Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Штип, 16 април 2026 (МИА) - Експерти, универзитетски професори и студенти од Чешка, Хрватска, Србија, Бугарија, Косово, Турција и нашата земја учествуваа на петтото меѓународно научно-стручно советување „Агро-наука и пракса 2026“ на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. Во фокусот беше поврзувањето на науката со практичното земјоделско производство во време на сериозни климатски предизвици. Деканката на Земјоделски ...
Скопје, 16 април 2026 (МИА) - Министерот за правда Игор Филков денеска одржа работна средба со претставници на независните граѓански иницијативи, на која во фокусот беа реформите во изборното законодавство и можностите за нивно унапредување преку инклузивен и транспарентен процес на консултации, соопштуваат од Министерството за правда. Средбата била на иницијатива на граѓанските организации, а на состанокот им било посочено да достават ...
Атина, 16 април 2026 (МИА) – Сообраќајна несреќа со материјална штета предизвикал македонски државјанин – возач на камион на регионалниот пат Солун – Калохори, кој возел под дејство на алкохол, бил уапсен, изведен пред суд и осуден на затворска казна од 15 месеци со можност за откуп, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, 49-годишниот возач, државјанин на Северна Македонија сообраќајната несреќа ја ...
Скопје, 16 април 2026 Македонската асоцијација на новинари (МАН) од објави на порталите дознава дека политичката партија СДСМ поднела кривична пријава против правни и физички лица во врска со телевизијата Алфа зa перење пари, даночно затајување и фалсификување деловни книги, меѓу кои „Таргет медиа„ Скопје, „Алфаскоп“ ДОО, потоа сопственикот и основачот на „Таргет медиа“, како и управителите на „Таргет Медиа” и „Алфа Скоп” ДОО, се вели во ...
Кавадарци, 16 април 2026 (МИА) - „Македонските бајки во светогледот на Димитар Кондовски“, е насловена изложбата на 82 дела што беше отворена денеска во Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ во Кавадарци, во соработка со „Музеум Линк“. - Станува збор за изложба која нè враќа во магичниот свет на македонската усна традиција, оживеан преку маестралните илустрации на уметникот. Изложбата претставува редок увид во илустрации инспирирани од ...
Скопје, 16 април 2026 (МИА) - Започна процесот на одгасување на Вардариште, чекор поблиску до најголемиот мега-парк, попладнево соопшти скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница. - Дадениот збор пред граѓаните е обврска што мора да се исполни. Како што ветив, по спроведената физибилити студија, денес започна процесот на одгасување на депонијата Вардариште. Мапирани се 22 точки, односно бунари за собирање на ...
Вашингтон,16 април 2026 (МИА) - Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во рамките на пролетните средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон учествуваше на тркалезна маса, на која беше претставена петгодишна програма за развој на капацитетите на нов регионалниот центар за техничка помош на Меѓународниот монетарен фонд за Југоисточна Европа (SEETAC). Центарот, чие почнување со работа е предвидено најдоцна до јануари 2027 година, ...
Штип, 16 април 2026 (МИА) - Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја следи состојбата со откупот на оризот во кочанскиот регион, во делот на тоа како се откупува, по која цена, одговори денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски кој беше прашан за проблемот со откуп на оризовата арпа од ланската реколта. Посочи дека досега се откупени 10.000 тони оризова арпа. -Знаете дека во делот ...
Скопје, 16 април 2026 (МИА) - Изградбата на автопатот Прилеп - Битола се одвива одлично и од изведувачот добив ветување дека следната пролет ќе се вози на првите километри, како и дека пролетта 2029 година, пред рокот, ќе имаме целосно автопатско решение од Прилеп до Битола - изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Аександар Николоски пред средбата со регоналните стопански комори од Битола и Прилеп. - Сакам да најавам три нови ...
Скопје, 16 април 2026 (МИА) - Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер, ја посети работилницата за мозаик и рубин, која се реализира во ДСУЛД „Лазар Личеноски“. Како што соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, станува збор за иновативен пристап, кој ги поврзува геологијата, уметноста и едукацијата преку практична ...
Скопје, 16 април 2026 (МИА) - Со мерките што ги презеде Владата успеавме кризата да ја амортизираме онолку колку што беше можно - изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски пред средбата со стопанственциите од Пелагонискиот Регион за тековните и идните инфраструктурни проекти. Николоски најави дека со стопанствениците од регионот ќе разговараат и за актуелните предизвици во состојба на економска криза, која, ...
Битола, 16 април 2026 (МИА) - Во Пелагонискиот Регион се случува инфраструктурен бум и тоа е нешто што ќе продолжиме да го работиме - истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на средба со стопанственици од регионалните стопански комори на Битола и Прилеп. Информирајќи за тековните и најавувајќи нови проекти, Николоски нагласи дека единствена цел на Владата е да се развива стопанството и токму затоа пелагониските ...
Скопје, 16 април 2026 (МИА) - Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека Јавното претпријатие за државни патишта ќе добие средства по најповолни услови од пет домашни банки за завршување на изградбата на автопатот Кичево - Охрид по прекинувањето на финансирањето од кинеската Ексим банка. Николоски, денеска, во одговор на новинарско прашање рече дека според првичните пресметки потребните 175 милиони евра се обезбедени ...
Скопје, 16 април 2026 (МИА) - Државниот завод за ревизија денеска објави конечен ревизорски извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеноста на Агенцијата за катастар на недвижностите за 2024 година за сметка на основен буџет 637 и сметка на буџет од самофинасирачки активности 787. Како системска слабост, која е утврдена, Државниот завод за ревизија наведува дека не се доделени идентификациски броеви на ...
Скопје 16 апрул 2026 (МИА) - Прометот во индустријата вкупно е зголемен за 1,6 процент во февруари годинава во однос на февруари минатата година - објави денеска Државниот завод за статистика. Најголемо влијание врз зголемувањето на вкупниот промет во индустријата во февруари 2026 година во однос на февруари 2025 година имаат одделите: Производство на прехранбени производи со 3,1 проценти, Производство на електрична опрема со 4,2 проценти и ...
Скопје, 16 април 2026 (МИА) - Неопходно е понатамошно унапредување на соработката помеѓу јавниот и приватниот сектор со цел успешно и ефикасно воведување на електронскиот товарен лист eCMR во државара - е порачано на тркалезната маса на тема „Олеснување на процесот на имплементација на eCMR во секторот Транспорт и логистика“, што се одржа денеска во Скопје во рамките на проектот Empowering Industry Associations for Regulatory Reform in the ...
Скопје, 16 февруари 2026 (МИА) - Во февруари годинава 48 654 туристи оствариле 94 652 ноќевања, објави Државниот завод за статистика. Од вкупниот број туристи во февруари, 32.6 проценти се домашни, а 67.4 проценти странски. Најмногу странски туристи во февруари имало од Турција, 5 011, по што следуваат Грција, 3 523, Србија, 3 278, Германија, 2 181,... Бројот на ноќевањата во февруари 2026 година изнесува 94 652, од кои 38.1 проценти се од ...
Скопје, 16 март 2026 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска го означија почетокот на изградбата на нова водоводна и канализациона мрежа на улицата Дижонска 15. Проектот е финансиран од Министерството со 6,9 милиони денари. -Со оваа инвестиција директно се одговара на инфраструктурните потреби на жителите од овој дел на Чаир, обезбедувајќи ...
Скопје, 16 април 2026 (МИА) - Собранието денеска треба да ја одржи 99. седница, на која на дневен ред е предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба поради можност нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати на територијата на државата до 20 јули годинава. Предлог-одуката е на дневен ред и на седница на собраниската Комисија за одбрана и бебзедност. Одлуката, според предлогот, ќе почне да се ...
Скопје, 16 април 2026 (МИА) - Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да одржи јавна расправа и да утврди предлог-листа за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Комисијата најнапред ќе одржи јавна расправа, на која ќе утврди предлог-листа од пријавените кандидати по одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. ...
Скопје, 16 април 2026 (МИА) - Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Република Турција по повод учеството на петтиот дипломатски форум во Анталија, кој се одржува од 17 до 19 април, на тема „Мапирање на иднината, управување со неизвесностите“. Како што соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова, пред официјалниот почеток на форумот претседателката денеска во Истанбул ќе оствари билатерална ...
Скопје, 16 април 2026 (МИА) - Делегација на Собранието, во состав на пратениците Петар Ристески и Фатмир Битиќи, учествуваше во работата на седниците на Постојаниот комитет и на Генералната комисија за економија, инфраструктута и енергетика на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС на ПСЈИЕ), што се одржа вчера во Софија, Бугарија. Седниците се одржуваат во рамките на бугарското претседателство со ПСЈИЕ ...
Охрид, 16 април 2026 (МИА) - Во рамките на карванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа Златко Перински ја посети Општина Охрид, при што оствари средба со градоначалникот Кирил Пецаков, со членови на Советот на Општината, како и со раководители и претставници на општинската администрација. На состанокот е разговарано за клучните активности на Министерството, можностите што им стојат на располагање на општините, како и ...
Скопје, 16 април 2026 (МИА) - Делегација на Собранието, составена од пратеници - членови на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции, како и претставници од собраниската служба од Секторот за надворешна политика и европски прашања, го почна првиот ден од студиската посета на Република Хрватска, која се реализира во периодот од 15 до 18 април 2026 година. Посетата се одвива во рамките на проектот „Поддршка за ...
Скопје, 16 април 2026 (МИА) - Поради продолжените ризици од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати, Собранието денеска на пленарна седница го усвои предлогот да се одобри продолжување на рокот за постоење кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија. Со одлуката, која претходно доби поддршка и од Комисијата за одбрана и безбедност, кризната состојба се продолжува до 20 јули 2026 година, а ќе почне да се ...
Скопје, 16 април 2026 (МИА) - Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија учествува на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што се одржува од 15 до 19 април во Истанбул. Во делегацијата, како што соопшти собраниската прес-служба, учествуваат претседателот на Собранието, Африм Гаши, шефот на делегацијата во Интерпарламентарната унија (ИПУ), Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Беким Ќоку, Бобан Карапејовски, Арбана ...
Скопје, 16 април 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил средба со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, на која станало збор за визијата, развојот и за перспективите на фудбалот. На средбата, како што напиша премиерот Мицкоски во објава на „Фејсбук“, биле разменети мислења за унапредување на условите за развој на спортот, како и за создавање нови можности за младите фудбалски таленти. - Продолжуваме со силна ...
Скопје, 16 април 2026 (МИА) - Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска ги поништи огласите за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и за избор на член на Судскиот совет што го избира Собранието. Претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајкоски, изјави дека огласот се поништува и ќе биде повторно објавен поради немање услови за утврдување предлог-листа за член на Комисијата. Комисијата претходно ...
Скопје, 16 април 2026 (МИА) - На маргините на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија, кое се одржува од 15 до 19 април 2026 година во Истанбул, претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари билатерални средби со претставници на парламенти и меѓународни организации. На средбата со претседателот на парламентот на Грузија, Шалва Папуашвили, и двајцата изразиле задоволство од позитивниот развој на билатералните односи и ја нагласија ...
Скопје, 16 април 2026 (МИА) - Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска во просториите на Министерството оствари протоколарна средба со амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду. На средбата беа разменети мислења за унапредување на билатералната соработка, со посебен акцент на реформите и модернизацијата на јавната администрација, информираат од Министерството. Соговорниците се осврнале на можностите за ...