Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Крива Паланка, 8 април 2026 (МИА)- Во Крива Паланка почнаа градежните активности за уредување на дел 1 и дел 4 од мајор коритото на Крива Река, финансиран од Владата на Република Македонија преку Министерството за животна средина и просторно планирање. Вкупната вредност на проектот изнесува околу 27.7 милиони денари, а со истиот е планирана изградба на: пешачки и велосипедски патеки, цветни леи, уредени зелени површини, пешачки мостови, ...
Скопје, 9 април 2026 (МИА) - Општина Илинден и оваа година традиционално ја спроведе хуманитарната акција „Подај рака – хумана Општина Илинден“, во рамки на која беа донирани храна и хигиенски производи за ранливите категории граѓани, во пресрет на големиот христијански празник Христовото Воскресение – Велигден. Како што соопштија од општината, акцијата беше реализирана во духот на солидарност и човечност, во соработка со Црвениот крст и ...
Штип, 9 април 2026 (МИА) - Почна пробивањето на нова улица, која ќе ги поврзува улиците „Мирче Ацев“ и „Тодор Колораров“ кои водат до новата зграда на Клиничка болница и средното медицинско училиште „Јане Сандански“ во Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека станува збор за нова поширока улица. Потребата од нејзината изградба е поради големата фреквенција на возила околу штипската Клиничка ...
Скопје, 9 април 2026 (МИА) - Величетврток е ден за хуманост. Ден кога сме најпотребни таму каде што болката и потребата се најголеми. Денеска заедно со Тони Станковски, претседател на Здружението на граѓани за помош на бездомни и социјално загрозени лица, поделивме повеќе од 300 оброци, носејќи барем малку топлина и грижа во нечие секојдневие, соопшти скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук. - Грижата за бездомните лица е мерка на ...
Делчево, 9 април 2026 (МИА) – Илјадници велигденски украсени јајца, разновидни рачни изработки и традиционални слатки специјалитети беа изложени денеска на Велигденската изложба поставена пред летната сцена во Делчево, каде граѓаните го одбележаа Велики четврток преку негување на христијанската традиција. На десетина штандови, учесниците ја претставија својата креативност инспирирана од Велигден – празник кој ја симболизира победата на ...
Скопје, 9 април 2026 (МИА) - Автобусите од јавниот превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред за празниците. - По повод верскиот празник Велигден, за време на продолжениот викенд од 10 до 13 април, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. Во сабота, билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовно работно време: билетарите што работат во една смена ќе бидат достапни од 08:00 до 13:00 часот, ...
Скопје, 5 април 2026, (МИА) Дарко ЈАНЕВСКИ Ирена РАДОВАНОВИЌ Таа е глува, полупарализирана 32-годишна девојка од Шарлота, САД. Се вика Мекинон Галовеј. Имала четири операции од тумори на мозокот, на 17 години ја примила првата хемотерапија, на 21 година при операција останала глува на едното уво, следувала хемотерапија, епилепсија, татко ѝ се самоубил, на 28 и 29 години имала уште две операции на мозокот и за да не биде и тоа малку - ...
Годишнина од загинувањето на Методија Патчев: Првата групна саможртва на македонска револуционерна чета Скопје, 7 април 2026 (МИА) Михаил ПАТЧЕВ, правнук на војводата Слободан ИВАНОВ, МИА Само што отседнал Методија Патчев со четата во Кадино Село, шпиони ја известиле турската власт во Прилеп за неговиот престој и Османлиите тргнале да го ликвидираат... Неговата глава била проценета на стотици турски лири. Од друга страна, и врховистите барале ...
Скопје, 8 април 2026 (МИА) - Добро одржуван и привлечен домашен амбиент не е само естетска потреба, туку и место за удобност и опуштање. Во убаво уреден двор, дрвјата често имаат важна улога, правејќи сенка, свежина и природна убавина. Сепак, експертите предупредуваат дека при изборот и садењето на дрвјата е потребно големо внимание, бидејќи некои видови можат да предизвикаат повеќе штета отколку што на прв поглед изгледа. Луѓето кои живеат ...
Гурманско задоволство за љубителите на рибни деликатеси. Многу вкусно.. Состојки: 1 кг риба (по желба) 1 главица брокула 2 чешниња лук 1/2 кг компири 1/2 кг моркови 1 супена лажица сок од лимон 1 супена лажица јаболков оцет 2 дл маслиново масло сол и црн бибер Подготовка: Ставете хартија за печење на дното од тавата и ставете ја рибата, посолете и печете на 200 степени. Измијте го зеленчукот (брокула, моркови, компири) и печете ги посебно, ...
Лос Анџелес, 8 април 2026 (МИА) - Обожавателите на завршената „Приказна на слугинката“ (The Handmaid's Tale), сепак, повторно ќе ја видат Џун Озборн на екранот. Глумицата Елизабет Мос, која е и извршна продуцентка на новата серија „Сведоштва“ (The Testaments), ги изненади гледачите враќајќи ѝ се на својата култна улога во првата епизода од продолжението. Мос го глумеше ликот на Џун шест сезони од оригиналната ТВ-серија, а сега се појавува и ...
Лондон, 8 април 2026 (МИА) - „Современите истражувања потврдуваат дека континуираната, безбедна физичка близина за време на спиењето има длабоко влијание врз физиолошките и психолошките основи на детето“, пишува порталот Смарт Сајенс (Smart Science). Родителите често не сфаќаат дека едноставното држење на бебето блиску до себе ноќе може да има далекусежни ефекти врз развојот на мозокот и емоционалната стабилност на детето. Кога бебињата ...
Лос Анџелес, 9 април 2026 (МИА) - Џасвин Сенга, која го набавила лекот што ја предизвика смртта на ѕвездата од „Пријатели“, Метју Пери, е осудена на 15 години затвор, објавија американските медиуми, повикувајќи се на судот во Лос Анџелес. Обвинетата, позната како „Кралицата на кетаминот“, минатиот септември се изјасни за виновна по пет обвиненија. Според обвинителството, таа, меѓу другото, ја обезбедила дозата на анестетикот „кетамин“ што ...
Вашингтон, 9 април 2026 (МИА) - Жена која мислела дека засекогаш го изгубила вредниот златен приврзок останала во шок кога тој се појавил повеќе од десет години подоцна - и тоа на сосема очигледно место. Своето необично искуство таа го споделила на социјалната мрежа Тредс, каде што нејзината објава за кратко време привлекла големо внимание од јавноста. - Овој приврзок го изгубив пред повеќе од 10 години. Токму сега го најдов на средина од ...
Скопје, 8 април 2026 (МИА) - За една до две недели ќе завршат административните и финансиските постапки за продолжување на изградбата на новата зграда на Клиничката болница - Штип, како и за изградба на нов објект за Медицинскиот факултет, а веднаш до него и студентски дом - одговори министерот за здравство Азир Алиу од собраниската говорница на прашање поставено од пратеникот Благој Бочварски за тоа кога ќе продолжи доизградбата на ...
Скопје, 8 април 2026 (МИА) - Министерството за животна средина и просторно планирање на системски начин го унапредува менаџирањето со водите и го усогласува со стандардите на Европската унија, истакна денеска ресорниот министер Мухамед Хоџа. Одговарајќи на прашање на пратеникот Димитар Ковачевски, на Собраниската седница наменета за прашања од опозицијата, тој нагласи дека изминатиот период биле преземени значајни чекори за унапредување на ...
Скопје, 9 април 2026 (МИА) - На електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) од денеска е достапен предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување - соопшти Министерството за здравство. Од досегашната примена на законот произлезе потреба да се направат измени и дополнувања во насока на проширување на кругот на лица што може да бидат живи донори на органи, ...
Скопје, 8 април 2026 (МИА) - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Д.С.(36) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 04.04.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана. ...
Штип, 8 април 2026 (МИА) -Починатата Борјанка Николова ја затекнал падната на скалите во купатилото, како лежи со главата свртена кон подот. Сакал веднаш да пријави во полиција, но немал кредит на телефонот. Вака денеска сведочеше 74 - годишниот Денис Асанов од Штип, кој е обвинет за убиството на 79 - годишната Николова. Според него истата вечер двајца млади луѓе му ставиле вреќа на глава и го врзале за дрво, а потоа почнале да копаат дупка ...
Скопје, 8 април 2026 (МИА) - Со боксови, нож и гасен пиштол, татко и неговите два сина вчера физички нападнале две лица на нивното работно место во „АД Гробишта Бутел“, при што на оштетените им биле нанесени повеќе телесни повреди и во јавноста било предизвикано чувство на страв и несигурност. Како што соопштија од Основното јавно обвинителство Скопје, против тројцата поведена е постапка поради основано сомнение за сторено кривично дело ...
Скопје, 9 април 2026 (МИА) - Дрога била пронајдена при претрес во светиниколско Ерџелија, по што приведен бил 25-годишен жител на селото. - Вчера во 16:35 часот во село Ерџелија, светиниколско, полициски службеници од ОВР - Свети Николе го лишија од слобода А.Т., 25-годишник од селото. При претрс во неговиот дом и помошни простории во селото, извршен со наредба на Основен суд - Свети Николе, пронајдени се и одземени марихуана, бела грутчеста ...
Скопје, 9 април 2026 (МИА) - Тројца скопјани кои биле барани со потерница, се лишени од слобода во текот на вчерашниот ден, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. - Полициски службеници го лишија од слобода К.Ѓ., 68-годишник од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд - Скопје за затворска казна од три години поради сторено кривично дело по член 378 став 1 од КЗ. Полициски службеници го лишија од ...
Скопје, 9 април 2026 (МИА) - Лишени од слобода се двајца косовски државјани, во нивното возило се пронајдени мигранти од Пакистан, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи. - Синоќа околу 23:30 часот на автопатот А1, кај место викано „Клучка Смоквица“, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ - Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица и Полициска станица за граничен надзор ...
Скопје, 9 април 2026 (МИА) - Приведен бил радовишанец, осомничен за предизвикување пожар што зафатил шума и викендичка на планината Плачковица, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи. - Вчера во 16 часот, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Радовиш го лишија од слобода З.К., 64-годишен радовишанец, поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Тој е затекнат во близина на местото каде што ...
Скопје, 9 април 2026 (МИА) - Јавната седница во Апелацискиот суд во Скопје за жалбите на пресудата за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска беше одложена поради влошена здравствена состојба на еден од обвинетите, Боре Видевски, кој во моментот се наоѓа на болничко лекување. Како што информира неговиот бранител, адвокат Бојан Манев, Видевски е хоспитализиран поради проблеми со бубрезите. - Лицето живее со еден ...
Скопје, 9 април 2026 (МИА) - Околу 2 и пол почна огинот и им реков на другарите да излезат, тие не беа свесни сè уште, ја фатив девојка ми и ја истуркав заедно со другарка ѝ. На масата остана таа, не сакаше да излезе, и јас и нејзиниот дечко ја фативме за раката, зад нас имаше девојчиња на маса, не беа сè уште свесни дека гори. Се истуркавме до излезот, каде што се заглавивме малку, и ако подзадоцневме 12-ина секунди, немаше да излеземе. ...
Скопје, 9 април 2026 (МИА) - Полициски службеници денеска лишиле од слобода турски државјанин во Скопје, откако кај неговиот дом е пронајдена дрога и компјутери преку кои организирал онлајн-игри на среќа. -На територија на Центар денеска полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Б.(29), турски државјанин со престојувалиште во Скопје. При извршен претрес, по добиена судска наредба, во домот ...
Неготино, 9 април 2026 (МИА) - Полициски службеници од ОВР - Неготино синоќа во 23 часот ги лишиле од слобода 50-годишник од неготинско село и неговиот 28-годишен син, постапувајќи по претходна пријава дека во дворот од домот, синот со употреба на остар предмет се обидел да го нападне неговиот татко, а тој со дрвен предмет го нападнал синот, кој се здобил со повреди, констатирани во Општа болница - Кавадарци. Како што информираа денеска од ...
Скопје, 9 април 2026 (МИА) - На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина. Сведокот пред судот појасни дека нејзиниот годишен план за инспекциски надзор за ...
Скопје, 9 април 2026 (МИА) - СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б.П.(69) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 02.04.2026 во Струмица, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот и на патничкото возило кое го управувал, при што бил пронајден и одземен кокаин. Надворешната канцеларија ...