Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - Времето утре ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до 25 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно со ...
Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) – Со испитување на сведок и изведување на видео-докази од системот „Безбеден град“, денеска во Основниот кривичен суд – Скопје продолжи судењето против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, при што одбраната оспори дека постојат директни докази оти обвинетиот му го доверил возилото на својот син и оцени дека Обвинителството не било соодветно подготвено при презентацијата на доказите. На денешното рочиште ...
Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - „Реплек“ АД Скопје најавува отворање нов производствен погон во втората половина од 2026 година, вреден пет милиони евра. Како што рече денеска генералниот директор Душан Пецоски, компанијата 2025 година ја завршила со 34 милиони евра продажба и пет милиони евра нето добивка. „Реплек“ АД, напомена Пецоски, го почитува домашниот пазар, но, сепак, перспективата најмногу ја гледа во странските пазари. -Сите овие ...
Кронплац, 20 јануари 2026 (МИА) – Австриската скијачка Јулија Шајб победи на денешната велеслаломска трка во Кроплац, во рамки на Светскиот куп. Шајб до победата дојде со време од 2:19,85 минути, што беше за 0,37 секунди побрзо од второпласираната швајцарска скијачка Камила Раст. Швеѓанката Сара Хектор, која водеше по првото возење, го освои третото место, заостанувајќи 0,46 секунди зад победничката. Американката Микаела Шифрин беше четврта. ...
Берлин, 20 јануари 2026 (МИА) - Бројноста на германската војска го достигна највисокото ниво во последните 12 години со вкупно 184.200 активни војници, соопшти денеска министерот за одбрана, Борис Писториус, во изјава за ДПА. Активните сили на Бундесверот се зголемија за речиси 3.000 војници во текот на 2025 година, што, според Писториус, претставува најдобар резултат во регрутацијата во последните 15 години. Овој раст доаѓа во време кога ...
Давос, 20 јануари 2026 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон, за време на своето денешно обраќање на Светскиот економски форум во Давос, порача дека претпочита „почит пред грубата сила“ и „владеење на правото пред бруталноста“. Овие зборови во дипломатските кругови се толкуваат како директен одговор на надворешната политика на американскиот претседател Доналд Трамп. Во моменти кога администрацијата во Вашингтон најавува формирање на ...
Давос, 20 јануари 2026 (МИА) - Во следните 10 години на украинската армија ќе и ќе бидат потребни неколку стотици милијарди долари помош за нејзино одржување, изјавија денеска во Давос двајца украински министри, пренесе ДПА. Доколку агресивното однесување на Русија кон Европа и светот не се промени, тогаш трошоците би достигнале „700 милијарди долари“, изјави украинскиот вицепремиер Тарас Качка, одговорен за украинската интеграција во ЕУ и ...
Атина, 20 јануари 2026 (МИА) – Поради најавите за обилни врнежи од дожд и грмежи, локално интензивни снежни врнежи и на одредени места силни ветрови, утре и задутре, пет грчки региони се во состојба на мобилизација (Red Code), додека пак во областа Атика, поширокиот дел на Атина, утре, сите училишта ќе бидат затворени и наставата ќе се одржи онлајн, јави дописничката на МИА од Атина. За претстојното невреме денеска се одржа состанок во ...
Скопје, 20 јануари 2026 Веста дека кај судијата Ѓоко Ристов се најдени 350 илјади евра, пари осомничени за корупција, не е само индивидуален скандал. Оваа вест ја уништува дури и последната доверба што граѓаните ја имаа во правосудниот систем, се вели во соопштението на „Вреди“ од денешната прес-конференцијата на нивниот портпарол Дритон Сулејмани, што МИА го пренесува интегрално. „Вреди“ е убедена дека ова не е изолиран случај, туку врв на ...
Штип, 20 јануари 2026 (МИА) – Во штипските основни и средни училишта второто полугодие почна со околу педесет ученици помалку во споредба со првото полугодие, но раководителката на Секторот за образование, ЛЕР и јавни дејности во Општина Штип, Снежана Санева денеска изјави дека во второто полугодие имаат запишано и ученици повратници, кои се вратиле во земјата од странство. Таа додаде дека во училиштата во Штип се вратија четворица основци и ...
Делчево, 20 јануари 2026 (МИА) - Општина Делчево ги информира граѓаните и правните лица дека согласно Законот за данок на имот, даночните обврзници имаат обврска да поднесат даночна пријава за недвижен имот кој досега не бил пријавен за оданочување, најдоцна до 31 јануари. Според законските одредби, обврзниците се должни во рок од 15 дена од стекнувањето на право на сопственост или право на користење на недвижен имот, истиот да го пријават за ...
Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - МВР апелира граѓаните да не отвараат лажни пораки што им пристигаат на мобилните телефони, имејловите и на социјалните мрежи во кои од нив се бара да извршат уплата за сторен сообраќаен прекршок преку наведен лажен линк. СМС-известувањата за направен прекршок, велат од МВР, треба да бидат од испраќач MVR-SC, а во текстот задолжително треба да содржи регистарска ознака од возилото што направило прекршок и линк ...
Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска ја почна 535. итна седница на која треба да одлучи за одземање на имунитетот и за одобрување на предлогот за определување мерка куќен притвор за апелацискиот судија Ѓоко Ристов. Членовите на Судскиот совет со 10 гласа „за“ го усвоија дневниот ред на седницата, а со исто толку гласови донесоа одлука јавноста да биде исклучена од нејзиниот тек, а ќе може да ...
Скопје 20 јануари 2026 (МИА) - Ние сакаме да има што повисок праг на минимална плата, но тоа може да се уреди со зголемување на ефикасноста на работењето и продуктивноста, како и со намалување на трошоците, а треба да е поврзано и со одредени елементи кои значат раст на БДП, рече денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески. Според Азески, за ова прашање треба да се разговара, да седнат трите страни, работниците, Владата и ...
Скопје, 21 јануари 2026 (МИА) - Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ги сослуша сите кандидати за членови на Комисијата за заштита од дискриминација. Интервјуирани беа 14 кандидати кои ги исполниле условите. Најголем дел од нив се со завршен правен факултет и искуство во сферата на правосудството и човековите права, а има и такви кои имаат работно искуство во Комисијата за антидискриминација. Дел од нив сметаат ...
Стразбур, 20 јануари 2026 (МИА) - Гренланд им припаѓа на неговите луѓе и никакви закани или царини нема да го променат тоа бидејќи сувереноста не е на продажба, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, на денешната дебата во Европарламентот посветена на територијалниот интегритет и суверенитет на Гренланд и Кралството Данска, - Европската Унија, без никаков сомнеж, стои зад Гренланд и ...
Виена, 21 јануари 2026 (МИА) - Надворешното напојување со електрична енергија на неактивната нуклеарна централа „Чернобил“ во Украина е прекинато поради тековните воени дејства, соопшти денеска Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), пренесува ДПА. Шефот на МААЕ, Рафаел Гроси, информира дека неколку украински електрични потстаници, кои се од витално значење за нуклеарната безбедност, биле погодени од широките воени активности во ...
Атина, 20 јануари 2026 (МИА) – Во периодот 2000 - 2025 година во Грција биле регистрирани 633 временски појави со негативни општествено-економски последици и 294 човечки жртви, главно од поплави, громови и невремиња, покажува анализата на тимот „Метео“ на Институтот за истражување на животната средина и одржлив развој при Националната опсерваторија во Атина, јави дописничката на МИА од Атина. Годишниот просек на човечки жртви за периодот 2000 ...
Загреб, 20 јануари 2026 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп упати официјални покани до премиерите на Хрватска и на Словенија, Андреј Пленковиќ и Роберт Голоб, за учество во новоформираниот Совет за мир за Газа, објави хрватскиот весник „Јутарњи лист“. Оваа иницијатива на Белата куќа веќе вклучува низа светски и регионални лидери, меѓу кои се рускиот претседател Владимир Путин, францускиот претседател Емануел Макрон, албанскиот ...
Скопје, 20 јануари 2026 Социјалдемократскиот сојуз на Македонија не е против воведување ред и подобрување на безбедноста во сообраќајот преку системот „Сејф сити“, забелешките се во делот на заштитата на податоците, надзорот и можните злоупотреби, посочи потпретседателката на СДСМ и пратеничка Јована Тренчевска во гостување во емисијата „360 степени“, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Тренчевска нагласи дека ...
Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог на осомничениот судија Ѓоко Ристов да му биде определена мерка куќен притвор, соопштуваат од ОЈО ГОКК. - Денеска, предметниот јавен обвинител од ОЈО ГОКК го сослуша осомничениот судија и му ги предочи прибраните докази врз основа на кои се темели основаното ...
Куманово, 20 јануари 2025 (МИА) - При контрола во угостителски објект во село Доброшане кумановско, полицијата, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи затекнале 15 малолетници на приватна прослава, од кои единаесет консумирале алкохол, сооопшти денеска СВР Куманово. -Изминатиот викенд во Куманово, полициските службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода 24-годишната М.П. од Куманово и М.В.(41) од кумановското село ...
Скопје, 20 јануари 2025 (МИА) - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Д.С.(33) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 03.06.2025 во Струга, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од пријавениот, при што била пронајдена и ...
Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - На Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле во моментот се хоспитализирани 70 деца, од кои 10-ина се на кислородна поддршка. Хоспитализирани се и 15 деца кај кои е потврден вирус на грип од типот А и имаат компликации, изјави за МИА директорката на Клиниката, проф. д-р Катерина Бошковска. Таа посочи дека на Клиниката дневно се прегледуваат од 150 до 200 деца. Појасни дека ...
Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - Државната изборна комисија едногласно го усвои правилникот за определување на критериумите за надоместок на ангажираните лица во повторениот избор процес, како и одлуката за исплата на надоместоците за овие лица. На денешната 169. седница, претседателот на ДИК, Борис Кондарко, појасни дека правилникот претставува неопходен документ за обесштетување на сите категории лица ангажирани во спроведувањето на ...
Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - Судскиот совет на Република Северна Македонија соопштува дека на итна седница денеска ќе одлучува за одземање на имунитетот и за одобрување на предлогот за куќен притвор за апелацискиот судија Ѓоко Ристов. - Судскиот совет на Република Северна Македонија ќе ја одржи 535. итна седница на 20.1.2026 година (вторник), со почеток во 15.30 часот, со предлог. На дневен ред се расправа и одлучување по барање на ...
Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - Новиот предлог-закон за заштита од пушењето предвидува регулирање на сите никотински производи, вклучувајќи цигари, електронски цигари (со и без никотин), загреани тутунски производи, бездимни никотински производи, како и производи што го имитираат пушењето, соопшти Министерството за здравство. Целта е, како што се посочува, да се регулира употребата и на новите никотински производи имајќи предвид дека тие ...
Прилеп, 20 јануари 2026 (МИА) - Главнината од ланската реколта тутун е откупена иако законскиот рок е до крајот на февруари. Откупувачите досега купија 25,3 милиони килограми тутун по просечна цена од 419,15 денари. Тутунарите предадоа род во вредност од 170 милиони евра и 95,6 проценти е исплатен, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски по денешната обиколка на откупните пунктови и компании во Прилеп. ...
Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - Имплементацијата на планот за реконструкција на зградите што ги користат институциите на јавниот сектор на државно ниво за периодот 2025 - 2028, стратешки документ што поставува јасна, тригодишна рамка за најмасовната и најсистемска енергетска обнова на јавни објекти во земјата, досега беше во фокусот на денешната работна средба во Скопје меѓу министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања ...
Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - Во Комисијата за прашања на изборите и именувањата во тек е кратка пауза откога претходно беа сослушани осум кандидати за членови на Комисијата за заштита од дискриминација. Пријавени се вкупно 14 кандидати. Меѓу пријавените, има кандидати со завршен Правен факултет, искуство во правосудството и во областа на човековите права, а има и такви што веќе работат во Комисијата за заштита од дискриминација. ...