Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Белград, 14 јануари 2026 (МИА) - Во изминатите 12 години во Србија речиси 95 отсто од судиите и околу 60 отсто од обвинителите се заменети, објави денеска српскиот весник „Данас“. Според податоците што ги доби „Данас“ од двата врховни органи што ја контролираат работата на судството и обвинителството во Србија - Високиот совет на судството (ВСС) и Високиот совет на обвинителството (ВСО), од 2012 година до денес, речиси 95 проценти од судиите ...
Брисел, 14 јануари 2026 (МИА) – Специјалниот претставник на Европска Унија, Петер Соренсен за дијалогот помеѓу Србија и Косово денеска ќе ја посети Приштина, а утре ќе претстојува во Белград. Тоа е прва посета на данскиот дипломат на Косово и Србија по преземањето на вториот мандат како претставник на ЕУ за дијалогот за нормализирање на односите помеѓу Србија и Косово. Соренсен за првиот мандат организираше само две средби со главните ...
Белград, 14 јануари 2026 (МИА) - Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека снабдувањето со електрична енергија во државата е релативно стабилизирано и нормализирано, додавајќи дека вонредната состојба е се уште на сила во осум локални самоуправи. „Вонредната состојба е укината во Пријепоље и Лозница, па сега е се уште на сила во Ваљево, Осечина, Мали Зворник, Крупањ, Мајданпек, Сјеница, Ивањица и на дел од територијата ...
Атина, 14 јануари 2026 (МИА) - Со испишани слогани „Предавници“ и издишани гуми непознати лица вандализирале трактори паркирани на блокот кај Никеја во близина на Лариса, кои се во сопственост на некои од земјоделците што вчера присуствуваа на состанокот со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за два трактора на кои им била нанесена материјална штета. Другите земјоделци од конкретниот блок преку ...
Белград, 14 јануари 2026 (МИА) - Зимското издание на Мрежата на фестивалите од Јадранскиот Регион ќе се одржи од 22 јануари до 5 февруари, при што публиката во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија и во Северна Македонија ќе има можност бесплатно да гледа избор на наградувани регионални филмови - во кина и онлајн. Публиката од земјите членки на Мрежата ќе има можност да гледа шест наградувани регионални филма: „Семејна ...
Белград, 14 јануари 2026 (МИА) - Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека претставниците на Европскиот парламент, со тоа што не ја информирале за нивното пристигнување навреме и без да се консултираат за датумот, покажале елементарно непочитување кон српскиот парламент, српските институции, народот и државата. На денешната седница на српскиот парламент, Брнабиќ, одговарајќи на критиките од опозицијата затоа што не ...
Белград, 14 јануари 2026 (МИА) - Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, утре доаѓа во Белград и треба да има средба со министерката за рударство и енергетика, Дубравка Ѓедовиќ-Хандановиќ. Српската министерка претходно објави дека една од темите на разговорот ќе биде „можен меѓународен договор меѓу Србија и Унгарија во контекст на НИС“. Унгарската компанија МОЛ се споменува како можен купувач на рускиот удел во Нафтената индустрија на ...
Атина, 14 јануари 2026 (МИА) – На „дигитален шум“, предизвикан од десинхронизација во мноштво хетерогени уреди/интерфејси кои завршуваат во објектите на центарот на контрола, што резултирало со несакано активирање/континуирано емитување на критичен број предаватели и влошување/прекин на клучните телекомуникациски интерфејси, била причината за неколкучасовниот проблем во воздушниот сообраќај во Грција, согласно извештајот на експертите, јави ...
Атина, 14 јануари 2026 (МИА) – Нема шанси повторно да се затвори царинска служба на граничен премин и тоа го нагласувам јасно, истакна министерот за заштита на граѓаните на Грција, надлежен за полицијата Михалис Хрисоходис говорејќи за блокадите на земјоделците, јави дописничката на МИА од Атина. Во интервју за радиото „Скај“, Хрисохоидис посочи дека Владата покажа огромна толеранција за сето она што се случува во економијата на земјата веќе ...
Белград, 14 јануари 2026 (МИА) - На барање на ММФ, Владата на Србија прифатила финансиското работење на градот Белград и неговите компании да биде „ставено под надзор“ и да се спроведе надворешна ревизија, објави Нова економија. Буџетот на Белград, заедно со буџетите на градските општини, изнесува 205 милијарди динари (1,75 милијарди евра), односно речиси девет отсто од буџетот на Србија. ММФ инсистира надворешни консултанти да направат ...
Атина, 13 јануари 2026 (МИА) - На последниот ден од годината беше пуштен во функција нафтоводот Солун - Скопје, соопшти вчера извршниот директор на „Хеленик енерџи“, Андреас Сијамисис, говорејќи на настан на компанијата, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, а информацијата дека нафтоводот почна со работа, за дописничката на МИА од Атина, ја потврдуваат и извори од грчката компанија. Нафтоводот Солун - Скопје повторно функционира по 13 ...
Скопје, 14 јануари 2026 Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, најави серија мерки за унапредување на образованието и поддршка на учениците во училиштата во локалната самоуправа, се наведува во соопштението од Општина Центар, што МИА го објавува интегрално. „Донесовме одлука за зголемување на стипендиите за талентираните ученици во областа на науката, техниката и посебните вештини, како и за спортските стипендии, за 1.000 ...
Скопје, 14 јануари 2026 Членките на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС како општествено одговорни компании, во интерес на заштита на сите граѓани, а особено младите кои се најфреквентни корисници на социјалните медиуми, во согласност со позитивните законски прописи ја известуваме јавноста за онлајн измами на социјалните мрежи, се наведува во соопштението на АПИС кое МИА го пренесува интегрално. Почитувани, Веќе подолг ...
Скопје, 14 јануари 2026 Како што најавивме уште во декември дека постои дупка во буџетот од една милијарда евра и дека државата нема пари за функционирање, стигнува уште еден доказ. Наместо да ја признаат дупката во буџетот, тие новото задолжување го објавуваат како успех на Министерството за финансии за пласирање на еврообврзниците и како триумф на економијата! Владиното славење за новото задолжување на граѓаните се посочува во соопштението ...
Скопје, 14 јануари 2026 Социјалистичката партија на Макединија со целосна доверба во г-динот Христијан Мицкоски му ја дава поддршката за претставувањето на политичките партии од Коалицијата "Твоја Македонија", застапени во Собранието на Република Македонија, стои во соопштението од СПМ кое МИА го пренесува интергрално. Социјалистичката партија на Макединија особено ја поддржува иницијативата за укинување на "техничката влада" како рецидив од ...
14 јануари 2026 Средба со криминалци нема да има, СДСМ останува со граѓаните, на вистинската страна. Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и корупцијата, во анти-ЕУ кампањата за изолација на земјата, во планот за предвремени избори и мигранти за пари, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на генералниот секретар на СДСМ, Александар (Саша) ...
Скопје, 14 јануари 2026 Скандалот што го објави антикорупцискиот тим на СДСМ за фаворит фирмата на ВМРО, која од општините добила 51 тендер, вредни 16 милиони евра, има и друга заднина, која денеска ја откриваме. Кој е сопственикот на „Пирамид билдинг солушнс“, која добила 51 тендер, вредни неверојатни 16 милиони евра, и како е поврзан со ВМРО-ДПМНЕ? Станува збор за извесен Петар Доновски, се посочува во соопштението на СДСМ од денешната ...
Скопје, 14 јануари 2026 (МИА) - Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, очекува конструктивен дијалог на денешната лидерска средба, што се одржува во Клубот на пратениците. Како што изјави пред средбата, ќе ги изнесе веќе искажаните барања на Левица - измени на Изборниот законик, една изборна единица и укинување на пржинската влада. Левица, додаде Апасиев, има и други, економски барања, поврзани со барањата на синдикатите, кои исто така ќе бидат ...
Скопје, 14 јануари 2026 СДС повторно растура пердуви во јавноста со цел да прикаже некаква поврзаност на ВМРО-ДПМНЕ со некакви фирми и да шири лаги и манипулации, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално. Кога во нивно време тендерите и набавките беа синоним за криминал и корупција и по „дифолт’“ одеа кај фирмите на семејствата на Заев и Филипче, денес тоа повеќе не е така. ...
Скопје, 14 јануари 2026 „Очекуваниот исход од ‘лидерската’ средба е 0% економија и 100% политика. ЕДНА ИЕ има смисла САМО СО ОТВОРЕНИ ЛИСТИ!!! Во спротивно, како и денес, САМО НЕКОЛКУ МАЖИ ќе продолжат да ја дефинираат судбината на Македонија, НАМЕСТО ГРАЃАНИТЕ. Моќта и финансиите ќе останат кај нив, а за народот — трошки. Со отворени листи ќе има поодговорни народни избраници, а со тоа и ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ГРАЃАНИТЕ. “, реагираше претседателката ...
14 јануари 2026 Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков истакна дека лидерската средба иницирана од претседателот на Владата, премиерот Христијан Мицкоски, претставува одговорен и државнички чекор насочен кон градење заеднички ставови за клучните реформски процеси и законите неопходни за напредокот на државата на патот кон Европската Унија, се наведува во денешното соопштение на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го ...
14 јануари 2026 САД ја суспендираше обработката на визи, ВМРО ја доведе Македонија во периметар со Сомалија. САД од 21 јануари ја прекинуваат обработката на визи од 75 земји. Водечките американски и светски медиуми, од пред еден час објавија дека и Македонија е вклучена во групата со Сомалија, Сирија, Гана, Руанда, Бутан, Нигерија, Русија…за кои е суспендирана обработката на визи, се наведува во денешното соопштение на Центарот за комуникации ...
Тетово, 13 јануари 2026 (МИА) - Едно машко лице го изгуби животот, а уште едно е повредено вечерва по пожар во стан во зграда во тетовската населба Блок 70. - Пожарот во Територијалната противпожарна единица Тетово е пријавен во 19>05 часот, информираше Авни Амети од ТППЕ Тетово Од СВР Тетово потврдуваат дека по пожар во стан во зграда во Блок 70 е најдено починато машко лице, а едно лице е повредено. Воедно информираа дека во тек е увид ...
Скопје, 14 јануари 2026 (МИА) - Здружението „Василичарите од Боемска“ денеска попладне во скопско Дебар Маало со хуманитарен настан ќе го одбележат празникот Василица. -Оваа традиција ја започнавме во 2023 година, со цел не само да го одбележиме празникот, туку и да ја негуваме хуманоста, солидарноста и заедништвото меѓу граѓаните. Ги покануваме сите да ни се придружат на дружење во празнична атмосфера и заедно да бидеме хумани. Сите средства ...
Битола, 14 јануари 2026 (МИА) - Претпладнево во битолското село Маловишта, единствено населено место што се наоѓа во Националниот парк Пелистер, ќе се одржи Василичарски карневал. На улиците во планинското село Маловиште ќе дефилираат учесници со маски потсетувајќи на дамнешната традиција, која се одржувала токму на Василица, соопштија од организацискиот одбор. Василичарскиот карневал е можност да се потсети и на туристичкиот потенцијал на ...
Куманово, 14 јануари 2025 (МИА) - Дел од традиционалните обичаи поврзани со празникот Василица и прославата на Старата Нова година постепено исчезнуваат во кумановскиот регион, предупредуваат етнолозите. Свети Василиј се прославува и како домашна слава, а во голем број семејства во кумановско се подготвуваат јадења во кои главна состојка е пченкарно брашно. Традиционалното јадење кое се подготвува секоја година е качамакот од пченкарно ...
Скопје, 14 јануари 2026 (МИА) - Градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, денеска за празникот Василица го посети Клубот на деца со церебрална парализа во населбата Расадник. Како што соопштија од Општината, по повод Стара Нова година, градоначалничката се дружеше заедно со децата и нивните родители во празнична атмосфера, при што се делеше пита со паричка, а покрај пакетчиња, таа им додели и донација - столчиња, ...
Скопје, 14 јануари 2026 Денес се одбележуваат 84 години од прерано згаснатиот живот на Роберт Гајдик - Славко, истакнат борец и партизан во Народноослободителната борба. Со полагање свежо цвеќе, амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва и военото аташе на Република Чешка, претставници од Општина Центар, Сојузот на борци и Здружението на пензионери на Општина Центар, жители од Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ и негови почитувачи му ...
Скопје, 14 јануари 2026 (МИА) - Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска објави видео во кое вели дека е почната целосна реконструкција на фонтаната „Лотос“ на влезот од Градскиот парк. - Култната фонтана „Лотос“ повторно го добива својот сјај. Почната е целосна реконструкција на фонтаната, која се наоѓа на влезот од Градскиот парк - место што со децении претставува препознатлив белег и симбол на Скопје, но кое, за жал, со ...
Струга, 14 јануари 2026 (МИА) - Градоначалникот на општина Струга, Менди Ќyра, денеска изврши надзор на градежните работите на дел од кејот на реката Црн Дрим. Активностите, како што вели Ќура, биле по претставки на граѓани за санација на искршени плочки. - Долгиот период без одржување и инфраструктурни инвестиции доведе до тоа секојдневно да се појавуваат проблеми што бараат брзи и ефикасни решенија. Тешката механизација што се движела по ...