Куманово, 10.април 2026 (МИА) – Екипата на МКК Куманово вечерва оствари важна победа во борбата за опстанок во Супер лигата откако во неизвесна завршница го победи Гостивар со 75:73. Победничкиот кош го постигна Стојан Ѓуровски на десет секунди до крајот, а гостите не го реализираа последниот напад. Во првиот дел домашниот тим беше подобриот тим и имаше предност на полувреме од 42:30, но гостите резултатски се вратија во последната четвртина ...

Вашингтон, 10 април 2026 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војската на САД се подготвува за нови напади врз Иран доколку преговорите што започнуваат во Пакистан не доведат до конечен договор. Во интервју за „Њујорк пост“, Трамп нагласи дека воените подготовки се во тек и дека американските бродови се опремуваат со најмодерно вооружување. – Сè започнуваме од почеток. Ги полниме бродовите со најдобрата муниција и со ...

11 април 2026 Вашингтон - Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој престојува во Вашингтон до 12 април, ќе присуствува на вториот ден од состанокот на Билдерберг групата, форум на кој се собираат американски и европски лидери. Пекинг - Шпанскиот премиер Педро Санчез е во официјална посета на Кина до 15 април, за време на која ќе разговара за односите меѓу ЕУ и Кина и трговските прашања со високи кинески претставници. Киев - Во Украина е ...

Будимпешта, 10 април 2026 (МИА) Цветин ЧИЛИМАНОВ, специјален известувач за МИА од Будимпешта Унгарската опозиција денеска организираше масовен концерт во Будимпешта, кој практично го претвори во предизборен митинг. Формално организиран од невладина организација, собирот на плоштадот на Хероите, на кој излегоа десетици илјади граѓани и кој се прелеа долж булеварот „Андраши“, беше несомнено опозициски митинг во поддршка на партијата Тиса. На ...

27 дена - МИА

Скопје, 10 април 2026 (МИА) - На 09/10.04.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Х.Н.(27), К.К.(19), Г.А.(21), А.Б.(23), В.Т.(35), 40-годишната Б.К. и 18-годишната М.Ј., сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. На ...

Друскининкаи, 10. април 2026 (МИА) – Футсал македонската репрезентација ја постигна и втората победа во мундијалските квалификации што се играат во Литванија. Во рамки на групата Ц македонските футсал репрезентативци ја победија Турција со 6:3. Македонскиот тим е прв во групата со 6 бодови. Македонскиот национален тим имаше одличен почеток и водство од 3:0, а на полувреме беше 4:1. Во вториот дел противникот намали на 4:3, но до крајот нашите ...

Ерусалим, 10 април 2026 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара одложување на сведочењето во долготрајниот судски процес за корупција, што требаше да продолжи следната недела, наведувајќи ја како причина актуелната безбедносна ситуација во регионот. Судењето на Нетанјаху требаше да продолжи в недела, по укинувањето на вонредната состојба во Израел која беше воведена поради војната со Иран. Одбраната на премиерот поднесе барање ...

Охрид, 10.април 2026 (МИА) – Ракометарите на ГРК Охрид остварија нова победа во рамки на домашното првенство откако попладнево го совладаа Тиквеш со 37:20. Со новите бодови охриѓани имаат 44 бода и се на втората позиција на табелата зад Вардар, кој има 52. Гостите од Кавадарци поведоа со 2:0 и тоа им беше единствената предност, а Охрид со серија од 4-0 дојде до предност. На полувреме беше 19:14 за домашниот тим, кој на стартот на вториот дел ...

Мадрид, 10 април 2026 (МИА) – Шпанија е подготвена да работи на создавање заедничка војска на Европската Унија „уште утре“, бидејќи тоа е единствениот начин европските земји да добијат на значење во одбраната, изјави денеска шпанскиот премиер Педро Санчез. На форумот „European Pulse“ во Барселона, Санчез истакна дека создавањето заеднички сили не е прашање на избор, туку неопходност поради војните во Украина и на Блискиот Исток. Според него, ...

Исламабад, 10 април 2026 (МИА) – Потпретседателот на САД, Џеј-Ди Венс, денеска го предупреди Техеран да не си „игра“ со Соединетите Американски Држави, пред неговото заминување за Исламабад на преговори за прекин на огнот во Иран. Претседателот Доналд Трамп му додели задача на Венс – кој се смета за еден од неговите најблиски соработници, но и за скептик во однос на странските воени интервенции – да најде излез од шестнеделната војна. Пред ...

Бејрут, 10 април 2026 (МИА) – Лидерот на групата Хезболах, шеикот Наим Касем, вети денеска дека неговото движење ќе ја продолжи кампањата против Израел, отфрлајќи какво било враќање на претходната состојба додека траат борбите. – Отпорот ќе продолжи до самиот крај – порача Касем во обраќањето на телевизијата „Ал Манар“. Тој ги повика ливанските власти да прекинат со „бесплатните отстапки“ за време на дискусиите за прекин на огнот. Касем ...

Киев, 10 април 2026 (МИА) – Украинската армија соопшти денеска дека успешно извршила напади врз две руски нафтени платформи во Каспиското Море. Генералштабот на украинските сили преку соопштение на социјалната мрежа „Телеграм“ појасни дека овие платформи, иако се наоѓаат на речиси 1.000 километри оддалеченост од линијата на фронтот, се користеле за снабдување на руската војска со гориво. Засега нема независна потврда за обемот на штетата или ...

Стразбур, 10 април 2026 (МИА) – Европскиот суд за човекови права во Стразбур го отфрли барањето на правниот тим на Милорад Додик за привремено запирање на одлуката за негово отстранување од функцијата претседател на Република Српска, потврди Судот за Радио Слободна Европа. Со барањето се настојуваше да се суспендира спроведувањето на судските одлуки во Босна и Херцеговина врз основа на кои му беше одземен мандатот. Судот соопшти дека барањето ...

Талин, 10 април 2026 (МИА) – Естонија ќе се воздржи од задржување на бродовите од таканаречената руска „флота од сенка“ во Балтичкото Море, изјави командантот на естонската морнарица, контраадмирал Иво Варк. Талин стравува дека запленувањето на нафтените танкери и на другите пловила против кои Западот воведе санкции може да ја поттикне Москва да ги брани со воена сила, изјави високиот воен претставник. – Ризикот од воена ескалација е ...

Ватикан, 10 април 2026 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го посети Ватикан, каде што имаше приватна аудиенција кај папата Лав Четиринаесетти, пренесе АНСА. Ова беше прва лична средба на Макрон со понтифот од американско потекло. Во придружба на сопругата Брижит, Макрон се сретна и со државниот секретар на Светиот престол, кардиналот Пјетро Паролин. Меѓу подароците што францускиот претседател му ги врачи на папата, кој е ...

Скопје, 10 април 2026, (МИА) -Река народ чекаше попладнево да влезе во црквата Св. Јован Крстител во Капиштец во Скопје, да се поклони пред иконите, да ислуша дел од молитвите, да се подготви за литургијата, да биде попрскан со света вода и да помине под масата поставена во внатрешноста на црквата. Скопје, 10 април 2026, (МИА) -Река народ чекаше попладнево да влезе во црквата Св. Јован Крстител во Капиштец во Скопје, да се ...

Техеран, 10 април 2026 (МИА) – Повеќе од 125.000 цивилни објекти се оштетени или уништени за време на американско-израелските напади врз Иран, соопшти денеска шефот на иранската Црвена полумесечина Пирхусеин Коливанд. Тој во изјава за иранската државна телевизија прецизираше дека во текот на петнеделниот конфликт биле погодени околу 100.000 домови и најмалку 23.500 продавници. Според неговите податоци, воздушните напади не ги поштедиле ниту ...

Никозија, 10 април 2026 (МИА) – Израелската приватна разузнавачка компанија „Блек кјуб“ (Black Cube) соопшти дека стои зад видеото објавено во јануари, кое го поврзува кипарскиот претседател Никос Христодулидис со наводи за корупција, пренесе „Сајпрс мејл“. Видеото, објавено од анонимен профил на социјалните мрежи, прикажува монтирани снимки од поранешни и актуелни високи функционери, со наводи за незаконско финансирање на претседателската ...

Анкара, 10 април 2026 (МИА) - Властите во Турција подготвуваат целосна забрана за продажба на тутунски производи во земјата од 2040 година, во рамки на новиот законски предлог што предвидува низа ограничувања и регулативи за пушачите, објави „Хуриет дејли њуз“. Според предлог-законот, изработен од владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и турското Министерство за здравство, продажбата на сите тутунски производи ќе биде забранета од ...

Скопје, 10 април 2026 (МИА) - Во февруари годинава издадени се 244 одобренија за градење, што е за 10.3 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година. Најголемиот дел од одобренијата, 173 се за високоградба, а предвидена е изградба на 309 станови, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Најголем број одобренија се изадени во Полошкиот Регион, 84, по што следуваат Скопскиот со 57, Југоисточниот, 33, ...

Исламабад, 10 април 2026 (МИА) - Безбедносните мерки во главниот град на Пакистан се подигнати на највисоко ниво во пресрет на планираните преговори меѓу претставници на Иран и на САД, со цел изнаоѓање решение за војната на Блискиот Исток. Пакистан во изминатите месеци се етаблира како клучен посредник меѓу Техеран и Вашингтон. Се очекува преговорите во Исламабад да започнат денеска со дискусии на експертско ниво, кои ќе служат како подлога ...

Љубљана, 10 април 2026 (МИА) – Новоформираниот Парламент на Словенија денеска го избра Зоран Стевановиќ за претседател на законодавниот дом, објави словенечката национална телевизија РТВ Сло. На тајно гласање, Стевановиќ доби поддршка од 48 пратеници во 90-члениот Парламент, со што го надмина потребниот минимум од 46 гласови. Стевановиќ е лидер на партијата „Ресница“ (Resni.ca), која освои пет пратенички места на парламентарните избори ...

Скопје, 10 април 2026 (МИА) - Работите на улицата „Ферид Мурад“ продолжуваат со стабилна динамика, а проектот добива јасна форма на терен, кои денесka одблизу ги проследи градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, соопшти Општина Чаир. Како што додаваат оттаму, досега се поставени и бетонирани рабници на десната страна од улицата, со што се создава јасна поделба меѓу коловозот и просторот за пешаци. -Работите на улицата ‘Ферид Мурад’ се ...

Мадрид, 10.април 2026 (МИА) - Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ВТА 125 турнирот во Мадрид (награден фонд 100.000 евра) откако денеска во четвртфиналето загуби од Лиса Пигато од Италија со 2:0 во сетови (6:4 и 6:2) за 84 минути игра. Ѓорческа за пласманот во четвртфиналето ќе добие 3.000 евра и 27 поени со кои ќе напредува на ВТА ранг-листата. Македонската тенисерка мечот го започна одлично и поведе со 4:0 во гемови, ...

Вилнус, 10 април 2026 (МИА) – Германија ја презема одговорноста за источното крило на НАТО преку распоредување војници во Литванија, изјави денеска претседателката на Бундестагот Јулија Клекнер, за време на нејзината посета на балтичката земја. „Безбедноста на Литванија значи безбедност за Германија. Нашата земја презема одговорност таму каде што европската безбедност се брани на многу конкретен начин“, изјави Клекнер при посетата на воената ...

Каиро, 10 април 2026 (МИА) – Египет се согласи да го откупи целокупното производство од гасното наоѓалиште „Афродита“ во ексклузивната економска зона на Кипар во Средоземното Море, објави „Сајпрс мејл“. Според „Блумберг“, израелската компанија „Њумед енерџи“, која има удел во проектот, ја објавила информацијата преку соопштение на берзата во Тел Авив. Компанијата наведе дека конзорциумот „Афродита“, во кој учествуваат и „Шеврон“ и „Шел“, се ...

Љубљана, 10 април 2026 (МИА) – Десеттиот состав на словенечкиот Парламент денеска ја започна својата конститутивна седница, јави агенцијата СТА. На почетокот на седницата се обрати досегашната претседателка на Парламентот, Уршка Клакочар Жупанчич, која оцени дека новиот мандат ќе биде исполнет со сериозни предизвици во контекст на актуелните меѓународни случувања. Таа нагласи дека новоизбраните пратеници нема да имаат многу време за ...

Мадрид, 10 април 2026 (МИА) - Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, упати апел до Иран да учествува со добра волја во преговорите со САД во Пакистан, откако Техеран претходно најави дека нема да се вклучи додека не запрат борбите во Либан. - Го повикувам Иран да учествува, но секако и Либан мора да биде вклучен во договорот за прекин на огнот - изјави Албарес пред новинарите во Сенатот. Тој истакна дека во услови на ...

Скопје, 10 април 2026 (МИА) - Министерот за одбрана Владо Мисајловски во Вашингтон се сретна со директорот на Агенцијата за безбедносна соработка (АНС) на САД Мајк Милер. -Значајни средби и стратешка соработка! Инвестирањето во одбранбените капацитети останува наш врвен приоритет, имајќи ја предвид нивната клучна улога во обезбедувањето на стабилноста и безбедноста на регионот, напиша Мисајловски на својот Фејсбук профил. На средбата, ...

Бања Лука, 10.април 2026 (МИА) - Македонската женска тениска репрезентација претрпе пораз и во четвртиот дуел од групата Б од Втората Евро-африканска зона на Били Џин Кинг купот што се игра во Бања Лука. Нашиот тим денеска загуби од Мароко со 3:0. Повторно највозбудлив беше мечот на прворангираните тенисерки во кои играа Сара Митевска и Јасмине Кабај. По 130 минути тенисерка од Мароко славеше со 2:0 во сетови (6:3 и 7:6 во тајбрејкот 10:8 на ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
4.63
72%
1015
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
2.68
49%
1013
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
43%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 15ᴼ
2.06
54%
1014
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.65
83%
1012
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
2.06
58%
1014
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
4.02
53%
1015
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
88%
1014
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.09
49%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
3.13
46%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
3.09
40%
1014
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
52%
1017
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

37.9138

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Паладиум

48065.37

Сребро

2583.47

Калај

54.78

Родиум

319899.93

Злато

151875.00

Цинк

0.00

Рутениум

51376.89

Иридиум

253540.09

Платина

66101.93

Алуминиум

3.50

Кобалт

45.39

Бакар

12.64