе продолжи да ја води својата земја низ сегашната геополитичка криза. „Ова е предизвикувачки период низ кој поминуваме. Ние стоиме заедно во ова и во Кралството Данска. Ова апсолутно не е време да се делиме околу внатрешните прашања“, ...
Техеран, 14 јануари 2026 (МИА) – Иранскиот министер за правда Амин Хосеин Рахими ги стави под општ сомнеж сите учесници во демонстрациите од четвртокот, зборувајќи за „граѓанска војна“, пренесе ДПА. - Секој кој е уапсен во овој период е дефинитивно виновен затоа што бил таму, изјави Рахими на маргините на денешниот состанок на владата. Последниот бран протести беше поттикнат од тешката економска криза во Иран на крајот на декември, кога ...
Каиро, 14 јануари 2026 (МИА) – Претставници на Хамас повторно разговараа за иднината на Појасот Газа во Каиро, пренесе ДПА. Египетската телевизија „Al-Qahera News“ денеска јави дека учесниците изјавиле оти целта на состанокот е подготовка за втората фаза од мировниот план за Газа. Ова вклучува формирање на комисија од палестински технократи кои привремено би управувале со областа. Исламистичката група Хамас вчера соопшти дека високиот ...
Вашингтон, 14 јануари 2026 (МИА) – Специјалниот пратеник на претседателот на САД Доналд Трамп, Стив Виткоф, денеска го најави почетокот на втората фаза од планот за прекин на конфликтот во Појасот Газа. Во објавата на Виткоф се наведува дека втората фаза од планот за прекин на конфликтот во Појасот Газа подразбира воспоставување на технократска палестинска администрација во окупираната енклава. - САД очекуваат дека Хамас во целост ќе ги ...
Вашингтон, 14 јануари 2026 (МИА) – Белата куќа објави слика, која очигледно е генерирана со вештачка интелигенција, на која се прикажани кучиња со санки на крстопат, со цел да го нагласи ставот на американскиот претседател Доналд Трамп за време на клучната средба за иднината на Гренланд. Сликата објавена на платформата X го носи насловот „На која страна, човеку од Гренланд?“ (Which way, Greenland man?) и прикажува две гренландски санки ...
Вашингтон, 14 јануари 2026 (МИА) – Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го суспендира процесирањето на сите визи за посетители од 75 земји почнувајќи од 21 јануари, објави Фокс њуз, повикувајќи се на меморандум од американскиот Стејт департмент. Според извештајот, Сомалија, Русија, Иран, Авганистан, Бразил, Нигерија и Тајланд се меѓу погодените земји. Фокс њуз објави дека писмото им наложува на американските амбасади да ...
Вашингтон, 14 јануари 2026 (МИА) – Агенти на американското Федерално истражно биро (ФБИ) денеска извршија претрес во домот на новинарка на „Вашингтон пост“ во рамките на истрагата за лице кое по договор работи за владата, а е обвинето дека носело дома тајни владини документи, јави весникот. ФБИ ги прегледа уредите на новинарката Хана Нејтансон, ги заплени нејзиниот телефон и часовникот „Гармин“ (Garmin) од нејзиниот дом во сојузната држава ...
Техеран, 14 јануари 2026 (МИА) – Најмалку 3.428 демонстранти се убиени во Иран од избувнувањето на протестите на крајот на декември, соопшти организацијата за човекови права „Iran Human Rights“ (IHRNGO). Групата со седиште во Осло исто така наведе дека вистинскиот број на загинати би можел да биде значително поголем. Според организацијата, повеќе од 10.000 луѓе се уапсени за време на протестите. Активистичката група изрази загриженост поради ...
Вашингтон, 14 јануари 2026 (МИА) – Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го суспендира процесирањето на сите иселенички визи за 75 земји почнувајќи од 21 јануари, објави Фокс њуз, повикувајќи се на меморандум од американскиот Стејт департмент. Според извештајот, на списокот се следните земји: Авганистан, Албанија, Алжир, Антигва и Барбуда, Ерменија, Азербејџан, Бахами, Бангладеш, Барбадос, Белорусија, Белизе, Бутан, ...
Вашингтон, 14 јануари 2026 (МИА) – Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Локе Расмусен, денеска е во посета на Белата куќа во обид да ги смири тензиите околу Гренланд, откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно се закани со преземање контрола врз овој стратешки важен арктички остров. Откако се врати на должноста пред една година, Трамп во неколку наврати го разгледуваше преземањето на Гренланд од својот долгогодишен ...
Женева, 14 јануари 2026 (МИА) – Европските граѓани, чии навики за консумирање алкохол се меѓу највисоките во светот, го изложуваат своето здравје на ризик, додека владите веќе не ги користат даноците како алатка за ограничување на потрошувачката, предупреди Светската здравствена организација (СЗО). Во вчера објавениот извештај, СЗО наведува дека пивото станало подостапно во 11 земји на ЕУ, додека кај жестоките пијалаци овој тренд е уште ...
Киев, 14 јануари 2026 (МИА) - На својата денешна седница Врховната рада на Украина го назначи Михаил Федоров (34) за министер за одбрана на Украина. За Федоров гласаа 277 пратеници. Британските медиуми пренесуваат дека Федоров, кој досега ја извршуваше функцијата прв вицепремиер и министер за дигитална трансформација и е широко почитуван поради неговата способност за иновации, пред пратениците рече дека ќе промовира реформи за модернизација и ...
Киев, 14 јануари 2026 (МИА) - Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (САП) и Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) ја известија лидерката на една од фракциите во Врховната рада за сомневања во врска со обезбедувањето нелегални бенефиции на пратениците, објави „Укринформ“ повикувајќи се на соопштение на САП на социјалната мрежа „Телеграм“. „Лидерката на парламентарната фракција беше известена за ...
Париз, 14 јануари 2026 (МИА) - Доколку суверенитетот на една европска земја и нејзините сојузници биде загрозен, последиците би биле без преседан, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон на состанокот на кабинетот алудирајќи на напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз арктичката територија. „Не ги потценуваме изјавите за Гренланд“, рече Макрон, цитиран од портпаролката на владата, Мод ...
Москва, 14 јануари 2026 (МИА) - Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека САД го растураат светот со своите постапки кон Венецуела и Иран. Лавров истакна дека САД го фрагментираат меѓународниот систем преземајќи, како што рече, нелегална операција за соборување на венецуелскиот лидер Николас Мадуро и заканувајќи му се на Иран со напад. „Зборуваме за грубо кршење на меѓународното право“, рече Лавров за американската ...
Киев, 14 јануари 2026 (МИА) - Врховната рада на Украина денеска го поддржа назначувањето на Денис Шмихал за прв вицепремиер и министер за енергетика, а за предлогот гласаа 248 пратеници, објави „Укринформ“. Шмихал веднаш потоа положи заклетва како член на кабинетот на министрите на пленарната седница на Врховната рада, со што автоматски ја презеде функцијата. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го номинира поранешниот министер за ...
Будимпешта, 14 јануари 2026 (МИА) – Бараните 800 милијарди евра што Украина ги очекува од Европската Унија во следните десет години за Унгарија ќе се претворат во „над девет милијарди долари откуп“, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан, цитиран од МТИ. Орбан на Фејсбук изјави дека „800 милијарди долари не растат на дрвја“. Тој рече дека според Брисел, за да ги обезбедат средствата, Унгарија мора да преземе мерки како што се ...
Копенхаген, 14 јануари 2026 (МИА) – Данска го зголемува своето воено присуство во и околу Гренланд и одлуката стапува во сила веднаш, се вели во заедничкото соопштение на данското Министерство за надворешни работи и Министерството за надворешни работи и истражување на Гренланд. Потегот е поврзан со воени вежби кои вклучуваат авиони, бродови и војници, а ќе се спроведува во блиска соработка со сојузниците од НАТО. Соединетите Американски ...
Брисел, 14 јануари 2026 (МИА) – Европската комисија предводена од Урсула фон дер Лајен мора повторно да се соочи со гласање за недоверба во Европскиот парламент, дознава ДПА. Претседателката на европарламентот, Роберта Мецола, ги информирала лидерите на парламентарните групи за ова, дознава ДПА од извори запознаени со прашањето. Дебатата и гласањето ќе се одржат на парламентарната седница следната недела во Стразбур. Ова е четвртото барање за ...
Лондон, 14 јануари 2026 (МИА) – Платформата X на Илон Маск презема мерки за да се усогласи со британскиот закон, изјави денеска британскиот премиер Кир Стармер пред пратениците, по спорот околу нејзиниот четбот со вештачка интелигенција, Грок. Стармер рече дека се добредојдени вестите дека компанијата за социјални медиуми презема мерки во врска со загриженоста дека Грок произведува сексуализирани слики на жени и деца. Сепак, тој додаде дека ...
Вашингтон, 14 јануари 2026 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Данска веднаш да се повлече од Гренланд. „НАТО, кажете ѝ на Данска веднаш да се губи оттаму! Две кучешки запреги не се доволни! Само САД можат!!!“, напиша Трамп на социјалната мрежа Трут Соушл. Тој додаде и дека Данската разузнавачка служба (DDIS) минатата година предупредила на руските и кинеските воени цели кон Гренланд и Арктикот. Трамп во објавата прикачи ...
Вашингтон, 14 јануари 2026 (МИА) – Данска е „подготвена да стори повеќе“, а Соединетите Американски Држави веќе имаат широк воен пристап до Гренланд и би можеле да побараат зголемување на своето воено присуство, при што секое такво барање ќе биде конструктивно разгледано, изјави денеска министерот за надворешни работи на Данска, Ларс Локе Расмусен. На прес-конференцијата одржана во присуство на министерката за надворешни работи на Гренланд, ...
Париз, 14 јануари 2026 (МИА) – Француската центристичка влада преживеа две гласања за недоверба, јави ДПА. Само 256 и 142 од 577-те членови на француското Национално собрание и изгласаа недоверба на малцинската влада на гласањата одржани денеска. Десничарските националисти на Марин Ле Пен и левичарската партија „Непокорна Франција“ (LFI) поединечно побараа гласање против владата на премиерот Себастиен Лекорну поради незадоволство од ...
Берлин, 14 јануари 2026 (МИА) – Агенциите за спроведување на законите во Германија, САД и Обединетото Кралство го затворија глобалниот претплатнички сервис за кибер-криминал RedVDS, кој им овозможуваше на корисниците да вршат масовни онлајн измами, соопштија денеска германските власти. Истражителите вчера запленија сервери на RedVDS во Германија, соопштија обвинителите во Франкфурт и криминалистичката полиција во источната покраина ...
Софија, 14 јануари 2026 (МИА) - Коалицијата „Продолжуваме со промената-Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) денеска го врати мандатот за состав на влада, и тоа веднаш откога го доби од претседателот на државата, Румен Радев. Надежда Јорданова од ПП-ДБ го врати мандатот веднаш откога Радев ѝ го врачи во претседателската палата на „Дондуков“ 2. Претходно неделава, и Росен Жељазков, како кандидат за премиер од ГЕРБ-СДС, исто така веднаш го врати ...
Белград, 14 јануари 2026 (МИА) - Известителот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, реагира на изјавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кога тој рече дека Србија не сака да се сретне со претставници на делегацијата на Европскиот парламент (ЕП) затоа што доаѓаат непоканети во Белград. Пицула за ТВ „Нова“ изјави дека не е вистина оти делегацијата на ЕП доаѓа ненајавено и дека амбасадата на Република Србија во Брисел ...