Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Рим, 17 април 2026 (МИА) – Италијанскиот заменик премиер и министер за сообраќај Матео Салвини денеска изјави дека претставниците на Европска Унија не се нормални. Неговата изјава уследи откако ЕУ предложи исклучување на греењето во домаќинствата и канцелариите, со цел да се ублажи кризата со горивото и високите сметки поради војната во Иран. - Предлозите на Брисел за надминување на високите сметки се: исклучете го греењето, работете помалку, ...
Киев, 17 април 2026 (МИА) - Руските сили ги интензивираат нападите со балистички ракети врз украинските градови како подготовка за нова пролетно-летна офанзива, изјави заменик-шефот на украинската воена разузнавачка служба, Вадим Скибицки, за британскиот весник „Фајненшл Тајмс“ (The Financial Times). -Москва произведува околу 60 ракети „Искандер“ месечно и го прошири капацитетот на својот систем за лансирање, додека на Украина ѝ недостасуваат ...
Париз, 17 април 2026 (МИА) - Поранешниот француски претседател Франсоа Оланд неодамна да посочи дека сака да се врати во Елисејската палата, 10 години откако ја напушти функцијата шеф на државата. „Како можам да бидам корисен денеска? Со подготовка за изборите, затоа се подготвувам“, рече Оланд во интервју за француските медиуми, пренесува Фигаро. Поранешниот претседател, кој сега е пратеник во францускиот Парламент, не се кандидираше на ...
Париз, 17 април 2026 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја поздрави објавата на Иран дека дозволува повторно отворање на Ормуската Теснина сè додека е во сила прекинот на огнот. Макрон оцени дека тоа „оди во вистинска насока“. Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи претходно изјави дека пловидбата низ Ормуската Теснина теснец ќе биде целосно отворена за сите комерцијални бродови за време на преостанатиот период од ...
Париз, 17 април 2026 (МИА) – Велика Британија и Франција ќе предводат мирна мисија за заштита на слободата на пловидба во Ормуската Теснина, изјави денеска британскиот премиер Кир Стармер. Стармер рече дека мисијата ќе биде воспоставена штом условите го дозволат тоа, откако ќе завршат непријателствата во војната со Иран. Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон беа домаќини на состанокот на светските лидери во Париз за напорите да се ...
Берлин, 17 април 2026 (МИА) - Крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) е најсилната политичка партија во Германија и за првпат поведе во анкетата на јавното мислење на јавниот радиодифузен сервис ZDF на сојузно ниво, беше објавено денеска. На прашањето за кого би гласале доколку парламентарните избори се одржат следната недела, 26 проценти од испитаниците ја избраа АфД, додека владејачката Христијанско-демократска унија ...
Париз, 17 април 2026 (МИА) – Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја поздрави одлуката на Иран повторно да ја отвори Ормуската Теснина за време на прекинот на огнот, но побара да не се применуваат никакви услови. - Тоа мора да биде уредено во целосна согласност со меѓународното поморско право, на таков начин што нема да има никакви ограничувања – рече Мерц во Париз по консултациите со европските лидери за потенцијалната мисија за обезбедување на ...
Париз, 17 април 2026 (МИА) – Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека неговата земја е подготвена да учествува во мултинационална мисија за обезбедување на Ормуската Теснина, по можност со вклученост на САД. Мерц говореше по консултациите чии домаќини беа Франција и Обединетото Кралство во Париз, а кои се однесуваа на потенцијална мисија на западните партнери за обезбедување на превозот во Ормуската Теснина. Учесниците имаа за цел да ...
Париз, 17 април 2026 (МИА) – Италија е подготвена да стави на располагање морнарички единици за обезбедување на превозот во Ормуската Теснина покрај иранскиот брег, изјави денеска во Париз премиерката Џорџа Мелони. Мелони ја даде изјавата по разговорите во францускиот главен град за можното воено распоредување во теснецот, кој е од витално значење за светските пазари на нафта. Иран и САД во моментов се наоѓаат во несигурен прекин на огнот, ...
Вашингтон, 17 април 2026 (МИА) – Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, денеска ги предупреди учесниците на конференцијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за инфлациските ризици што произлегуваат од војната на Блискиот Исток. Нејзините коментари дојдоа пред американскиот претседател Доналд Трамп и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи да објават во одделни изјави дека Иран се согласил да ја ...
Москва, 17 април 2026 (МИА) – Властите во регионот околу рускиот северен град Санкт Петербург ги повикуваат резервистите да потпишат договори за воздушна одбрана во услови на зголемени украински напади со дронови. Одлуката е донесена со цел да се стационираат дополнителни мобилни тимови во просториите на компаниите и критичната инфраструктура во Ленинградската област, напиша денеска на Телеграм гувернерот Александар Дрозденко. Дрозденко рече ...
Киев, 17 април 2026 (МИА) – Украина веќе доби околу 45 милијарди долари, односно 90 отсто од очекуваното финансирање од приходите остварени од замрзнатиот руски имот, изјави денеска украинскиот министер за финансии Сергиј Марченко, повикувајќи на понатамошни акции преку директна мобилизација на овој имот. За време на пролетните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, украинската делегација водеше бројни разговори со ...
Анкара, 17 април 2026 (МИА) - Бројот загинати од пукањето во средно училиште во Турција се искачи на десет, откако во болница на повредите им подлегна еден од ранетите ученици, соопшти министерот за внатрешни работи, Мустафа Чифтчи. Станува збор за ученикот Јусуф Тарик Ѓул, кој починал и покрај напорите на лекарите да му го спасат животот. Според министерот, во нападот се повредени 13 лица, од кои шест се на интензивна нега, тројца се во ...
Атина, 17 април 2026 (МИА) - Важноста од одржување на прекинот на огнот за стабилноста и мирот во поширокиот регион ја нагласил грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во телефонските разговори со либанскиот претседател Џозеф Аун и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и паралелно изразил задоволство од постигнувањето десетдневен прекин на огнот меѓу Израел и Либан - информираа од кабинетот на грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина. ...
Софија, 17 април 2026, (МИА) - МИА, со двајца свои претставници, е единствениот акредитиран странски медиум што ќе ги покрива претстојните парламентарни избори во Бугарија, што ќе се одржат в недела, 19 април. Според информациите од Централната изборна комисија на Бугарија, кај нив не е пристигнато барање за акредитација на новинари од други држави. Изборите в недела ќе ги следат 176 акредитирани домашни новинари. Освен од МИА, не добивме ...
Загреб, 17 април 2026 (МИА) - Три трговски центри во Загреб беа евакуирани денеска поради закана со бомба. До неколку медиуми стигнаа извештаи, по што полицијата нареди евакуација на Арена Центар, Авенија Мола и Сити Центар, пишува загрепски Индекс. Загрепската полиција изјави дека постапката е во тек. мс/ фото: Архива Загреб, 17 април 2026 (МИА) - Три трговски центри во Загреб беа евакуирани денеска поради закана со бомба. До неколку ...
Тирана, 17 април 2026 (МИА) - Во албанскиот главен град, Тирана, денеска почнува Muse-X, најголемиот фестивал на креативната индустрија во регионот и ќе трае три последователни дена и ноќи. Muse-X е интегрирана платформа која обединува професионални изложби, меѓународна конференција и уметнички фестивал во едно единствено, сеопфатно и електрифицирачко искуство. -На оваа голема платформа на креативната индустрија учествуваат 22 земји, кои ќе ...
Софија, 17 април 2026 (МИА) Пандорка АРСОВСКА-ГАЦОВА Со вообичаен ритам на живот граѓаните на Софија ги минуваат последните денови пред изборите, а политичката кампања останува главно во заднина на секојдневните активности. Утрото во Софија почнува со звукот на трамваите. Луѓето брзаат на работа, а од билбордите над нив насмевнати политичари ветуваат стабилност, промени и подобра иднина. Изборите се на прагот, но на прв поглед секојдневието ...
Тирана, 17 април 2026 (МИА) - Во дијаспората живеат 2,2 милиони албански државјани, од нив над 1,1 милион се мажи, а над еден милион се жени, се наведува во извештајот „Дијаспора на Албанија“ на Институтот за статистика (ИНСТАТ) посветен на бројот на албански граѓани што живеат во странство. Најголем број албански иселеници има во Италија и Грција, по што следат Германија, Франција и Велика Британија. - Ова се одразува и во процесите на ...
Атина, 17 април 2026 (МИА) – Минатата година за 3,2 отсто се намалил бројот на посетители во музеите и археолошките локалитети во Грција, но и покрај падот на посетеноста, раст бележат приходите од билети што достигнале 244,5 милиони евра, покажуваат официјалните податоци од Службата за статистика на Грција за периодот јануари – декември 2025 година, јави дописничката на МИА од Атина. Поконкретно, вкупниот број посетители на музеи и ...
Софија, 17 април 2026 (МИА) Пандорка АРСОВСКА ГАЦОВА Во последниот ден пред изборите, бугарските медиуми речиси целосно ја напуштаат класичната кампањска динамика. Наместо вести за митинзи и пораки од партии, доминираат анализи, интервјуа, сценарија и постизборни калкулации. Весниците денеска помалку се фокусираат на нови пораки, а повеќе на тоа како изгледа политичката слика во завршницата. Типичен пресек на насловите денеска изгледа вака: ...
Лондон, 17 април 2026 (МИА) - Цените на нафтата паднаа откако стапи во сила прекинот на огнот меѓу Израел и Либан и по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека војната во Иран би можела наскоро да заврши бидејќи Техеран се согласил да се откаже од збогатување ураниум. Глобалниот референтен бренд на суровата нафта Брент падна на околу 98,5 долари за барел, додека цената на американската сурова нафта се спушти на 93,6 долари. ...
17 април 2026 ДОМ изразува сериозна загриженост во однос на најавените и тековните измени поврзани со Законот за минерални суровини и Законот за концесии и јавно-приватно партнерство кои отвораат простор за значително олеснување на постапките за доделувањето концесии и користењето на природните ресурси, се наведува во соопштението од ДОМ, што МИА го пренесува интегрално. Иако овие измени се претставуваат како технички или економски ...
17 април 2026 Министерството за правда уште пред неколку дена соопшти дека ќе ги побара сите списи од надлежните судски органи и обвинителства за сите предмети поврзани со Никола Груевски и дека „ќе постапи согласно позитивните законски прописи“, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. До каде е постапката? Ги спреми ли владата на Мицкоски документите? Дали е поднесено барање за ектрадиција на Груевски? Додека ...
17 април 2026 СДС со ова партиско раководство предводено од Венко Филипче, нема реална политика, нема реформи, нема ни идеи, ниту пак програма, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Единствено што има е гола пропаганда преку фалименто соопштенија што немаат врска ниту со реалноста, ниту со Македонија. Пропаднатиот ПР на Зоран Заев, составен од Башановиќ и Шчекиќ, СДС и Филипче ги насочи фокус да им бидат ...
Скопје, 17 април 2026 Вчерашната објава на пратеник од „Вреди“, со која се обиде како успех да го прикаже двојазичното објавување документи во Службен весник, заврши како јавен доказ за неспроведување на законот од институциите што токму тие ги раководат. Службен весник не функционира по политичка желба, ниту по моментален каприц. Тој има законска обврска објавите да ги публикува на два јазика, согласно важечкиот правен поредок, се вели во ...
17 април 2026 Претседателот Венко Филипче во името на СДСМ упати официјални писма до Европската Унија, Европската комисија, Европскиот парламент, известувачот за Македонија како и амбасадорите на земјите членки на ЕУ за сериозното нарушување на демократскиот и уставниот поредок, поделбата на власта и владеењето на правото во Македонија, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. „Подолг период сведочиме на системско ...
Скопје, 17 април 2026 Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, деновиве означија почетокот на реконструкцијата на улици во Старата скопска чаршија. Реконструкцијата повторно се пласира како „зачувување на автентичноста“, но самата динамика на овие интервенции отвора сериозни сомнежи. Ако навистина станува збор за простор што со децении бил занемарен, тогаш зошто во релативно кратки ...
Скопје, 17 април 2026 Христијан Мицкоски повеќе не се крие –тој е обвинител, судија, кој однапред нарачува судски процеси против опозицијата и неистомислениците. Од позиција на премиер, Мицкоски јавно најавува кривични прогони, таргетира конкретни луѓе од опозицијата и нивните семејства со однапред напишани обвиненија. Неговото „имам чувство“ го диктира стравот затоа што знае дека ќе мора да се соочи со одговорноста, се вели во соопштението ...
17 април 2026 „Светот влегува во сериозна економска турбуленција. Земјите веќе се организираат, разговараат за економскиот раст, инфлацијата, носат мерки и водат сериозни политики за заштита на своите граѓани. Македонија не смее да доцни“, пишува претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, во својата објава на социјалните мрежи. Претседателката Зајкова изминатите неколку денови е во ...