Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Берлин, 9 април 2026 (МИА) – Германскиот канцелар Фридрих Мерц остро ги критикуваше израелските напади врз Либан, оценувајќи дека тие го загрозуваат постигнатото примирје меѓу САД и Иран. Германскиот лидер изјави дека Берлин со голема загриженост ја следи ситуацијата на Блискиот Исток, откако САД и Иран претходно неделава се договорија за двонеделно примирје, јави ДПА. - Интензитетот со кој Израел ја води војната [во Либан] може да доведе до ...
Брисел, 9 април 2026 (МИА) – Европската комисија денеска побара објаснување од Унгарија „во најкраток можен рок“ за нејзините телефонски разговори со Русија за интерните информации од Европска Унија. Конзорциум европски медиуми објави дека унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, „директно“, првенствено преку својот колега Сергеј Лавров, доставувал на Москва „стратешки информации за клучни прашања“ од состаноците во Брисел. ...
Тирана, 9 април 2026 (МИА) - Бројот на затвореници кои ги загубиле животите во затворите во Албанија наликува на воен биланс, констатира Топ чанел, наведувајќи дека во периодот од јануари 2020 до септември 2025 година, 139 лица ги загубиле животите во ѕидовите на своите ќелии, а 12 извршиле самоубиство. Според Управта за извршување санкции во првите три месеци од годинава починале петмина осуденици. -Официјалните податоци ја наведуваат 2024 ...
Скопје, 9 апарил 2026 (МИА) – Дел од родителите на децата што загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска имаа средба со директрот на Институтот за судска медицина во Скопје Александар Станков, од кого пред неколку дена побараа одговори за токсиколошките анализи од обдукцијата на телата на жртвите. Директорот на Институтот за судска медицина во Скопје, Александар Станков, во изјава за медиумите по средбата, рече дека ...
Скопје, 9 април 2026 (МИА) - Манифестација „Вински Фестивал Битола“ – фестивал посветен на виното, музиката и урбаното дружење ќе се одржи од 7 до 9 мај на платото пред Офицерски дом во Битола. Во текот на трите вечери, посетителите на манифестацијата ќе имаат можност да уживаат во внимателно селектирана музичка програма, во амбиент кој го спојува духот на градот со современа фестивалска енергија, најавуваат организаторите. Како што ...
Скопје, 9 април 2026 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, изврши увид во новонабавената комунална опрема во Струга - дел од воспоставувањето интегриран и одржлив регионален систем за управување со отпад. Како што информира МЖСПП, во оваа фаза од проектот, кој се спроведува со поддршка од Европската банка за обнова и развој, Општина Струга добива три ...
Мадрид, 9 април 2026 (МИА) – Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на ВТА 125 турнирот во Мадрид, откако попладнево нејзината ривалка Алина Корнеева од Русија ѝ го предаде дуелот во вториот сет по 50 минути игра. Противничката го доби првиот сет со 6:3 во гемови, а притоа успеа да направи два брејка во третиот и во деветтиот гем, искористувајќи ја третата сет топка. На стартот на вториот сет Ѓорческа направи ...
Истанбул, 9 април 2026 (МИА) – Македонскиот одбојкарски стратег Жарко Ристоски е нов тренер на турскиот прволигаш Истанбул ББ, откако го заврши својот успешен престој на клупата на саудиски Ал Хилал со кого изминатиот викенд ја освои шампионската титула и сезоната ја заокружи со четири трофеи. Ристоски потпиша едногодишен договор со Истанбул ББ и се враќа во европската клупска одбојка по пауза од десет години, откако претходно работеше како ...
Куманово, 9 април 2026 (МИА) - Корисниците од Центарот за рехабилитација и реинтеграција „Порака наша“ во соработка со учениците од средното училиште „Наце Буѓони“ денеска пред Велигден организираа празничен базар на кој понудија рачно изработени продукти. Корисниците имаа прилика да ги покажат не само своите изработки туку и своите способности и капацитети за развој на нивните професионални вештини. Во работилниците на „Порака наша“, ...
Дебар, 9 април 2026 (МИА) - Општина Маврово и Ростуше, согласно програмските определби на градоначалникот Онер Јакупоски и со поддршка на Советот на општината, воведува еднократна финансиска помош за секое второ и трето а ја зголемена за првородено дете, изјави за МИА, Фикрет Ибраими, одговорен во секторот за односи со јавноста - Согласно новиот правилник, висината на помошта за првородено дете, што како право се исплаќа од 2018 година, се ...
Скопје, 9 април 2026 (МИА) - Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески и директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски денеска потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете институции. Целта на меморандумот, како што информираат од Обвинителство, е дополнително развивање и унапредување на соработката меѓу Јавното обвинителство и Агенцијата што треба да овозможи ефективна и ефикасна превенција и ...
Скопје, 9 април 2026 (МИА) - Во Уставниот суд денеска се одржа Отворен ден за граѓаните, по втор пат, во рамки на иницијативата за поголема транспарентност и директна комуникација со јавноста. Претседателот на судот, Дарко Костадиновски, како што информираат, остварил средби со десетици граѓани кои пројавиле интерес за работата и надлежностите на институцијата. -Граѓаните се интересираа и бараа информации во врска со предмети од јавен ...
Скопје, 9 април 2026 (МИА) - Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека донела План за подобрување на усогласеноста - Неформална економија 2026 – 2027, како стратешки документ кој произлегува од современиот концепт на управување со ризиците на усогласеност. Како што информира УЈП, овој концепт претставува модерна филозофија на работењето на даночните администрации, која вклучува препознавање на ризиците за неусогласеност и нивно навремено ...
Барселона, 9 април 2026 (МИА) - Барселона загуби со 2:0 од Атлетико Мадрид синоќа во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Натпреварот се одигра на стадионот „Камп Ноу“ во Барселона. Во 44. минута, Каталонците останаа со 10 играчи откако дефанзивецот Пау Кубарси беше исклучен поради прекршок врз Џулијано Симеоне. Судијата Иштван Ковач првично му покажа жолт картон на дефанзивецот, но по ВАР, ја смени својата одлука и му ...
Денвер, 9 април 2026 (МИА) – Денвер нагетс ноќеска го победи Мемфис во натпревар од регуларната сезона на НБА со 136:119. Центарот на Нагетс, Никола Јокиќ, оствари трипл-дабл со 14 поени, 15 скока и 10 асистенции. Најефикасен во победничката екипа беше Џамал Мареј со 26 поени. Во поразениот тим се истакнаа Кауард со 27, Хендрикс и Вилијамсон со по 16 поени. Резултати на другите НБА-натпревари одиграни ноќта среда кон четврток: Кливелнд- ...
Барселона, 9 април 2026 (МИА) – Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, е незадоволен од делењето на правдата на натпреварот против Атлетико (0:2) синоќа во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. -Требаше да се браниме многу подобро во епизодата со првиот гол. Добиваме црвен картон, а веднаш потоа, Атлетико го постигнува првиот гол... ВАР системот денес беше многу фокусиран на Атлетико. Тие имаат германски специјалист, па ...
Барселона, 9 април 2026 (МИА) - Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, ја коментираше победата од 2:0 над Барселона во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. - Не мислев дека мојот тим Атлетико Мадрид, ќе славеше победа „Камп Ноу“. Многу е тешко. Тие се веројатно најдобриот тим во Европа, заедно со ПСЖ и Баерн. Благодарение на добрата тимска работа, успеавме да ги искористиме клучните моменти во натпреварот. Вториот ...
Скопје, 9 април 2026 (МИА) - Ланските финалисти во македонското одбојкарско првенството, шампионот Јанта Волеј КВ и Работнички Скопје обезбедија пласман во полуфиналето од плејофот во Првата лига жени. Бранителот на титулата, Јанта Волеј КВ благодарение на подобриот сет-количник се најде во полуфиналето. Одбојкарките на Јанта славеа со 3:1 во првиот меч, додека во реваншот пред својата публика загубија со 2:3 (21:25, 25:23, 25:17, 20:25, ...
Ловерпул, 9 април 2026 (МИА) – Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, ги искажа впечатопците по синоќешниот пораз со ПСЖ. Англискиот претставник на гостувањето во Париз во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите загуби со 2:0. - Гледајќи го натпреварот како целина, мислам дека имавме среќа што загубивме со 2:0, бидејќи противникот имаше повеќе шанси отколку голови. Првиот гол беше особено тежок за прифаќање, бидејќи дотогаш не ...
Рим, 9 април 2026 (МИА) - Голманот на Италија, Џанлуиџи Донарума, ги негираше извештаите дека играчите барале бонус за пласман во финалето на Светското првенство во 2026 година пред решавачкиот натпревар од плејофот. - Бев навреден од коментарите и забелешките во врска со наводните бонуси што наводно ги побаравме. Како капитен, никогаш не побарав од италијанската репрезентација ниту едно евро. Како и во секое натпреварување, репрезентацијата ...
Лондон, 9 април 2026 (МИА) – Извршниот директор на Алпин, Стив Нилсен, верува дека главната слабост на тимот за сезоната 2026 е подуправувањето при голема брзина. - Имаме проблеми со подуправувањето при голема брзина на кои треба да се обратиме. Промените на насоката при голема брзина се веројатно најголемата слабост на автомобилот оваа година. Знаевме дека доаѓајќи во Сузука, првиот сектор ќе биде тежок, и така е. Мислам дека тоа е ...
Скопје, 9 април 2026 (МИА) - Претседателката на Федерацијата на училишен спорт, Елена Мицковска смета дека добивањето на организација на Светско училишно првенство во ракомет е голема чест, но и одговорност. - Организацијата на овој настан за нас како Федерација на училишен спорт е огромна чест, но и уште поголема одговорност. Да се биде домаќин на Светско училишно првенство значи дека Македонија е препознаена како сериозен партнер на ...
Охрид, 9 април 2026 (МИА) - Косуке Јасухира е нов ракометар на ГРК Охрид. Јапонецот доаѓа на позајмица до крајот на оваа сезона да и помогне на екипата во остварување на што подобри резултати во историската сезона на клубот. - Пресреќен сум што се враќам во Македонија, во тимот има добри мои пријатели од Вардар, едвај чекам да заиграм за Охрид утре против Тиквеш, па потоа да можам да им помогнам на моите соиграчи за поуспешна сезона. Среќен ...
Монако, 9 април 2026 (МИА) - Светскиот рекет број 1, Карлос Алкараз, се осврна на неговата борба со Јаник Синер за тронот на АТП ранг-листата. Во моментов Алкараз е лидер со 12.690 поени, додека Синер има 12.500. - Јаник има неколку големи турнири пред себе каде што може да освои многу поени. Додека јас тешко да ги одбранам моите. Ќе биде тешко, но тоа е убавината на нашето соперништво. Тој повторно ќе стане број 1 во светот и ќе се залагам ...
Скопје, 8 април 2026 (МИА) - Нова поштенска марка, изработена од авторот Лазе Трипков, ќе биде промовирана денеска во Кинотека на Македонија, по повод јубилејот - 50 години постоење на оваа институција. На настанот ќе се обратат директорот на Кинотеката, Бошко Грујоски, директорот на Поштенски сообраќај во АД Пошта, Бојан Кереместевски, како и раководителот на Архивот на Кинотеката, Игор Старделов. лв/нд/ фото: МИА архива Скопје, 8 април ...
Скопје, 8 април 2026 (МИА) - Во време кога културата сè појасно се афирмира како моќен инструмент за поврзување на народите и градење меѓусебно разбирање, директорот на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, проф. д-р Зоран Пејковски, оствари работна средба со градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митревски. Како што соопшти Пејковски, средбата се одвивала во атмосфера на взаемна почит и конструктивен дијалог, проследена со ...
Куманово 8 април 2026 (МИА) - „Чекање“ е насловена изложбата на авторката Кристина Божурска што ќе биде отворена вечерва во Уметничката галерија во Куманово со почеток во 20:00 часот. На изложбата ќе бидат претставени видеа, фотографии, аудио-интервјуа и скулптурални објекти. Делата, како што објаснува Божурска, се резултат на подолг истражувачки процес кој се занимава со прашањата за колективното чекање и неговото значење. -Како централна ...
Кавадарци, 8 април 2026 (МИА) - Во Музејот, куќа на мирис и вкус во Кавадарци, денеска беше отворена изложба за црквите и манастирите во Гевгелиско, како и промовиран каталог за пет години архив на етнолошки предмети при Домот на култура во Гевгелија. Ангела Симонова, кустос етнолог при кавадаречкиот музеј, рече дека настанот е плод на соработката помеѓу двете културни установи. - Со оваа изложба се претставува петгодишната работа на архивот ...
Скопје, 9 април 2026 (МИА) - Општина Кисела Вода, во соработка со Кинотека на Македонија, организира бесплатна проекција на македонскиот филм „Тетовирање“ во режија на Столе Попов. Проекцијата ќе се одржи во новото кино „Киноверзум“ во Драчево, со почеток во 19 часот. Влезот за сите посетители е бесплатен, но поради ограничениот капацитет, задолжителна е претходна резервација на билети. - Овој настан е дел од иницијативата на Општина Кисела ...
9 април 2026 Би-би-си За еден ден, американскиот претседател Доналд Трамп од закана кон иранската цивилизација со „исчезнување“ премина до објавување дека планот од десет точки на Иран е „функционална“ основа за преговори во Пакистан. Прекинот на огнот е, пред сè, одмор за сите оние цивили на Блискиот Исток кои беа нападнати откога САД и Израел влегоа во војна со Иран на 28 февруари. Не го вклучува народот на Либан. Заземајќи став дека ...