Виена, 21 јануари 2026 (МИА) - Надворешното напојување со електрична енергија на неактивната нуклеарна централа „Чернобил“ во Украина е прекинато поради тековните воени дејства, соопшти денеска Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), пренесува ДПА. Шефот на МААЕ, Рафаел Гроси, информира дека неколку украински електрични потстаници, кои се од витално значење за нуклеарната безбедност, биле погодени од широките воени активности во ...

Атина, 20 јануари 2026 (МИА) – Во периодот 2000 - 2025 година во Грција биле регистрирани 633 временски појави со негативни општествено-економски последици и 294 човечки жртви, главно од поплави, громови и невремиња, покажува анализата на тимот „Метео“ на Институтот за истражување на животната средина и одржлив развој при Националната опсерваторија во Атина, јави дописничката на МИА од Атина. Годишниот просек на човечки жртви за периодот 2000 ...

Загреб, 20 јануари 2026 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп упати официјални покани до премиерите на Хрватска и на Словенија, Андреј Пленковиќ и Роберт Голоб, за учество во новоформираниот Совет за мир за Газа, објави хрватскиот весник „Јутарњи лист“. Оваа иницијатива на Белата куќа веќе вклучува низа светски и регионални лидери, меѓу кои се рускиот претседател Владимир Путин, францускиот претседател Емануел Макрон, албанскиот ...

Скопје, 20 јануари 2026 Социјалдемократскиот сојуз на Македонија не е против воведување ред и подобрување на безбедноста во сообраќајот преку системот „Сејф сити“, забелешките се во делот на заштитата на податоците, надзорот и можните злоупотреби, посочи потпретседателката на СДСМ и пратеничка Јована Тренчевска во гостување во емисијата „360 степени“, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Тренчевска нагласи дека ...

Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог на осомничениот судија Ѓоко Ристов да му биде определена мерка куќен притвор, соопштуваат од ОЈО ГОКК. - Денеска, предметниот јавен обвинител од ОЈО ГОКК го сослуша осомничениот судија и му ги предочи прибраните докази врз основа на кои се темели основаното ...

Куманово, 20 јануари 2025 (МИА) - При контрола во угостителски објект во село Доброшане кумановско, полицијата, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи затекнале 15 малолетници на приватна прослава, од кои единаесет консумирале алкохол, сооопшти денеска СВР Куманово. -Изминатиот викенд во Куманово, полициските службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода 24-годишната М.П. од Куманово и М.В.(41) од кумановското село ...

Скопје, 20 јануари 2025 (МИА) - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Д.С.(33) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 03.06.2025 во Струга, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од пријавениот, при што била пронајдена и ...

Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - На Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле во моментот се хоспитализирани 70 деца, од кои 10-ина се на кислородна поддршка. Хоспитализирани се и 15 деца кај кои е потврден вирус на грип од типот А и имаат компликации, изјави за МИА директорката на Клиниката, проф. д-р Катерина Бошковска. Таа посочи дека на Клиниката дневно се прегледуваат од 150 до 200 деца. Појасни дека ...

Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - Државната изборна комисија едногласно го усвои правилникот за определување на критериумите за надоместок на ангажираните лица во повторениот избор процес, како и одлуката за исплата на надоместоците за овие лица. На денешната 169. седница, претседателот на ДИК, Борис Кондарко, појасни дека правилникот претставува неопходен документ за обесштетување на сите категории лица ангажирани во спроведувањето на ...

Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - Судскиот совет на Република Северна Македонија соопштува дека на итна седница денеска ќе одлучува за одземање на имунитетот и за одобрување на предлогот за куќен притвор за апелацискиот судија Ѓоко Ристов. - Судскиот совет на Република Северна Македонија ќе ја одржи 535. итна седница на 20.1.2026 година (вторник), со почеток во 15.30 часот, со предлог. На дневен ред се расправа и одлучување по барање на ...

Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - Новиот предлог-закон за заштита од пушењето предвидува регулирање на сите никотински производи, вклучувајќи цигари, електронски цигари (со и без никотин), загреани тутунски производи, бездимни никотински производи, како и производи што го имитираат пушењето, соопшти Министерството за здравство. Целта е, како што се посочува, да се регулира употребата и на новите никотински производи имајќи предвид дека тие ...

Прилеп, 20 јануари 2026 (МИА) - Главнината од ланската реколта тутун е откупена иако законскиот рок е до крајот на февруари. Откупувачите досега купија 25,3 милиони килограми тутун по просечна цена од 419,15 денари. Тутунарите предадоа род во вредност од 170 милиони евра и 95,6 проценти е исплатен, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски по денешната обиколка на откупните пунктови и компании во Прилеп. ...

Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - Имплементацијата на планот за реконструкција на зградите што ги користат институциите на јавниот сектор на државно ниво за периодот 2025 - 2028, стратешки документ што поставува јасна, тригодишна рамка за најмасовната и најсистемска енергетска обнова на јавни објекти во земјата, досега беше во фокусот на денешната работна средба во Скопје меѓу министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања ...

Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - Во Комисијата за прашања на изборите и именувањата во тек е кратка пауза откога претходно беа сослушани осум кандидати за членови на Комисијата за заштита од дискриминација. Пријавени се вкупно 14 кандидати. Меѓу пријавените, има кандидати со завршен Правен факултет, искуство во правосудството и во областа на човековите права, а има и такви што веќе работат во Комисијата за заштита од дискриминација. ...

Сан Антонио, 20 јануари 2026 (МИА) - Центарот на Сан Антонио спарс, Виктор Вембањама, ги сподели своите емоции откако беше именуван во почетниот состав на Западната конференција за НБА Ол-стар натпреварот. - Бев навистина среќен кога слушнав за тоа. Искрено, не мислев дека моето име ќе биде на оваа листа, па затоа беше навистина пријатно изненадување за мене. Секако, ова е само уште еден чекор напред, но особено е убаво да се биде првиот ...

Лондон, 20 јануари 2026 (МИА) - Шампионот во Формула 1 од 1996 година, Дејмон Хил, верува дека Ландо Норис нема да се потпира на своите ловорики и ќе се стреми да го повтори својот успех по освојувањето на шампионатот минатата година. - Норис постигна успех со освојувањето на титулата, што треба да му даде чувство на удобност. Успехот ќе му овозможи на Ландо малку да се опушти. А тука е повеќе прашање колку сте амбициозни и колку сакате да ...

Софија, 20 јануари 2026 (МИА) – Оставката на претседателот на Бугарија, Румен Радев, е поднесена до Уставниот суд и шефот на државата го очекува неговото изјаснување, потврдија за БТА од прес-секретаријатот на претседателот. Радев ја соопшти својата одлука вчера во обраќање до бугарскиот народ, во кое објави дека последен пат им се обраќа на граѓаните како претседател на земјата. Според член 97 од Уставот, една од можностите за предвремено ...

Скопје, 20 јануари 2026 Сведоштвата на д-р Жан Митрев ја разоткрија вистината за начинот на кој Заев и Филипче ја водеа државата. Притисоци, уцени и злоупотреба на институциите за лични интереси. Во ек на пандемија и вонредна состојба, наместо грижа за здравјето на граѓаните, Филипче и Заев ја користеле политичката моќ за преземање на приватната болница „Жан Митрев“. Ова не е политика наменета за граѓаните, туку е мафијашки модел на ...

Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - На Универзитетската клиника за детски болести хоспитализирани се 20-ина деца со симптоми на акутни вирусни инфекции од типот на грип и болести слични на грип, од кои кај најголем број е изолирана инфлуенца А. Има неколку случаи на возраст до 23 месеци кај кои е изолиран респираторен синцицијален вирус и еден помал број заболени со докажан ентеровирус риновирус, изјави за МИА педијатар пулмолог Весна Мицевска од ...

Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - Царинската управа информира дека нејзини службеници и мобилни царински тимови откриле неколку обиди за шверцување разновидна стока и неколку обиди за шверц на поголеми суми девизи. Соопшти дека кај двајца грчки државјани, кои се пријавиле за излез од државава на граничниот премин Табановце, биле откриени непријавени 13.900 евра, три златни монети и една златна плочка од 90-ина грама. - При личен претрес на ...

Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - Минималните месечни трошоци на четиричлено семејство во јануари изнесувале 66.413 денари и се зголемени за 921 денар во споредба со декември, покажуваат податоците на Сојузот на синдикатитена Македонија. Доколку четиричленото семејство живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, минималните трошоци изнесуваат 81.788 денари. Од вкупните месечни минимални трошоци, 24.211 биле потребни за храна и пијалаци, а за ...

Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 до два денара за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,46 отсто. Во согласност со одлуката на РКЕ, малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ и на екстра-лесното ...

Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) – На собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска почнаа интервјуата на пријавените кандидати за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД). За новиот состав на КСЗД пријавени се вкупно 14 кандидати. Актуелниот член на КСЗД, Лимко Бејзароски, нагласи дека одлучил да се кандидира за нов мандат поради, како што рече, резултатот што го оставил во досегашниот ...

Скопје, 20 јануари 2026 (МИКА) - Злоупотребите на Државната лотарија продолжуваат и под капата на ДПМНЕ и Мицкоски. Претходно како приватна фирма на Груби, кој го пуштија во бегство, а сега како партиска каса за финансирање апологети на власта и јавни личности, чија примарна улога е да ја шминкаат реалноста и да го бранат неуспехот на власта, се наведува во соопштението на политичката партија Левица, кое МИА го пренесува интегрално. Месечни ...

Атина, 20 јануари 2026 (МИА) - Не треба да имаме илузии, во овој момент се оспоруваат основни константи врз кои беа изградени повоениот мир и просперитетот. И сметам дека во овие моменти на предизвик, пред сè, треба да преовладаат логиката, дијалогот и отворените канали на комуникација со цел да се избегне најлошото, особено кога станува збор за односите меѓу Европа, Европската Унија и САД, посочи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на ...

Битола, 20 јануари 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски оствари посета на Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Битола – ЈП „Паркинзи“. За време на работната средба со директорот на претпријатието Зоран Михајловски, градоачалникот Коњановски беше информиран за работата на ЈП „Паркинзи“. -Градоначалникот беше запознат ...

Штип, 20 јануари 2026 (МИА) - Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес за четворица турски државјани кои се обвинети дека помагале во извршување на кривично дело убиство во кафуле на Градскиот плоштад „Слобода“ во мај 2025 година во Штип. Првоосмничениот Кадир Кара, кој го призна делото и на кого му е изречена казна затвор од 17 години денеска во судницата беше во својство на сведок. Тој во својот исказ истакна дека не се ...

Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - Граѓаните од Собранието очекуваат да ги зајакне надзорната расправа и контролата врз работата на Владата, истакна денеска претседателот на парламентот, Африм Гаши, кој учествуваше на дебата за парламентарниот надзор и контролата во Северна Македонија низ призма на надзорниот капацитет на Собранието, што се организира во соработка со парламентарната програма за поддршка и НДИ. Дебатата, на која присуствуваа и ...

Сан Франциско, 20 јануари 2026 (МИА) – Бекот на Голден Стејт вориорс, Џими Батлер, нема да биде на терените до крајот на сезоната поради повреда. Кошаркарот тешко се повреди на натпреварот ноќеска со Мајами хит. Батлер падна незгодно и го повреди десното колено во третата четвртина од натпреварот, кој заврши со 135:112 за неговиот тим. До повредата, Батлер постигна 17 поени за 21 минута игра против својот поранешен тим. Според „ESPN“, ...

Мадрид, 20 јануари 2026 (МИА) - Сенегалските фудбалски репрезентативци и тренери би можеле да бидат суспендирани од четири до шест натпревари поради нивниот протест за време на финалето на Африканскиот куп на нации против Мароко што заврши со 1:0. Според шпанскиот весник „AS“, доколку санкциите бидат одобрени, дисквалификацијата би се однесувала на натпреварите од групната фаза на Светското првенство во 2026 година. Понатаму, според прописите ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
999
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
4.12
73%
996
weather icon

Загреб

8ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
997
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
100%
999
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.29
98%
1000
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
90%
997
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
2.24
81%
1001
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
72%
998
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
93%
998
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.12
92%
999
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
93%
997
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
82%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Кобалт

64.04

Сребро

2460.50

Калај

46.91

Родиум

336779.07

Бакар

11.69

Паладиум

546.56

Платина

67162.91

Иридиум

221848.72

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.03

Цинк

3.25

Злато

159231.39