Скопје, 13 мај 2026 (МИА) - Министерството за култура и туризам информира дека се исплатени средствата наменети за самостојните уметници за 2026 година и дека во текот на утрешниот ден ќе бидат достапни на нивните сметки. Доцнењето, како што наведува, настанало поради дополнителни усогласувања и проверки во постапката на пресметка и координација со надлежните институции, со цел исплатата да биде реализирана во согласнот со важечките законски ...

Крива Паланка, 13 мај 2026 (МИА) - Во фоајето на Националната установа Центар за култура Крива Паланка вечерва се одржа промоцијата на првата книга од Мариа Дуда „Осаменото магаренце што сакаше да пее“. По премиерната промоција во Скопје на 9 мај, вечерва книгата посветена на дел од спасените животни од ранчот „Кантри сајт ретрит" Ранковце, чијашто сопственичка е Мариа Дуда Дибиаггио, беше презентирана и пред кривопаланечката публика, во ...

Скопје, 13 мај 2026 (МИА) – Под мотото „Поезијата е свртена кон човекот, се создава за него и ги дели неговите соништа“, од 14 до 16 мај во Скопје Сити Мол ќе се одржи третото издание на „Денови на поезијата“, во организација на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“. Како што информираат организаторите, годинашната програма ќе биде посветена на соништата на македонските поети, „оние што се со нас, и оние што веќе ги нема“, со цел да се продолжи ...

Скопје, 14 мај 2026 (МИА) – Од 14 до 20 мај во Скопје ќе се одржи шестото издание на книжевниот и културен настан „Јес фестивал“, во организација на издавачката куќа „Чудна шума“. Настанот ќе се одвива на седум локации и вклучува книжевни вечери, промоции, изложби и креативни работилници за деца. Како што стои во соопштението на „Чудна Шума“, гости на годинешниот фестивал ќе бидат автори од Европа, меѓу кои Хеа Схутерс (Белгија), Рудина Чупи ...

Скопје, 14 мај 2026 (МИА) - Во галеријата на Македонскиот КИЦ во Софија денеска ќе биде отворена самостојната ликовна изложба „Дамки“ од македонскиот уметник Перо Кованцалиев. Изложбата „Дамки“ е составена од серијата цртежи и објекти од проектите „Капиталистичка авантура“, реализиран 2020 година во Културно информативниот центар Кочо Рацин - Скопје во галеријата Кора и „Политичка лиричност“, реализиран во НУ Музеј – Гевгелија во галеријата ...

Скопје, 14 мај 2026 (МИА) - Во бистрото Комедија денеска ќе се одржи промоција на романот „Јета“ од Ивана Трајаноска. Романот низ разговор со авторката ќе го промовира Олгица Крстеска. Романот ја преиспитува идејата за „другиот“ не само како политички конструкт, туку и како интимна реалност во семејствата и заедниците. „Јета“ испитува како стереотипите и предрасудите произлегуваат од стравот и незнаењето и како помирувањето, и лично и ...

Скопје, 14 мај 2026 (МИА) - Во Изложбениот салон на Младинскиот културен центар (МКЦ), вечерва ќе се одржи промоција на новиот роман „Во Акрата нема мостови“ од македонскиот писател Миле Бошњаковски. Како што е најавено, романот отвора теми за патувањето, љубовта, семејството и односите што ги обликуваат човечките судбини, следејќи приказна што се развива низ различни простори, јазици и внатрешни премини. За книгата ќе говорат новинарот и ...

Струга, 14 мај 20026 (МИА) - Оркестарот на Македонската филхармонија вечер ќе настапи во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, со што ја продолжува својата мисија за промоција на класичната музика во градовите низ државата. Под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска, Македонската филхармонија информира дека ќе се претстави со музика од балети. - Ќе бидат изведени Суита бр.2 од балетот „Лабин и Дојрана” од македонскиот ...

Скопје, 14 мај 2026 (МИА) - Директорот на Македонски културно-информативен центар во Софија, Зоран Пејковски, оствари работна средба со истакнатиот македонски тенор Мирослав Антовски од Македонска опера и младиот оперски уметник Марио Немет. Средбата, која се одржа во просториите на Македонскиот КИЦ во Софија, помина во духот на искрен дијалог, меѓусебна почит и заедничка заложба за афирмација на македонската култура и уметност надвор од ...

14 Мај 2026 ДПА Кинескиот претседател Шји Џјинпинг го предупреди Доналд Трамп против лошото справување со прашањето за Тајван за време на посетата на американскиот претседател на Пекинг велејќи дека тоа може да доведе до тензии или дури и конфликт меѓу двете земји, според кинеските државни медиуми. Ако прашањето за Тајван се решава лошо, тоа би можело да ги доведе односите меѓу САД и Кина во „многу опасна ситуација“, рече Шји за време на ...

Киев, 14 мај 2026 (МИА) – Најмалку 31 лице е повредено во руските напади на Киев во текот на ноќта, вклучувајќи и едно дете, додека едно лице загина, соопштија украинските власти. Шефот на Киевската воена администрација Тимур Ткаченко првично на Телеграм објави дека во нападот се повредени најмалку 16 луѓе и дека е потврден еден смртен случај, пренесе Укринформ. Подоцна Државната служба за вонредни состојби на Украина соопшти дека бројот на ...

Брисел, 14 мај 2026 (МИА) - Во 2025 година, од 203,1 милиони домаќинства во ЕУ, само 47,4 милиони, или 23,4 %, вклучувале деца. Повеќето од нив биле парови со деца (14,7 %), други видови домаќинства со деца (5,6 %) и самохрани возрасни лица со деца (3,0 %) - покажуваат податоците на Евростат. Преостанатите 76,6 % од домаќинствата без деца се состоеле од самохрани возрасни лица (37,5 % од сите домаќинства), парови (24,1 %) и други домаќинства ...

Париз, 14 мај 2026 (МИА) - Француските обвинители денеска побараа седумгодишна затворска казна за поранешниот претседател Никола Саркози, кој поднесе жалба на првостепената пресуда за примање нелегални прилози за претседателската кампања од покојниот либиски диктатор Моамер Гадафи. Саркози (71) е обвинет дека склучил таен договор со Гадафи пред претседателските избори во 2007 година за либискиот лидер да му помогне во финансирањето на ...

Лондон, 14 мај 2026 (МИА) – Повисоки цени на авионските карти во Европа се „неизбежни“ поради растот на трошоците за млазно гориво, предупреди генералниот директор на Меѓународното здружение за воздушен сообраќај (ИАТА), Вили Волш. Волш во интервју за Би-Би-Си рече дека авио-компаниите не можат долгорочно да ги апсорбираат зголемените трошоци за гориво, иако некои европски компании во последно време ги намалуваа цените на картите поради ...

Киев, 14 мај 2026 (МИА) - Врховниот суд за борба против корупцијата во Украина му изрече превентивна мерка - притвор на поранешниот шеф на претседателската администрација на Володимир Зеленски, Андриј Јермак, со можност да плати кауција од 140 милиони гривни - објави „Укринформ“ повикувајќи се на судијата Виктор Ногачевски. Судијата Ногачевски, пренесува ДПА, денеска пресуди дека Јермак треба да остане во притвор како почетен период од 60 ...

Будимпешта, 14 мај 2026 (МИА) -Вонредната состојба на Унгарија поврзана со војната, која беше прогласена пред четири години под водство на поранешниот премиер Виктор Орбан, официјално завршува денеска, објави на Фејсбук премиерот Петер Маѓар, цитиран од MTI. „Вака се збогуваме со шестгодишното владеење со декрети. Се враќаме во нормалноста“, рече Маѓар. Орбан првпат прогласи вонредна состојба на 24 мај 2022 година, поради војната меѓу Русија ...

Рига, 14 мај 2026 (МИА) - Летонската премиерка Евика Силина денеска соопшти дека поднесува оставка откако инцидентот со украинскиот дрон ја потресе нејзината влада. „Поднесувам оставка, но не се откажувам“, рече Силина во телевизиско обраќање до јавноста. Британските медиуми пренесуваат дека оваа политичарка од десниот центар се повлекува од функцијата само неколку месеци пред редовните парламентарни избори закажани за октомври. Летонскиот ...

Белград, 13 мај 2026 (МИА) - Германија откри вирус хепатитис А во замрзната мешавина од смрзнати овошје од Србија, објави Европскиот систем за тревога и известување за храна (РАСФФ). При официјална контрола на пазарот, во примерок земен на 20 април, Германија пронајде патогени микроорганизми – вирусот на хепатитис А во замрзната мешавина од овошје од Србија, објави РАСФФ. Здравствениот ризик се смета за сериозен, а производот е повлечен од ...

Атина, 13 мај 2026 (МИА) – Веруваме дека е дадена нова динамика на политиката на проширување, а Грција, како и Хрватска, имаме придонесено со наши иницијативи, што денес е исклучително важно за зајакнување на отпорноста на Европа, посочи министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис на заедничката прес-конференција со неговиот хрватски колега Гордан – Грлиќ Радман, јави дописничката на МИА од Атина. Меѓу темите за кои ...

Анкара, 13 мај 2026 (МИА) – Турските власти приведоа 324 лица осомничени за поврзаност со терористичката организација „Исламска држава“ во голема операција спроведена низ целата земја, соопшти денеска турското Министерство за внатрешни работи. Во соопштението се наведува дека апсењата биле извршени во 47 провинции, а меѓу приведените има лица осомничени за финансирање на ИД, како и поединци за кои се смета дека претходно биле активни во ...

Белград, 13 мај 2026 (МИА) - Специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Петер Соренсен, денеска објави дека презентирал работен план за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина во наредните месеци на одделни состаноци со главните преговарачи. Средбите се одржаа во Брисел, на ниво на главните преговарачи Агрон Бајрами и Петар Петковиќ, објави Соренсен на X. Соренсен додаде дека оваа недела во ...

Анкара, 13 мај 2026 (МИА) – Турското обвинителство денеска поднесе обвинителен акт со кој бара затворска казна од 90 до 263 години за градоначалникот на турскиот град Болу, Танџу Озџан, кој доаѓа од редовите на главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП), врз основа на обвиненија за корупција и изнуда. Како што јави ТРТ Хабер, обвинението ги опфаќа Озџан и уште 18 други осомничени лица. Озџан беше приведен на крајот на февруари ...

Приштина, 14 мај 2026 (МИА) - 18-ина рудари се блокирани во рудникот „Трепча“ во северниот дел на Косово. Претседателот на синдикатот на рударите, Ибрахим Јонизи, изјави дека претходно во рудникот биле заглавени 40 луѓе, но дел од нив успеал да излезе над земјата. Тој додаде дека состојбата на заглавените рудари е добра. - Одржуваме контакт со нив, но колку повеќе време поминуваат внатре, толку потешка станува ситуацијата. Тие треба да бидат ...

Скопје, 13 мај 2026 (МИА) - Малите и средните претпријатија имаат клучна улога во економскиот раст, иновациите и социјалната стабилност, како држава даваме поддршка и креираме политики за нивен поголем раст и развој - порача заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески на конференцијата „Лансирање на Индексот на политики за мали и средни претпријатија 2026 за Западен Балкан и Турција“, што се одржува во Будва. Во рамките на ...

Хамбург, 13 мај 2026 (МИА) – Центарот за заштита на потрошувачите во Хамбург го обвини производителот „Mondelez“ дека ја намалил тежината на одредени „Милка“ чоколади без соодветно известување за потрошувачите, што доведе до судски спор поради наводна измамничка деловна практика. Според наводите на организацијата, чоколадните табли на брендот „Милка“, со непроменет дизајн и амбалажа, станале полесни – од околу 100 на 90 грама, додека цената ...

Скопје, 13 мај 2026 Потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ, денеска оствари работна средба со претставници на организации и медиуми од Република Турција, меѓу кои Филиз Шахин, претседателка на здружението Светски бизнис-жени за едукација, култура, уметност, историја, здравје и солидарност, Серпил Екинџи, Накшије Илмек и Адил Кочалан, претседател на Здружението на медиумите. На ...

14 мај 2026 ВЛЕН уште од првиот ден вети дека промените ќе се почувствуваат во секојдневниот живот, кај вработените, нивните семејства и во квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните, се вели во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално. Општина Тетово, во соработка со Синдикатот на вработените, потпиша договор за зголемување на платите во општинската администрација, со што основната плата ќе се зголеми за 7 проценти. Овој ...

Скопје, 14 мај 2026 Левица укажува дека ограничувањето на казината на само 500 метри од училиштата е минимален и „шминкерски" чекор, кој не го решава суштинскиот проблем со експанзијата на индустријата за коцкање во Македонија, се вели во соопштението на Левица што МИА го пренесува интегрално. Според јавно објавени податоци, само во текот на 2025 година во казината, автомат клубовите и обложувалниците во Македонија биле уплатени околу 2,83 ...

Скопје, 14 мај 2026 Правдата во Македонија уште еднаш ставена во служба на СДС и ДУИ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално. Не за џабе за време на седумгодишниот период на власт, правосудниот систем го наполнија со нивни кадри и послушници кои во даден момент, како овој, наместо по слово на законот тие да носат одлуки во корист на поединци од СДС и ДУИ. Скандалозна е последната одлука на ЈО ГОКК, под ...

14 мај 2026 Срамот одамна не е присутен кај СДС и затоа бесрамно се обидуваат да избришат се македонско, односно тоа што Зоран Заев го започна, како продажба на националните и државни интереси, Венко Филипче секој ден како папагал повторува дека е спремен да го доврши, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Воедно бесрамно лажат дека ги заштитиле идентитетот и историјата, а на институциите им ги менуваа ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
1.3
41%
1018
weather icon

Белград

28ᴼ / 25ᴼ
3.13
58%
1018
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.5
56%
1017
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
1.89
63%
1022
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.59
47%
1019
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 24ᴼ
1.84
80%
1019
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
3.74
51%
1016
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.62
54%
1016
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
3.39
51%
1017
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
1.82
53%
1019
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 28ᴼ
0.89
48%
1017
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
5.65
100%
1019
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Паладиум

38195.09

Родиум

249168.29

Платина

51923.46

Злато

131072.82

Рутениум

49029.89

Кобалт

56.29

Бакар

12.33

Цинк

0.00

Алуминиум

3.20

Сребро

1902.84

Калај

50.56

Иридиум

233896.68