Ливерпул, 10.април 2026 (МИА) – Репрезентативецот на Шкотска Енди Робертсон на крајот од сезоната ќе го напушти шампионскиот тим на Ливерпул. Тој е уште еден од играчите со две освоени титули во Премиер лигата што го напушта Енфилд. 32-годишниот играч како слободен играч заминува од клубот откако му истекува договорот. Тој ќе биде вториот фудбалер по Мохамед Салах, од ерата на Јирген Клоп што заминува. Робертсон во Ливерпул дојде од Хал за ...

Дојран, 10 април 2026 (МИА) - Преку производство на сопствена струја од пловечки фотоволтаици ќе се наводнуваат обработливите земјоделски површини преку акумулацијата Паљурци, но и повторно ќе се активираат пумпите за полнење на Дојранското Езеро од Хидросистемот во Ѓавато. Проектот за повторно активирање на Хидросистемот на Дојранското Езеро е веќе подготвен и чека финансирање за да почне да се реализира, вели Ромео Тренов, директорот на ...

Тирана, 10 април 2026 (МИА) - Балканскиот рис (Lynx lynx balcanicus) по подолг период повторно е фотографиран во Националниот парк „Шебеник" од страна на вработените во Управата за заштитени подрачја во Елбасан. Националната агенција за заштитени подрачја објави дека преку поставените камери, идентификација на траги на терен и континуирани набљудувања од страна на специјалисти, било можно да се фотографира и документира, со што се потврдува ...

Скопје, 10 април 2026 (МИА) - Системот за влез во Европската унија (EES - Entry/Exit System) од денеска треба да стане целосно оперативен и да ги регистрира сите странски државјани што ќе ги преминуваат надворешните граница на ЕУ преку кој било копнен премин, пристаниште или аеродром. Со системот што почна да се применува делумно од 12 октомври лани, на надворешните граници на Европската Унија се воведува нов, дигитализиран начин на ...

Скопје, 10 април 2026 (МИА) - Утрово најниска темепратура од -5 степени Целзиусови е регистрирана на Попова Шапка. Следат Mаврови Анови, Крива Паланка, Берово и Kрушево со 2 степени, -1 Претор, 0 Лазарополе, Тетово, Битола, Охрид, Скопје-Петровец, 1 Струмица, Куманово, 2 Прилеп, Виница, Демир Капија, Штип, Велес, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци и 6 степени во Гевгелија, соопшти УХМР. Во 8 часот висината на снежната покривка измерена на Попова ...

Скопје, 10 април 2026, (МИА) Дарко ЈАНЕВСКИ Дали зборовите на Исус „Оче прости им не знаат што прават“ ги имало во оригиналниот текст на Евангелието по Лука или се отпосле додадени?, е едно од прашањето кое понекогаш циркулира меѓу некои световни научници и професори во светот по Новиот завет и се поставува како дилема. Проблемот е што во некои од најстарите зачувани ракописи на Евангелието, а оригиналот не постои, тие зборови ги нема. Барт ...

Скопје, 10 април 2026 (МИА) - Бројот на работници на автопатските делници кои ги гради конзорциумот "Бехтел и Енка" не само што не е намален, туку е и зголемен, имаме раст на градежните активности за 40 отсто на автопатските делници, а реализацијата на капитални инвестиции на Министерството за транспорт е над 70 проценти, што претставува рекорд во историјата на државата и на ниво на Влада, истакна заменик претседателот на Владата и министер ...

Тирана, 10 април 2026 (МИА) - Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, кој е во затворски притвор, во интервју за Syri.net, искажува голема благодарност до македонскиот вицепремиер и министер за транспорт, Александар Николовски за "ставот околу неговото насилно апсење и политичките обвинувања против него". - Искрено му се заблагодарувам на вицепремиерот на Северна Македонија, г-дин Николоски, за ...

Париз, 10. април 2026 (МИА) – Екипите на Спортинг и Веспрем ја комплетираа „осумката“ во четвртфиналето од ракометната Лига на шампиони откако синоќа ги елиминираа Висла и ПСЖ. Ова за францускиот првак ПСЖ е нова елиминација во раната фаза од плејофот. На дуелот во Париз, ПСЖ – Веспрем одиграа нерешено 35:35, па така победата од 32:24 беше решавачка за пласман на Веспрем во четвртфиналето. Висла синоќа го совлада Спортинг со 28:27, но ...

Милано, 10.април 2026 (МИА) – Македонскиот кошаркарски интернационалец во дресот на Баерн, Ненад Димитријевиќ беше најдобар поединец во победата против поранешниот клуб Милано. Баерн синоќа славеше победа 94:84, а Димитријевиќ имаше индекс на поени – 21 и постигнати 15 поени, 4 скокови и 4 асистенции. Ова за неговиот тим беше четврта победа во серија, а најефикасен беше Андреас Обст со 19 поени. Решавачка за победата беше втората четвртина, ...

Лос Анџелес, 10.април 2026 (МИА) – Борбата за подобро место во плејофот во НБА лигата во западна конференција продолжува до самиот крај, а остануваат да се одиграат уште два натпревара. Денвер е на третото место со 52-28 (победи-порази), односно една победа повеќе од Лос Анџелес Лејкерс и Хјустон, кои имаат 51-29. Двете екипи се борат за четвртото место, а доколку имаат ист биланс ЛА Лејкерс ќе ја имаат предноста на домашен терен во ...

Минхен, 10 април 2026 (МИА) - Штрајкот на кабинскиот персонал во германската авиокомпанија „Луфтханза“ предизвика откажувања на летови и го наруши патувањето на илјадници патници низ Германија. Околу 20.000 стјуардеси и стјуарди денеска ја прекинаа работата на повик на синдикатот на кабинскиот персонал „УФО“, со цел да извршат притисок поради спорот околу колективниот договор во матичната компанија и нејзината регионална подружница „Луфтханза ...

Брисел, 10 април 2026 (МИА) - Србија може да загуби до 1,5 милијарди евра од фондовите на Европската Унија, бидејќи Европската комисија размислува за суспендирање на финансирањето поради пад на демократијата и блиските врски на Белград со Русија, пишува Политико. Иако не е членка на ЕУ, од почетокот на преговорите за пристапување во 2014 година, Србија има право на средства и грантови наменети за спроведување на реформите. „Се повеќе сме ...

Тирана, 10 април 2026 (МИА) - Албанската Генерална даночна дирекција објави дека сите комерцијални објекти во Албанија мора да бидат опремени со ПОС терминал до 30 мај 2026 година. Користењето на ПОС терминали има за цел да обезбеди подобра и побрза услуга за клиентите, полесно плаќање и зголемена транспарентност на трансакциите. Генералната даночна дирекција објави дека се очекува воведувањето на опцијата за плаќање со картичка да придонесе ...

Порто, 10.април 2026 (МИА) – Во дуелот на поранешните европски шампиони од четвртфиналето од Лигата Европа синоќа Порто и Нотингем Форест одиграа нерешено 1:1. Тоа беше еден од трите одиграни дуели во ова натпреварување. Порто поведе со голот на Вилијам Гомеш во 11.минута, а две минути подоцна со автоголот на Мартим Фернандеш резултатот беше изедначен. На другите два дуела одиграни синоќа: Болоња – Астон Вила 1:3 и Фрајбург – Селта 3:0. Во ...

Лондон, 10.април 2026 (МИА) – На четирите дуели од четвртфиналето од Конференциската лига одиграни синоќа домашните екипи остварија победи, а три завршија со ист резултат – 3:0. Во Лондон премиерлигашот Кристал Палас ја совлада италијанска Фиорентина, а стрелци на головите беа Жан-Филип Матета во 24.минута од пенал, Тајрик Мичел во 31.минута и Исмаила Сар во 90.минута. Победи од 3:0 остварија Рајо Ваљекано против АЕК и Шахтјор против АЗ ...

Скопје, 9 април 2026 (МИА) Бранка Д. НАЈДОВСКА Во нашето општество постои еден тивок, но тежок товар - стигмата што жената ја носи. Таа не е секогаш изразена со строги забрани или правила. Понекогаш се шири низ погледите, зборовите и очекувањата што ни изгледаат како „нормални“, но всушност одекнуваат низ генерациите како притисок и ограничувања. Разговаравме со неколку Уште од најмали девојчињата учат како „треба“ да се однесуваат: да бидат ...

Киев, 10 април 2026 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев ќе го почитува велигденското примирје, откако рускиот претседател Владимир Путин прогласи велигденско примирје. „Украина постојано изјавуваше дека е подготвена за реципрочни чекори. Предложивме прекин на огнот за време на велигденските празници оваа година и ќе дејствуваме соодветно“, објави Зеленски на Телеграм. Тој нагласи дека на луѓето им е потребен ...

Скопје, 10 април 2026 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 3 до 7, а максималните ќе достигнат од 12 до 19 степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 2, а максималните ќе достигнат до ...

Скопје, 10 април 2026 (МИА) - Јавниот автобуски превоз во Скопје за велигденските празници ќе сообраќа по неделен возен ред, информираат од ЈСП Скопје. -По повод верскиот празник Велигден, за време на продолжениот викенд од 10 до 13 април, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. Во сабота, билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовно работно време: билетарите што работат во една смена ќе бидат ...

Скопје, 10 април 2026 (МИА) - Велипеток е денот на Христовите страданија. Тие започнуваат уште ноќта, во Гетсиманија. Затоа гетсиманските настани ги вбројуваме во Велипеток. Тие се случувале доцна во ноќта – по полноќ. Според европското мерење на времето – во петок. Патем, од собата на Тајната вечера до Гетсиманија, Христос продолжил со Прошталната беседа и ги поучувал апостолите (Јован 15 и 16 глава). За да биде поуката разбрана и ...

Скопје, 10 април 2026 (МИА) - Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници во сообраќајот на зголемено внимание и одговорност особено во деновите од Велигденските празници кога се очекува зголемен интензитет на сообраќај особено кон туристичките места. Со пораката „Секој живот е важен“, РСБСП потсетува дека почитувањето на сообраќајните правила и прописи се најдобриот пријател на безбедноста во ...

Куманово, 9 април 2026 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Куманово во текот на вчерашниот ден евидентирал два одделни случаи на семејно насилство, во кои интервенирала полицијата. Во првиот случај, вчера во11:05 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 34-годишниот Д.И. од Куманово, поради сомнение дека физички го нападнал својот брат на неговото работно место. Тој бил приведен во полициска станица, а по целосно ...

8 април 2026, (МИА) Дарко ЈАНЕВСКИ Иако кај христијаните е вкоренето мислењето дека сржта врз која е изградена нивната вера - воскреснувањето на Исус - првично е запишана во четирите евангелија, по Матеј, Марко, Лука и Јован, првиот запис за вистината се појавува неколку години пред настанување на евангелијата и потекнува од страна на апостол Павле. Имено, сите четири евангелија го имаат горе-долу истиот наратив - Исус е погребан, во неделата ...

10 април 2026 - Христијаните кои го следат јулијанскиот календар го одбележуваат Велики петок пред Велигден. Љубљана - Конститутивна седница на новото свикување на словенечкиот парламент. Вашингтон - Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој е во Вашингтон од 8 до 12 април, ќе присуствува на дводневен состанок на Билдерберг групата, форум на кој се собираат американски и европски лидери. Тих - Очекувано враќање на вселенската мисија ...

Дортмунд, 9 април 2026 (МИА) – Хрватот Нико Ковач и следната сезона ќе седи на клупата на Борусија Дортмунд, потврди денеска спортскиот директор на бундеслигашот Ларс Рикен. „Нема сомнение, Нико Ковач ќе остане наш тренер следната сезона. Тоа е, исто така. одлука на клубот“, рече Рикен, цитиран од германските медиуми. „Ковач направи многу добри работи откако дојде кај нас. Не смееме да ја заборавиме минатата сезона кога нè водеше во Лигата ...

Цирих, 9 април 2026 (МИА) – Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денеска го објави списокот на судии за Светското првенство 2026, по детален процес на селекција кој траеше повеќе од три години. Такнаречениот „ФИФА Тим Еден“ е составен од 52 судии, 88 помошници судии и 30 ВАР судии, кои доаѓаат од сите шест конфедерации и 50 национални асоцијации, што претставува најобемен судиски тим во историјата на мундијалските турнири. ФИФА објави ...

Бања Лука, 9 април 2026 (МИА) – Македонската женска тениска репрезентација го претрпе третиот пораз во групата Б во рамки на Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг купот., откако денеска загуби со максимални 3:0 од Јужна Африка. Откако во првиот натпревар, Јана Божиновска експресно загуби од Изабела Кругер со 2:0 во сетови (6:0 и 6:1), многу понеизвесен беше вториот дуел меѓу Сара Митевска и Џени Ван Зил што траеше 135 минути. Првиот ...

Вашингтон, 9 април 2026 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е „прилично оптимистичен“ во пресрет на клучните преговори со Иран што викендов треба да се одржат во Пакистан. - На состаноците тие зборуваат многу поинаку отколку пред медиумите. Се однесуваат многу поразумно - изјави Трамп во телефонски разговор за Ен-Би-Си Њуз, мислејќи на иранските претставници. - Тие прифаќаат сè што треба да прифатат. Не ...

Скопје, 9 април 2026 (МИА) – Гостински победи извојуваа Струга и Арсими во двата натпревари со кои попладнево беше комплетирано 26. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Фудбалерите на Струга рутински го совладаа последнопласираниот Шкупи со 3-0 со головите на Малески (27, 54) и Рочи (51) и ги задржаа шансите да се вмешаат во трката со Вардар и Шкендија за шампионската титула. Во дуелот на двете екипи кои се борат за опстанок во ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
4.63
72%
1015
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
2.68
49%
1013
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
43%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 15ᴼ
2.06
54%
1014
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.65
83%
1012
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
2.06
58%
1014
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
4.02
53%
1015
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
88%
1014
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.09
49%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
3.13
46%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
3.09
40%
1014
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
52%
1017
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

37.9138

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Злато

151875.00

Рутениум

51376.89

Калај

54.78

Паладиум

48065.37

Алуминиум

3.50

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Родиум

319899.93

Бакар

12.64

Сребро

2583.47

Кобалт

45.39

Платина

66101.93